N
Nessa Alcarin
Гостин
Завршија систематските прегледи од работа и резултатите беа катастрофални. Барем за моите колеги (вклучувајќи ме и мене). Што ти значи јадење секое сабајле четврт со јогурт. Анивејз, ајде да се наобразуваме малце што се тоа триглицериди и како на природен начин да ги доведеме во нормала. Според тоа што е напишано мислам дека би било изводливо да се придржува некој до ваквиот начин на здрава исхрана.
Кратко инфо:
Холестеролот и триглицеридите претставуваат два облика на липиди, односно масти. Без нив нема живот. Холестеролот е потребен за изградба на клеточните мембрани и производство на неколку елементарни хормони. Триглицеридите кои претставуваат синџир на масни киселини со висока енергија, обезбедуваат енергија потребна за нормално функционирање на клетките. Постојат два извори на овие липиди: извори во храната и ендогени извори (на пр. Кога тие се произведуваат во телото). Холестеролот и триглицеридите воглавно се наоѓаат во храната од животинско потекло и заситени масти. Овие липиди најпрво се апсорбираат во цревата, а потоа по пат на крвотокот стигнуваат до црниот дроб кој ги преработува. Една од главните задачи кои црниот дроб ги врши е да се осигураат сите делови од телото да добиваат холестерол и триглицериди, без кои не може да функционираат. Црниот дроб ги пакува холестеролот и триглицеридите, заедно со специјалните протеини, во мали соединенија кои се наречени липопротеини. Тие влегуваат во крвотокот и на тој начин се доставуваат до сите ќелии во телото. Потоа, ќелиите од липопротеините земаат онолку холестерол и триглицериди колку што им се потребни. Ако јадеме премногу храна која содржи јаглеродни хидрати, вишокот се претвора во триглицериди и се складира како телесни маснотии. Затоа ако е зголемена вредноста на триглицеридите во крвта, првенствено треба да се намали внесувањето храна која содржи јагленородни хидрати и масти. Поради зголемената телесна маснотија постои можност да се појават болести на срцето, како и низа други болести. Зголеменото ниво на триглицериди го зголемува ризикот од атеросклероза. Често оваа состојба е поврзана и со зголемен холестерол во крвта.
Производи кои можат да ги зголемат триглицеридите се рафинираниот шеќер, рафинираното брашно, овошните сокови, суво овошје и претерано консумирање на алкохол. Бидејќи нивото на триглицеридите по оброците со месо се покачува и може да се задржи во следните неколку часа, се советува 8 часа пред испитувањето да не се јаде. Доколку појадувате пред испитувањето, триглицеридите можат да се покачат за 20% повеќе, во однос на вистинската состојба.
Млеко и млечни производи
Дозволено: Пастеризирано млеко, кисело млеко,кефир, јогурт (со најмногу 0,1% млечни масти), свежо кравјо сирење.
Дозволено, но ретко и во помали количества: /
Недозволено: маргарин , павлака, топени и помасни сирење(со повеќе од 25% млечни масти), полномасно млеко(со повеќе од 0,9 % млечни масти
Риба, Месо и месни производи
Дозволено: Варена бела морска риба,особено готвена сардина, туна,харинга, лосос, пилешко и мисирка без кожа.
Дозволено, но ретко и во помали количества: говедско, телешко и јагнешко ако е без маснотии,јајца.
Недозволено: Масно свинско и говедско месо,јазик, паштета, месни конзерви, сланина, џимиринки, колбаси, салами, месни нарезоци, ракчиња, џигер.
Зеленчук
Дозволено: (подготвено без маснотии) зелена салата, зелка, кељ, блитва,спанаќ, моркови, краставиоца, тиквички, пиперка, домати, брокула, карфиол, моркови, бамја, печурки, целер, кромид, соја и соини производи.
Дозволено, но ретко и во помали кокличества-компир(варен и во помали количества): ориз, грав, грашок, леќа.
Недозволено: Компир, пченка, кикиритки.
Овошје
Дозволена храна: Јаболка,вишни,дуњи,јагоди,малини,капини,рибизли,боровинки.
Дозволено, но ретко и во помали количества: Црешни,круши,праски,сливи,портокали,мандарини,киви,диња, лубеница.
Недозволено: Грозје,банани, смокви, сушено и кандирано овошје, лешници, ореви,бадеми, сите видови компот со шеќер, слатко тропско овошје.
Напивки
Дозволено: Чај со вештачки засладувачи или без шеќер, минерална вода.
Дозволено, но ретко и во помали количества: овошни сокови без шеќер, црно кафе со вештачки засладувачи или без шеќер.
Недозволено: Сите алхохолни напивки (жестоко, вино, пиво), сите сокови со додаток на шеќер,сите газирани сокови како и чоколадо. (*Контролирајте го пиењето на алкохолни пијалоци. Луѓето кои имаат покачени триглицериди, мора да престанат да пијат алкохолни пијалоци или да ги намалат на еден до два пијалоци дневно)
Леб, печива и тестенини
Најдобро е да ги избегнувате!
Дозволено, но ретко и во помали количества: тестенини од кој било вид, палента, леб од интегрални зрна, црн ржан.
Недозволено: Чипс, смоки, крекери, тесто од компир на сите начини.
Слатки
Тие се целосно забранети! (овој податок не можам да го преболам)
Дозволено, но ретко и во помали количества: мармелад за дијабетичари.
Недозволено: Шеќер и мед в сите облици, разни колачи,чоколад, бонбони,сладолед, пудинг, палачинки и тесто пржено во маснотии. (зошто мед не смее, малце ми е чудно)
Зачини
Дозволени се сите зачини,па и сол,сенф,оцет,зачински билки.
Недозволено: Мајонез, кечап.
Масла
Дозволено: Маслиново масло.
Дозволено, но ретко и во помали количества: масло од маслодајна репка,соино и сончогледово масло.
Недозволено: /
Доколку некој има некој совет, рецепта и слично, за намалување на холестерол и триглицериди, може да биде доволно љубезен па да ја сподели.
Ми кажаа за некој природен лек / сок од цвекло, цитрон, лимон и јаболка ...(не ги знам точните состојки и мерки)
помошни извори:
http://www.gladijatori.com
http://www.karmakasha.mk (ова беше најдено при пребарување на македонски, ако најде некој нешто на англиски и има време да го преведе, нека повели)