Hooligan
..The President...
- Член од
- 9 февруари 2008
- Мислења
- 2.359
- Поени од реакции
- 701
Денеска налетав на блогов http://marketing365.blog.mk ( блог за маркетинг и ПР вести од светот и Македонија) и имаше еден блог пост за употребата на социјалните медиуми во маркетиншки цели , од кој ќе издвојам некои делови - како основа за моите прашања на темава.
*****
Пред два дена глобалната консултантска компанија за менаџмент “Booz & Company” заедно со “Buddy Media” – компанија за изработка на софтвери кои помагаат за анализа на социјалните мрежи го објавија своето истражување насловено како “Campaigns to Capabilities: Social Media and Marketing 2011”.
Студијата покажува како социјалните медиуми веќе станаа вообичаена алатка на бизнисите во пружењето на дополнителна услуга кон клиентите, станаа вообичаена пракса кога станува збор за истражувањата на пазарот и дури едно од главните средства преку кои се одвиваат интерните комуникации во компаниите.
Сето ова наведува на фактот дека компаниите од сите големини имаат мошне сериозен пристап кон социјалните медиуми и веќе одвојуваат сериозни средства од буџетот во цели поврзани со социјалните медиуми.
Главни заклучоци
За мнозинството испитаници , нивни главни социјални медиуми на кои го насочуваат своето внимание се : Facebook, Twitter и YouTube.
94% од испитаниците одговориле дека Facebook е една од нивните топ 3 платформи вклучени во нивната стратегија за настап на социјланите медиуми , за Twitter тоа го кажале 77% а за YouTube 42% .
Раководењето со социјалните медиуми во остварувањето на корпоративните цели е главно одговорност на маркетинг секторот на компанијата.
81% од испитаниците одговориле дека одделот за маркетинг е одговорен за социјалните медиуми. 35% од компаниите имаат назначено одговорно лице специјализирано само за социјални медиуми , а 50% од испитаниците веруваат дека оваа функција е одлучувачка за успехот во социјалните медиуми.
Адвертајзингот, Односите со јавноста (PR) и услужувањето на клиентите (пред , за време на и после купувањето) се трите “области“ кои имаат најголем бенефит од социјалните медиуми.
96% од испитаниците рекле дека тие ги користат социјалните мрежи за “адвертајзинг и промоција“. 88% рекле дека ги користат за PR и 75% рекле дека ги користат за услужување на клиентите.
891 580 граѓани на Република Македонија користат Facebook (повеќе од 43% од наслението) , дали мислите дека тоа е бројка што треба да ја потцените и да дозволите вашите корпоративни профили на социјалните медиуми да се водат инцидентно или од луѓе кои тоа не им е нивна специјалност ???
*********************************
Токму последниов пасус од постот каде авторот завзема став со кој се согласувам во целост дека Македонските компании ама баш воопшто или ептем малце имаат развиено чувство дека социјалните медиуми не се само за постирање новости и дека се многу битна алатка во маркетиншки и бизнис цели?
Што Вие мислите ,или како ја оценувате употребата на Социјалните медиуми во Македонија (од нашите компании) наспроти употребата на овие мрежи од страна на светските компании ???
Дали познавате некоја фирма која вработува луѓе со единствена задача да посветуваат внимание на овие мрежи или не???