Унгарско-романска „војна за знамето“

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Спорот за едно историско знаме предизвика дипломатски конфликт меѓу Романија и Унгарија. „Војната за знамето“ изгледа бизарно, но и двете страни имаат интерес за распламтување на национализмот во нивните земји.

Во Будимпешта унгарскиот министер за надворешни работи Јанош Мартоњи зборува дека е „загрозена“ унгарско-романската соработка. Титус Корлацеан, негов колега по функција во Романија, се заканува со протерување на унгарскиот амбасадор. Медиумите блиски до власта во обете земји инсценираат националистички кампањи, какви што последен пат имаше пред еднаипол деценија. А сето започна во провинциски град во Романија со едно сино-златно-сино знаме со сонце и полумесечина во горниот лев агол.
Поради тоа знаме сега односите меѓу двете соседни земји паднаа на најдолна точка. Унгарскиот социолог Пал Тамаш зборува за „локален скеч, кој ескалира до принудни потези на високата политика“. Романскиот филозоф Андреј Корнеа препорачува ЕУ да ги модерира разговорите меѓу двете земји, оти тие се „неспособни да преговараат билатерално“.

Се’ започна со едно знаме
Конфликтот избувна откако на 2. февруари во романската општина Ковасна, со мнозинско унгарско население на функцијата стапи нов градоначалник. На свечената церемонија во зградата на градот Свети Ѓорѓи (на унгарски Sepsiszentgyörgy, на романски Sfântu Gheorghe) беше отстрането сино-златно-синото знаме на „Земјата на Секељите“, како што се нарекува регионот во југоисточниот дел на Трансилванија, затоа што според мислењето на романските власти претставува симбол за стремежите на унгарското малцинство (Секељите се унгарска етничка група) за територијална автономија и за отцепување од романската држава. Кусо потоа унгарскиот државен секретар за надворешни работи Солт Немет говореше за „симболична агресија против унгарската заедница во Трансилванија“ .
Тоа беше почетокот на унгарско-романската „војна за знамето“.
Во нејзината заднина се крие контроверзниот конфликт со историска димензија. Како дел од Трансилванија, Земјата на Секељите некогаш му припаѓаше на унгарското кралство. Со мировниот договор од Трианон во 1920 година Трансилванија и‘ беше доделена на Романија. Но автономијата за малцинствата во Трансилванија која Романија ја вети уште во 1918 година никогаш не се оствари.
Стремеж за автономија
Од падот на диктаторот Николае Чаушеску наваму политичките претставници на милион и половина Унгарци во Трансилванија се залагаат за поголема административна самостојност во екстремно централистички организираната Романија, пред се’ во Земјата на Секељите со мнозинско унгарско население. Умерените политичари на унгарското малцинство притоа ќе се задоволија со поголема локална финансиска самоуправа и овластувања во културата, додека радикалните бараа автономија како за Јужен Тирол во Италија или на Каталонија во рамките на Шпанија. Во Романија меѓутоа барањето за автономија е едно од најголемите национални табуа.
„Притоа конечно станува збор за политичка конфронтација меѓу либерално-индивидуалистичкиот државен модел, кој го застапуваат Романците, бидејќи се мнозинство и мултикултурниот колективистички државен модел како во Белгија и во Канада, за кој се залагаат Унгарците“, објаснува Алина Мунџиу -Пипуди, професорка по политикологија.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан
Гестот со кој за време на официјална локална церемонија е отстрането знаме чија употреба како локален симбол, романскиот суд во минатиот ноември јасно го дозволи, беше сфатен како навреда не само од радикалните политичари на унгарското малцинство во Романија туку и од претставниците на владата на премиерот Виктор Орбан во Будимпешта, која се смета себе си за застапник на политичките интереси на Унгарците во странство.
Будимпешта се вмешува
Од тогаш наваму следуваа удар по удар. Кога државниот секретар Немет проговори за „симболична агресија“ на Романија, романскиот премиер ја критикуваше таквата „дрскост“ и „мешањето во внатрешните работи“ од страна на Унгарија. Кога шефот на романската дипломатија Корлацеан се закани со протерување на унгарскиот амбасадор од Букурешт, Немет возврати со закана за возвратни „дипломатски мерки“ на Унгарија. Десетици унгарски градови и општини го развеаја знамето на Секељите, а на викендот се вееше дури и на зградата на парламентот во Будимпешта. Во Романија од другастрана влијателните националистички медиуми ја поддржуваа владата.
А всушност двете земји се имаат историски помирено, што беше предуслов за приемот во ЕУ. Во рамките на тој процес имаше заеднички седници на владите, а умерениот Демократски сојуз на Унгарците во Романија вкупно 16 години учествуваше во коалициските влади во Букурешт.
Но веќе некое време односите се заладуваат. Владата на Орбан во Будимпешта ги поддржува подебно радикалните претставници на унгарското малцинство. Таа го воведе правото на глас за Унгарците во странство за изборите во Унгарија, чии гласови и‘ се потребни за изборите во наредната пролет, зашто меѓу домашните гласачи владата е се’ понепопуларна поради социјалната политика на кастрење.
Игра со огнот на национализмот

Романскиот премиер Виктор Понта
Од друга страна на романската влада истотака и‘ е дојдено до тоа да го сврти вниманието од нејзината радикална политика на штедење. Пред се’ меѓутоа таа сака планираната територијална реформа да ја легитимира со националистичка реторика. Во рамките на оваа реформа три области главно населени со Унгарци би требало да бидат припоени кон една голема општина во централна Романија, и унгарското малцинство со тоа ќе загуби многу права.
Унгарскиот филозоф и публицист Атила Ара Ковач во моментов со оглед на политичката констелација во двете земји не гледа шанса за унгарско-романско помирување. „Состојбата е многу сериозна, и е последица од една казнива, неодговорна но добро обмислена намера на владата на Орбан, да ги растури досега за пример добрите односи со соседите“, вели Ара Ковач. „За жал, и романската влада на чело со Понта работи на тоа да ги наруши билатералните односи и во тоа има најдено соодветен партнер во Орбан“.

http://www.dw.de/ледено-доба-во-односите-меѓу-романија-и-унгарија/a-16611018
 

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Романија е една од ретките земји од ЕУ што не го признава Косово заради сепаратистичките стремежи на Маџарското население што живее овде.

Ова е демографска мапа на Романија. Зелената зона населена од унгарци не е многу различна од општините Тетово, Гостивар, Дебар, Струга. Таму сум биден 2 пати и за инает или незнам за шо не ми зборвеа Романски туку Маџарски или Англиски. Романски се зборув само на места кај шо ојш да купиш нешто како продавници, аптеки и сл. Железничките станици имаат 2 имиња ама локално се користи Унгарското. И ред други примери...
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Порано главна земја за гурбет била Романија, по сите нишани би требало да има македонско малцинство таму, ама изгледа нашите се претопиле во румунци... пра дедоми бил на печалба таму а како што ми кажувал дедо ми сеуште имаме роднини таму!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ова се сериозни прашања....
Со појавата на националните држави, по Весфалскиот мир 1648 се појави и национализмот, појава која никогаш претходно ја немаше.
Да Ве подсетам дека своевремено Марко Поло, 17 години бил советник на Кублај кан и три години гувернер на кинескиот град Јонгкоу, а било очигледно дека не е Кинез или Монгол.
Картата на Централна Европа, каква што денес ја имаме е настаната дури по Првата светска војна со рападот на Австроунгарија и Отоманската империја
Унгарците, во Австоунгарија беа „ привелегирани “ иако Австроунгарија како двојна монархија постоеше само од 1867 до 1918. Тогаш Хазбургската монархија е преименувана во Австроунгарија, а на Унгарците им е даден привелегиран статус,
Инаку Унгарци има не само во Романија туку во сите други околни земји. Кон сите тие земји постојат одредени национални претензии на Унгарците.
Но мислам дека сега вакви прашања се покренуваат за па се постигнат политички поени на изборите
 

Tranquilis

Putting Macedonia on the map.
Член од
10 август 2011
Мислења
526
Поени од реакции
657
„Притоа конечно станува збор за политичка конфронтација меѓу либерално-индивидуалистичкиот државен модел, кој го застапуваат Романците, бидејќи се мнозинство и мултикултурниот колективистички државен модел како во Белгија и во Канада, за кој се залагаат Унгарците“, објаснува Алина Мунџиу -Пипуди, професорка по политикологија.
Какво лицемерие.. :facepalm:

Унгарците се залагаат за мултикултурен модел само таму каде што се малцинство. Тоа може убаво да се види од искуството на мацедон89.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Порано главна земја за гурбет била Романија, по сите нишани би требало да има македонско малцинство таму, ама изгледа нашите се претопиле во румунци... пра дедоми бил на печалба таму а како што ми кажувал дедо ми сеуште имаме роднини таму!
Има доста македонци во Романија, ама добар дел од нив се претопиле во мнозинството заради верата. 2009-та година запознав првпат во Прилеп една Романка со македонско потекло, која речиси чисто говореше македонски. Имам и едно другарче Романец од Трансилванија, на Фејсбук ми ја прати оваа слика, село во Романија наречено Македониа според жителите кои во минатото а и денес го населуваат-македонски имигранти.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Маѓарите/Унгарците кои се на бројка 1,5 - 2 милиона во Романија(област Трансилванија) се оставштина од времето на Австро-Унгарската империја која држела огромен дел од Романската територија и намерно населувала во тие краишта Унгарци со цел да се промени етничката слика, исто како Војводина на пр. која исто така била под Австро-Унгарска власт и таму има сеуште Унгарци(250 000) кои се оставштина од Австро-Унгарската империја која намерно ги населувала таму за време на нејзиното владеење со таа област се со цел да се смени етничката слика на регионот во полза на тогашната империја која владеела со тоа подрачје !
Исто како што на пр. денешните Турци во МКД, како и во Бугарија, Грција и.т.н. се оставштина од Османлиската империја, иста е приказната и со овие ’’автохтони‘‘ Маѓари/Унгарци во Трансилванија како и во Војводина !
Таква била политиката на скоро сите поранешни империи ......... освоените територии секогаш намерно ги населувале со свој народ со цел да ја променат етничката слика на освоената територија во своја полза !
 

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Какво лицемерие.. :facepalm:

Унгарците се залагаат за мултикултурен модел само таму каде што се малцинство. Тоа може убаво да се види од искуството на мацедон89.
Во Романија во моментов има неколку сепаратистички и унистички (ова ми беше најприкладен збор) политики. Унгарците се за автономија што потоа ќе прерасне во независна држава или ќе биде Унгарска енклава во срцето на Романија. Република Молдавија (без Приднестеровие) и делови од Украина (Буковина) се за да се припојат кон Романија зошто пред 100-200 години биле една држава која била расцепена од мировни договори настанати после војните.
Според ова се гледа дека Македонија многу личи на Романија (Соединување на трите Македонии и отцепување на Заадна Македонија), само што Романија не признава етнички поделени држави како Косово, а ние ги признаваме.
Балканов немат да е мирен се додека не се направат етнички чисти држави. Затоа мое мислење е дека треба да се напушти национализмот и децата да се едуцираат дека тоа не чини.
 
Член од
18 февруари 2012
Мислења
1.273
Поени од реакции
930
Во Романија во моментов има неколку сепаратистички и унистички (ова ми беше најприкладен збор) политики. Унгарците се за автономија што потоа ќе прерасне во независна држава или ќе биде Унгарска енклава во срцето на Романија. Република Молдавија (без Приднестеровие) и делови од Украина (Буковина) се за да се припојат кон Романија зошто пред 100-200 години биле една држава која била расцепена од мировни договори настанати после војните.
Според ова се гледа дека Македонија многу личи на Романија (Соединување на трите Македонии и отцепување на Заадна Македонија), само што Романија не признава етнички поделени држави како Косово, а ние ги признаваме.
Балканов немат да е мирен се додека не се направат етнички чисти држави. Затоа мое мислење е дека треба да се напушти национализмот и децата да се едуцираат дека тоа не чини.
не се толку лесни работите, Романија за да земе Молдавија треба да ги врати на бугарија Добруџа (тоа значи да нема излез на море) а на Унгарија да го врати Трансилванија. На овој начин ќе загуби повеќе од колку што ќе земе. И пак нема да се решат проблемите зашто во Трансилванија не се само Унгарци а од Молдавија ќе мора да се преселат над 200 000 бугари
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
не се толку лесни работите, Романија за да земе Молдавија треба да ги врати на бугарија Добруџа (тоа значи да нема излез на море) а на Унгарија да го врати Трансилванија. На овој начин ќе загуби повеќе од колку што ќе земе. И пак нема да се решат проблемите зашто во Трансилванија не се само Унгарци а од Молдавија ќе мора да се преселат над 200 000 бугари
Тоа - менување на граници - преселби на народи - „ решавање “ територијални и национални проблеми и слично е минато во Европа
Погледни го Хелсиншкиот договор:
http://en.wikipedia.org/wiki/Helsinki_Accords
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
428
Поени од реакции
519
Тоа - менување на граници - преселби на народи - „ решавање “ територијални и национални проблеми и слично е минато во Европа
Погледни го Хелсиншкиот договор:
http://en.wikipedia.org/wiki/Helsinki_Accords
Џабе се изгласани кога не се обврзувачки. Види што се случи на север од нас. И сам гледаш дека може истото да се случи во Романија, кај нас и скоро секаде.
 
Член од
18 февруари 2012
Мислења
1.273
Поени од реакции
930
Тоа - менување на граници - преселби на народи - „ решавање “ територијални и национални проблеми и слично е минато во Европа
Погледни го Хелсиншкиот договор:
http://en.wikipedia.org/wiki/Helsinki_Accords
не е минато но јас го сметам за утопија
5.Peaceful settlement of disputes-овозможува.
Порано или подоцна Романија ќе се обиде да направи нешто!
Кога зборуваме за Романија ова е слика од мојата тераса, од другата страна на реката е Романија ;)
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Игра на политичките гарнитури, ако немаат леб да му дадат на народот тогаш му даваат национализам, бесплатната храна.
Во меѓувреме најголемите националисти ја отуѓуваат државата дел по дел во интерес на мултинационалните компании.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom