Имаме проблем во комуникација. Не сум јас толку моќна, а богами ни толкав еготрипер да наметнувам било кому мислење, иначе ни тема немаше да отворам.
Јас зборувам за спротивниот случај, но еве да одам по примерот кој го кажуваш ти. Сама ставам моја слика на мој приватен профил, зошто некој тоа би го ставил на форум да речеме?
Да скратиме, мислиш дека е океј некој да стави твоја слика што ти сам си ја прикачил на профил во темата за најретардирани статуси и фотки и не би имал ништо против тоа?
Дали ти би имала против да излезеш гола на улица и да ти се смеат?
Секако дека би имала. Само што вината е твоја, а не на тие што се смеат.
Она што може да те повреди, чувај го за себе. Не го ставај на улица. Не го ставај јавно.
Не може на Стефчо некој да му е крив што си ги објавува(ше) видеата јавно на YT. Не може некој на Веселинова да и е крив.
Валканиот веш - по дома.
И нема потреба некого да додадам за пријател за да му ги гледам глупостите. Сите глупости (до една) се затоа што некој пријател мој лајкнал нешто таму.
И ако може некоја глупача во детали да си ја исповедува душата на интернет (бар нели, со псевдоним нека се служи, а не со цело име, презиме, слика, број на прслук) може да очекува и реакција на истото.
Не ми се допаѓа ни мене оставањето име и презиме, меѓутоа, доколку се заштити идентитетот на ,,сторителот,, не гледам зошто да го ,,поштедиме,,.
Не ставив јас никого во контењер да сликам.
--- надополнето: 1 април 2013 во 05:03 ---
Пример дадов, не тврдев дека е тоа така. Хаштаг е тоа
Иако сакаш да ја исфрлиш генерализацијата како збор, прво да научиш треба да не ја применуваш. Зошто нели, не се сите исти. Не можам да кажам дека форумов е срање, поради два-тројца ретардирани членови, а останатите се супер. Така?
Меѓутоа можеш да кажеш дека Гламстик е срање.
Пошто 2-3 се супер, а останатите 2-3000 се срање.
Исклучокот го потврдува правилото.