Треба ли да плаќаме партиципација?

Madrid

Timeless
Член од
23 март 2008
Мислења
3.899
Поени од реакции
154
Значи го направија Средното образование задолжително а партиципација пак се наплаќа, мислам дека само оние кои сега се запишаа прва година не платија, ние останатите бевме приморани да плаќаме, дури и ни се закануваа дека со неуплатена партиципација нема да бидеме примени повторно.
Од Владата кажаа дека е незаконски да им се наплаќа партиципација на учениците но професорите најавија протест доколку парите ни бидат вратени нам учениците, демек тие пари биле наменети за училиштето и подобрување на условите во наставата.

Што мислите вие, имаат ли основа професорите да бараат пари за партиципација при ЗАДОЛЖИТЕЛНО Средно образование?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Со тие пари од партиципацијата се купуваат, креди, сунѓери, клупи, столчиња, но кога веќе средното образование е задолжително мислам дека не треба да се плаќа. Дрталото од мојот класен(фала богу сега не ми е) не натера одма да платиме и без партиципација не не примаше да денот на уписите. Ќе биде интересно ако учениците од некои училишта како на пример "Васил Антевски - Дрен" кои се` уште немаат платено, не платат, а ние веќе сме платиле.
Е тогаш ќе бараме да ни се вратат парите, а за професровие ми е гајле. Што се бунат тие толку, па тие и така си земаат мито редовно:toe:.
 
Член од
8 март 2007
Мислења
1.405
Поени од реакции
20
Со тие пари од партиципацијата се купуваат, креди, сунѓери, клупи, столчиња, но кога веќе средното образование е задолжително мислам дека не треба да се плаќа. Дрталото од мојот класен(фала богу сега не ми е) не натера одма да платиме и без партиципација не не примаше да денот на уписите. Ќе биде интересно ако учениците од некои училишта како на пример "Васил Антевски - Дрен" кои се` уште немаат платено, не платат, а ние веќе сме платиле.
Е тогаш ќе бараме да ни се вратат парите, а за професровие ми е гајле. Што се бунат тие толку, па тие и така си земаат мито редовно:toe:.
Од партиципацијата се купуваат такви работи,а во моето школо РЈК на крај од годината плаќаме по 250 денари за тие глупости.Какви пари се вртат по школиве.
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Што мислите вие, имаат ли основа професорите да бараат пари за партиципација при ЗАДОЛЖИТЕЛНО Средно образование?
Хаха, верувај парите не одат кај професорите.

Сега незнам што се случува со задолжителното средно, но до оваа година, кога јас завршив, задолжително плаќавме. И мислам дека е логично да се плаќа. Образованието кај нас е под нулта ниво, издртани училници и никакви кабинети. Професорските плати се безобразно мали. Кај мене во школо немаше асален материјал за изведување на експерименти по хемија, физика и слично, бескрајно бевме ДЕмотивирани во околината во која завршивме средно. Затоа, плаќањето партиципација го оправдувам, сепак, прашање е колку од нашите пари одеа на правилното место или во "правилниот" џеб!
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
Мене ме вратија за уписите, после 3 дена отидов пак кај класната и комотно и дадов без партиципација...неморало веднаш да се плати.
 

LaVista

Traumatic Playground
Член од
31 јануари 2007
Мислења
4.183
Поени од реакции
958
Од партиципацијата се купуваат такви работи,а во моето школо РЈК на крај од годината плаќаме по 250 денари за тие глупости.Какви пари се вртат по школиве.
Исто и кај нас, на почетокот на годината плаќаме партиципација а потоа собираме по 200 денари за сунѓери.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Ех шо чудни луѓе, морате да плаќате партиципација. Како иначе директорите ќе идат по одмори и ќе купуваат нови коли?
 
Член од
13 август 2007
Мислења
672
Поени од реакции
19
а бе ок е да се плаќа... али да не ми тражат потоа дај 20ден за тест, па за друг па за трет, па за сунѓер, па за осигурување, инвентар, па и свидетелства ... бла бла бла
 

пробистипка

малечка
Член од
13 август 2008
Мислења
2.026
Поени од реакции
130
абе какво плакање штом е задолжително тогаш нема пари за партиципација, ама ете во моето школо земаат пари и без патиципација не ги земаат документите треба малку да се испитеа работата неможе едни да земаат а други не.А и денес министерството објави дека не треба пари за партиципација.Затоа на сите што сме уплатиле нека ни и вратат парите:nesvest:
 
V

Viktoranius

Гостин
Јас кога бев да се запишувам за 3 година не ми побараа пари и прашав дали треба за партиципација и ми рече ако требат накнадно ќе ни кажат. Е сеа чим е изгласено закон за да не се плаќа нема да им платат и да ми барат.

А во случај да ме избркат од училиште ќе ја направам голема, ќе одам во министерството за образование ќе се жалам.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Може за тие што се прва да биде бесплатно, ама затоа на нас останатитете во Корчагин ни ја зголемија за 50%
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
јас мислам дека треба
парите се трошат за потребите на школото
и веќе кога плаќаме не ми е јасно зошто пак некаде бараат пари за сунѓери, за тестови итн...
ама кога веќе е задолжително средното образование можат да ја намалат наместо барем во орце плаќавме мислам 1200, да се плаќа помалце за да можат сите да ја платат..
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Мора да се плаќа. Ако не се плаќа со кои пари ќе имаме парно, струја, интернет, сунѓери и така натаму. Сепак мислам дека секое семејство може да си дозволи 1200 ден. па макар да биде и на рати.
 

pirlo21

којотот
Член од
12 јануари 2008
Мислења
2.052
Поени од реакции
2.055
Ако треба да се плаќа ќе си платам фино лепо, ако е со закон донесено дека не треба да се плаќа, за што да ги давам тогаш 1200годишно? И гледам вака сите си кажувате си плаќате партиципации(најверојатно до полугодие; значи 600 денара) уште пред да почне учебната година, па зошто така. Ја секад на 29-30 Декември ќе се платам за полугодие, така што знам дека тие пари нема да ми пропаднат у вода ако ме избркаат од школо и слични некој си работи уште у Септември.
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047
Не е секаде по 1200.Иначе кога се запишав за 3та си платив партиципација.( така требало)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom