Успешнa приказна за македонските слободни индустриски зони

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Фабрика или не секој денеска треба да гледа како да заработи повеќе пари сигурно дека е добро да има работна сила.

Но јас сметам дека треба да има скапа и високо квалификувана се друго е експлоатација од рамки на Мао це ТУНГ.

Тоа ви е како да ви кажат сакате да јадете во добар ресторан или во некоја биртија секој ќе каже дека сака во квалитетен така и инвеститорите и тие бараат високо квалификувана работна сила наше е како ќе се продадеме.


Погледнете денеска како живеат кинезите тие се посреќни од нас сигурно немаат проблеми со струја или топлификација,

А владата е социјалистичка наместо комунистичка.
Лекција на животот.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.292
Поени од реакции
5.350
Операцијата успешна , пациентот мртов

17 месеци по ред индустријата во минус

Во јануари 2013 индустриското производство падна за 1,3% во споредба со јануари 2012.

Ова е веќе дупли минус , пошто и во јануари 2012 бевме во пад.

јануари 2012: -8%
јануари 2013: -1,3%

Ова значи дека 2013та ќе биде уште покатастрофална , пошто веќе го победуваме и ланскиот минус.

Кај се Милијардите што ги спомнуваш *LION*

http://utrinski.com.mk/?ItemID=BDAEA52E07F0064581BBF8000AA9102F
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.495
Дали ова се случило во некоја земја 17 месеца да е во пад?
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Операцијата успешна , пациентот мртов
7 март 2013
ПРВПАТ
Македонскиот извоз расте побрзо од увозот!
Официјалната статистика покажува дека извозот во јануари годинава е поголем за 32,5 милиони долари од извозот во јануари лани. Во истиот период увозот пораснал за 21,5 милиони долари.
Македонскиот извоз во јануари годинава доживеал ренесанса во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вкупниот извоз во јануари изнесува 305,64 милиони долари и е за 12 отсто поголем односно за 32,5 милиони долари поголем од извозот во јануари лани.
Исклучително важно е тоа што за прв пат по подолг период македонскиот извоз бележи поголем раст од вредноста на увозот. Во јануари увозот на стоки и услуги пораснал за 21,5 милиони долари односно за 4 отсто, а македонскиот извоз пораснал за 32,5 милиони долари односно за 12 отсто.
Расте извозот во сите македонски извозни категории!
Извозот на храна и живи животни во јануари изнесува 17,9 милиони долари и бележи раст од 21 отсто во споредба со јануари лани. Извозот на пијалаци и тутун вредел 27,3 милиони долари и е поголем за фантастични 42,7 отсто повеќе од лани. Извозот на суровини (од кои е исклучена храната) бил поголем за 33,7 отсто и изнесувал 24,2 милиони долари. Извозот на македонски хемиски производи бележи раст од 25 отсто и изнесува 56,2 милиони долари. А извозот на машини и транспортни уреди бележи раст од 22,3 отсто и изнесува 30,9 милиони долари. Традиционално најголема извозна ставка е таа на производи класирани според материјалот која изнесува 70,5 милиони долари и бележи раст од 3 отсто во споредба со јануари 2012 година. Раст од 10 отсто има и кај категоријата разни готови производи. Таму извозот изнесува 62,96 милиони долари. Во категоријата на минерални горива која директно зависи од ОКТА извозот во споредба со лани бележи пад од 41,6 отсто.
Расте увозот на храна,хемиски продукти и производи класирани според материјал
Македонија има суфицит (позитивна разлика резултат на поголем извоз од увоз) од извоз на тутун и пијалаци, суровини (со исклучок на храната) и во извозот на различни готови производи (голем дел е текстилни продукти и конфекција). Одлична е покриеноста на увозот со извоз кај хемиските и сродни продукти. Големи се дефицитите (негативна разлика помеѓу поголем увоз и помал извоз) кај нафтени деривати и сурова нафта што е очекувано, но и кај увозот на производи класирани според материјалот (минусот е над 84 милиони долари), а поголем од двојно е и увозот на машини и транспортни уреди од извозот во истата категорија.
Германија не крепи!
Дури 110,4 милиони долари е македонскиот извоз во Германија. Тоа претставува една петтина (околу 20 отсто) од целиот македонски извоз на стоки и услуги што во јануари изнесувал 305,6 милиони долари. Македонија има суфицит од размената со Германија кои изнесува над 70 милиони долари. Годинава изненадување е суфицитот во размената со Бугарија, макар и за првиот месец од годината. Статистиката покажува дека нашиот извоз таму изнесувал 28 милиони долари и е поголем за речиси 5 милиони долари од увозот од Бугарија. Тоа го прави источниот сосед втор трговски партнер од аспект на извозот во јануари. Очекувано на трето место е Косово каде сме извезле стоки вредни 22,7 милиони долари, а четврта е Италија со извоз од 20,5 милиони долари. Во првата петорка е уште Србија каде нашиот извоз изнесува 17,7 милиони долари. Очекувано најголем увоз имаме од Велика Британија за потребите на „Џонсон Мети“. Тој изнесува над 71 милиони долари за еден месец. Втор увозник е Русија (енергенси) со вредност од 59 милиони долари и трет увозник е Германија со 41,8 милиони долари.
http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/makedonskiot-izvoz-raste-pobrzo-od-uvozot
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.292
Поени од реакции
5.350
Дали ова се случило во некоја земја 17 месеца да е во пад?
На Сирија можеби.
--- надополнето: 7 март 2013 во 14:42 ---
7 март 2013
ПРВПАТ

Македонскиот извоз расте побрзо од увозот!

Официјалната статистика покажува дека извозот во јануари годинава е поголем за 32,5 милиони долари од извозот во јануари лани. Во истиот период увозот пораснал за 21,5 милиони долари.
Македонскиот извоз во јануари годинава доживеал ренесанса во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вкупниот извоз во јануари изнесува 305,64 милиони долари и е за 12 отсто поголем односно за 32,5 милиони долари поголем од извозот во јануари лани.
http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/makedonskiot-izvoz-raste-pobrzo-od-uvozot
Знаеш ли што?

Нашата држава оди чекор напред , чекор назад.

И малку ме зачуди , јас очекував да речеш : Порастот на извозот во јануари 2013 се должи на катастрофалниот јануари 2012 .

Нели така си рачунавте со БДП-то ? Во 2011 сме имале +6% во некој квартал , и сега во 2012 во истиот квартал било нормално да одиме во минус.

Епа Лаву , во јануари 2012та нашиот извоз падна за 17,2%.

Сега во јануари 2013 гледам извозот пораснал за 11,9% во споредба со јануари 2012.

Односно, тоа значи : Чекор назад (2012) , чекор напред (2013).

Дај да врземе два чекора напред еднашка.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.296
Поени од реакции
15.514
Лавчето е политичар, не очекувај од него отворени одговори. Толку потенцијал, а толку лошо насочен...
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
И малку ме зачуди , јас очекував да речеш : Порастот на извозот во јануари 2013 се должи на катастрофалниот јануари 2012 .



Епа Лаву , во јануари 2012та нашиот извоз падна за 17,2%.

Сега во јануари 2013 гледам извозот пораснал за 11,9% во споредба со јануари 2012.

Односно, тоа значи : Чекор назад (2012) , чекор напред (2013).

Дај да врземе два чекора напред еднашка.
Во текстот што си ставил само линк во твојот преходен пост од утрински не си го објавил текстот а таму е одговорот


06.03.2013, 17:24
Индустријата кочи, но уште е во минус

Намалувањето во јануари е 1,3 отсто и е најмало во изминатите 17 месеци колку што трае падот на индустријата
Маја Томиќ
Продолжува континуираниот пад на индустриското производство веќе 17 месеци по ред. Но, за разлика од претходниот период кога тоа

бележеше поголеми минуси, според последните податоци на Статистика, во јануари производството падна за 1,3 отсто. Експертите и бизнисмените постојано како главна причина за долгиот период на пад на индустриското ја посочуваа намалената побарувачката од партнерите од европските земји кои се' уште се соочуваат со криза.



Да не беше 60 % од нашиот извоз во Еу немаше да имаме 17 месеци пад на индустријата. Во следните месеци ќе прекине падот на индустирското производство. Но ако Македонија нејќе во иднина да трпи штети од кризата во Еу, треба да почне повеќе да извезува на Исток, не викам да прекине со извоз во Еу. Инаку во Еу економската ситуација е далеку од розева. Франција има најголема невработеност од 99 година. Се соочуваат со огромен % на младо насление невработено итн итн .И ти и ваквите оптимисти очекуваат да не доживее пад индустиркото производство во Македонија. Но и покрај сите удари што ги трпиме од Еу , очекувам во следните месеци раст на индустриското произвдство и понатамошно зголемување на извозот. И за крај БДП не ја сочинува само Индустриско производство има и други ставки, Што ни ти ни друг ги спомнува.
Еве да сподеам и јас некој бројки од завод за статистика за Месец Јануари 2013 година каде што имаме зголемен извоз во однос на Јануари 2012 година. Машини и транспортни уреди има пораст од 22% на извозот , ,Хемиски и сродни производи има раст од 24% на извозот, Суровини има раст од 33% на извозот,пијалоци и тутун има раст од 42% на извозот , храна и живи животни од 21% раст на извозот. Сите овие ставки имаат поголем % на раст од падот од 17% што ти го имаш земено за месец Јануари 2012 .Имаше и други ставки кој се во позитива но ги ставив само тие што се над 17 % раст. За да ти докажам дека не е баш така дека еден чекор напред а два назад. И дека пробуваш да ги извртуваш бројките
*Не проверив дали извозот во Јануари 2012 паднал за 17%. Го земав како точен тој податок од Дарди

Инаку Дарди имам и други обврски денес да завршам, не можам со тебе цел ден да утепам на форум
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.292
Поени од реакции
5.350
Во текстот што си ставил само линк во твојот преходен пост од утрински не си го објавил текстот а таму е одговорот


Да не беше 60 % од нашиот извоз во Еу немаше да имаме 17 месеци пад на индустријата. Во следните месеци ќе прекине падот на индустирското производство. Но ако Македонија нејќе во иднина да трпи штети од кризата во Еу, треба да почне повеќе да извезува на Исток, не викам да прекине со извоз во Еу. Инаку во Еу економската ситуација е далеку од розева.
Памтиш ли кога се фалеа дека Македонија не ја зафатила кризата.
Потоа се фалеа дека ја зафатила , но успешно се справуваат.

Во 2012 велеа: Македонија не е единствена земја која ја зафати кризата.
Во 2013 речиси велат: На Македонија највеќе у свет и наштети кризата.

Зарем само Македонија има 60% од трговската размена со земјите на ЕУ ?

Еве ти Србија е во г.мна до гуша , но сепак само 3 месеца од цела 2012 имаат индустриски пад. (и во јануари 2013 се во плус).


Еве да сподеам и јас некој бројки од завод за статистика за Месец Јануари 2013 година каде што имаме зголемен извоз во однос на Јануари 2012 година.

Машини и транспортни уреди има пораст од 22% на извозот , ,Хемиски и сродни производи има раст од 24% на извозот,
јануари 2012: +62,3%

Суровини има раст од
33% на извозот,
јануари 2012: -25,7%

пијалоци и тутун има раст од 42% на извозот ,
јануари 2012: -18,2%

храна и живи животни од 21% раст на извозот.
јануари 2012: -18,9%


Сите овие ставки имаат поголем % на раст од падот од 17% што ти го имаш земено за месец Јануари 2012.Имаше и други ставки кој се во позитива но ги ставив само тие што се над 17 % раст. За да ти докажам дека не е баш така дека еден чекор напред а два назад. И дека пробуваш да ги извртуваш бројките
Не знам што сакаш да кажеш.

Извозот во јануари 2012 беше за 51,3 милиони долари помал.

Извозот во јануари 2013 беше за 32,4 милиони долари поголем.

Чекор напред , чекор назад.


*Не проверив дали извозот во Јануари 2012 паднал за 17%. Го земав како точен тој податок од Дарди
Не за 17 , туку за 17,2% :)

http://www.stat.gov.mk/pdf/2012/7.1.12.03.pdf

Не можеше да ги најдеш ли


Инаку Дарди имам и други обврски денес да завршам, не можам со тебе цел ден да утепам на форум
Ок ај справи се со светската криза, која нас не има зафатено највише. (знаеш кога се заебаваа луѓето , како бе мајката ништо не не фаќа нас, секогаш сме на спротивната страна од светот)
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Џонсон Контрол се повлекува од Македонија.

 
P

propoise

Гостин
Covek gledajki gi reklamive ke pomisli deka zivee vo svajcarija oti ocigledno kako sto I sami gledate rabotaa e bucni pracka pij vino potocno oni vo propagandata veke racunaat iljadnici vraboteni iako investicijata e vo faza na udiranje temel pa potoa so ona dosadno b.c zatvori b.c zatvori AMI OTVRETE GI VIE AKO STE KADARNI A NE USTE SE IGRA NA KARTA NA 'VREMETO' na B.C.(ama jasno e zosto igraat na taa karta-nema druga bidejki faktite govorat a I graganite sami ke osetat po jebot I nema po kontejneri da odat I od niv da jadat!)

Mislam deka nema nikakov uspeh na poleto na ekonmijata ovie se najuspesni vo perenje mozok oti jas pamtam trebase 8 milijardi neli ama ete Albanija I crna gora uspejaa podobro otkolku nie za zal.

Pa koja budala investira tuka pri nevidena korupcija I politicko-bezbednosna nestabilnost I nemanje soodvetna infrastruktura prvenstveno energetska a potoa I ekonomska.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.146
Поени од реакции
21.786
Џонсон Контрол се повлекува од Македонија.

Е за ова зборував претходно.
Кога си немаме своја индустрија и сме во потполност зависни од странски инвеститори кои ако им се сака или од Х причини решат да затворат, народот ке остани на цедило.
Ние за нив сме обична евтина работна сила, така да порано или покасно ке се најди поевтин или поконкурентен од нас и толку од муабетот.
Сега од двете зла помалото, подобро за мизерна плата отколку без работа, но тоа ни оддалеку не е иднината према која треба да се стремиме.
 
F

FARANG

Гостин
Е за ова зборував претходно.
Кога си немаме своја индустрија и сме во потполност зависни од странски инвеститори кои ако им се сака или од Х причини решат да затворат, народот ке остани на цедило.
Ние за нив сме обична евтина работна сила, така да порано или покасно ке се најди поевтин или поконкурентен од нас и толку од муабетот.
Сега од двете зла помалото, подобро за мизерна плата отколку без работа, но тоа ни оддалеку не е иднината према која треба да се стремиме.

Добро а што мислиш ти дека сме? Освен евтина работна снага што може да понудиме? Која индустрија бе човече една јака фирма немаме. Јас незнам за една МКД компанија која се пробила некаде во светот самостојно без притоа да се инволвира некој од страна. Сватете еднаш дека не е работа на државата да прави фирми и да гради фабрики. Треба многу работи да се сменат и дај боже да тргне ама незнам што очекувате. Иначе да затвориш фабрика и да се одселиш во друга држава не е уопште така лесно и просто како што си мислиш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom