Неопходен предмет што значи здравје али бара и услови за истиот.Од секогаш најмногу се бегало и оправдувало на овие часови,особено девојчињата.Мислам дека не е баш омилен предмет кај учениците од различни причини.Обично соблекувалните се очајно смрдливи,што ствара одвратност кај повеќето деца,професорите многу често зјапачи по девојчињата(нека извинат оние кои не се тоа),а салите -приказна сама за себе!И згора на се оваа оцена може да ти расипе успех....,а неможе секој да го бидува за спорт,едноставно има деца што не ги бидува за физичко,се како со две леви нозе!Нема услови за никаква хигиена(барем во повеќето училишта),а треба да се продолжи со настава и после овој час
Значи после овој час учениците неможат испотени и така усмрдени да седат на другите часови!Решение???-Носете си влажни марамчиња бидејќи друг совет немам!
Сепак јас сум за овој предмет но без тормозење на децата и барање да прават работи како да се врвни спортисти!Нека биде предмет за релаксација на децата,а не предмет на стрес!