Види вака, дефинитивно тој проект ми беше најголем предизвик до сега. Изолиран си од модерните технологии и на некој начин треба да се ослониш повеќе на инжинерско размислување за решавање такви проблеми. Нема ништо едноставно.
Конкретно системот на кој работев е стар над 20 години, и кој стигнал додал негова логика. Кој сака да е девелопер во Tibco слободно, некој треба и тоа да го работи. Али кога и самите они прекинуваат support за одредени проблеми, што да кажам повеќе...Ние имавме проблем да не можеме да испратиме http request со одредени сертификати бидејќи алатката не ги поддржува. Клиентот ги има тие сертификати, ти вика ние не ги менуваме, снајдете се како сакате. Tibco вика ние нема да ги поддржуваме нив. И тука си во deadlock. Не можеш да искористиш никаков workaround, ништо. Ние кренавме скроз нов сервер кој ќе го проксира тој реквест и ќе ги додава сертификатите. И сега замисли за секој следен сличен проблем да треба нешто вака да правиш. Кој ќе го одржува тоа решение? Утре да се смени реквестот треба да ти текне да го смениш и серверот. А работиш со огромен монолит.
Документација нема, утре јас ќе си одам од фирмата, кој ќе знае дека баш тој реквест проксира низ внатрешен сервер? Никој. Ќе седат сите и ќе се чудат.
ОК ги разбирам сите проблеми со кои што си се соочиле, низ кариерата горе доле, на еден или на друг начин сум се соочил и јас со истите...
Ајде да ги тргнеме настрана проблемите и да го видиме ова твое искуство од подруг аспект.. Велиш тоа ти бил најголем предизвик досега, а од друга страна викаш никогаш повеќе... Зарем ти не сакаш предизвици на работа? Бегаш од предизвици? Велиш дека дека си оставена на инжинерско размислување лишен од модерните технологии... Зарем твоето звање не е пред се инжинер, а после тоа девелопер ...
Замисли си работиш во фабрика за коли, да речеме Мерцедес и си ставен на линија каде што се штанцаат нови Мерцедеси, сите убави лични со cutting edge технологија... И ти доаѓа можност да учествуваш во реставрација на некој стар мерцедес од 30тите години.... Да видиш како луѓето размислувале и ги решавале проблемите кога ги немале информациите што ние сега ги имаме, каде грешеле. Со една реченица, од каде почнало тоа што го имаме денеска.. Ако си човек од типот 9-17, никад нема да се нафатиш на такво нешто.. Пошто за тоа и да не си присутен на работа, ќе те мачи дома, ќе го размислуваш и сакал-неќел си ангажиран... Меѓутоа ако си човек којшто ја сака својата работа, ќе бидеш среќен за тој предизвик, дека тоа пред се ќе те научи зошто работите се такви какви што се денеска... И тоа ќе ти помогне да ја изградиш полесно својата кариера..
Според мене, тие 6 месеци што си ги работела на тој проект, ти вредат повеќе во CV-то од било кое работно искуство што си го имала... И во тие 6 месеци, си научила многу повеќе одколку што си научила со било што друго. Можеби ти тоа не го сваќаш, ама ќе дојде време кога ќе сватиш дека е тоа баш така како што викам...