Универзална сала ( Тоше Проески )

H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Како идејно решение за изгледот на новата Универзална сала е избрано решението на „Стоун дизајн" и според комисијата е храбро решение кое со својата визуелност и инвентивност ќе претставува нова атракција во скопското урбано милје.

Избраното идејно решение има јајцевидна форма, која според образложението на комисијата, како визура не е нова за скопскиот амбиент, но секако е во рамките на светскиот тренд и содржи специфики кои би биле македонски придонес кон оваа архитектонска тема.

Министерството за култура во оваа следна фаза ќе спроведе соодветна јавна набавка за обезбедување на комплетна проектна документација на која освен авторите на избраното идејно решение ќе имаат можност да учествуваат и сите преостанати учесници на конкурсот, како и сите други правни и физички лица кои ги исполнуваат пропишаните законски услови за вршење на ваков вид на работи. По оваа фаза ќе следат и преостанатите постапки, обезбедување на одобрение за градба, избор на изведувач, надзор и други потребни активности.

„Новиот објект на Универзалната сала ќе има речиси двојно поголем капацитет од сегашната зграда - мултифункционалниот објект ќе поседува две сали: голема сала со капацитет од 2.500 до 3000 седишта и мала сала за помали камерни изведби со капацитет од 200-300 седишта. Што е уште поинтересно салите ќе бидат акустички и организациски разделени, па во нив ќе може истовремено да се случуваат различни настани. Можам слободно да кажам дека Скопје и скопјани долго време ја очекуваат реализацијата на овој проект", рече градоначалникот Коце Трајановски.

Непосредно по катастрофалниот земјотрес во Скопје, во 1963 година, почна изградбата на Универзална Сала, како трајно одбележување на хуманата акција на дарителите од странство. Во изградбата, со значајна материјална (финансиска) помош учествуваа над 35 држави од светот, со чии средства е купен монтажниот објект „Универзална сала" од бугарската компанија „Техноекспортстрој". Договорот за купопродажба на објектот за сала со капацитет од 1.800 седишта е потпишан на 11 јули 1964 година во Софија.

Официјално Универзална Сала почна да работи на 1 Јануари 1966 година.

„Универзална сала за 46 години беше домаќин на околу седум милиони посетители на околу 5.000 настани. Оттука, мисијата и визијата на „Универзална сала" се овие бројки да растат, што ќе ја направи институцијата попозната во светски рамки, а со тоа и поатрактивна за странските уметници. Јавната установа Центарот за организирање приредби „Универзална сала- Скопје" која веќе 46 години ја негува културата и уметноста во Македонија има за цел долгорочно да им овозможи на граѓаните од Македонија и пошироко да уживаат во перформансот на многубројни театри, ансамбли, музички домашни, балкански но и светски ѕвезди, спортски ѕвезди итн.

Мисијата и визијата на „Универзална сала" се: да прерасне во мултимедијален центар со современ изглед, да продолжи да ја негува културата и уметноста во Република Македонија, да стане „оаза" на мултимедијална опрема која ќе овозможи непречена организација на манифестации од секаков вид, да остане салата која има посебен дух, што и е главен адут во привлекувањето на организатори и посетители, да стане една од најакустичните сали во светот, да продолжи да ја докажува општествената одговорност, да продолжи со соработката со многубројни општествено одговорни компании, на Скопје да му овозможи забава на дневна основа со привлекување на поголем број странски ѕвезди итн.", потенцираше директорката Бошковска.
ПОТОЧЕ: http://kajgana.com/vaka-kje-izgleda-novata-univerzalna-sala

Новото име, ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ ставот на Есма:
Таа вели дека не е спорен ликот и делото на Тоше, но по него, веќе има крстено многу улици, фонтани и мостови, но во државата има и други важни пејачи.
„Зар еден Сариевски, Васка, Бадев, Вања Лазарова, па и Виолета Томовска не заслужуваат Универзална да се крсти по нив. Па, по Тоше именуваа и фонтани и улици и што уште не. Зар некој се срами од народните пејачи. На секој чекор се пеат „Зајди, зајди“ и други народни песни, а никој не им оддава почит на нивните автори и изведувачи“, коментира Есма на прашањето на Утрински од кои причини во Советот гласаше против предлогот на Трајановски за новото име на Универзална.
ИЗВОР: http://www.kanal77.com.mk/mk/vesti/makedonija/item/7576-esma-e-protiv-univerzalnata-sala-da-se-vika-tose-proeski.html

Мој став. Изгледот модерен, необично и конечно се иде кон нешто ново за името се сложувам со Есма. Има фонтани, улици, споменицик на Мостот на Уметноста и во никој случај не се смета за запоставен. Иако старото име според мене треба да се задржи и под тоа да се додаде новото.
 
Ф

Флеш

Гостин
Ок е за име , немам проблем ,но се согласувам малце премногу форсираат со некои ,ќе почине некој, име за него,име на булевар,она тоа , нека започнат уше газирани сокови ....... Дизајнот некако мешани чуства ... имаш Руски комунистички стил на згради околу Универзална , и ти доаѓа 24 сенчури модел на Јајце ... Јајце/Комунизам/Јајце/Комунизам .... поента ?!
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Конечно им текна да направат објект кој нема да биде во барок стил.
За тоа што го рекла Есма целосно се согласувам..... јас сфаќам дека Тоше речиси сите го сакаа и дека многу помагаше, но глупо би било се да се крсти со негово име.
:)
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Ок е за име , немам проблем ,но се согласувам малце премногу форсираат со некои ,ќе почине некој, име за него,име на булевар,она тоа , нека започнат уше газирани сокови ....... Дизајнот некако мешани чуства ... имаш Руски комунистички стил на згради околу Универзална , и ти доаѓа 24 сенчури модел на Јајце ... Јајце/Комунизам/Јајце/Комунизам .... поента ?!
Кој црн комунизам? Кои стилови....„комунистички стил“ - жити све? Според која категоризација, именување, енциклопедија?
Ај коа не познавате архитектура коментирајте си имиња....
Што се тиче архитектура, кога ќе напраи стоун изведбен проект и коа ќе ја изведат вака ќе си го видам тилов...

И аман од Тоше....во Универзална во рамки на џез фестивалот, оффест и други манифестации доаѓаа широк спектар на врвни ликови од музиката за кој може да ни позавиди добар дел светски градови - може малку покреативен пристап при именувањето (ко да е тоа најважна работа во моментов)...
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Кратко и јасно, сосема во ред е тоа што универзална сала го носи името на Тоше Проески, сосема заслужено.
 
Ф

Флеш

Гостин
Кој црн комунизам? Кои стилови....„комунистички стил“ - жити све? Според која категоризација, именување, енциклопедија?
Ај коа не познавате архитектура коментирајте си имиња....
Што се тиче архитектура, кога ќе напраи стоун изведбен проект и коа ќе ја изведат вака ќе си го видам тилов...

И аман од Тоше....во Универзална во рамки на џез фестивалот, оффест и други манифестации доаѓаа широк спектар на врвни ликови од музиката за кој може да ни позавиди добар дел светски градови - може малку покреативен пристап при именувањето (ко да е тоа најважна работа во моментов)...
Бро ,само импресии цитирам , од братучед полуГерманец и од Белгија, пријатели ... доаѓаат , ми опишуваат Комунистички стил згради , изглед .... ти кажувам од агол на Странец ...
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Ок е за име , немам проблем ,но се согласувам малце премногу форсираат со некои ,ќе почине некој, име за него,име на булевар,она тоа , нека започнат уше газирани сокови ....... Дизајнот некако мешани чуства ... имаш Руски комунистички стил на згради околу Универзална , и ти доаѓа 24 сенчури модел на Јајце ... Јајце/Комунизам/Јајце/Комунизам .... поента ?!
Има амортизација и на тоа. Сите згради во околината ќе им се сменат фасади од страна на општината или да бидат надградени и реновирани, како што се прави на Партизанска од страна на Опш. Карпош.
 
Ма неее ..... Комуњариве да не пуштааат .... ОМЏ ..... Ааааааааааааааа ........ Местен ТЕНДЕЕЕЕР :ROFLMAO::pos:
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Не гледам што е лошо во коментарот на Есма. Не може сите објекти каде Тошка бил и оставил трага да го добиваат неговото име. Таму пееле многу уметници кои заслужуваат таа сала да го носи нивното име. Јас сум за да си остане како и до сега Универзална сала.
Ова со јајцево што знам. Вака делува интересно, ама дали ќе биде изградено кој знае.
Dave ги познава овие работи со стиловите, може и да објасни како ќе делува ова таму со оглед на тоа што таму во околина има се и сешто.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Ма неее ..... Комуњариве да не пуштааат .... ОМЏ ..... Ааааааааааааааа ........ Местен ТЕНДЕЕЕЕР :ROFLMAO::pos:
Нема врска тоа друже, по тој основ и многу фасади на згради беа сменети и во Центар со пари од буџетот.
Не зборам за барокните.* :)
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Бро ,само импресии цитирам , од братучед полуГерманец и од Белгија, пријатели ... доаѓаат , ми опишуваат Комунистички стил згради , изглед .... ти кажувам од агол на Странец ...
Паѓаш на провокации....во предградија на Берлин, Париз има исти згради што немаат благе везе со комунизам. И дека темава е во „Архитектура“ (а ќе се збори за Тоше најмногу), затоа реагирав. Не постои идеолошка класификација на архитектурата. Никој не те учел дека се египтетските пирамиди се робовладетелска или фараонска архитектура, туку објекти од стар век, антика, среден век.....
Се утепува со погрешно користење термини од архитектурата. Барок како збор е комплетно посран во македонската денешница - се користи тотално без врска. Барокот има начин и на конципирање на основата, пропорции, симетрии и украсувања (а ова нашево е некаква бљувотина, која некој новинар така ја нарече) Многу често во многу погрешен концепт се користи и поимот „футуризам“. Футуризмот е едно сосема мало архитектонско движење од почетокот на 20 век од Италија - кој се противи на класицистичката архитектура и го нагласува развојот на моторниот сообраќај, машините, динамиката - тотално нема врска со (идиотските) новинарски написи од типот „Новата универзална сала ќе биде во футуристички стил“ - непознавање!
Внимавајте како ги користите зборовите за да не ве манипулираат полуписмени странци, кога вие ги водите низ градот - вие го имате знаењето и вие зборувате...
 
Чеј кога спомнавте нели она што е сега СК 2014 не е Барок туку Неокласицизам? P.S. Не ме кољи ако не знам. :нинџ:

ЕДИТ: А ако треба нека иде во друг подфорум.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Универзална сала треба да го носи неговото име, се работи за најголемата македонска ѕвезда а салата се знае за што најмногу се користи, фестивали и концерти - работи поврзани со музика.
За мене е полошо улици и фонтани да го носат неговото име.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom