Увоз на половни возила

Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Luge osvestete se deka nagore na zapad( Germanija; Italija; Svedska; Svajcarija; dnd) nema sansi da najdete vozilo koe e 2000 godina i da ima pominato okulu 100 000km pa duri i pomalku kako sto prikazuvaat trgovcite so avtomobili. Vo nikoj slucaj nemojte da kupuvate avtomobili bez da gi vidite i bez da bidat provereni od strucen serviser ili vas prijatel so se razbira. Isto taka vnimavajte na servisnite kniski dali se sogalsuvaat so servisot i so kilometrazata na voziloto. Znaci vozilo bez servisna kniska ne kupuvajte vo nikoj slucaj. Isto taka najdobro e dokolku imate sansa vie da oditedete vo germanija ili vo bugarija i sami da si odberete avtomobil sto vi odgovara otkolku nekoj drug da vi go donese. Najdobro e da si kupite vozilo od tuka od maticnata zemja i pred da go kupite proverete vo MVR dali ima izdadeno poternica za toa vozilo i vo centralen zalozen registar dali e zalozeno voziloto negdeka idali ima vrz nego nekoja hipoteka. Dobro otvorete gi ocite i ne se zaletuvajte premnogu. Ovoj oglas ne za da im nastetam na trgovcite so avtomobili tuku za da go osvestam makedonskiot narod koj veke ima dovolno propateno.
Posebno vnimavajte na modelite Hyundai Accent i Daewoo lanos i Golf 4
 

Крими

......
Член од
8 декември 2008
Мислења
479
Поени од реакции
14
a dali ima ili znae nekoj da carinal kola godinava i kolku go kostalo..
toa me zanima mnogu
 
Член од
8 август 2008
Мислења
73
Поени од реакции
5
На што треба да се внимава при увоз на употребувани возила

Со цел да се избегнат непотребни трошоци и проблеми при увозот на употребувани возила, Царинската управа препорачува при купување и увоз на употребувано возило од странство особено да се внимава на следното:

1. Исполнување на хомологациски услови

Проверка на условите за хомологација пред да се купи возилото во странство кај овластените тела:
- АМСМ УСЛУГИ ХОМОЛОГАЦИЈА ДОЕЛ Скопје, Инспекциски места „Скопје-Чаир“ „Велес“ и „Битола“
- МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ од Скопје, Инспекциско место „Индустриска зона Железара“
- АУТОМАКЕДОНИЈА А.Д. од Скопје, ул. Мито Хаџивасилев; Инспекциско место „Стакларница“
- КОНФОРМА ДОЕЛ Скопје, бул. Илинден бр. 138 А, Инспекциско место „ИМ 1-Велес“ „ИМ 2-Радовиш“ и „ИМ 3 -Прилеп“
- АСУЦ „Боро Петрушевски“ од Скопје, бул.„Александар Македонски“ 26 б; Инспекциско место АСУЦ „Боро Петрушевски“

Царинската постапка се спроведува и давачките се плаќаат пред да се изврши техничкиот преглед за сообразност со хомологациските услови. Доколку возилото не ги исполнува овие услови, увозникот нема да може да го регистрира возилото и ќе се соочи со големи непотребни трошоци на враќање на возилото во странство.

2. Изнесување на ефективни странски пари од Република Македонија

Обезбедување на соодветни потврди пред изнесувањето на девизи од Република Македонија наменети за купување на возило.

При изнесување на девизи, ограничувањата се следни:
- до 2000 евра, слободно;
- од 2000 до 10.000 евра, ефективните странски пари мора да се пријават на царина при изнесување, со прилагање на потврда од банка или овластена менувачница;
- изнесувањето на девизи над 10.000 евра не е дозволено.

3. Потребни документи за спроведување на царинската постапка:

При царинење на возилото, доколку неопходни се следните документи:

- оргинална сообраќајна книшка за возилото;
- оргинална фактура, купопродажен договор или, доколку увозникот подолго време го поседува возилото, изјава за вредност;

За да може да се утврди царинската вредност, потребно е да се достават следните минимални податоци за патнички возила:

- вид
- марка
- модел
- тип на возило
- погонско гориво
- број на врати
- година на производство
- работна зафатнина на моторот
- силина на моторот (киловати или коњски сили)
- ниво на опрема (на пример, ниво на опрема за ВОЛКСВАГЕН ГОЛФ: comfortline, trendline, highline и.т.н.)

Кај товарни возила, комбиња, автобуси, камиони, приколки и полуприколки, покрај погоре наведените, потребно е да се достават и минимални податоци за:

- број на оски
- меѓуоскино растојание
- сопствена маса
- дозволена носивост
- дозволено оптоварување по оски
- должина/широчина/височина
- вид на кабина (кај комбиња)


4. Проверка на податоците наведени во документите за купопродажба и другите придружни документи, односно споредување на бројот на шасија на возилото со оној наведен во купопродажниот договор и сообраќајната дозвола при купувањето

Повремено се случува бројот на шасијата наведен во купопродажниот договор да се разликува од бројот на шасија на возилото, што доведува до проблеми при спроведување на царинската постапка, постапката на хомологација и при регистрација на возилото.

5. Употребувани автомобилски гуми

Често се случува при купување на возило, со возилото да се добие и втор сет на гуми (зимски/летни). Бидејќи увозот на употребувани гуми е забранет, вториот сет на употребувани гуми не смее да се внесе во Република Македонија.

6. Изнесување на странски регистарски таблички од Република Македонија

Редовните регистерски таблички да се изнесуваат од Република Македонија откако ќе започне царинска постапка. Доколку се изнесуваат пред започнувањето на постапката, тоа претставува царински прекршок.


7. Обезбедување на доказ за потекло - ЕУР-1 или Изјава во фактура

Доколку возилата се со потекло од земјите членки на Европска унија и за истите е добиен доказ за потекло - Уверение за движење ЕУР.1 или Изјава во фактура тогаш се плаќа намалена царинска стапка 1% (редовна 5%). (донесен закон, стапува на сила од денот на објавување во Службен весник)

8. Царински испостави каде се спроведува постапка на царинење на возила

Царинењето на употребуваните патнички возила се врши по месна надлежност, односно според живеалиштето на увозникот, во следните царински испостави:
- ЦИ Скопје 1 , ул. „Колекторска“ бб, Скопје;
- ЦИ Скопје 2, ул.34 бб, Скопје;
- ЦИ Скопје 3, ул. ,,15ти Корпус,, бр.2, Скопје;
- ЦИ Куманово, магистрален пат М1 делница Табановце-Куманово, 7 км од Табановце;
- ЦИ Штип, ул. „Брегалничка“ бб Штип;
- ЦИ Гевгелија, граничен премин Богородица;
- ЦИ Битола, „Краварски пат“ бб, Битола.


9. Постапка на царинење на возила

Вообичаено царинската постапка за употребувани возила се спроведува на следниот начин:

По доаѓање на граничниот премин, кај овластен застапник (шпедитер) се подготвува транзитна декларација со која возилото се упатува на царинење во внатрешна испостава. Покрај наплатата на услугата, често шпедицијата бара да се приложи готовински депозит кој му се враќа на увозникот по завршувањето на транзитната постапка во внатрешната испостава.
По пристигањето во внатрешната испостава, започнува царинска постапка на увоз или складирање, зависно од потребите на увозникот или начинот на работа на Царинската испостава. Царинската декларација ја подготвува со полномошно овластен застапник (шпедитер).

10. Постапка на царинење на возила кои веќе се наоѓаат во Република Македонија

Возилата со странски таблички кои веќе се наоѓаат во Република Македонија и ги управуваат лица со регулиран престој во странство, можат да започнат постапка на царинење без транзитна постапка на граничен премин, односно можат директно да се јават во царинските испостави каде се спроведува постапката на царинење на возила.


11. Рок за завршување на транзитната постапка

Рокот за завршување на транзитната постапка од граничниот премин до царинската испостава за царинење вообичаено е 1 ден.

Непочитувањето на рокот претставува царински прекршок, за кој е предвидена мандатна казна од 50 евра во денарска противвредност за физичко лице или, доколку увозник е правно лице, 50 евра за одговорното лице во правното лице и 250 евра за правно лице.

12. Што е акцизна основица

Акцизна основица е царинската вредност утврдена согласно царинските прописи зголемена за износот на царината. Во царинската вредност се вклучуваат и транспортните трошоци и трошоците за осигурување доколку ги има.

http://customs.gov.mk/ShowNews.aspx?...d=1&tabindex=0
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Сакате да увезете половен автомобил но не знаете како? Ова е текст за вас. Внимателно прочитајте го следното упатство и увезете го автомобилот што го сакате без да фрлате екстра пари посредници.
Самата процедура не е воопшто комплицирана како што изгледа на прв поглед. Пред да се впуштите во увоз "наоружајте се" со вистински и корисни информации.
Еве неколку совети како да увезете половен автомобил:

1. Избор на модел

За да увезете половен автомобил потребно е прво да го пронајдете во странство, било да е преку пријател, директно од сопственикот или преку интернет од некој автоплац.
2. Проверка
Кога ќе се одлучите за автомобил, обавезно проверете дали возилото поседува сервисна книшка од која ќе видите кога и каде се правени сервиси на автомобилот, а истовремено тоа е документ кој ќе ви биде потребен за царинење и со кој се потврдуваат и поминатите километри кои влијаат на цената на царинење, а со самото тоа и вашите трошоци.
Доколку автомобилот поминал доста километри, основата на царинење се спушта размерно со прејдените киломтери.
3. Цената за царинење
Цената по која царината на автомобилите се формира е на основа на понудена цена од каталог: Schwacke за возила од Германија, Largus од Франција, Autovetture oд Италија итн.
4. Сметка

Следната важна работа е сметката. Сметката која ви ја издава местото од каде го купувате автомобилот или пак доколку го купувате од сопственик се формира договор кој се заверува кај овластен нотар.
Предноста на договорот во врска со сметката е тоа што договорот претставува директно купување помеѓу купувачот и сопственикот на автомобилот, во однос на сметката каде во прашање е купување преку посредник кај кој за време на царинењето се користат цени од каталог и можат да бидат и до 20% повисоки од цените кај директното купување.
5. Граница
На граница, граничниот шпедитер прави пропратница кај внатрешната царинарница во градот во кој сте пријавени и каде што возилото ќе се царини, а рокот на пријава е 72 часа, односно 3 дена.
На граница обавезно пријавете ја сервисната книшка за да важе за време на царинењето, во спротивно, намалувањето на вредноста за прејдени километри нема да биде возможна.
6. Царинење
Конечната постапка околу царинењето на возилата ја прави шпедитерот на царинарницата каде возилото е упатено од граница, а препорачливо е да го пронајдете шпедитерот и да разговарате за реалната цена за царинење уште пред да тргнете по возилото.
Напомена:
Кога купувате автомобил преку интернет сајтови од приватни автоплацови, секогаш имајте на ум дека големи се шансите да бидете измамени. Затоа, не ги уплаќајте парите без разлика што ви бара продавачот, сѐ додека не одете лично да го видете автомобилот.
 

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
738
Поени од реакции
660
Заборави една ситница другар...паричиња од кај да најдеме?:)
 

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Заборави и уште една ситница да провери дали има ваква тема.
 

