Успешни бизнис приказни во Македонија

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Успешна приказна - Мите Макоил.....

Еден мој роднина работеше кај него на бензинска и уште еден познаник во администрација. И двајцата веќе не работат....
Вториот во некоја негова лична препирка, а првиот наседна (нема бегање од тоа) на финта која редовно ја спроведувал - пушта свој човек на работа кога се преклопуваат смени и се јавуваат помалку пари во касата, па после „кратка истрага“ Мите тупакот ги чисти двете смени - ги брка со изговор дека го крадат - не им дава плата исл. и така во бескрај....за продавање вода со малку бензин во нејзе и не е толку страшно....Истиот тој на големо се збори дека е само марионета и дека вистински сопственици на Макоил се Тито Петковски во копродукција со уште некоја главурда од СДС, станува и јасно како лесно се пикна такви локации........толку од успешноста....

Во листава би ги стаил сите тие „успешни“ Македонци, кои точно - успешни се, ако се мери лоповлук, нелојална конкуренција, корупција и некоректно третирање вработени. Старата гарда, излезени од фирмишта од типот на Технометал Вардар - Трифун, Гуштеров, Минчо, кои имаат еден дел од кариерата на кои не им текнува многу, ама по некоја случајност од тој период им доаѓа најголем процент од богатството. Може само да се радуваат што руските мафијаши не ги спакуваа во некој багажник, туку само ги пуштија да си се вратат дома.
Добар дел од нив, продолжија „успешно“ со нелојална конкуренција - пример работата на „Пивара“, за која во 90-ти, па и покасно се збореше дека само ако ти текне да увезеш, а недај Боже да произведуваш пиво, дека даночни, трудови, пазарни, санитарни инспектори има да ти спијат во фирма.....па договорите на вработените - со робовладетелски клаузули од типот - добиваш отказ - враќаш се' што си заработил до тогаш исл. - ако тоа е успешна приказна, јас сум космонаут....во иста багра е и еден Пекабеско, кој Господ лично не може да го добие на суд, евергрин со сите власти...
Во поново време „успешните приказни“ се базираат на монопол и нелојална конкуренција, тоа се фирми од типот на Т-мобајл, Телекабел исл. кои во одредени периоди имаа „од Господ дадено“ право само тие да ја вршат таа дејност - па колку треба да си глуп за бидеш неуспешна приказна...па тие што исприватизираа фирми од типот на Скопски Пазар - со најразработени и најскапи локации по градов или меурот од Врање што со партиски амин и рекет си исцртуваше маркици и претвараше катни гаражи во трговски центри.....и уште го праи тоа...
Денешните „успешни приказни“ се најхард-кор.....корумпирани судии, полиција во улога на личен телохранител, силеџиство, законодавна власт ти носи закони во твоја корист, ниеден медиум не смее да писне нешто против пошо ќе заврши или на некоја ливада кај Петровец или во Идризово......и се тоа во кругот на една фамилија...

Која е таа е***а успешност? За што ли зборувате овде? Торбешон на партизанска што уште од 80-ти прави слатки или оние торти што праат во Козле....и тоа душата им знае (којзнае колку рекет плаќаат)...на прсти од една рака се бројат такви...

Ако на некого не му е јасно зошто се правела национализација после 1945 година, да знае дека од исти го**а било прибирано богатство, а дотичните често и завршувале со куршум у глава...
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Коста Јанковски - пример за успешна бизнис приказна во Македонија .
 
Член од
8 февруари 2013
Мислења
76
Поени од реакции
14
Site tie uspesni prikazni znaele da go iskoristat toa so go poseduvale vo momentot...velat bez pari nema biznis...citam pogore deka nekoj i imal vrski pa nemal pari ama go iskoristil seto toa...pozajmil pari, baral investitor, drzavna pomos. Kako i da e sekogas ima moznost samo treba samite da ja pronajdime
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Се брои ли во успешна приказна, ако секоја година по завршна сметка остварува профит, а парите и се во суд половина чекаат разврска на дела, а другата половина неможе да се наплати оти фирмите немаат ништо на свое име туку нови си отвориле?
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Се брои ли во успешна приказна, ако секоја година по завршна сметка остварува профит, а парите и се во суд половина чекаат разврска на дела, а другата половина неможе да се наплати оти фирмите немаат ништо на свое име туку нови си отвориле?
Сакаш да кажеш, ние сме милионери, ама овој ми должи 100.000 Е, оној ми должи 200.000 Е ?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Сакаш да кажеш, ние сме милионери, ама овој ми должи 100.000 Е, оној ми должи 200.000 Е ?
Да.
Во првите 100 најуспешни компании во Македонија изминативе 10 години имаше фирма која беше во првите 5. Таа фирма на хартија оствари толку голем профит кој се броеше во милиони. Реалноста вели дека е под стечај за тужби кон нив кои се мерат во милиони, а истата таа фирма функционира под ново отворена фирма. Фирмата се брои во успешни значи на хартија.

Фирмите во Македонија може да бидат заведени под „Верувале или не“ рубрика.

Само доволно е листата на најуспешни да се разгледа и од нив да се почне. Таму кај средните и малите веќе се е на хартија. Сите пари се во суд.
--- надополнето: 26 јануари 2014 во 10:20 ---
Не се брои..
А кои се бројат?
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
Да.
Во првите 100 најуспешни компании во Македонија изминативе 10 години имаше фирма која беше во првите 5. Таа фирма на хартија оствари толку голем профит кој се броеше во милиони. Реалноста вели дека е под стечај за тужби кон нив кои се мерат во милиони, а истата таа фирма функционира под ново отворена фирма. Фирмата се брои во успешни значи на хартија.
која фирма ако не е тајна ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom