karan
бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
- Член од
- 31 мај 2006
- Мислења
- 3.595
- Поени од реакции
- 2.720
Заради причините погоре и пропадна Империjата.Мислам дека обнова на Отоманската империја го изјавиле во контекст дека со подела на интересни сфери Турција како голема држава ке има предност во пласирање на своите производи и нивните компании ке бидат местени да се угнездат во бившите провинции.
Е сега дали тие провинции, од кои 3 се членки на ЕУ ке го прифатат тоа......нешто не ми се верува.
Инаку во време на Отоманската империја имало некои позитивни работи од кои јас лично мислам дека двете најдобри се:
1. Секој е сопственик на својата земја, додека во феудална Европа или не дај Боже феудална Русија селанецот се продава со земјата (која е сопственост на феудалецот) во Отоманската империја секој си има тапија и тоа си е негово. Може да се продаде, поклони,замени и слично.
2. Слобода на движење на стоки и луѓе. Да кажеме селанецот од првата точка ја продал земјата и отишол во Солун и се зафатил со трговија, па ако му фаќа црпката може да стане чорбаџија или да изгуби се, али пак тоа си е негова среќа и способност.
Е сега во последните 200 години империјата слабее и корупцијата си го прави своето па се евентуално иде у п.м. Големците си зимаат се повеке и повеке за право, ја отуѓуваат немуслиманската раја која дига бунтови кои ја слабеат империјата, евентуално и не-Турските муслимани се бунат...........
Али за обновување на класична империја - немет шанси.
Инаку нормално е Турциjа како наследник на Византиjа и идна наjголема членка на Европската Униjа од ова ќоше на Европа да има и наjголемо влиjание на Балканот. Тоа си е природен тек на нештата и колку и да се спротивставуваат Софиjа и Атина не можат да го изменат краjниот резултат ( би можела Русиjа, но во моментов сеуште и требаат повеке приjатели отколку противници). За Македониjа ке биде добро само да си обезбеди рамноправна позициjа во соjузништвото со Турциjа и се ке се средe само од себе.