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Luge osvestete se deka nagore na zapad( Germanija; Italija; Svedska; Svajcarija; dnd) nema sansi da najdete vozilo koe e 2000 godina i da ima pominato okulu 100 000km pa duri i pomalku kako sto prikazuvaat trgovcite so avtomobili. Vo nikoj slucaj nemojte da kupuvate avtomobili bez da gi vidite i bez da bidat provereni od strucen serviser ili vas prijatel so se razbira. Isto taka vnimavajte na servisnite kniski dali se sogalsuvaat so servisot i so kilometrazata na voziloto. Znaci vozilo bez servisna kniska ne kupuvajte vo nikoj slucaj. Isto taka najdobro e dokolku imate sansa vie da oditedete vo germanija ili vo bugarija i sami da si odberete avtomobil sto vi odgovara otkolku nekoj drug da vi go donese. Najdobro e da si kupite vozilo od tuka od maticnata zemja i pred da go kupite proverete vo MVR dali ima izdadeno poternica za toa vozilo i vo centralen zalozen registar dali e zalozeno voziloto negdeka idali ima vrz nego nekoja hipoteka. Dobro otvorete gi ocite i ne se zaletuvajte premnogu. Ovoj oglas ne za da im nastetam na trgovcite so avtomobili tuku za da go osvestam makedonskiot narod koj veke ima dovolno propateno.
Posebno vnimavajte na modelite Hyundai Accent i Daewoo lanos i Golf 4
За тие пари што ќе купиш возило надвор од Македонија нема никогаш да го најдеш со приближна цена кај нас во Македонија.Значи сите сакаме да возиме поубаво возило за поефтини пари,а кај нас малку потешко бидејќи секој си ја цени колата.Друго си многу голема грешка со километражата.100 000 км во Европа се како кај нас 20 000 км.Знаеш зошто???Бидејќи ако тргнам од Куманово до Гевгелија по автопат ќе и се намали векот на колата со 5%
амортизери зглобови тоа е катастрофа значи само се крши колата а километри нема.А пак ако ја возиш низ било кој град ја кршиш уште повеќе колата.Значи ако ми продаде некој кола од Македонија со 50 000 км за 7000 евра јас би одбрал кола со 200 000 км од ЕУ за 1000.Знаеш ли зошто???Дали знаете какви се патиштата после Београд???Нема дупки како кај нас.
На колата од ЕУ ќе и направам еден добар сервис уље гуми каиш и ситни работи и пак ќе биде иста како таа од 7000 евра.Значи сум заштедил солидна цифра на кеш а ќе возам иста кола.
А сте се исплашиле од интерпол и полиција.Па никој не е улав да ти продаде кола да ти даде податоци лажни и да одговара после затоа.Од Бугарија кола најефтино е бидејќи они кога купуваат купуваат по многу коли а не по 1-2 коли така да на тој од плацот му одговара да му ги бутне топтан да лапне некоја пара у кеш бидејќи така ќе му стојат и место ќе му фаќаат на плацот.Е сега има и многу шминкани коли во Бугарија така да ќе гледате да бидете на лице место кога стасува камионот со коли па да видите што се истовара.Обично колите не се искршени туку малку се гребнати удрени а има и квалитетно опнати коли од кој им ги вадат деловите и ги користат за други а и за продажба.
 
Член од
12 јули 2012
Мислења
3
Поени од реакции
2
Vaka sakam da zemam polovno vozilo od slovenia no nemam nikakvo iskusttvo so uvoz na polovni vozila
pa zatoa ja zapocnav temava. Znaci sakam da kupam Audi A3 Ambition 1.9 TDI 1896ccm 74kw/101KM 2002 godina i e so 4 vrati i istoto na lice mesto ke me kosta 3500 eura e sega ke ve molam koj ima iskustvo da mi kaze kolku ke me kosta se vkupno sose MK tablicki registracija i servis znaci se vkupno kolata da ja donesam do makedonija i da bidi sredeno pali vozi.
 

Epics™

Академски граѓанин
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
3.891
Vaka sakam da zemam polovno vozilo od slovenia no nemam nikakvo iskusttvo so uvoz na polovni vozila
pa zatoa ja zapocnav temava. Znaci sakam da kupam Audi A3 Ambition 1.9 TDI 1896ccm 74kw/101KM 2002 godina i e so 4 vrati i istoto na lice mesto ke me kosta 3500 eura e sega ke ve molam koj ima iskustvo da mi kaze kolku ke me kosta se vkupno sose MK tablicki registracija i servis znaci se vkupno kolata da ja donesam do makedonija i da bidi sredeno pali vozi.
Едно 5000 евра сигурно.
Мислам 3500 за колата и плус уште 1500 + евра, али како и да е неможе да е повеќе од 5500 евра.

Татко ми работи во Царина, така да толку отприлика би требало да испадне.
 
Член од
12 јули 2012
Мислења
3
Поени од реакции
2
Едно 5000 евра сигурно.
Мислам 3500 за колата и плус уште 1500 + евра, али како и да е неможе да е повеќе од 5500 евра.

Татко ми работи во Царина, така да толку отприлика би требало да испадне.
E od 5000 do 5500 golema e razlikata barem so se odnesuva do mojot dzep :) ali sepak ako me fati 5000 e dobro.... a tatkoti stom e carinik daj toa katalogot svake bi trebalo da go ima pa vidi za ovaa kola kolku ke bide carina. a za audito mozebi ke go spusti uste stotina ili dvesta evra seuste ne sum se pazaril pozdrav
 

Kajgana Shop

На врв Bottom