Трендови во социјалните медиуми и форуми? Го претеравме ли?

G

Geezer

Гостин
Имаме проблем во комуникација. Не сум јас толку моќна, а богами ни толкав еготрипер да наметнувам било кому мислење, иначе ни тема немаше да отворам.

Јас зборувам за спротивниот случај, но еве да одам по примерот кој го кажуваш ти. Сама ставам моја слика на мој приватен профил, зошто некој тоа би го ставил на форум да речеме?

Да скратиме, мислиш дека е океј некој да стави твоја слика што ти сам си ја прикачил на профил во темата за најретардирани статуси и фотки и не би имал ништо против тоа?

Гледаш дека не си ме дочитала. Кажав на крајот дека сум против тоа. Не е во ред, но кога споделуваш дел од твојата приватност на јавен, интернет простор, можеш да очекуваш се. Буквално. Никој не ти гарантира дека сликите и твоите информации ќе останат на Фејсбук и само на Фејсбук, или некоја друга социјална мрежа.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
И уште еден тренд што ми оди на нерви е кога некој на форумов ќе постави прашање за секс (па и за било што друго, ама за секс е најизразено) одма му се пристапува арогантно со изјави од типот: “Ај бе не се занасај, иди играј жмурка таму“ или пак со “Бог да чува какви прашања, ти глуп ли си?“ или во најлош случај почнуваат со смешки кои не се смешни, туку најчесто дебилни, со цел да го исмејат тој што го поставил прашањето иако истото било најкултурно поставено. Пошто тие таквите а бе кога се родиле знаеле да зборат, све знаеле за секс, на три години више Кама Сутра на памет ја научиле, а на 10 биле декларирани ко маалски ебачи, па секој што не знае или поставува прашање го третираат ко глупо суштество кое не е достојно да добие одговор.

Или одговори на теми со слики и gifови или општо одговор или реплика на туѓ пост со слика/гиф или со еден збор, демек УАУ колку сум опасен.
А бе иди седи таму, жити мене...:facepalm:
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Гледаш дека не си ме дочитала. Кажав на крајот дека сум против тоа. Не е во ред, но кога споделуваш дел од твојата приватност на јавен, интернет простор, можеш да очекуваш се. Буквално. Никој не ти гарантира дека сликите и твоите информации ќе останат на Фејсбук и само на Фејсбук, или некоја друга социјална мрежа.
Не бери гајле те дочитав убаво. Имаше во мислењето да не го цитирам повторно нешто во смисла зошто некој би ставал фотка ако гледа дека нема добра физиономија, што најмногу ми запна на око. Нејсе.

Затоа и ја отворив темава друже, за да се опамети некој утре задутре, да не симнува слики и да малтретира луѓе билдајќи си его. А тоа е само дел од негативните трендови во денешната интернет сфера.

Освен тоа, имаш невидени спинови, перење мозоци и пропаганда. Веќе е тешко човек и да разграничи што е што.
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.985
Поени од реакции
12.621
Од дома деците се испуштени од руки, денес повеќе од порано а имало дал господ и порано ...

Не може да се смени коренот на социјалниот проблем созреан на социјаните мрежи така лесно, може само да се игнорира или анфрендира за жал.
 
G

Geezer

Гостин
Не бери гајле те дочитав убаво. Имаше во мислењето да не го цитирам повторно нешто во смисла зошто некој би ставал фотка ако гледа дека нема добра физиономија, што најмногу ми запна на око. Нејсе.

Затоа и ја отворив темава друже, за да се опамети некој утре задутре, да не симнува слики и да малтретира луѓе билдајќи си его. А тоа е само дел од негативните трендови во денешната интернет сфера.

Освен тоа, имаш невидени спинови, перење мозоци и пропаганда. Веќе е тешко човек и да разграничи што е што.

Toa го кажав, затоа што секој поразумен и поинформиран, ќе знае дека е подложен на ремет, дали за нешто што го напишал, за неговота интелегенција или физикус.
Негативните исти трендови, ги имало и пред интернетот, ама биле поттиснати и не можеле да дојдат до израз. Сега имаш слободен простор, ете ги во прв план.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Toa го кажав, затоа што секој поразумен и поинформиран, ќе знае дека е подложен на ремет, дали за нешто што го напишал, за неговота интелегенција или физикус.
Негативните исти трендови, ги имало и пред интернетот, ама биле поттиснати и не можеле да дојдат до израз. Сега имаш слободен простор, ете ги во прв план.
Да, ама она што ме нервира е најчесто што истите после ќе ги видиш како кукаат дека општеството иде у к., а во тоа што прават такви работи и се смеат на луѓе за такви работи, не им се чини погрешно и не си ставаат прст на глава да се замислат да не се и тие дел од проблемот.
 
