- Член од
- 21 ноември 2005
- Мислења
- 5.226
- Поени од реакции
- 954
Се сложувам со ова. Голем број професори и наставници, колку и да не сакаат да признаат, ги мрзи да бидат инвентивни на часовите, и најчесто часот изгледа: професорот фрла топка, се појавуваат 5% од класот да играат нешто, од остатокот половината си оди а другата половина се барикадира и прави муабет. И после ќе фрчат кецови, неоправдани, професорите исфрустрирани на совет што не им се вреднува предметот, па масовна посета при крај на учебна година за поправање оценки...Треба,ама треба да има да си бира секој шо сака,кој сака кошарка,кој сака ракомет,кој сака гимнастика...и да има повеќе избор за бирање на пр.и тенис и пливање и сл.Па не е секој надарен за гимнастика.Во основно ќе си ја скршев кичмата за малку ради то физичко.
Корисен е како час, особено во денешно време кога младинава поминува се повеќе време пред компјутер и нема кондиција после тоа, ама ете, да има повеќе алтернативи за избор а задолжително да се избере една, како на пример фитнес, гимнастика, кошарка, фудбал... Кај нас во средно знам имаше нешто слично, ама премногу деца се пријавија за одреден спорт а премалку за друг и таму каде што имаше премалку, ги укинуваа па мораа да бираат нешто друго. Јас се пријавив за одбојка и замислете рекоа дека нема топки! И ако имаме некој познат да работи во продавница за спортска опрема, да ни донира топка