Тука пишуваме на зададена тема (денес: „На суд...“)

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.361
Поени од реакции
25.059
Допир

Незнам дали беше среќа што асфалтот беше распукан од едната страна, ама сигурно добро ми дојде тоа шеткарање на работ. Во бурниот амбиент и не е се' така гласно. Освен ако некоја кола помине до тебе и скрос да те извади од такт, па патем и друга и ушите нималку да не се релаксирани. Она што беше најсофистицирано таа ноќ не беше ниедно од петте сетила, туку она "најважното". Колку јас се водев од разумот, можам да кажам дека беше приближно околу 0.7 во период, иако тоа беше груба пресметка.

Пак една кола ќе поминеше и пак чувството на небезбедност навираше, исто како и болката низ човековото тело - со 90 километри на час. Мене сите чувства ме преплавуваа со 90 километри на час. Личноста која одеше до мене таа вечер сигурно правеше нешто надреално, па чувствата патуваа со многу поголема брзина, или можеби беше до мене проблемот - неможев да врзам крај со крај, не сум се нашол во таква ситуација. Кој ја испрати неа, не бев баш сигурен, а кој ме испрати мене, можам да кажам - Марс...Зевс... Нарцисоидна јаречка работа.

Кога испуканиот асфалт стануваше напорен, крајно решение беше да се префрлиме на другата страна. Од тие брзи коли кои во секунда фучеа горе долу, не бев сигурен ни дали сакам да префрлам улица. Ако некој ме прашаше со кого си - немаше да знам да му одговорам. Не беше ни суштество, не беше ни ништо друго што може да се објасни со една придавка и да се додаде уште една, па именката да биде посватлива. Ама ова не беше така. Од цела ноќ талкање не бев ни малку уморен. Она што ми се случи во наредните неколку секунди неможам до ден денес да си го објаснам, а деснава рака уште пати по левата на потенцираната личност.

Она што го имав некогаш слушнато од некого е дека соништата не смееме да ги помешаме со реалноста. Хм...тоа таа ноќ беше исполнет сон, реално согледан од очите на еден изгубен недоквакан некомформиста. Ја фати мојата рака и ми рече да префрлиме. Кога ненадејно нашите раце се најдоа сврзани, посакував да трае повеќе, ако не 5 секунди, барем 8-9. Ќе имав време во последните три секунди да вдишам двапати длабоко.

Колку грандиозна личност ме фати за рака, иако беше само за момент - два. Никогаш нема да го заборавам тој Допир на искреност и среќа, по кого сега копнеам. Тој допир ме натера да размислам повеќе за неа, за тоа кога ќе ја видам пак, кога ќе ја допрам пак.
Допирот на саканата личност вреди повеќе од од најнеобичните работи. Допирот е волшебствен без разлика дали е резултиран според остварена или неостварена љубов.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Место: Улица во ситни саати, нема никој само улични светла и чат пат по некоја кола. Лае куче и се појавува дечко 19-20 годишен а позади него свети автобус.

-Да ти ебам автобусот, саат време ме вртиш низ градов ко мисир некој скиснав внатре. И сега што да правам?

Чепка во џебот вади цигара ја пали. Чепка во другиот џеб вади 30 денари.
-Ајдеее, богат сум. Да си купам затворена пица или да чувам за утре за цигари парите? (лае куче) Абе ќе јадам, здравје до утре ќе и земам на мајка ми.

Оди до пекарата и го допира вкусот на бурек.

-Неам уште 15 денари иначе буречево со месо какво е. Здрао, дај една затворена пица. Фала, чао.

И така по улицата размислуваше за деновите поминати со девојка му, колку им било прекрасно на сите шеги, таги, разделувања и видувања.

-Па преку кур бе, ја сакам. Што па толку сите запнале да се оправам, сум имал 19 години и што ако? Рано ми било до толку да сум заљубен во неа, знаат они што е љубов. Ќе и се јавам утре, морам да ја видам. А ако нејќе? А сакам само да ја прашам како е, ама ај можам и по телефон тоа да ја прашам.

Си ги става слушалките на уши и пушта песна по избор на телефонот.