П

Пепси_

Гостин
И мене ми смета трендот сите шо трчат по пари а ја без пари..... тоа е не можиш да влијаеш исто како ураган....... :icon_lol:

Се зависи од свеста на индивидуата што го користе интернетот,дали и колку ќе прифате од тој тренд,и како ќе го примене.

Трендовите идат и си одат,ништо не е вечно. Порано во маало имало тренд да одиш со пони точак,после нови испаднаа брзинци,па ролери и така.....

На интернетот повеќе има бламажи отколку трендови,некој се просветлил од него и станал човек,некој си го сјебал животот и репутацијата у градот па го срам у град да испадне на кафе ради некој статус на фејсбук или слика.
 
G

Geezer

Гостин
Да, ама она што ме нервира е најчесто што истите после ќе ги видиш како кукаат дека општеството иде у к., а во тоа што прават такви работи и се смеат на луѓе за такви работи, не им се чини погрешно и не си ставаат прст на глава да се замислат да не се и тие дел од проблемот.

Да бидеме реални, има многу поголеми ''болести'' интернет просторот, него ли ова за што зборуваме. Колку се и едните криви, толку се и другите.
 
Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.667
Поени од реакции
8.725
Но сепак 15 луѓе не е исто како и 150, а камо ли 1500 нели?

Сепак квантитетот коа ќе ти се закачи на врати ќе те труе по нет е понеподнослив во зависност од големината на бројката.
Веруј можат да бидат 15 трола ама вредни за 1500 души. :LOL:
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Не користам Твитер и немам многу пријатели на ФБ, па нешто многу не пратам што се случува по социјалниве мрежи.
Многу ми смета што во последно време кај повеќето (на Кајгана форум и на Интернет воопшто) е тоа што им е уклучен циник и сарказам модот.Неможеш саглам муабет по форуми да направиш од такви убер-интелегентни.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.857
Можеби ти мене баш не ми се допаѓаш, ете на ниту една социјална мрежа, можеби дури ни во реалниот живот.
Во реалниот живот, ако не ми се допаѓаш, едноставно ќе те одминувам.
Исто и на социјалните мрежи.

Интернетот е таков каков што е, и таков каков што е е добар. Односно, кој сакаш биди и што сакаш прави (само не гледај детска порнографија).

Ако некој ти смета, сите можни сајтови ти нудат опција да го игнорираш, па дури и Кајг наша.

Јас си ги сакам многу простите луѓиња, што инспирација за сеир црпам од нив, нигде. Посебно кога споделуваат ,,мудри,, мисли од пропалитет страни како Семе Синапово... :D
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.905
Поени од реакции
50.571
реално, во совршен свет, интернетот треба да се користи за :
- гледање пичиња на ФБ/хи5/мајспејс
-стримови за фудбал
- смеа и заебанции на кајгана
-порничи
-онлајн шопинг (здравје боже некој ден)

Твитер заедно со неговите македонски корисници треба да се укине и забрани а нивните бајати досетки треба да се казниви со закон. Влатко Васиљ исто така треба да се приведе како основположник на тие бајати досетки.
 
G

Geezer

Гостин
реално, во совршен свет, интернетот треба да се користи за :
- гледање пичиња на ФБ/хи5/мајспејс
-стримови за фудбал
- смеа и заебанции на кајгана
-порничи
-онлајн шопинг (здравје боже некој ден)

Твитер, заедно со неговите македонски корисници треба да се укине и забрани а нивните бајати досетки треба да се казниви со закон. Влатко Васиљ исто така треба да се приведе како основположник на тие бајати досетки.

Е зашто збориш безвезе. Генерализираш. Секаде има такви, со бајати досетки и глупи фори, не само на Твитер.
И глупаво е да збориш за некого, кој не е овде. И тој простор, не се заснова само врз една личност. Имаш мал милион паметни, интересни луѓе, кои споделуваат кориси и интересни информации.
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.905
Поени од реакции
50.571
Е зашто збориш безвезе. Генерализираш. Секаде има такви, со бајати досетки и глупи фори, не само на Твитер.
И глупаво е да збориш за некого, кој не е овде.
исто така користењето на фразата “не генерализирај’4, како и глумењето Мајка Тереза би ги направил казниви . Озбилно чедо, сите сме пробале да сме фини на формовм, веруј никој нема да ти даде цицка :icon_lol:
 
Не сум за цицка по интернетиве :icon_lol:

Не глумам ништо, само кажувам. Не ти е аргументирано мислењето, некако превише хејтерски, поради една особа или одредена ситуација. Или можеби си пробал на таа социјална мрежа, не си успеал да се снајдеш, не ти пријало друштвото па сега одиш контра.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom