Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

Член од
26 јули 2023
Мислења
28
Поени од реакции
17
Инаку, уплаќањето и извршувањето на налози е многу брзо. Ги користам неколку месеци и немало никаков проблем. Депонирам средства скоро секоја недела (кога ќе добијам препорака што ми се допаѓа и до сега оди без никакви проблеми).
 
Член од
26 јули 2023
Мислења
28
Поени од реакции
17
Денешната препорака на Fortune Finders e канадска bio-tech компанија која котира на американската берза и има потенцијал за најмалку десеткратен раст во текот на следните 3 години.

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.683
Поени од реакции
35.019
Денешната препорака на Fortune Finders e канадска bio-tech компанија која котира на американската берза и има потенцијал за најмалку десеткратен раст во текот на следните 3 години.

Оти не пишуваш од стариот акаунт @Side Hustler?
 
Член од
23 ноември 2009
Мислења
5
Поени од реакции
1
Прашање до луѓе што тргувааат... читам назад, гледам воглавно сите ги користат Interactive Brokers.

Прашањето ми е зашто не користите некоја од локалните банки. Гледам дека сите веќе нудат брокерски услуги.

Дали провизиите се толку поголеми во нашиве банки, или има друга причина?
 
Член од
9 септември 2020
Мислења
137
Поени од реакции
99

Работно време
 
Член од
13 ноември 2023
Мислења
1
Поени од реакции
0
Јас го користам Trading212. Депонирам со кредитна картичка. Провизијата што се плаќа не е голема, а поедноставно ми е отколку да одам во банка и да носам испринтани договори. Тој дел од процент и така ќе го вратам од заработувачката од продавање акции. Повлекувањето е исто без проблем, само првиот пат ќе мора да повлечеш на истиот начин на кој си ја направил уплатата.
Zdravo, sakam da investiram preku trading212, ama ne sum sigurna dali sigurno isplakjaat pari vo mk, i dali e vo red nlb smetka?
 
Член од
26 јули 2023
Мислења
28
Поени од реакции
17
Прашање до луѓе што тргувааат... читам назад, гледам воглавно сите ги користат Interactive Brokers.

Прашањето ми е зашто не користите некоја од локалните банки. Гледам дека сите веќе нудат брокерски услуги.

Дали провизиите се толку поголеми во нашиве банки, или има друга причина?
Најголемиот проблем веројатно е работното време - не работат во времето кога се тргува на американската берза. Исто така, провизиите што ги наплаќаат не се занемарливи, а наплаќаат исто и месечен паушал за старателство над акциите кои ги имаш купено. Во споредба со IB и Trading212 е многу понеисплатливо.
Автоматски споено мислење:

Zdravo, sakam da investiram preku trading212, ama ne sum sigurna dali sigurno isplakjaat pari vo mk, i dali e vo red nlb smetka?
Да, нема проблеми со исплата преку NLB.
 
Член од
23 ноември 2009
Мислења
5
Поени од реакции
1
Најголемиот проблем веројатно е работното време - не работат во времето кога се тргува на американската берза. Исто така, провизиите што ги наплаќаат не се занемарливи, а наплаќаат исто и месечен паушал за старателство над акциите кои ги имаш купено. Во споредба со IB и Trading212 е многу понеисплатливо.
Мене најголемата недоумица ми е околу можноста арбитрарно да ви го затворат акаунтот од X причини.

Во последниве 15 години сум прошол 20+ платформи за онлајн плаќање и тргување главно со криптовалути. На неколку од нив имам заклучен акаунт, на една воопшто не успеав да си ги повратам средствата (ситно беше околу 50 евра). Кај сите има приказни со корисници кои што не може да пристапат до своите средства од разноразни причини.

Не значи дека со македонска институција не може да се случи истото, но овде имаш легислатива (колку и да е нефункционална) која треба да ги заштити граѓаните во случај брокерот да пропадне. Исто многу битно имаш пристап до таа легислатива.

Потсетете со со примерот со заробените девизи, јас имав 600 евра заробени девизи од Југославија од детска книшка, што успеав да ги земам во 2011. Исто примерот со Љубљанска банка во Словенија, кај што само граѓаните на Словенија успеваат да извадат пари од пропаднатата банка, а тие од Хрватска и Босна до ден денес чекаат разрешница на меѓудржавни спорови.

Еве ви еден случај, на пример:

Прашањето ми е дали провизиите во МК банки се толку поголеми, за да вреди човек да превземе ризик да работи со странска платформа.

Еве на пример понудата во Стопанска Банка е:

За трансакција од 10000 евра, на странска берза, провизијата е

- 60 евра брокерска такса (0.6%)
- ~25 евра трансакциски трошоци ( 1000МКД + стварни трошоци )

Старателска тарифа е
- 55 евра годишно (0.55% годишно)

Колку би биле трошоците за слична трансакција на Interactive Brokers? Колку што гледам парите на Interactive Brokers се праќаат преку SWIFT, така што во најмала рака ги имаш тие трошоци. За старателски услуги сите имаат горе долу нешто, иако морам да признаам дека 0.55% на стопанска се големи. Сега читам дека Interactive Brokers немаат ништо, што ме чуди, но сигурно имаат нешто месечно/годишно да се плаќа.

Еве го ценовникот на Interactive Brokers:

Според ова, провизиите на Interactive Brokers se

- брокерските услуги може да одат до 1%
- трансакциските трошоци се аплицираат на SWIFT трансакцијата, и се споредливи со тие на Стопанска Банка
- нема старателски трошоци.
-... можеби има уште нешто, да не пропуштам?

Кога ќе го споредам ова со Стопанска Банка, не е така многу поскапо. Стопанска банка ја земам како пример, зашто ми изгледаше дека имаат наједонставен ценовник, да можеш да пресметаш колку ќе те кошта. Колку што видов Комерцијална и НЛБ имаат слични понуди.

По однос на коментарот за работно време? Не разбирам што е проблемот. Дали ќе ги купиш акциите попладне или утре сабајле, ви менува нешто толку? За да ова игра улога, треба да се занимавам со дневно тргување, што не се исплати со вакви провизии... Или можеби грешам?
 
Последно уредено:
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.300
Поени од реакции
2.360
Анализа на странски акции 4/4

Веќе 3 години како ги користам Интерактив и не се плаќа месечно или годишно ништо. Не се плаќа ни за чување (старателски услуги) на акциите.
 
Колку ти зимаат провизија на трансакција (брокерска, траксакциска, SWIFT, ...)?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom