Талентот е поважен.
Колку повеќе талент, толку помалку труд е потребен. Оние кои постигнуваат со многу, многу труд подобро да се откажат. Тоа значи дека се просечни или, пак воопшто немаат талент за тоа што го прават.
Просечните луѓе се трудат, упорно се трудат и после неуспех мислат дека не се труделе доволно. Не можат да сфатат дека трудот не ги спасува.
Да, со труд може да се постигне, но само до одредено, пониско ниво. Со труд не можеш да се искачиш на врвот, со труд се добива само тројка.
Секако, и без ич труд не бидува. Сепак, мора малку да си го мрднете газот, но талентот ја игра главната улога.
Ако нешто саката, а за да го направите ви треба многу труд, престанете. Никаде нема да стигнете. ЕДноставно, поченете нешто што ви оди од рака. Така ќе ја искористите вашата вистинска вредност и ќе бидете добри во онаа што го правите.
А, ако нешто ви оди од рака, тогаш и го сакате, нели?
На пример, еве на многу луѓе не и оди математиката. Па, тие луѓе сигурно не ја сакаат математиката.
Ако ви требааат пет часа за да научите за утре на школо, тогаш не разбирам зошто воопшто учите?
Кога мене би ми требало толку време, би учела колку да ја поминам годината и би се занимавала со нешто кое ми оди од рака.