Универзална сала ( Тоше Проески )

Ф

Флеш

Гостин
Универзална сала треба да го носи неговото име, се работи за најголемата македонска ѕвезда а салата се знае за што најмногу се користи, фестивали и концерти - работи поврзани со музика.
За мене е полошо улици и фонтани да го носат неговото име.
Извини но јас не се согласувам ... со должна почит кон Тоше, но тоа не е во ред , Тоше она,Тоше тоа , Тоше овоа .... Нормален обичен човек е аман сфатете ... ко Фанатици се однесувате .... еве зш нема Анастас Коцарев некој објект да не се вика ... аааа не знаете кој е тој , чичо ќе ти каже ... еден од светски македонски научници познати во Историјата , блиску и до Нобелова да добие ... зш нема ?! ааааа :cautious:
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Универзална сала треба да го носи неговото име, се работи за најголемата македонска ѕвезда а салата се знае за што најмногу се користи, фестивали и концерти - работи поврзани со музика.
За мене е полошо улици и фонтани да го носат неговото име.
А оти Мизар не ја крстат? И они се музичари.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Извини но јас не се согласувам ... со должна почит кон Тоше, но тоа не е во ред , Тоше она,Тоше тоа , Тоше овоа .... Нормален обичен човек е аман сфатете ... ко Фанатици се однесувате .... еве зш нема Анастас Коцарев некој објект да не се вика ... аааа не знаете кој е тој , чичо ќе ти каже ... еден од светски македонски научници познати во Историјата , блиску и до Нобелова да добие ... зш нема ?! ааааа :cautious:
Знаеш зошто нема? Затоа што не е познат. Искрено јас не знам кој е тој, ниту знам што направил, веројатно ретко кој го знае.
Тоше Проески нема кој не го знае. И јас велам едно е доволно, ете Универзална сала, но не и секакви улици, фонтани, куќи, музеи. Тие се непотребни.
 
Ф

Флеш

Гостин
Знаеш зошто нема? Затоа што не е познат. Искрено јас не знам кој е тој, ниту знам што направил, веројатно ретко кој го знае.
Тоше Проески нема кој не го знае. И јас велам едно е доволно, ете Универзална сала, но не и секакви улици, фонтани, куќи, музеи. Тие се непотребни.
ај гуглај , доста со порното ;)
 

ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
Оваа новава сала треба да биде изградена на местото на старава Универзална? Мислам дека е глупаво да се сруши сепак е некој вид на споменик од едно време кога солидарноста била на цена. Може да се реновира а новава сала да се изгради на нова локација.

ПС. Еејј кои земји донирале ...Авганистан, Гвинеја. Камбоџа....
 
Ф

Флеш

Гостин
Jaс би ја крстил Драган Ѓаконовски Шпато. Oзбилно, најозбилно.
Или Славе ДИмитров !!!! идиоти се овој ако не го знае некој .... Кога заоѓа сонцето ..... итн песни :D
--- надополнето: 23 јануари 2014 во 22:21 ---
Оваа новава сала треба да биде изградена на местото на старава Универзална? Мислам дека е глупаво да се сруши сепак е некој вид на споменик од едно време кога солидарноста била на цена. Може да се реновира а новава сала да се изгради на нова локација.