Код:
prodje vrlo malo pre nego shto sve krene po starom
kad rechi postanu udarci, shamari shto nabadash glavom
kad svadje postanu smeh, a smeh tekst shto vam rodi ljubav
kad ti sama pricha o tome, kolko je taj frajer u stvari glupav (budala)
razmishljash.. shta vas je skrenulo sa puta
gde se sjebalo sve, shto je stalno, stalno zbog tebe ljuta
dodje ti da razbijesh sve po gajbi, pobacash kroz prozore
dodje ti da stanesh mirno i glavom zaustavljash vozove
Ги извади слушалките и го исклучи телефонот.

-Да ти ебам Виклер Скај и све да ти ебам.

Потекуваат солзи....

-Барем да се видиме уште еднаш, да те допрам како што ме допираш сега ти во моето срце и глава. Да ти покажам дека те сакам повеќе од било кога, ама касно е. Јас сум будала. Слушај си го срцето, слушај ја и мајка ти говедо едно. Се каам, премногу ми е тешко без тебе. Мојот свет без тебе ќе биде празен, а светот без мене ќе си остане ист...

Гледа кола како наидува, ја спушта пицата и се фрла под колата.


Мрак.
 

• ChocohoLic •

~Life Is Unpredictable~
Член од
10 ноември 2008
Мислења
18
Поени од реакции
1
Допир...да тоа е се што ми треба во моментов ...за да можам да издржам.
Твојот допир кој ми дава сила и за кој копнеам секоја вечер помината без тебе кога размислувам за нашите заеднички моменти и си правам планови за моментите кои што следат.Сама во оваа ладна соба...читајки како ми велиш дека ме чекаш го барам твојот допир.Посакувам никогаш да не заминев...зошто тоа мораше да бидам јас?
Зошто токму мене животот реши да ме оддели од допирот за кој живеам?
Те барам во секој мој сон и посакувам засекогаш да спијам , бидејки таму никој никогаш нема да може да те оддели од мене.Таму никогаш нема да те оставам сам,таму никогаш нема да го кажеш тоа 'те чекам' кое што ми го кине срцето знаејки каква болка ти нанесувам.
Ти тоа не го заслужуваш!
Благодарам за се што правиш за мене! И знај и јас го чекам денот кога повторно ке ме допреш...кога повторно ке се почувствувам жива.А до тогаш...твојот допир ке го исполнува мојот сон.
Те сакам...
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Колку пати, колку многу лаги, колку солзи исплакани за сите овие мигови поминати со тебе... Болката, тагата и стравот од крајот потполно ме уништуваат, не оставајќи ме да размислам што понатаму... Телефонски повик, последно збогум кое го чу од мене... Брановите удираа по карпата на која што стоев... Местото каде што си ветивме дека ќе бидеме засекогаш заедно... Спремен да скокнам, почуствува топлина која полека ме обвиваше, среќа која потполно ме исполнуваше и возбуда која ми го поместуваше умот...ДОПИР...
Ти беше тука, остана со мене... ДОПИР кој вредеше, допир кој ме спаси... Допир кој ми даде желба за живот... Допир кој ме потсети дека навистина те сакам...
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
...Морниците ,треперот ,чудното чувство во градите , грутката во грлото..

Ова го немам почувствувано веќе долго време.
Веќе долго време само седев и гледав во бескрајното небо надевајќи се за промена , надевајќи се за иднина. Долго време легнував во креветот и се вртев додека не колабирав пред моќта на потсвеста ,додека сонот не ме обземеше. Сон ? Повторно се фаќам себеси во лага. Не беше тоа никаков сон , тоа бев јас гледајќи кон плафонот без никаква надеж , без трошка на живот.
Ни утринското кафе повеќе го немаше истиот вкус . Весниците повторно со иста содржина , веќе видени . Статии испишани со зборови кои ни кажуваат како подобро да живееме , како подобро живеат на другите места. Статии кој не тераат да се чувствуваме дури полошо од пред да ги прочитаме .
Звукови на улиците , свирки од нервозните возачи . Нервоза и омраза , единствените чувства кој можеш да ги осетиш блиску до себе во овие бесчувствителни животи .
Јавни лица со фиксирани насмевки зборувајќи за лажни животи давајќи лажни надежи, хоророт .
Не , ова не е опис на мојата моментална депресивност , ова е опис на мојата моментална љубов . Љубов кон животот кој сепак вреди покрај сите злонамерни добрини и внатрешни гревови .
Зашто вреди животот кога се е така сиво ?
Животот вреди поради сонцето кое продира низ твоите очи и се одбива нежно во мојот поглед , поради ветерот кој полека ја разбранува твојата коса...
Но највеќе од се, животот вреди поради твојот допир.
Со твојот допир ти ги рушиш границите на мојата сурова реалност , го боиш мојот свет во розево и ги кршиш сите оние лаги и сурови вистини. Ги симнуваш ѕвездите од небото и нивната светлина ја влеваш во срцата на оние кој одамна се затвориле во темнината, и им даваш надеж .
И мене ми влеваш надеж , надеж дека ќе биде подобро, надеж дека ќе биде вечно..
Надеж дека повторно ќе го почувствувам твојот допир .

И повторно сум сам.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
170
Поени од реакции
20
Допир,ах тој допир. Колку ли ќе останам зарбена во овој затворен круг на емоции, кои без чувствително ме приковаа за да ја почувствуваат мојата болка?
Да,ја посакуваат мојата солена солза која веќе одамна е засушена,затаена во оваа грло,вресок од душа што и волците од најтемната шума би се уплашиле.
Посакувам да го допрам недопирливото...твојот допир.
Те допирам само во сон,јавето за мене не постои,како да живеам во туѓо тело непочувствувајќи го твојот допир кој некако е астрален,неможам да те допрам освен кога ги затворам очите...Ти,дали постоиш?Каде си ти?
Ноќта се приближува,желно чекајќи го сонот да ми падне на очите.
Ноќен јавачу на моите сништа доприме!Допри го мојот сон за да живеам во твјот сон,недопирливото ќе биде допрено,невозможното ќе биде возможно.
Само уште еден чекор до бесконечноста и тука си,тука сум со твојот допир.
Пронајди ме,побарај ги трагите од мојата засушена солза,допри ја,ќе ја почувствуваш мојата тага,таа ќе те одведе до мојата душа,до темното небо без ѕвезди.Но,само една ѕвезда сеуште сјае,трепери со сиот нејзин сјај,патоказ до ѕвездата Даница...Ти само допри ме,ќе ти го покажам патот до нејзиниот сјај,а тогаш сите ѕвезди ќе затреперат...Прекрасен космос во моите очи.
Допри го мојот сон...Ти,само допри ме.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Те допрев неколку пати, пак ќе те допрам ако имам шанса. Немој да помислиш дека заборавив дека и ти мене ме допре, не само физички. Душата ми ја допре со некои зборови, се надевам дека и јас те допрев внатре во твојата душа.
Може нема да се видиме повеќе, но допирот ќе остане како жиг на мојата душа. Дамка која не се брише, а и не сакам. Нека остане, остани и ти поздравена.

П.С. Виктор4е смени тема:)
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Се мислев драги мој Гого, па ајде, да те задоволам и тебе... :)
Следната тема двосмислено или не, ќе ја крстам Секс...
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Љубов или задоволство... Причина за среќа или само уште една помината ноќ со непозната личност во креветот... Беше полноќ, влеговме во нејзиниот стан... Беше несреден, и ја отсликуваше нејзината развратност... Меѓутоа, тоа воопшто не ми беше важно... Се што сакав беше секс... Токму така, почувствував животински нагон да се ослободам некаде... Таа беше моја веднаш по првото мартини кое го нарачав за неа... Собата беше тмурна. На прозорецот гореа три мали свеќички... Влеговме во спалната... Таа почна дивјачки да ја откопчува мојата кошула додека го бакнував нејзиниот разголен врат, на кој се осеќаше бледа миризба на ефтин парфем... Ја фатив ја рамената, и ја фрлив на креветот... Одеднаш, се беше поинаку... Се воодушевив од нејзината кроткост... Однадвор така сурова и дива, а од внатре кроткост на јагне... Таа беше поинаква личност... Тотално променета...
Одеднаш, топол бран... Предигра како никогаш до сега. Исполнета со емоции и страст. Тивко викна, кога нашите тела буквално се споија, понесени од виорот на желбата за секс и непромисленоста... Беше 4 наутро, кога го напуштив нејзиниот стан... Фатив такси, и си отидов дома. На масата во трпезаријата се уште стоеше вечерата, сега веќе оладена, која мојата свршеница ја направила за мене... До неа имаше ливче на која пишуваше: МИЛИЧОК ЕВЕ ТИ ЈА ВЕЧЕРАТА. ТЕ САКАМ. ТВОЕТО МЕЧЕ...
Одеднаш насмевката и топилната се заменија со збунет поглед и студ... Срцето ми застана во тој миг... Извршив прељуба...
Сепак, се што сакав беше СЕКС...
 

Dadence

sweet devil
Член од
3 февруари 2007
Мислења
390
Поени од реакции
2
Момент на инспирација, поглед кој чекори подлабоко од вообичаеното, музика која не` заведува начисто.... двајца патници на патот кон конечното посакување.... да, сега кога те бакнувам знам дека тоа е еден сон веке остварен и добро познат, знам каде патуваме заедно, и чуствувам топлинакога ке се разбудам во твојата прегратка.... Но играта е бескраен ходизонт на итражување. Стоиме на тарасата во пригушена светлина која доаѓа од една мала лампа во спалната, на масата крај нас има две речиси празни чаши вино и неколку чоколадни бомбони. Го обожавам твојот мирис, ме плани заедно со вкусот на чоколадото и хармонијата која виното го прави овој миг уште побожествен.. Нежно ме бакнуваш и полека ја движиш раката по мојот и онка гол грб и мојата разбранувана коса од слабото ветре, по моето сега веке малку полничко стомаче... Ноќта е прекрасна, млада месечина ги осветлува нашите тела додека ти ја менуваш својата положба упатувајки се зад мојот грб. Твојата оштра брада нежно се движи по моите раменици, ме бакнуваш, ме скокотакаш, а знаеш дека оваа слатка грубост бескрајно ме возбудува.. И во мигот кога веке неможам да изгржам ти се фрлам в прегратки те гушкам и бакнувајќи се упатуваме во внатрешноста на собата.... Сега си веќе на сигурна територија, тука борбата станува драматична. Страсно и по малку агресивно облеката е победена и далеку од нашите тела, а јас како скротена лавица лежам на мекиот кревет во очекување на продолжението на ова авантуристичко патување... И така во колажот на чувства и страсти, во очи длабоко вжарени, во мечти и посакувања, во она што навистина е, а е СЕКС, чекорот застанува до следниот бакнеж.... до еден нареден нов и неповторлив миг....
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
170
Поени од реакции
20
Измамени од Ерос...Се играа две сенки,полниот месец ги осветлуваше нивните голи испотени тела.Со секоја нова капка пот блажена воздишка ,испреплетено со нежен крик,крик од длабочини на љубовен повик.Сочни,слатки сокови,набрекнати
изгризани усни од немилосрдни бакнежи кои се топеа од врелина.
Предигра...Се играа две сенки,игра на љубовта.Ѕвездите им намигнуваа,трепераа
со секој нивен трепер на телото,трепереа како бамбус на благ ветрец,нишајќи се
како да сака да го допре другиот бамбус.
Магија,волшебство од љубов.Самовили сокриени под расцутениот багрем скришум
им пее песна,го играа нивниот танц,попрскуваајќи ги им фрлиа клетва вечно да се љубат од љубов да не куртулат.
Сега ,проколнети неможат да се разделат,неможат да престанат да се љубат,љубовта е нивното име, врежано е во ѕвездите,во реката која желно ги
чека да се измијат од љубовен потт,земјата која тука плодна е.
Оваа не секс,оваа е љубов...да сексот ги задоволува физичките тела,потреби...
оваа е нешто по возвишено од сексот,без љубовта се е некако празно,алка која недостасува.
Токму љубота е тоа што е потребно...со љубов се раѓа нова љубов,семе на љубовта создава нов живот.
 
С

Сатори

Гостин
Следната тема двосмислено или не, ќе ја крстам Секс...
Ла, ла, ла, ла, ла, ла, ла!
-Ќе може некој да ме однесе до дома?
***
Оваа приказна е за една млада девојка која што живееше во леглото на забранетото овошје, во денешни услови, познато како нимфоманско слеш наркоманско дувло на тешки фенсери, поставувачи на трендови и големи кока-дилери.
Јас ја запознав Амелија во црн краток фустан од кој што излегуваа две слаби ножиња качени на висока штиклица и деколте кои што откриваше близначките, мис Анџелина и мис Мерлинка, искрено да ви кажам кога се соблече мис Мерлинка беше малку поголема.
Лежеше во кадата и дуваше трава со чаша малибу во рака.
Амелија живееше како што може да се живее кога тато има многу пари, а станот е празен, премногу луѓе и хостеси со црна коса до гзот делат кондоми на влегување.Сида или ејдс, ватевр, не смее да се направи оргија без да се мисли на последиците, не, не мислам на оние морално, догматички, наводни последици по општествен углед и статус кој што се гради со тоа кој каде бил и колку силно се ебеле.
***
Ла, ла, ла, ла, ла, ла, ла!
-Има некој кока?
***
Амелија ми кажа вечер во девет, имало добра пратка што ја добила на подарок од некој батка на кој што му ги обработила топчињата ... како да се изразам, fucked his brains out, па ќе се забавуваме со ленти бело пред да заминеме во ноќен провод и бркање млади девици по градот за крајно фетишизирање на болната реализација на војаризам.
Знаете, Амелија секогаш имала некој вид на тинг за ѕверење во туѓите вагини додека губат невиност, веројатно тоа ја палеше доволно за да не мора да ги затвори очите додека го обработува некој.
Јас лично мислам дека беше помалку лезбејка.
***
Ла, ла, ла, ла, ла, ла, ла!
-Што курац ти знаеш за мене?
***
Не знам зошто имаше девојката чудна логика, наводно не ја разбирав доволно, наводно не можев да ја сфатам така како што никој на светов не ја разбирал.Од болка било оргијашењето и тројките со две цури кои што ги собрала од некој локал зошто носеле фенси чевлички со машничка.Од фрустрација малата, а јебига, постара е од мене, почнала да става хероин во себе, никако во раката, презентабилноста е побитна од се друго, препоните секогаш вршеле работа, повеќе од колку што врши работа сексот.
Дали некој ја има некаде видено, Амелија?
***
Ла, ла, ла, ла, ла, ла, ла!
-Рехабилитација!
***
Оваа приказна е за една млада девојка која што сепак не преживеа, после толку заштити, фати сида изгледа, а навистина беше интересно човече, имаше сенс за мода.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Таа го посакуваше. Како осило кое ги пара нејзините внатрешни органи, така си ја параше сопствената душа, знаејќи дека нема да го добие. Не го ни познаваше. Зборови испишани на мониторот, тоа е се што некогаш имаше видено од него. Беше години постар од неа... И прекрасен! Паметен, убав, добар... Не и беше јасно дали нешто се случува со неа. Одамна се немаше почувствувано така. И доаѓаше да го пронајде и да му се фрли во прегратка. Во тие раце кои на сликите изгледаа така цврсти. Мораше барем еднаш да потоне во нив. Не сакаше да изгледа ефтино. Но така се чувствуваше. Зборуваа за најинтимните работи. Секогаш со призвук на шегување, но таа вистински сакаше да биде со него. Ги сакаше неговите бакнежи на себе, допирите насекаде по телото. Сакаше тоа што не може да го има засекогаш, барем да го добие еднаш за паметење... Ја повика кај него. Само дваесетина минути пеш беше далечината меѓу нивните станови. Срцето ќе и излезеше од градите. Од ладните раце и се слеваа капки. И ја отвори вратата. Совршен човек стоеше пред неа. Со прекрасна насмевка, секси глас, појава со чие гледање пропаѓаше во бесрамно мечтаење. Веднаш бакнеж. Нежен и само капка за да чашата се прелее. Агресивно и диво допирање. Страст, уживање, среќа. Не знаеше каде точно оди, но го остави да ја води низ станот. Не ни гледаше наоколу. Беше потоната во него, во неговите бакнежи. Го сакаше начинот на кој ја соблече. Тоа ја правеше од секогаш да се чувствува посакувано. Кога тој така набрзинка ги отстрануваше парталчињата од нејзиното тело. Неговиот јазик на нејзините гради, неговото галење таму долу... Кога влезе во неа, се наоѓаше на седмо небо. Во воздишките кои ја исполнија собата, стоеше се! Застарени спомени, желба за нешто ново, сексуален нагон... И полека избледуваа. Кога завршија, нејзината душа веќе не беше истата. Мораше да се врати кај оној,кој секогаш после турбулентни авантури,ја дочекуваше со изрешетано срце и болка. Но таа изневеруваше. Безмилосно ја извештачи врската од соништата со својот нескротлив карактер. А оној од интернет... Не се врати повторно кај него. Мораше да научи некогаш да се засрами од самата себе. Затоа што грешеше.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.019
Следната тема двосмислено или не, ќе ја крстам Секс...
Таа..просечна и глупава нинфоманка од предградието.
Дишеше за секс,живееше за секс,се што сакаше во животот беше секс.
Не веруваше во љубов.За неа љубовта беше измислена од оние кои не знаат да уживаат во сексот.
Немаше желби освен да биде задоволена на соодветен начин.
Не се гледаше себеси во иднина,освен иднината која ќе ја донесе вечерта и новиот човек што ќе биде со неа.
Не копнееше за ништо,освен за секс...
не разговараше за ништо освен за секс....

Тој...високообразуван интелектуалец.Имаше илјадници желби,интереси,планови.
Сакаше да го промени светот. Веруваше дека може да го направи тоа.
Веруваше во љубовта во една единствена и вистинска жена за него.
Сексот не го интересираше многу.Му беше битно таа некоја да го гледа вљубено,да го почитува,а он ќе направи се за она да е среќна.
Не беше од познатите фацки во градот но,колку беше вреден малкумина знаеа.
Како овие двајца се најдоа во ист клуб,иста вечер?
Игра на судбината,предпоставувам...
Но..никогаш не се сретнаа.
Можеби кога тој би бил позаинтересиран за сексот,а таа за љубовта би било поинаку.
Всушност одлично би се вклопиле,но судбината реши таа да умре без да знае какво е чувството да сакаш и да те сакаат,а он да умре со мислата за совршеното што светот не го поседува.
 

*OSS*

Commentless.
Член од
13 мај 2007
Мислења
818
Поени од реакции
45
Допир

Еден допир беше доволен. Но, дела никогаш не беа доволни, никогаш! Тој секогаш се прашуваше зошто е тоа така, но, зошто не се осмели да ја задоволи својата љубопитност, тоа е веќе дел од теоријата на рецепти. Лебдеа нивните сомнежи. Ги газеа безмилосно, како што ме газеа и мене, свенатото жолто лисје по влажниве и валкани, безчувствителни но божествени улици. Сомнежите продираа се подлабоко, навлегуваа во свесното несвесно, па макар и да водеа до преднаталниот развој. Постојаната миризба на црни мали фустанчиња и на лажни оригинални изреки излудуваше. Бараше задоволување на својата потреба за допир. Свесното несвесно ги кршеше сите синџири на довербата која никогаш не беше оправдана, и ги оневозможуваше нивните талкања по тие божествени улици далеку од болната рутина.
Тој немаше рецепт за справување со свесното несвесно, но, за справување со својата потреба? Секако дека имаше. Допирот, миризбата, сомнежот го правеа своето. Блесокот на бисерите, сјајот во свеќите, лагите во виното го исцрпуваа целиот, со маки осмислен рецепт. Но, кога стана збор за нивното свесно несвесно, на виделина се појавија црнилата и шеќерот. Мирисот на солена вода, плажа и осамено утро на далечен остров водеа кон туѓите златни нестандардни зборови, скриени насмевки и погледи, неиздржлива хемија, бакнежи зад затворени прозорци, мирис на цигари.
Соединети во лагата тие ме газеа. Не го забележуваа моето присуство. Лежев на влажниот и студен асфалт чекајќи го нивниот лажен вљубен поглед да се упати кон мене, барем за секунда да ми пружи мир и барем малку топлина, но, тие никако да го смират мојот трепет.
Вечерва решив по секоја цена да го придобијам нејзиното внимание. Ја заробив во моите жолто-кафеави пигменти дури и подолго отколку што очекував. Можеби тогаш лагите и потребата за допир беа посилни од нив, но, вечерва ја заробив нејзе и нејзиниот вечно вљубен поглед. И покрај таа безнадежна вљубеност во илузии таа сепак ми дозволи конечно да го примам нејзиниот топол допир пропратен со безпрекорен молк...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom