Имам еден познаник шо си купи книга за како да црташ стрип јунаци како цртачите на Марвел, и со години вежбаше прави и криви линии, цртање глави, цртање нозе, цртање оружја, цртање сва и свашта, и денес е прилично добар сликар.
Такви брзи заклучоци дека за едно треба талент, а за друго не ... не баш. Не е едното до бескрај над другото, со исклучок уметности, или другото до бескрај над првото, со исклучок уметности, туку за се се одговорни и едното и другото подеднакво. Има луѓе кај кои нервните области за аритметика се поактивни и поразвиени кај едни луѓе, додека пак кај други не се. Но тоа не значи дека едните можат да бидат подобри математичари од другите, бидејќи нормално, мозокот се реобликува постојано, и со доволно вежбање може да се стане одличен во нешто, но сепак треба повеќе време отколку некој кој нели е генетски граден за тоа. Од друга страна пак, ако нешто се запоставува, ќе затапиме во таа област, и нема да станеме доволно добри никогаш, бидејќи не сме почнале навреме да го работиме тоа.
Постојат безброј уметници кои не биле доволно добри во тоа кога го почнале, бидејќи генетски не биле создадени за тоа, или пак за други средината не била на нивна страна, ама со многу труд успеале да станат. Не оти биле талентирани, туку оти се потрудиле.
Безброј експерименти се спроведени досега на луѓе кои поради некаква повреда изгубиле некакво сетило, и другите сетила успеале да ја превземат контролата. Како? Со помош на тоа што мозокот научил да ги препознава сигналите од зачуваните сетила. Не оти дотогаш не сме се обидувале, туку оти едноставно тоа е начинот на кој мозокот си ја врши работата. Од тука идеме до заклучок дека дури и ако не си предодреден за нешто, во овој случај уметност, со многу работа, можеш да станеш доволно добар, бидејќи ќе научи твојот мозок да препознава облици, звуци, ќе ти се ујачи мускулатурата и кондицијата на екстремитетите што ги користиш за одредената уметност, ќе станеш поосетлив на одреден вид стимули, и така натаму и така натаму.