Т`га за на чаршија
Орелски крилја как да си метнам,
и до чаршијата да си прелетнам.
У нашите кафичи ја да си идам,
да видам Fashion, Logo, Forum да го видам,
да видам дал с`нцето и тамо,
мрачно угревјат како и вамо.
Ако как овде с`нце ме сретит,
ако пак мрачно с`нцето светит,
на п`т далечен ја ќе се стегнам,
и до Cabare ќе си побегнам.
Овде је мрачно и мрак м`обвива,
и црна мисла душа ми убива,
предавања, колоквиуми и испити,
мрачни петки и шестки,
околу секоја петка темна,
во гради мисла силно ме стегна.
Не, ја неможам овде да седам,
не, ја неможам петки да редам.
Дајте ми крилја ја да си метнам,
и до чаршијата да си прелетнам,
у нашите кафичи ја да си идам,
да видам Fashion, Logo, Forum да го видам.
Таму виното греит душата,
и скапото виски разбиват сушата.
Таму по срце пиво да пијам,
с`нце да зајдвит ја да се опивам.