Мене најголемата недоумица ми е околу можноста арбитрарно да ви го затворат акаунтот од X причини.
Во последниве 15 години сум прошол 20+ платформи за онлајн плаќање и тргување главно со криптовалути. На неколку од нив имам заклучен акаунт, на една воопшто не успеав да си ги повратам средствата (ситно беше околу 50 евра). Кај сите има приказни со корисници кои што не може да пристапат до своите средства од разноразни причини.
Не значи дека со македонска институција не може да се случи истото, но овде имаш легислатива (колку и да е нефункционална) која треба да ги заштити граѓаните во случај брокерот да пропадне. Исто многу битно имаш пристап до таа легислатива.
Потсетете со со примерот со заробените девизи, јас имав 600 евра заробени девизи од Југославија од детска книшка, што успеав да ги земам во 2011. Исто примерот со Љубљанска банка во Словенија, кај што само граѓаните на Словенија успеваат да извадат пари од пропаднатата банка, а тие од Хрватска и Босна до ден денес чекаат разрешница на меѓудржавни спорови.
Еве ви еден случај, на пример:
Прашањето ми е дали провизиите во МК банки се толку поголеми, за да вреди човек да превземе ризик да работи со странска платформа.
Еве на пример понудата во Стопанска Банка е:
За трансакција од 10000 евра, на странска берза, провизијата е
- 60 евра брокерска такса (0.6%)
- ~25 евра трансакциски трошоци ( 1000МКД + стварни трошоци )
Старателска тарифа е
- 55 евра годишно (0.55% годишно)
Колку би биле трошоците за слична трансакција на Interactive Brokers? Колку што гледам парите на Interactive Brokers се праќаат преку SWIFT, така што во најмала рака ги имаш тие трошоци. За старателски услуги сите имаат горе долу нешто, иако морам да признаам дека 0.55% на стопанска се големи. Сега читам дека Interactive Brokers немаат ништо, што ме чуди, но сигурно имаат нешто месечно/годишно да се плаќа.
Еве го ценовникот на Interactive Brokers:
Interactive Brokers' commission schedules for stocks, options, futures, futures options, SSFs, spot currencies, metals, fixed income and Mutual Funds, as well as Trade Desk fees.
www.interactivebrokers.com
Според ова, провизиите на Interactive Brokers se
- брокерските услуги може да одат до 1%
- трансакциските трошоци се аплицираат на SWIFT трансакцијата, и се споредливи со тие на Стопанска Банка
- нема старателски трошоци.
-... можеби има уште нешто, да не пропуштам?
Кога ќе го споредам ова со Стопанска Банка, не е така многу поскапо. Стопанска банка ја земам како пример, зашто ми изгледаше дека имаат наједонставен ценовник, да можеш да пресметаш колку ќе те кошта. Колку што видов Комерцијална и НЛБ имаат слични понуди.
По однос на коментарот за работно време? Не разбирам што е проблемот. Дали ќе ги купиш акциите попладне или утре сабајле, ви менува нешто толку? За да ова игра улога, треба да се занимавам со дневно тргување, што не се исплати со вакви провизии... Или можеби грешам?