Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

Член од
26 јуни 2018
Мислења
7
Поени од реакции
2
Во шпаркасе 1.500МКД минимална провизија по налог, 1.000МКД минимална провизија по трансакција, 500МКД минимална месечна провизија за чување на хв.(6000МКД годишна). Тоа значи ако купам акции на 01.01. за 180.000МКД и не ги продадам истата година, годишна провизија ќе ми дојде 4,16%(7500/180.000)? Не знам дали грешам али ако е вака не е на арно.
 
Последно уредено:

Грешка во бројките, испаѓа 4,72%(8000/180.000)
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
310
Поени од реакции
490
Браво. Добро и го продаде дел баш на време, 60% профит е топ. Јас играм до кај 20-30% профит и продавам краткорочно бидејќи сеуште очекувам големи волатилности и дневни/неделни падови и растови по 10%. Добар кеш лежи тука. Колку е досадна МСЕ во споредба, леле, леле.
Искрено не се споредува МСЕ со странскиве берзи по ниеден параметар.

Да те замолам имам една акција на радар веќе некое време, правев јас некоја анализа на balance sheet и мене ми изгледа повеќе од одличен без долгови и со пуно кеш ама би ми значело ако можеш да ја sирнеш и да кажеш твое мислење пред да влезам.
Мене искрено ми делува како да ќе експлодира акцијата во наредни 6 месеци, моментално на PE 3.5.
Се работи за Dorian LPG Ltd. (LPG).

Инаку незнам дали следиш Мој Новац јас од време на време ѕиркам и до кој степен се отидени со теорииве на заговор не ми се верува. Еве цитат:
Makedonci, ko je onaj retardirani debil na kajgana-forumu pod nickom Blizzard (odnosno Filipidi) ??? Kao ne interesira ga MSE, on je neki veliki igrač, investira po belom svetu ali stalno dolazi na temu MSE i piše paničarske postove.. Pa što dolazi tamo pisati ako ga MSE ne zanima???? I njegov drugi nick Filipidi isto tako.. Pišu oba sa iste lokacije, provjerio ja. Cijelo vrijeme on se poziva na moral i zakone, a širi paniku i navodi neprovjerene informacije što je i kod vas krivično djelo. Ko je taj kreten? Sve je prodao u panici i sad je ljut što burza raste...I onda napiše da ulaže 14000 eura, a ponaša se kao da je investirao najmanje 200.000 eura....Pozdravite ga

од Cayman006
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
921
Мој Новац не сум отворил со години. Продао у паници :pos: Кога ке размислиш, стварно продадов у паника од рецесија во втора половина од 2019та...:kafence:

Мој други ник филипиди :shok2: абе дали се нормални леле. Кафекуваркиве ЗАБЕГАА СКРОЗ. Дали овоој Кајман006 забега па и на мојновац пишува, а не само на МСЕ...си ја има мувата на капата што продаде у паника на најниското хахах.

Сум инвестирал 14к еур...:)))) наводи непровјерене информације :)))) абе не знам кое од кое е посмешно. Битно ме (т.е не) поздравил човекот :)
А на МСЕ не сум пишал којзнае од кога, кажав не пишувам и си се држам до зборот, тука чат пат, нема многу постови општо.

Ќе ја видам акцијава обавезно и ке ти пишам.
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
921
@filipidi Dorian LPG Ltd. (LPG).

Не знам од кај виде без долгови и полни со кеш, најбитниот долг се кредити а кај нив нет дебт позиицијата е 500М долари ( и константно е на 500-600М долари долг последни неколку години ). Земаат кредити за да купат танкери со кои работат и ги оплаќаат. Покриеност на долг со ебитда од 2,3, нот грејт, нот терибл :)
Вака на прв поглед ( без да им ја отворам страната и да им ги прочитам последните финансиски извештаи ), изгледа солидно. Не го гледај тековниот п/е од 3.5, може само погрешно да те наведе на потценетост, особено за американски компании. Тоа е веќе минат период и не се очекува поради кризата да се повтори, од јаху предвидуваат п/е 10 во нареден период, а кај америте многу е битно и се палат на она што ке се случува во иднина ( види Тесла :pos: ). Сигурно поради тоа и цената е на ова ниво на кое што е. Ако продолжи негативниот тренд на берзите ( а според мене ке продолжи - далеку е стимулус пакетот, а короната удира јако насекаде, иде есен и можно е да е и бетер од март ), ја гледам на ниво на некој супорт од 6,8-7 долари. Ако заврти берзата на нагоре ( шанси од некои 20-25% ), тогаш многу лесно и брзо може да отиде и на 9-10 краткорочно, рок 1 месец макс.
Ако ти се свиѓа на оваа цена и ако имаш време среднорочно да ја почекаш, сигурно ке оди над 10 во наредни 6-12 месеци. Прашање е дали сакаме да ги врземе парите за овој рок и да чекаме, додека други акции може во тој период да отидат х2 краторочно :)
 
Член од
18 ноември 2019
Мислења
85
Поени од реакции
65
Искрено не се споредува МСЕ со странскиве берзи по ниеден параметар.

Да те замолам имам една акција на радар веќе некое време, правев јас некоја анализа на balance sheet и мене ми изгледа повеќе од одличен без долгови и со пуно кеш ама би ми значело ако можеш да ја sирнеш и да кажеш твое мислење пред да влезам.
Мене искрено ми делува како да ќе експлодира акцијата во наредни 6 месеци, моментално на PE 3.5.
Се работи за Dorian LPG Ltd. (LPG).

Инаку незнам дали следиш Мој Новац јас од време на време ѕиркам и до кој степен се отидени со теорииве на заговор не ми се верува. Еве цитат:
Makedonci, ko je onaj retardirani debil na kajgana-forumu pod nickom Blizzard (odnosno Filipidi) ??? Kao ne interesira ga MSE, on je neki veliki igrač, investira po belom svetu ali stalno dolazi na temu MSE i piše paničarske postove.. Pa što dolazi tamo pisati ako ga MSE ne zanima???? I njegov drugi nick Filipidi isto tako.. Pišu oba sa iste lokacije, provjerio ja. Cijelo vrijeme on se poziva na moral i zakone, a širi paniku i navodi neprovjerene informacije što je i kod vas krivično djelo. Ko je taj kreten? Sve je prodao u panici i sad je ljut što burza raste...I onda napiše da ulaže 14000 eura, a ponaša se kao da je investirao najmanje 200.000 eura....Pozdravite ga

од Cayman006
Уфф задолжени се до даска 500м долг, а на рака 35 милиони кеш
 
Член од
17 ноември 2017
Мислења
53
Поени од реакции
23
Дечки, дали е во ред да се инвестира во индекс S&P 500, на пример 15 000 евра, просечен interest rate е 10%. За 10 години, грубо речено околу 38 000 евра излегуваат. Дали би било ова и во пракса вака?
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060

Да, во бул маркет од 10 години на СнП може да очекуваш и повеќе од *2.5 пати историски ако има бул маркет може и *4-5 пати за 10 години. Но прашање е дали ќе има 10 години период без рецесија и дека ќе има бул маркет за тој период. Можно е. Но и во случај на беар маркет (освен тој после 1929) нема да изгубиш пари т.е. ќе бидеш на 0 без дивиденда а со дивиденда и бул маркет за 10 години капитална добивка плус реинвестирана дивиденда може и +20% да имаш принос. Ова е историски гледано. Но со оглед на валуациите на СнП незнам баш дека ќе има нов секуларен бул маркет, цикличен сигурно ќе има ама секуларен незнам. Јас сум за циклично инвестирање на СнП не за бај анд холд сега. Но тоа не значи дека нема да има секуларен бул Маркет на други пазари на хартии од вредност, можеби стоки, може и некои други берзи на пример Британија, Шпанија, Австралија, Канада и Русија да именува некои од поефтините и поголеми со поголема веројатност за секуларен бул маркет. Дури и Македонија би ја спомнал...
 
Последно уредено:
Член од
22 февруари 2019
Мислења
318
Поени од реакции
309
Дилемата која ја имав си ја појаснив со мала консултација со Народна Банка. Во законот за девизно работење на неколку места има некои спротивставени ставови кои на едно место велат вака а на друго онака и морав тоа да го појаснам. Од овој член јасно се гледа дека овластените учесници значи банките кои посредуваат си ја известуваат НБ. Намногу места се споменуваат резидентите (физички и правни лица). Дилемата ми беше конкретно за физичките лица и јасно ми посочија дека како физички лица не треба:

1601383346551.png

нбрм.PNG
 
Член од
26 јуни 2018
Мислења
7
Поени од реакции
2
Ова е аритметичка средина, што значи секоја година ја гледа како посебен настан и затоа 10.13% не е баш реална бројка за тоа колку растеле парите од година во година. Со геометриска средина му доаѓа негде 8.87% и тоа е уствари вистинскиот годишен поврат на средства што би го имал ако парите си ги ставил у 1980 у S&P500 ETF. Али се сложувам дека е една од најдобрите инвестиции, да не кажам најдобра.
 
Член од
20 јуни 2020
Мислења
9
Поени од реакции
26
S&P 500 од 1980:
Без реинвестирање дивидендаСо реинвестирање дивиденда
Без инфлација8.68%11.47%
Со инфлација5.63%8.35%

Дечки, дали е во ред да се инвестира во индекс S&P 500, на пример 15 000 евра, просечен interest rate е 10%. За 10 години, грубо речено околу 38 000 евра излегуваат. Дали би било ова и во пракса вака?
Затоа што немаме договор за двојно оданочување со САД, би ти препорачал да ги разгледаш европските ETFs што тракуваат S&P 500.

Пример, доколку S&P дели 2% дивиденда и има 10% принос, годишните трошоци би биле:
VOO: 0.63% (околу 2460 eur за 10 години за 15k)
VUSA: 0.37% (околу 1463 eur за 10 години за 15k)
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
S&P 500 од 1980:
Без реинвестирање дивидендаСо реинвестирање дивиденда
Без инфлација8.68%11.47%
Со инфлација5.63%8.35%

Затоа што немаме договор за двојно оданочување со САД, би ти препорачал да ги разгледаш европските ETFs што тракуваат S&P 500.

Пример, доколку S&P дели 2% дивиденда и има 10% принос, годишните трошоци би биле:
VOO: 0.63% (околу 2460 eur за 10 години за 15k)
VUSA: 0.37% (околу 1463 eur за 10 години за 15k)
Нека објасни некој. Значи нема договор со САД за одбегнување на двојно оданочување. Например во САД плаќаш 10% данок на капитална, и треба во МК пак. Но нели во МК данокот на капитална е одложен т.е. не се плаќа данок? Или тоа важи само за МК акции? Зошто ако во МК е 0% а во САД е 10% плаќаш само во САД. Додека ако имаш во европа например Германија таму е 25% а исто во МК 0% т.е. се одбегува ништо. Пак излегува дека Американски акции барем во овој пример се оданочени пониско. Незнам точно за даноците во САД и зависи нормално во која Европска држава е ЕТФот, најчесто се во Британија и Германија. Во конкретниов случај VOO e US a VUSA e UK.
Инаку податокот за поверат од 1980 е нерепрезентативен. Во 1980 п/е може било окулу 5 сега е п/е окулу 25. Така да неможе да се очекува исто поврат на следните 40 години како на минатите 40 години. Следните 40 години повратот би бил многу понизок.
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
1601637186223.png
Еве кои сектори се најдобри сектори во УСА и се очекува да се движат најдобро Techology,HealtCare,ConsuSep and Utilities. Untitled.png
 
Член од
20 јуни 2020
Мислења
9
Поени од реакции
26
Нека објасни некој. Значи нема договор со САД за одбегнување на двојно оданочување. Например во САД плаќаш 10% данок на капитална, и треба во МК пак. Но нели во МК данокот на капитална е одложен т.е. не се плаќа данок? Или тоа важи само за МК акции? Зошто ако во МК е 0% а во САД е 10% плаќаш само во САД. Додека ако имаш во европа например Германија таму е 25% а исто во МК 0% т.е. се одбегува ништо. Пак излегува дека Американски акции барем во овој пример се оданочени пониско. Незнам точно за даноците во САД и зависи нормално во која Европска држава е ЕТФот, најчесто се во Британија и Германија. Во конкретниов случај VOO e US a VUSA e UK.
Инаку податокот за поверат од 1980 е нерепрезентативен. Во 1980 п/е може било окулу 5 сега е п/е окулу 25. Така да неможе да се очекува исто поврат на следните 40 години како на минатите 40 години. Следните 40 години повратот би бил многу понизок.
Не предвидов дека S&P ќе 10% годишен принос во иднина. Ова беше хипотетички пример само да се долови дека треба да се внимава и на даночењето за да не платите повеќе данок на САД од Трамп :)

Во врска со данокот:
  1. Данок за капитална добивка
    • Во САД мислам не се плаќа за луѓе кои не се државјани на САД (исто и во Ирска).
    • Во МК не се плаќа до 2023. Понатаму ќе видиме.
  2. Данок на дивиденда
    • За US акции/ETFs, од бруто износот за дивиденда се одбива 30% withholding tax. За земји со договор со САД за двојно оданочување данокот е помал од 30%.
    • VUSA на пример е во Ирска. Така што ETF-от ќе плати 15% данок на САД и потоа објавениот износ се исплаќа во целост затоа што Ирска има 0% данок на дивиденда.
Овде имате повеќе инфо за данокот, а овде споредба на VOO и VUSA.

Уште едно хипотетичко сценарио:
$10,000 инвестирани во S&P 500 со 7% просечен принос, по 40 години би биле $163,114.
Ако во меѓувреме им текнало да воведат данок во МК на капитална добивка од 15% (на пример).

Данок за плаќање: $20,961
Принос кога би немало данок: 7% (149744.58/10000)^(1/40)
Принос кога би имало данок: 6.6% ((149744.58-139,744.58*15%)/10000)^(1/40)

Дали во ваков случај мислите дека е паметно да се преселите (доколку се уште не сте преселени :icon_lol:) и да ги извадите парите во земја со 0% данок на капитална добивка?
Поправете ме ако грешам, ама во сите нормални држави има некој вид на Tax-free savings account, кој нуди даночни бенефиции.
Кај нас, не знам дали има такво нешто... Знам дека имаше нешто ослободување од капитална добивка за инвестициски фондови кои ги поседувате повеќе од 10 години. Е сега не знам дали ова важи и за ETF (кој што технички е инвестициски фонд) или само за нашите инвестициски фондови со ненормални провизии од 2-3%.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom