Труд или талент

T

theTinule

Гостин
Tалентот и трудот се гледаат на долги стази.
Кога една иста задача им е доделена на двајца од кои едниот е талентиран а другиот е неталентиран, се подразбира дека оној кој им ја доделил ќе обрати повеќе внимание на талентираниот. Тој ја сработува задачата за побрзо време во однос на другиот. Но колку талентот е дар, толку може да биде и маана. Кога талентираните добиваат почесто пофалби, почнуваат да се здружуваат со мрзеливоста, односно да спијат на увце дека секоја работа може благодарение на таленот да се заврши за кратко време и лесно. Додека оние неталентираните имаат еден здрав инает кој што испливува подоцна. Тие знаат дека немаат талент и знаат дека единствениот адут кој им е на располагање е трудот. Затоа секоја доделена задача ја извршуваат трудољубиво, поспоро но упорно и затоа добиваат на долги стази. Со тек на време талентираниот станува мрзелив и заостанува, неталентираниот станува уште поупорен и подобар.
Ima i faktor - Kolku si talentiran? :)
Mene, primer, me biva za muzika, ali pak treba da sednam i da povezhbam pred test harmonija poshto ne sum ko drugarka mi koja bez da reshi niedna zadacha, dobiva 5ka so site bodovi. Iam talent, ali ne kujznae kakov.
Igra uloga i inteligencijata.
Ako si dovolno pameten i znaesh kako POLESNO mozhesh da dobiesh neshto, a so pomalku trud, vo odnos na tvojot talent, togash si epten talentiran.
Dzabe ti talent bez pamet, trud ne ti treba mnogu-mnogu.
Eve posho sum muzichar i sviram klavir, vo toa treba da vlozham, Boga mi mnogu trud. Ali, ipak, ne vlozhuvam tolku trud kako ostanatite na moja vozrast, poshto oni nemaat pamet i koa vezhbaat gi slushaat sovetite na profesorite za toa KAKO da vezhbaat -.-
Epa treba malce i pamet, da ti tekne kako e polesno i poefektivno da vezhbash -.-
Trudot, ne postoi vo mojot rechnik, toj doagja kako proizvod na zhelba, a talentiranite, sho gi narekuvash mrzelivi, nemaat zhelba. A ne deka se mrzelivi -.-
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Кога некој ке постигне некоја цел, таа цел е постигната со 90% труд , 10% талент.
 
V

Vollstandig

Гостин
Јас мислам обратното е за да постигниш нешто треба да имаш талент. Не можи машински инжинер да стани славен музичар па колку сака нека вежба за тоа треба талент.
Пример, брат ми свири виолина, а има послаб музички талент. т.е без вроден талент. 12 години свири виолина и можам да кажам дека е добар за свирење, само поентата е што вложил труд. Е сега, за тие 12 години тој тоа шо го научи , некој шо има талернт можи и за една година.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Јас мислам обратното е за да постигниш нешто треба да имаш талент. Не можи машински инжинер да стани славен музичар па колку сака нека вежба за тоа треба талент.
Пример, брат ми свири виолина, а има послаб музички талент. т.е без вроден талент. 12 години свири виолина и можам да кажам дека е добар за свирење, само поентата е што вложил труд. Е сега, за тие 12 години тој тоа шо го научи , некој шо има талернт можи и за една година.
Се зависи8 од тоа колку брат ти се тррудел, дали тоа го правел со љубов и од сопствена желба или твоите родители го натерале. Потребни му се само 10% талент искомбиниран со желба за свирење и голем труд, за да ја има добитната комбинација, од светска класа на музичар.
 
E

elena.

Гостин
Талент не може да се развие без труд. Кога некој го бидува за нешто, на пример за цртање, има дарба. Но за дарбата да премине во талент, треба труд. Многу едноставно :)
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
двете во едно
Тоталитаризмот е страшна сила - Северно Корејски деца
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408
Талентот е дар, а трудот е личен кој колку ќе направи. Добар пример за талентот како дар е (Евангелие по Матеј 25:14-30).
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.409
Поени од реакции
4.781
10% talent...90% luk i voda(pelisterka de):D
 

Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
Изразено во проценти точно неможе да се знае меѓутоа како и да вртиме талентот секогаш има помала вредност(изразена во проценти) од трудот. Без труд, без секојдневна работа, вежбање и непоштедно вложување во работата што ја работиме нема ништо, колку и да сме талентирани сепак успехот нема да дојде или нема да биде во целост. Според мене несомнено е дека треба да се има талент за одредена работа, макар и минимален а сето останато се сведува на "работа работа и само работа"
 
R

Roten 96

Гостин
Не се лажете со 90 % талент 10 % труд...100% талент и 100% труд...тогаш се добиваат резултати...
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ако си антиталент за некоја работа ни 1453,7 % работа не помага
 
С

Сатори

Гостин
Хммм ... очигледно јас поинаку ја разбирам равенкава. За мене талентот е мерилото за тоа колку труд е неопходно да се вложи за да се биде успешен во некоја работа/професија/правец.
Ако си талентиран примерок со многу помалку труд ќе го постигнеш она што неталентиран примерок го постигнал со многу, многу повеќе работа. И секогаш ќе ја имаш опцијата да одлучиш да бидеш подобар од него ако ти се сака.
Толку е едноставно.
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
401
Поени од реакции
244
50%талент 50%труд совршена формула
 

Belle

A Jedi
Член од
12 април 2009
Мислења
1.006
Поени од реакции
552
Мислам дека талентот игра стварно голема улога за успехот затоа што и те мотивира и луѓето повеќе ќе те приметат отколку некој што многу се труди а е просечен. Исто така не мислам дека "се се може ако се сака" затоа што еве на пример јас колку и да сакам никогаш нема убаво да пеам, или да цртам, или да пишувам. Да, може некој да има предобар премокен глас, а друг да има по обичен, ама ако има барем малку талент може да си го изгради гласот,а ако немаш ич, ти и 140% труд можеш да вложиш пак ништо нема да постигнеш. Или ете можеби сите можат да научат да свират на инструмент, ама работата е кој како ќе свири, на кој колку време ќе му е потребно за да научи, кој колку труд ќе вложи, и кој има смисла за ритам и за музика, а кој само онака си свири. Не викам дека не треба да се трудат луѓето, ама дека треба да се насочат на тоа што им оди.
 
Член од
26 април 2012
Мислења
53
Поени од реакции
37
Талентот не е ништо без труд. Пример, ако имаш талент за музички инструмент, џабе е ако не вежбаш редовно. Ако немаш талент, џабе ќе го вежбаш музичкиот инструмент, бидејќи никогаш нема да ја имаш таа елеганција и осет како талентираниот.

Талентот е вроден, и талентираните луѓе зрачат во областа во која работат. Сите околу нив забележуваат дека се истакнуваат во однос на другите. Секој од нас има талент за нешто.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom