Kaква врска има ова со тоа што си цитирал? Кој спомна дефиниции за што е ок а што не е? Од кај го извади примеров? На кого му е јасно дека треба да има маршови или шотијазнам?
Ти си спремен на жртви заради политичката ситуација. Машала. А пееш тука у постови наназад за Веруши и злоупотреби во минатото. Сега кога си ставен на тест, си спремен на жртви за да се врати истата положба од најлошите и најцрните моменти у понова историја. Тоа ли налага политичката ситуација?
Уставот не е лицето на твојата држава, заебанции на едните и другите не те засегаат, а 20% од постовите на темава се твои. Мене не ме засегаше спинот за убиениот старец во Маково, па на таа тема имам 4 трол постови, со песнички. Ти овде беседиш, Бруте, за нешто што не те засега.
Па не те прашав ја дали би одел на протести. Гајле ми е дали ќе одиш. Те прашав каков ти е ставот. Викаш дека не те засега, а овде манифестираш особена "засегнатост". Матиш нешто за неопходност од таква одлука заради актуелната ни политичка ситуација. Бране го матеше тоа еднаш, Заев го матеше. Нели е тоа игра меѓу чадори и пирамиди? Нели е покажување мускули, надмудрување? Сега наеднаш имаме опасна актуелна политичка ситуација од која ни зависи опстанокот!
Таму сте сега и ти со постовиве на форумов, и тие со Стевчо и ДПМНЕ на контрапротести и тие орлите внатре во Уставен. Заедно со Бране, рака под рака. Ти викаш дека Бране е во право, ти викаш дека Заев е чист и ти викаш дека треба да се врати тоа време на кадија претседател, заради актуелна политичка ситуација.
Резигниран бил.