Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Дали некој од вас ги следи детално кинеските компании, на радар ми се MOMO и BIDU, особено сум загреан за втората.

МОМО: цената и паѓа, намалени им се приходите, но не верувам дека е долгорочно, туку поради короната, од година на година ги зголемуваат бројот на акции што не ми се допаѓа, имаат намален cash flow што не успеав да сфатам дали е поради некоја аквизиција или е нешто друго, но не ми личи премногу страшно. Во моментов се тргуваат по 8.9, не сум сигурен со кинезиве дали им се добри податоците во balance sheet, инаку ова долгорочно би требало да биде интересно, особено за после коронатa (колку што сфатив имаат некаков си dating app како тиндер за во Кина).

BIDU: моментално се тргува по 140тина долари, што мислам дека е топ цена за ваква компанија (search engine, cloud, AI, автономно возење...). Им го гледав balance sheet на овие, во 2019та ми имаат турбуленции кај приходите можно е да правеле некоја аквизиција, а оваа година мислам имаат нешто продавано за толкав скок, добра маргина на профит, cash flow-to им е поголемо од долговите, бројот на акции им е намален со тек на време што е добра работа, ако се смират политичките страсти оваа би требало да оди многу нагоре.

Знам дека Кинезите имаат најавено некоја нова регулатива за излегување на кинеските компании на странски берзи, но не стигнав да ја гледам детално. Ако има некој прелистано, би било добро да пише на кратко, нешто прочитав дека очекуваат да биде ретроактивно, т.е да важи само за тие што допрва ќе излегуваат, а не и за овие што се веќе на странски берзи, ама сепак не успеав да видам детали.
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
921
:cujte: Дечки, купете си Cheshi Technology Inc. (1490.HK)

само тоа можам да ви кажам, ништо друго.

Моментална цена 0,92 ХКД

Јас влегов на 0,90 со солидна позиција.

Може да се тргува на ИБ.

Thank me later:zver:

дисклејмер: ова не е инвестициски совет, секој нека си купува со парите што си сака, сам си донесува одлука, сам си го прифаќа ризикот.:D
 
Член од
21 јули 2021
Мислења
28
Поени од реакции
54
Последниве неколку дена посебно се интересирав околку правната регулатива поврзана со тргрувањето во станство и даноците, па да споделам информациите до кои дојдов. Ако вие имате некакви поинакви информации споделете:

1. Лицата со пријавен престој во Германија се германски даночни резиденти, каде капиталните добивки оданочувале се са 25%. МК резиденти кои очекуваат приходи од дивиденди и сл, можат да се пријават кај германските даночни власти и да добијат исклучок па данокот на капитална добивка да го платат во МК. Со оглед на тоа дека јас имам пријавено престој во Германија, најверојатно ќе отворам сметка на сопругата или детето.

2. За лицата со БГ пасош (всушност за сите) ако не живеат повеќе од 6 месеци во БГ не се даночни резиденти и немаат обврска да пријавуваат и плаќаат данок во БГ.

3. Како што видов дури од април оваа година било предложено/овозможено граѓаните сами да имаат сметка кај странски регистрирани институции и сами да тргуваат со странски акции. https://kapital.mk/отсега-граѓаните-и-сами-ќе-можат-да-трг/ Во текстот на статијата се вели дека ова е предлог а од насловот дека е завршена работа. Дали ова е веќе официјализирано и излезено во Службен Весник?

4. На кој начин функционира одбегнувањето на двојното оданочување? Дали МК резидент, може да одбере данокот да го плати во земја со пониска даночна стапка, со која имаме склучено договор за одбегнување на двојно оданочување, или мора да се плати во резидент земјата но не мора во земјата каде е направена добивката?

5. На страната на УКП кај делот за двојно оданочување споменати се дивиденди, камати, авторски права и други приходи. Капитални добивки предпоставувам дека се во ставката други приходи со 0%, кај нив се вели дека "(****) Други приходи подразбираат делови од доходот на резидент на државата договорничка, без оглед каде се остварени, а кои не се опфатени со одредбите од конкретниот договорот." Дали ова значи дека може капиталните добивки сепак можно е да се оданочуваат и треба да се проверува од ситуација до ситуација?

6. Скоро па сум одлучен за Интерактив Брокерс. Кај нив ми дава повеќе подружници односно локации. Која опција мислите дека е најдобра? Јас планирав или за УК или за Ирска. Со двете држави има договор за одбегнување на двојно оданочување, а и интерфејсот е на англиски и не сакам да користам google translate за вакви работи.

7. Дали Интерактив Брокерс самите ги подмируваат даноците во нерезидент земјата во случај на двојно оданочување, врз основа на пријавената локација на сметката?
 
Член од
18 август 2015
Мислења
181
Поени од реакции
95

За втората точка, можеш ли да споделиш линк (дека бг државјани - нерезиденти немаат обврска да пријавуваат данок)?

Фала
 
Член од
21 јули 2021
Мислења
28
Поени од реакции
54
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
:cujte: Дечки, купете си Cheshi Technology Inc. (1490.HK)

само тоа можам да ви кажам, ништо друго.

Моментална цена 0,92 ХКД

Јас влегов на 0,90 со солидна позиција.

Може да се тргува на ИБ.

Thank me later:zver:

дисклејмер: ова не е инвестициски совет, секој нека си купува со парите што си сака, сам си донесува одлука, сам си го прифаќа ризикот.:D
Мислам дека на една од овие акции кој ги спомнуваш може и до 1000% да заработиш до 2025та
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
921
Мислам дека на една од овие акции кој ги спомнуваш може и до 1000% да заработиш до 2025та
Може една, може и сите, може и никоја. Тоа е берза, ама на сите ке ставиш по нешто и ке чекаш џекпот. Само да си истраен, да веруваш во вредноста и да ги држиш долг период, а не да продадеш после даблап.

последнава 1490.ХК очекувам краткорочно ( помалку од 1 месец ) значително зголемување од 30-50%. Па, ко воли нек изволи на ролеркоустерот. Да не викате не сум ви кажал ( а ке ви кажам и кога ке продадам ).
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Може една, може и сите, може и никоја. Тоа е берза, ама на сите ке ставиш по нешто и ке чекаш џекпот. Само да си истраен, да веруваш во вредноста и да ги држиш долг период, а не да продадеш после даблап.

последнава 1490.ХК очекувам краткорочно ( помалку од 1 месец ) значително зголемување од 30-50%. Па, ко воли нек изволи на ролеркоустерот. Да не викате не сум ви кажал ( а ке ви кажам и кога ке продадам ).
Јас мислам дека ќе фатиш на некоја јас имам 2-3 слични како твоите. Имам доста хај бета акции и левериџ етфи. Очекувам раст и добра берза и следниве години. Се спремам сега да земам и крипто.
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
921
Јас мислам дека ќе фатиш на некоја јас имам 2-3 слични како твоите. Имам доста хај бета акции и левериџ етфи. Очекувам раст и добра берза и следниве години. Се спремам сега да земам и крипто.
кажи ги, ке ги играме и твоите на лутрија :)
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
кажи ги, ке ги играме и твоите на лутрија :)
BBW:NYSE
BLDR:NYSE
FLGT:NDQ

Еве ти неколку типчиња ;-)
Автоматски споено мислење:

Ако си хардкор валуе инвестор и контрариалн ова чудо мора да го имаш.
TX - Ternium S.A. NYSE
 
Последно уредено:
Член од
30 април 2018
Мислења
258
Поени од реакции
510
:cujte: Дечки, купете си Cheshi Technology Inc. (1490.HK)

само тоа можам да ви кажам, ништо друго.

Моментална цена 0,92 ХКД

Јас влегов на 0,90 со солидна позиција.

Може да се тргува на ИБ.

Thank me later:zver:

дисклејмер: ова не е инвестициски совет, секој нека си купува со парите што си сака, сам си донесува одлука, сам си го прифаќа ризикот.:D
Од кај ја извади оваа?
И зошто мислиш дека има потенцијал за +30% за месец дена?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom