Една фирма, нема смисла да кажам која, каде бевме во посета од факултетот беше издвоена помеѓу подобрите бизнис приказни во Македонија. Го прашавме сопственикот како баш дојде до таа идеја, да се бави баш со такво производство каде нема многу конкуренција? Одговорот беше: епа знаев дека ќе се затвори големата фабрика за овие производи, а јас имав фарма за кокошки, а и ми дојавија дека ќе се појави птичји грип, па ја продадов фармата додека уште држеше на цена, ги купив машиниве и така почнав. Значи оној кој има информации од повисок степен, може да успее полесно.
Сега да и два реални примери, за 2 фирми овде.
Едната почна како дуќан за шиење шапки и сакоа, имаше мајстор и две работнички, една од нив мајка ми. Малку по малку почна бизнисот да се зголемува, прераснувајќи во дуќан со 10 вработени, па конфекција со 25 вработени, по ова бизнисот го наследи синот на мајсторот, па премина во конфекција со 60 луѓе, а моментално бизнисот го наследува трета генерација, внукот на мајсторот, а конфекцијата има 140 вработени. Оваа фирма работи од 92 година наваму, значи 21 година како конфекција и нешто пред тоа како дуќан, се издвојува по фер платите, кои се двојно-до тројно поголеми од конкурентските фирми, поради што е и тешко да се влезе овде, каде се бара спремност и квалитет. Најмладиот „директор“ го прошири бизнисот и со градење стамбени згради, што секако ќе направи boost на нивниот не така мал буџет.
Другата фирма е мини фабрика за мебел, која започна исто во раните 90-ти години, како дуќан за столарија, во кој работеше само сопственикот (инаку сирак без наследство од никој), потоа му помагаше едно дете од маалото, па полека уште едно дете, па ете сега, значи после 20 години е водечка фирма во градот од таа област, а сопственикот е сега газда кој можеше да си дозволи на синот матурант да му купи нова кола (голф 7), а тој самиот има ауди 6 и freelender, од салон тука, не увезени.
Малку подолг текст напишав, но убаво е да се знае дека иако ретко, постојат и луѓе кои успеале со својот труд да постигнат многу.