Трета Израелско - Либанска војна.

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Не релативизирај, иако договорот е за поделба во пракса никнуваат држави скоро секаде освен во Палестина пошто таму есапот од старт бил за создавање на Израел.
Јордан добива држава во 1946
Сирија во 1946
Либан во 1943

Според кои тоа информации добиле држава другите после вв1
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.699
Поени од реакции
33.893
Палестина кога доби држава?
Па мене тезата ми е дека они од почетокот на минатиот век работат на создавање на Израел, и дека Сајкс-Пикот како и Балфурската декларација, и куп други моменти - сето тоа е дел од создавањето на Израел. Ништо што ти кажа не се аргументи против ова, само дефокусираш и релативизираш со споредни моменти кои ги вадиш од контекст.

Британија и Франција си ги користеле/експлоатирале мандатите а тоа кога точно Либан, Јордан, Сирија кога добиле држава не менува дека они добиле а Палестина не. Не менува дека полека и постепено но упорно, се работело на создавање на Израел и помагање на Ционистите полека да ја оформат државата, при што и да ги одработат прљавите работи.
 
За да биде тоа точно, треба случувањата во иднина да ги знаеле (блиска и далечна). Прво и основно со тој план Турција е скрос поделена, значи и мала Азија не е Турска, Ерменија треба да ја земе Руската Империја, која во меѓувреме пропаѓа. Начелно западните се држат до планот и создадени се колониите, но тие се ништо повеќе од колонии, како што била Индија, Афричките колонии и така натаму. Британија во 1016 не планирала да престане да биде империја, ниту пак била во залез, ниту пак имало некои знаци дека пропаѓа. Британија после Германија е најголем губитник во всв, а следствено на тоа се создаваат држави врз остатоците од империјата.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.888
Поени од реакции
5.015

Пак релативизираш... Ротшилд кога ја издејствувал (купил) Балфурската декларација, демек он гледал во иднината? Или едноставно работел на агенда и како се пружале шанси продолжувал. И нормално дека Сајкс-Пикот не е стриктно заради Израел туку Британија (и еврејските олигарси) во рамки на Сајкс-Пикот работеле и на создавање на основите за Израел. За почеток некаква „интернационална зона“ под мандат на Британците - читај: територија за новата држава Израел наречена така за Арапите да седат колку што може помирни колку што може подолго (жабата која полека ја варат не скока надвор од тенџерето).

Во другите териотрии поделени со Сајкс-Пикот имало зачетоци на управи со локалците, најниските нивоа на админстрација и други органи, нормално под директна контрола на Британија/Франција ама зачетоци на државност. Во контраст во Палестина едноставно работеле на создавање на Израел, непречено доселување на Евреи, купување земја од локалните Палестинци, итн, итн.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.441
Поени од реакции
5.159
Како со душа го браните исламот човек ќе помисли дане сте дел од онаа западна зелено-левичарска ЛБГТ група.
Зошто на сила се правиш ГЛУП-ТУП и НЕУПОТРЕБЛИВ?
Каде и кој член на форумов бранел Ислам или федеолиберали (како што тоа го прави екипата демократи на форумов)?

Ако гласно се осудува ГЕНОЦИД (она што Ционизмот го прави во Газа) тоа не значи бранење на Исламот, толку ли си глуп што и такви едноставни работи не можеш да ги прифатиш онака како се речени.

Не е никаков „сатурн„ во прашање, туку руска способност за далекусежен „поглед„ по небото со нивните тазе развиени радари за воени потреби.

Како што вели легендата, Русија тековно дава воена помош на Иран, што најавува на чија страна би била Русија во случај на напад врз Иран. Русија дискретно стои зад Израел, што не значи дека Иран би бил оствен сам на себе, без руска помош, барем одбранбена, ако не мора да е напаѓачка.

Путин скоро најави можност за испраќање оружје на пријателски земји, кои „дискретно„ би правеле проблеми на денешните руски непријатели, аналогно на западната воена и друга помош за Украина.
ако не е “сатурн“ тогаш сигурно е Јупитер, ако би сакао нешто повеќе за развиените руски радари, навистина иинтересен осврт.
(колку изнесува закривеноста на земјата да речеме на 50км воздушна линија?)

Остави тоа легендите како си напишал како оној ... “имало државен немало државен удар“, имало или немало, Русија ќе застане зад Иран или Израел не може и “јаре и паре“.

Путин имаше многу изјави само од изјави не “пада“ глава, а од куршум сигурно.

Се‘ зависи (како што би рекол Марфи...) од гледиштето од кое го набљудуваш Исламот.

Учење од областа на духовноста, кое во себе содржи релација „бог-човек„, е религиозно учење. Према томе, Исламот би бил религија.

Исламот во пракса е идеологија, затоа што не се занимава со духовноста (нема докази за духовни домети од ликови кои практикуваат Ислам...), туку се меша во световноста, нудејќи модел на општествено-државно уредување, заснован на низа од прописи до кои треба да се држат припадниците на Исламот.
Значи можам да си интерпретирам како сакам, и како после човек да не ја сака демоктаијава!

Така де, Католицизмот не се меша во световни работи само си има држава (и банка да не заборавам).
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Во другите териотрии поделени со Сајкс-Пикот имало зачетоци на управи со локалците,
Па и во Палестина имало али биле арапи. Башка имало 20к вооружени арапи кои биле сатеапи на Британците.
Автоматски споено мислење:

Пак релативизираш... Ротшилд кога ја издејствувал (купил) Балфурската декларација, демек он гледал во иднината?
Ти реков, за да оваа фантастична приказна биде вистинита, потребни се чуѓе кои ја предвидуваат иднината.

Но секако, сега ќе почнеме да слушаме приказни и дека всв е изрежирана за да се создаде Израел. И Британците ја жртвувале својата империја за Израел.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.525
Поени од реакции
22.175
Зошто на сила се правиш ГЛУП-ТУП и НЕУПОТРЕБЛИВ?
Каде и кој член на форумов бранел Ислам или федеолиберали (како што тоа го прави екипата демократи на форумов)?

Ако гласно се осудува ГЕНОЦИД (она што Ционизмот го прави во Газа) тоа не значи бранење на Исламот, толку ли си глуп што и такви едноставни работи не можеш да ги прифатиш онака како се речени.

ако не е “сатурн“ тогаш сигурно е Јупитер, ако би сакао нешто повеќе за развиените руски радари, навистина иинтересен осврт.
(колку изнесува закривеноста на земјата да речеме на 50км воздушна линија?)

Остави тоа легендите како си напишал како оној ... “имало државен немало државен удар“, имало или немало, Русија ќе застане зад Иран или Израел не може и “јаре и паре“.

Путин имаше многу изјави само од изјави не “пада“ глава, а од куршум сигурно.

Значи можам да си интерпретирам како сакам, и како после човек да не ја сака демоктаијава!

Така де, Католицизмот не се меша во световни работи само си има држава (и банка да не заборавам).
Судеќи по речникот многу си нешто нервозен. Тажно. Тоа е проблем кај вас левичарите ја губите врската со реалноста и гледате све низ призмата на вашата идеологија.

Некои сили или групи или луѓе ја злоупотребувале религијата, во случајот исламот, за нивни цели. Мајката. Тој по дифолт и од самиот почеток е агресивен. Тоа беше муабетот. Израел да беше мекуш како ние или западните држави денес немаше да постои. Заеднички живот со муслимани секогаш како резултат ќе има судири. Максимално еден до друг можеби ќе успее ако исламската страна не е појака. Примери имаш колку сакаш како доказ.

Не знам како ти е ставот за Кина. Нели таму веќе со години се држат логори, не гледам овде некој да крена глас за Уигурите на против азил претежно добиваат на запад.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Кутрите муслимани, све другите ги тераат да сечат глави. Да замислиме како би изгледало кај нас, „не сум крив јас комшо ме натерале“.

А кој ги тераше да исчистат 15 милиони православни крај на 19 почеток на 20 век, никој не го интересира.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.888
Поени од реакции
5.015
ако не е “сатурн“ тогаш сигурно е Јупитер, ако би сакао нешто повеќе за развиените руски радари, навистина иинтересен осврт.
(колку изнесува закривеноста на земјата да речеме на 50км воздушна линија?)

Остави тоа легендите како си напишал како оној ... “имало државен немало државен удар“, имало или немало, Русија ќе застане зад Иран или Израел не може и “јаре и паре“.

Путин имаше многу изјави само од изјави не “пада“ глава, а од куршум сигурно.
За руските радари кои „гледаат„ преку хоризонтот, можеш да најдеш податоци и самиот, амо малку просурфаш по „Нетов„, наместо априорно да негираш нешта кои се лесно проверливи.

Што се однесува до закривеноста од Земјава, ако таа (закривеност) би била пречка, тогаш не би ни постоеле далекуметни ПВО ракетни системи, кои гаѓаат мети/авиони на растојанија од пар стотици километри...што е многу повеќе од твоите 50км. За интерконтиненталните ракети со а-полнења да не разговараме...би паѓале на својата територија наместо на непријателската.

Изјавите од Путин се негови, не се мои, а дали ќе ги исполни, зависи и од него и од друг склоп од околности.
Автоматски споено мислење:

Значи можам да си интерпретирам како сакам, и како после човек да не ја сака демоктаијава!

Така де, Католицизмот не се меша во световни работи само си има држава (и банка да не заборавам).
Постави прашање-доби одговор.
Молам...

Римокатолицизмот во вметнуваш отпосле, ама е одговор и за него.

Папите и папството и тоа како се мешаат во световни работи, особено откако папите станаа „безгрешни„, ја проширај својата моќ и во/врз политката и во економијата. Така, модерните папи, од ‘30-тите години од минатиот век, имаат двоен титулар; ем врховни водачи на римо-католичката Црква, ем монарси на државата Ватикан.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom