Универзална сала ( Тоше Проески )

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.635
Поени од реакции
31.850
Значи Слаткар бил прифатен од младите, зборувам за широката публика, од старо до младо во Македонија. Тоше беше таква личност која ги спојуваше генерациите, за Слаткар не ни слушнале постарите, а веројатно ни за Мизар. Како што кај младите не била популарна Вања Лазарова или Васка Илиева.
Тоше беше личност која го слушаа само младите. Откако почина се прошири неговото ,,спојување" кон постарите и мнозинството. Има доволно работи во државава кои носат негово име, не мора се да е крстено исто.
Немам намера да го црнам ликот и делото на истиот кој никогаш не го слушав и не планирам да го слушам самоиницијативно(освен ако ми го пушти некој да речеме во автобус дури патувам или на родендени, кафиќи и сл). Но по некоја логика подобро е да им се придаде важност на повеќемина кои имале огромно влијание тука. Можеби и ќе научи по некоја информација оваа зашушулена младина која ништо не ја интересира освен сликање прчени муцки, јадења на инстаграм, срцепатилни статуси и квази-вредности.


Многу знаат на форумов кој е он :)

Има пример имиња на дејци кои ги слушаме и ги крстувале некои работи по нив, па сетне учиме ако не заинтересира шо како и зошто баш тие :) Нека биде малку едукативно. Уствари џабе дробиме тука ние, то е одлучено уште пред да никни формата на јајцето :D
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.854
Поени од реакции
10.326
Знам дека немаме Шуберт, Бах, Вивалди во музичкото творештво, но тоа не значи дека треба и тоалетите дома да ги крстиме Тоше Проески. Не сум многу по видот на музика кајшто припаѓаше, не сум доволно стручен да судам квалитети. Но побогу, човекот беше мејнстрим поп музичар со фанови во Македонија и таму-ваму по екс-ју републиките. Сите да ги собереме нема народ доволно колку во Лондон само. Не, Тоше не беше светски феномен како што се претставува по неговата смрт. Не успеа ни смешна бројка албуми да продаде за да може да учествува на Сан Ремо. Подобро нека си остане Универзална отколку да се оди понатаму со фарсава.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Пред да улета „преумирањево“ („преродбата де“) имаше иницијатива од фудбалскиве луѓе, градски да се вика Кирил Симоновски Џина, ама топуциве побитно им беше вето да лапаме за имиња на стадиони и на автопати (па сеа и оној тетовскон Мајка Тереза го крстиле :facepalm:)...и Џина некако добро ми звучи, ама надвладеа идиотот над креативноста и разумот....

И да....сите се испотепавме за името, ко све друго да е извезено...
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
нека ја крстат Есма Реџепова
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Мара Бунева ќе ја крстат и чао пријатно.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
По толку коментари си мислам па нека си остане како што е, боље. :D
Тоше беше личност која го слушаа само младите. Откако почина се прошири неговото ,,спојување" кон постарите и мнозинството.
Подобро не можеше да опишеш. :cuc:
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.985
Поени од реакции
12.621
Нека ја крстат Бис - Без, освен што се меѓу првите рокенролери
и некако футуристички звучи @Dave :icon_lol:
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Нека ја крстат Бис - Без, освен што се меѓу првите рокенролери
и некако футуристички звучи @Dave :icon_lol:
Звучи футуристички, ама не и популистички - тоа се бара....
....па и коа ќе видиш боље Тоше Проески него Тоше Александров....
 
Член од
5 јули 2008
Мислења
224
Поени од реакции
197
Абе Скопјанишча, никогаш не сте го сакале Тоше Проески, најмногу ме нервираше што кога почина коси кубевте, глумевте дека ви е премногу жал, а додека беше жив вие најмногу го плукавте, ама ете и сега си го покажувате вистинското лице, колку не сакате да го носи името на Универзална или било која улица, епа човекот си заслужил, направете и вие нешто, доста само плукавте, можеби еден ден и вашето име ќе носи некоја градба, или улица, ајт поздрав.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
И замислете,Есма била против Универзална на биде Тоше Проески...
По се изгледа она имала друг предлог...можеби на нејзиниот сопруг или по нејзе:vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom