Турција го бомбардираше Ирак

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Само неколку држави се на планетава кои можат да и кажат на Турција да внимава што прави.А Израел не е една од нив.
Вмешаност може да негира на држави како Кувајт,Конго,Сомалија.Кај Турција тешко верувам дека ке помине.
Не Израел нема никаква врска со нападите на ПКК.Израел сега ке се потруди да си врати врските со Турција затоа што нема алтернатива.Не постои ниту една друга Муслиманска земја со толкаво влијание и развој која што би ја заменила Турција.А Израелците знаат дека без таков сојузник ке им биде многу ама многу тешко.Уште повеќе знаат и колку најтешко ке им биде ако така земја стане сојузник на нејзините непријатели.
Во моментов најголемиот непријател на Израел е на премиерската позиција.
Нема врска тоа што го зборуваш. Интересот од взаемно партнерство не е за Израел, туку е за Турција.
Само така ќе може Турција да покаже дека е нормална земја.
Ако забега со исламизмот, ќе треба да се партиционира, се надевам дека војката таму е сеуште способна да го задржи секуларзмот.
Во моментов најголемиот непријател на Турција седи во турската премиерска фотелја.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Нема врска тоа што го зборуваш.
Штом така велиш нека нема.

Интересот од взаемно партнерство не е за Израел, туку е за Турција.
Интерес кој Турција дебело го плаќа.Не,напротив,Турција за Израел е непроценлив партнер.Затоа и Израел 2 пати се извинуваше на Турција и затоа и пред некое време и затоа и Израел не многу одамна го направи првиот обид да ги нормализира односите со Турција.Имаше и вест на форумов.

Ако забега со исламизмот, ќе треба да се партиционира,
Хм,Русија ке се дели Турција ке се партиционира.Решенијава кои ги нудиш се во најмала рака интересни :) :) :) .

се надевам дека војката таму е сеуште способна да го задржи секуларзмот.
Во моментов најголемиот непријател на Турција седи во турската премиерска фотелја.
Е токму една огромна разлика,во Турција Армијата е секогаш контра тежа на власта и тоа во пракса докажано досега неколку пати.Додека во Израел војската е под апсолутна контрола на власта,читај премиерот.Така да каде лежи разликата не е тешко да се примети.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Интерес кој Турција дебело го плаќа.Не,напротив,Турција за Израел е непроценлив партнер.Затоа и Израел 2 пати се извинуваше на Турција и затоа и пред некое време и затоа и Израел не многу одамна го направи првиот обид да ги нормализира односите со Турција.Имаше и вест на форумов.
Израел си ги има САД. Турција не ги има до толку. Сепак Турција е во позција на докажување иако е во НАТО.
Израел никогаш нема да ја заебе САД, а Турција во моментов е забегана.
Затоа и ти споменав, можно е Турција да престане да биде она кое е денес.
Не е никаков проблем ем исламисти има во власта, ем луѓе кои сакаат да се делат.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Израел има програма до 2025 да стане првата земја која ќе биде тотално независна од било кого на било кој план.Енергија,храна,вода,оружје...
Турција има програма за развој на фармерки кои нема да се распаднат по второто туку по четвртото перење.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.449
Поени од реакции
5.135

Нешто како С. Кореја?! :)

Да, тоа е и целта на Израел. Што е можно понезависен.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Нешто како С. Кореја?! :)

Да, тоа е и целта на Израел. Што е можно понезависен.
С.Кореја во ништо не е независна, енергетски зависи од Кина, за храна зависи од Кина и од хуманитарните организации,Инфраструктурата им е погодна за снимање филмови од жанрот Дистопија.
Иако недостатокот на храна може да го надополнат со декрет од “драгиот водач“ кој ќе нареди да се жртвува четвртина од населението и да се користи како храна...во име на “блескавата бескласна иднина“ или “триумф над западната хегемонија“...
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.449
Поени од реакции
5.135
С.Кореја во ништо не е независна, енергетски зависи од Кина, за храна зависи од Кина и од хуманитарните организации,Инфраструктурата им е погодна за снимање филмови од жанрот Дистопија.
Иако недостатокот на храна може да го надополнат со декрет од “драгиот водач“ кој ќе нареди да се жртвува четвртина од населението и да се користи како храна...во име на “блескавата бескласна иднина“ или “триумф над западната хегемонија“...
Имаат пораст на економијата од 3,5% !!! С. Кореја! :vozbud:
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Израел никогаш нема да ја заебе САД
Дали си сигурен?Тогаш мора да има друга причина штом САД наголемо избегнуваат дел од својата најмодерна технологија да ја продадат на Израел.Колку ли само иста таква Американска технологија денес е во рацете на Кинезите благодарение на Израел.Чист пример само проектот Лави кој денес е ј-10 Б Кинески авион длабоко во 4 генерација на најмодерни авиони.Затоа и денес дел од радарите кои се основа за Израелскиот ракетен штит се опслужувани од Американците,заради взаемната доверба.
Не Израел ке ги заебе САД иститиот момент кога ке се појави некој кој е појак од САД,како овие од погорниот пример.Сети се само на УСС Либерти.А тоа Американците го знаат.

--- надополнето ---

Турција има програма за развој на фармерки кои нема да се распаднат по второто туку по четвртото перење.
Симни очилата Тоукатер :) :) . Ова што го прочитав е во најмала рака смешно.Нема никаква врска со реалноста.
 
Изгледа беше лага дека Рајнхард подлегнал на рачните бомби на чешките партизани.
Тој преживеал и после пластична операција е испратен во Парагвај преку Ватикан каде со дел од нацистичкото злато купил еликсир на младоста.
Сега ни пишува од својата хациенда некаде на Гран Чако и бидејќи е добро ситуиран никогаш не дошол во контакт со турска роба...:vozbud:
 
Член од
1 декември 2009
Мислења
187
Поени од реакции
27
Израел има програма до 2025 да стане првата земја која ќе биде тотално независна од било кого на било кој план.Енергија,храна,вода,оружје...
Турција има програма за развој на фармерки кои нема да се распаднат по второто туку по четвртото перење.
:vozbud:da be i makedonija imase takov plan za 100 dena da stane nezavisna od site evropski zemji na sekakov plan:pos2:. a za farmerkive moze i do peto perenje da stignat
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.449
Поени од реакции
5.135
Во Турција е полошо отколку во Авганистан. Само во последниот месец имаат загинато преку 80 Турски војници.
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Турската армија изврши успешен воздушен напад во северен Ирак

18.08.2011 - 10:28 |

Турски воени авиони извршија напад врз 60 цели на курдски бунтовници во северниот дел на Ирак во рамки на успешната операција во текот на изминатата ноќ, соопшти Генералштабот на турската армија.

Во соопштението се наведува дека турската артилерија извршила напади врз 168 цели во регионот пред воздушната операција, која била преземена откако бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК) поставија заседа на турски воен конвој во југоисточниот дел на Турција и убија 12 припадници на силите за безбедност.
Турската армија истакна дека воените авиони за цел ги имале само базите на бунтовниците во областа во близина на границата со Турција во планината Кандил, како и дека покажале „потребна“ чувствителност со цел да не се повредат цивили.
Армијата планира да продолжи со нападите врз бунтовниците се додека тие не бидат онеспособени.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/balkan/turskata-armija-izvrshi-uspeshen-vozdushen-vo-severen-irak

Турција го возврати ударот врз Курдите

Турски воени авиони нападнале бази на курдската Работничка партија во северен Ирак, при што, како што јавуваат турските медиуми, биле убиени 12 курдски бунтовници.

Медиумите прецизираат дека 15 авиони извеле напади врз цели во планинските реони Кандил и Зап, во северниот дел на Ирак. Курдските бунтовници вчера нападнаа воен конвој во југоисточна Турција во кој загинаа 8 војници. /www.kanal5.com.mk
18.08.2011, 09:53​
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=103&eventId=79045
--- надополнето: Aug 18, 2011 3:12 PM ---
ТУРСКИ ВОЕНИ АВИОНИ БОМБАРДИРАА ТЕРОРИСТИЧКИ ЦЕЛИ НА СЕВЕРОТ НА ИРАК
Синоќа од 8-мата главна Џет база на втората тактичка команда на воздушните сили во градот Дијарбакир полетаа голем број воени авиони Ф-16 кои ги бомбардираа терористичките цели на северот на Ирак.​

Posted 18.08.2011 06:28:43 UTC​
Updated 18.08.2011 06:28:43 UTC​

Синоќа беше реализирана воздушна операција врз цели на терористичката организација на планината Кандил во северниот дел на Ирак.​
Според веста на новинската агенција Анадолија, синоќа беше доживеана голема раздвиженост во 8-мата главна Џет база на втората тактичка команда на воздушните сили во градот Дијарбакир.​
Од базата во групи од по два авиони полетаа голем број воени авиони од типот Ф-16 опремени со системи за ноќно набљудување.​
Во моментот на полетувањето на авионите внимание привлече раздвиженоста околу воениот аеродром.​
Според добиени податоци од владини извори, по реализираната операција врз различни цели на планината Кандил на северот на Ирак авионите се вратиле во 8-мата главна Џез база во градот Дијарбакир.​
Новински агенции соопштуваат дека операцијата била завршена по полноќ, а потоа околу 04 часот в зори повторно била забележана раздвиженост во небото.​
Како што беше истакнато од воздушната база полетале 5 до 6 воени авиони кои се усмериле кон целите во северниот дел на Ирак.​
Во врска со операцијата не беше објавено официјално соопштение.​
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.449
Поени од реакции
5.135
Турската армија изврши успешен воздушен напад во северен Ирак
Zaboravi da go postiras uste na dve tri temi.
Stavi go sega vo bookmarks da ne trujas so ova vo slednata godina.

Btw, postiraj barem na edna tema koga meta se turskite vojnici.... od toa sto go gledam, mnogu pocesto se tie meta otkolku kurdite...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: fmi
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Zaboravi da go postiras uste na dve tri temi.
Stavi go sega vo bookmarks da ne trujas so ova vo slednata godina.

Btw, postiraj barem na edna tema koga meta se turskite vojnici.... od toa sto go gledam, mnogu pocesto se tie meta otkolku kurdite...
hahaha mnogu ubavo se gleda koj e po golema meta

ТУРЦИЈА ПРОТИВ КУРДИТЕ

Убиени стотина курдски бунтовници

Во турската воена операција во Северен Ирак биле убиени меѓу 90 и сто курдски бунтовници, а 80 биле повредени, соопштија турски воени извори. Воздушните удари на Турција против бунтовниците во Северен Ирак, се обновени од 17 август по повеќе од една година. Во шесте дена на прекугранични воздушни напади турските воени авиони нападнаа 132 цели на ПКК, која го користи регионот за база за извршување напади во Турција.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=CCFDD094817EF7459548242A5E2C1967

29.08.2011
Генералштабот на турската армија соопшти дека во воздушни операции меѓу 17 и 22 август ликвидирани се меѓу 145 и 160 курдски бунтовници во северен Ирак. Над сто од ПКК се ранети во нападите.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/balkan/turcija-so-protest-do-oficijalen-pariz-zaradi-pkk
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Поларис извини,ама види овој пат каде гаѓаа турските воени авиони

среда, 23 ноември 2011, 19:05
Турски воени авиони бомбардирале ирачки провинции

Последните труски напади во регионот беа извршени на 13 Ноември, а беа со цел да ги уништат упориштата на Курдската работничка партија (ПКК) во планините на северен Ирак

Во нападите на ирачките провинции Сулејманија и Ербил, во автономниот регион Курдистан, повреден е еден 20 годишен цвил, а причинета е и голема материјална штета на фармите и стадата.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=944
 
Kajgana Shop

На врв Bottom