ПС. Еејј кои земји донирале ...Авганистан, Гвинеја. Камбоџа....
Ти знаеш колку само ќе чини да се потрошо за реновација ... оваа зграда ти беше изградена со материјал предвиден да трае 30 години , а колку поминаа ?! Емотивното и значењето ќе остане ... Време е да се тргне напред ...
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.636
Поени од реакции
31.850
Или Славе ДИмитров !!!! идиоти се овој ако не го знае некој .... Кога заоѓа сонцето ..... итн песни :D
Ваи њот?
Имаме и ние по некој деец од порано, не мора цело време да биде се едно исто та исто.:icon_lol:
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.636
Поени од реакции
31.850
Да, но не и најпознати кај широката публика.
До пред скоро најпознат беше Слаткар, го бива? Не.
Обично се шо е најпознато е труло, оти е така праено за да биди најпознато, и најприфатено од мнозинството, музика за масите, поезија за масите и така натака. Кога викам маси, не мислам на оние со ногарки.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
ај гуглај , доста со порното ;)
Зашто да гуглам? Треба сите да гугламе за да знаеме кој е тој. Медиумите треба да напишат за него, а не сами да ги бараме оние кои направиле многу.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Чеј кога спомнавте нели она што е сега СК 2014 не е Барок туку Неокласицизам? P.S. Не ме кољи ако не знам. :нинџ:
Најискрено - не е никаков стил, побарај по интернетов, има од Никос Чаусидис една книга, у пдф ја има, во која сите небулози од проектот се опфатени. Мислам на тие од тој карактер - фасадни декорации исл. Тој е професор по историја на уметност....а што се тиче архитектура - тоа се објекти со нормален принцип на проектирање според Модерната - форма следи функција - во случајов функција следи тотално промашен урбанизам, со посебен ставен акцент на формирање на фасадите со тремови со слободни столбови :facepalm: и китење на фасадата со гипсани декорации. На пример - фасадата на ЦК на СКМ во кој денес е владата се кити со лесни гипсани столбови кои не смее да се продолжат во подрумот затоа што доле се гаражи. Токмакот Чаушевски уште не стигнал до тие лекции, кои се учат во ГУЦ Здравко Цветковски, а не на факултет....
Неокласицизам, барок, неоидиотизам - крсти си го како сакаш...кога никој не стигнал да те праша дали треба така да изгледаат, кој ги е*е...
Dave ги познава овие работи со стиловите, може и да објасни како ќе делува ова таму со оглед на тоа што таму во околина има се и сешто.
Фала што така мислиш, ама зошто јас да ти влијаам на мислењето. Јас тоа што го мислам околу обликувањето на објектов е тоа што го пишав - обликот е коректен, ама недефиниран - во смисла на материјали, конструкција, не се знае каде е влез, па и од технички аспект не верувам дека ниту има фирма што може да го испроектира, ниту да го изгради ова вака како што го гледате - едноставно се одело на концептуално прикажување, убави слики (за решенијата не знам, не сум ги видел), ама кога ќе дојде време за реализација - ќе видиме.......со филхармонија е истата прича - заглавени се во гов*а до гуша....
Тоа што јас мислам дека е најсериозен проблем за што треба мааалку повеќе архитектонско познавање од државниве архитектчиња е следново - оваа локација е мала за овој објект. Новите барања за потребен простор по гледач, паркинг места, кубатура и сл. параметри оваа локација не може да ги издржи. Можеби ќе можеше заедно со онаа локација позади, каде што е „катната гаража“, ама вака не....ова ќе бара 2-3 нивоа подземни паркинзи, пристапот и е преку главен булевар и едно ситно уличе - спикано, изнудено.......истата грешка се прави и со проектот за новиот „Драмски“ за кој не може да се најде инвеститор, а и да се најде ќе се изгради монструм-коктел, кој заради барањата за паркирање, испроектиран е паркинг на главната сала - лудило, нон-сенс. На сегашнава универзална, со тој капацитет па какви гужви и затки се случуваат при поголеми концерти, а не на таква со двојно поголем капацитет. Ваков објект бара плато, плоштад, некаков простор за социјализација пред настанот - тешко овде таква работа..
Така да, Ханк, моите забелешки и стравови се повеќе од техничка природа, а естетска - кој како сака....дали е објектот во контекст или вон контекст, дали ќе успее да му се наметне или контекстот ќе го проголта - тоа е и моќта на архитектот....на крај краева има објекти кои се учат по историја на архитктура како добри примери, а никој не ги знае, а има и архитектонски кич од типот на Ајфелова кула кој годишно прави милиони евра и е симбол на Париз....за вкусовите знаеш како иде...
 
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
Како идејно решение за изгледот на новата Универзална сала е избрано решението на „Стоун дизајн" и според комисијата е храбро решение кое со својата визуелност и инвентивност ќе претставува нова атракција во скопското урбано милје.


Избраното идејно решение има јајцевидна форма, која според образложението на комисијата, како визура не е нова за скопскиот амбиент, но секако е во рамките на светскиот тренд и содржи специфики кои би биле македонски придонес кон оваа архитектонска тема.

Министерството за култура во оваа следна фаза ќе спроведе соодветна јавна набавка за обезбедување на комплетна проектна документација на која освен авторите на избраното идејно решение ќе имаат можност да учествуваат и сите преостанати учесници на конкурсот, како и сите други правни и физички лица кои ги исполнуваат пропишаните законски услови за вршење на ваков вид на работи. По оваа фаза ќе следат и преостанатите постапки, обезбедување на одобрение за градба, избор на изведувач, надзор и други потребни активности.

„Новиот објект на Универзалната сала ќе има речиси двојно поголем капацитет од сегашната зграда - мултифункционалниот објект ќе поседува две сали: голема сала со капацитет од 2.500 до 3000 седишта и мала сала за помали камерни изведби со капацитет од 200-300 седишта. Што е уште поинтересно салите ќе бидат акустички и организациски разделени, па во нив ќе може истовремено да се случуваат различни настани. Можам слободно да кажам дека Скопје и скопјани долго време ја очекуваат реализацијата на овој проект", рече градоначалникот Коце Трајановски.


Непосредно по катастрофалниот земјотрес во Скопје, во 1963 година, почна изградбата на Универзална Сала, како трајно одбележување на хуманата акција на дарителите од странство. Во изградбата, со значајна материјална (финансиска) помош учествуваа над 35 држави од светот, со чии средства е купен монтажниот објект „Универзална сала" од бугарската компанија „Техноекспортстрој". Договорот за купопродажба на објектот за сала со капацитет од 1.800 седишта е потпишан на 11 јули 1964 година во Софија.

Официјално Универзална Сала почна да работи на 1 Јануари 1966 година.

„Универзална сала за 46 години беше домаќин на околу седум милиони посетители на околу 5.000 настани. Оттука, мисијата и визијата на „Универзална сала" се овие бројки да растат, што ќе ја направи институцијата попозната во светски рамки, а со тоа и поатрактивна за странските уметници. Јавната установа Центарот за организирање приредби „Универзална сала- Скопје" која веќе 46 години ја негува културата и уметноста во Македонија има за цел долгорочно да им овозможи на граѓаните од Македонија и пошироко да уживаат во перформансот на многубројни театри, ансамбли, музички домашни, балкански но и светски ѕвезди, спортски ѕвезди итн.

Мисијата и визијата на „Универзална сала" се: да прерасне во мултимедијален центар со современ изглед, да продолжи да ја негува културата и уметноста во Република Македонија, да стане „оаза" на мултимедијална опрема која ќе овозможи непречена организација на манифестации од секаков вид, да остане салата која има посебен дух, што и е главен адут во привлекувањето на организатори и посетители, да стане една од најакустичните сали во светот, да продолжи да ја докажува општествената одговорност, да продолжи со соработката со многубројни општествено одговорни компании, на Скопје да му овозможи забава на дневна основа со привлекување на поголем број странски ѕвезди итн.", потенцираше директорката Бошковска.
ПОТОЧЕ: http://kajgana.com/vaka-kje-izgleda-novata-univerzalna-sala


Новото име, ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ ставот на Есма:
Таа вели дека не е спорен ликот и делото на Тоше, но по него, веќе има крстено многу улици, фонтани и мостови, но во државата има и други важни пејачи.
„Зар еден Сариевски, Васка, Бадев, Вања Лазарова, па и Виолета Томовска не заслужуваат Универзална да се крсти по нив. Па, по Тоше именуваа и фонтани и улици и што уште не. Зар некој се срами од народните пејачи. На секој чекор се пеат „Зајди, зајди“ и други народни песни, а никој не им оддава почит на нивните автори и изведувачи“, коментира Есма на прашањето на Утрински од кои причини во Советот гласаше против предлогот на Трајановски за новото име на Универзална.
ИЗВОР: http://www.kanal77.com.mk/mk/vesti/makedonija/item/7576-esma-e-protiv-univerzalnata-sala-da-se-vika-tose-proeski.html

Мој став. Изгледот модерен, необично и конечно се иде кон нешто ново за името се сложувам со Есма. Има фонтани, улици, споменицик на Мостот на Уметноста и во никој случај не се смета за запоставен. Иако старото име според мене треба да се задржи и под тоа да се додаде новото.
Само да не ја крстат Универзална Есма!Друго ниту едно име нема да ми пречи.
А кравава што не посрами пред цела европа на евровизија и сега и даваат пензија,плата или што и да е по 1000 евра има најмалку право да збори за универзална сала или Тоше Проески.Она правец Шутка таму со Амди да си збори.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
До пред скоро најпознат беше Слаткар, го бива? Не.
Обично се шо е најпознато е труло, оти е така праено за да биди најпознато, и најприфатено од мнозинството, музика за масите, поезија за масите и така натака. Кога викам маси, не мислам на оние со ногарки.
Значи Слаткар бил прифатен од младите, зборувам за широката публика, од старо до младо во Македонија. Тоше беше таква личност која ги спојуваше генерациите, за Слаткар не ни слушнале постарите, а веројатно ни за Мизар. Како што кај младите не била популарна Вања Лазарова или Васка Илиева.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom