Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Штом немаш искуство во светот на инвестирање, најсигурен начин да почнеш е со index funds, или поспецифично, купи удели во S&P 500. Ова е инвестициски фонд кој се состои од 500-те најголеми компании во САД, со што се постигнува огромна диверзификација, и твојата добивка не зависи од перформансот на една компанија, туку зависи од целата американска економија. Во просек, S&P 500 враќа околу 9% годишно, но ова е само просек, и знае да варира драстично од година во година, пр. во 2021, вредноста на уделот се зголеми за +27%, додека во 2022 падна за -19%. Затоа, препораката е ако инвестираш во S&P 500, треба да си спремен да ги оставиш парите инвестирани со години (пример 10 години или повеќе). Ако планот ти е да инвестираш пократкорочно, пример 1 година, може да ти се погоди некоја крш година како лани, и да си лапнеш -19% загуба кога ќе ги извадиш парите.

Како да инвестираш во S&P 500?
За жал, секое инвестирање (купување и продавање акции или удели) мора да оди преку брокер. Генерално, имаш 2 опции за брокер:
- Брокер од банка (во мк ги имаш Комерцијална, НЛБ и Шпаркасе кои го нудат ова)
- Брокер апликација (во мк најдобра ти е Interactive Brokers)

Сум ги пробал и двете опции, лично ја преферирам втората (преку Interactive Brokers) заради 2 причини: апликацијата ти е достапна за купување и продавање 24/7 додека брокерот од банка само од 8:00 до 16:00, и дополнително провизиите на апликацијата се драстично помали од провизиите на банкарските брокери. Од друга страна, банкарски брокер може да ти е посигурана опција бидејќи сепак банката ти е тука во државата и си имаш некакви механизми за сигурност, додека Interactive Brokers ти е некоја си странска апликација врз која имаш помалку контрола. Но апликацијава не е од вчера, постои од 1978, така да во мое мислење и двете опции се сигурни.

Како и да е, кој брокер и да го одбереш, постапката е следната:
1. Отвори сметка кај брокерот
2. Префрли пари на таа сметка
3. Со тие пари купи удели во акцијата VOO (ова е уствари инвестицискиот фонд за S&P 500, има и други како SPY, што генерално е истата работа, јас лично го користам VOO)
4. толку. Не ги чепкај уделите неколку години, доколку имаш дополнителни пари, од време на време докупувај уште удели, и акумулирај си ја инвестицијата.

Во врска со прашањето како ќе правиш пари од овие удели, има 2 начини:
- Дивиденди, S&P 500 исплаќа околу 1.57% од вредноста на уделот секоја година како дивиденда.
- Продажба, како што кажав, вредноста на S&P 500 расте во просек 9% годишно, така да ако ги имаш уделите веќе некое време, голема е веројатноста дека вредноста ќе им биде повисока, и можеш да ги продадеш на ист начин како што ги купи преку брокерот.

Според мене, ова ти е далеку подобра опција од орочување на парите во банка за некоја мизерна 1% камата, ако ти дадат и толку...
Одличен текст за сите нови шо влагаат. Букмарк АСАП
Браво
 
Член од
21 јуни 2020
Мислења
24
Поени од реакции
18

.. Како е во однос на даночната регулатива и новиот ЗДЛД. Исто е во однос на тоа да ако уделите се чуваат на период подолг од 2 години, не се плаќа данок на капитална добивка така ?

И дивидендата што ја спомна за VOO конкретно, како ја исплаќаат, годишно или ? Дали таа се пријавува во УЈП или има нешто различно во процедурата со инвестициските фондови ?

Доколку некој знае ако може да сподели и како се движат провизиите ( влезни, излезни, за чување) кај нашите банки и која има најниски провизии и би ја препорачале.

Благодарам за одвоеното време

Sent from my SM-G996B using Tapatalk
 
Член од
24 декември 2020
Мислења
26
Поени од реакции
32
Како е во однос на даночната регулатива и новиот ЗДЛД. Исто е во однос на тоа да ако уделите се чуваат на период подолг од 2 години, не се плаќа данок на капитална добивка така ?
Би требало да е исто, бидејќи во законот не прават разлика помеѓу вакви ETF удели како VOO и помеѓу акции во поединечни компании, туку и двете ги групираат со терминот „хартии од вредност“. Така да тоа што важи за акции компании, истото важи и за ETF удели како VOO.

И дивидендата што ја спомна за VOO конкретно, како ја исплаќаат, годишно или ? Дали таа се пријавува во УЈП или има нешто различно во процедурата со инвестициските фондови ?
Дивидендата ја исплаќаат квартално, т.е. на секои 3 месеци. Но кога ќе ги собереш сите 4 во годината, сумата доаѓа околу 1.57% од уделот. Да, треба да се пријавува во УЈП веднаш, беш пред некој месец имаше многу добар пост во темава step-by-step како да ги пријавуваш дивидендите (пост #1647 https://forum.kajgana.com/threads/Тргување-со-странски-хартии-од-вредност-и-недвижности.102390/page-110#post-9638353 препорачувам да си го букмаркнете сите!). За данок, америте ќе ти скинат 30% witholding tax на секоја дивиденда, и ова не можеш да го избегнеш, а во мк, барем од мое искуство, мене не ми наплатија екстра данок, туку само ги пријавив во УЈП следејќи го упатството од пост #1647, и после неколку денови ми ги одобрија без данок.

Доколку некој знае ако може да сподели и како се движат провизиите ( влезни, излезни, за чување) кај нашите банки и која има најниски провизии и би ја препорачале.
Пред една година кога правев споредби меѓу трите банки кои нудат брокери кај нас (НЛБ, Комерцијална, и Шпаркасе), најевтина ми искочи НЛБ заради годишниот трошок за чување на сметка кој сите 3 го наплаќаат. НЛБ за тоа наплаќа 3000 денари, додека другиве 2 наплаќаа 6000. Заради тоа се одлучив да терам со НЛБ. Дополнително на оваа годишна провизија, имаш и прилично големи трансакциски трошоци на секоја трансакција (и куповни и продажни). Во мое искуство, трансакциските трошоци што ми ги наплаќа НЛБ ги пресметуваат со формулата: (430ден + 1000ден + 705ден + 0.9% од трансакцијата), што значи за некоја трансакција од 1000 евра рецимо, ќе треба да си платиш уште некои 2700 денари провизија во двата правци (купи + продај). Заради големите фиксни трошоци, најмногу се исплати само големи купувања и продавања да се прават, не можеш на пример секој месец по 100-200 евра да додаваш на уделот, бидејќи ќе те искинат со провизии.

Во споредба со ова, Interactive Brokers наплаќаат фиксна 1$ провизија за секоја купи/продај трансакција, а нема дополнителен трошок за чување на сметка. Единствен поголем трошок со Interactive Brokers ти е провизијата на SWIFT трансакцијата што ќе ти ја земат банките кога ќе ги префрлаш парите на брокерската сметка и обратно.
 
Член од
21 јуни 2020
Мислења
24
Поени од реакции
18
Би требало да е исто, бидејќи во законот не прават разлика помеѓу вакви ETF удели како VOO и помеѓу акции во поединечни компании, туку и двете ги групираат со терминот „хартии од вредност“. Така да тоа што важи за акции компании, истото важи и за ETF удели како VOO.

Дивидендата ја исплаќаат квартално, т.е. на секои 3 месеци. Но кога ќе ги собереш сите 4 во годината, сумата доаѓа околу 1.57% од уделот. Да, треба да се пријавува во УЈП веднаш, беш пред некој месец имаше многу добар пост во темава step-by-step како да ги пријавуваш дивидендите (пост #1647 https://forum.kajgana.com/threads/Тргување-со-странски-хартии-од-вредност-и-недвижности.102390/page-110#post-9638353 препорачувам да си го букмаркнете сите!). За данок, америте ќе ти скинат 30% witholding tax на секоја дивиденда, и ова не можеш да го избегнеш, а во мк, барем од мое искуство, мене не ми наплатија екстра данок, туку само ги пријавив во УЈП следејќи го упатството од пост #1647, и после неколку денови ми ги одобрија без данок.

Пред една година кога правев споредби меѓу трите банки кои нудат брокери кај нас (НЛБ, Комерцијална, и Шпаркасе), најевтина ми искочи НЛБ заради годишниот трошок за чување на сметка кој сите 3 го наплаќаат. НЛБ за тоа наплаќа 3000 денари, додека другиве 2 наплаќаа 6000. Заради тоа се одлучив да терам со НЛБ. Дополнително на оваа годишна провизија, имаш и прилично големи трансакциски трошоци на секоја трансакција (и куповни и продажни). Во мое искуство, трансакциските трошоци што ми ги наплаќа НЛБ ги пресметуваат со формулата: (430ден + 1000ден + 705ден + 0.9% од трансакцијата), што значи за некоја трансакција од 1000 евра рецимо, ќе треба да си платиш уште некои 2700 денари провизија во двата правци (купи + продај). Заради големите фиксни трошоци, најмногу се исплати само големи купувања и продавања да се прават, не можеш на пример секој месец по 100-200 евра да додаваш на уделот, бидејќи ќе те искинат со провизии.

Во споредба со ова, Interactive Brokers наплаќаат фиксна 1$ провизија за секоја купи/продај трансакција, а нема дополнителен трошок за чување на сметка. Единствен поголем трошок со Interactive Brokers ти е провизијата на SWIFT трансакцијата што ќе ти ја земат банките кога ќе ги префрлаш парите на брокерската сметка и обратно.
Ти благодарам за одговорот.

Sent from my SM-G996B using Tapatalk
 
LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
848
Поени од реакции
1.252
Штом немаш искуство во светот на инвестирање, најсигурен начин да почнеш е со index funds, или поспецифично, купи удели во S&P 500. Ова е инвестициски фонд кој се состои од 500-те најголеми компании во САД, со што се постигнува огромна диверзификација, и твојата добивка не зависи од перформансот на една компанија, туку зависи од целата американска економија. Во просек, S&P 500 враќа околу 9% годишно, но ова е само просек, и знае да варира драстично од година во година, пр. во 2021, вредноста на уделот се зголеми за +27%, додека во 2022 падна за -19%. Затоа, препораката е ако инвестираш во S&P 500, треба да си спремен да ги оставиш парите инвестирани со години (пример 10 години или повеќе). Ако планот ти е да инвестираш пократкорочно, пример 1 година, може да ти се погоди некоја крш година како лани, и да си лапнеш -19% загуба кога ќе ги извадиш парите.

Како да инвестираш во S&P 500?
За жал, секое инвестирање (купување и продавање акции или удели) мора да оди преку брокер. Генерално, имаш 2 опции за брокер:
- Брокер од банка (во мк ги имаш Комерцијална, НЛБ и Шпаркасе кои го нудат ова)
- Брокер апликација (во мк најдобра ти е Interactive Brokers)

Сум ги пробал и двете опции, лично ја преферирам втората (преку Interactive Brokers) заради 2 причини: апликацијата ти е достапна за купување и продавање 24/7 додека брокерот од банка само од 8:00 до 16:00, и дополнително провизиите на апликацијата се драстично помали од провизиите на банкарските брокери. Од друга страна, банкарски брокер може да ти е посигурана опција бидејќи сепак банката ти е тука во државата и си имаш некакви механизми за сигурност, додека Interactive Brokers ти е некоја си странска апликација врз која имаш помалку контрола. Но апликацијава не е од вчера, постои од 1978, така да во мое мислење и двете опции се сигурни.

Како и да е, кој брокер и да го одбереш, постапката е следната:
1. Отвори сметка кај брокерот
2. Префрли пари на таа сметка
3. Со тие пари купи удели во акцијата VOO (ова е уствари инвестицискиот фонд за S&P 500, има и други како SPY, што генерално е истата работа, јас лично го користам VOO)
4. толку. Не ги чепкај уделите неколку години, доколку имаш дополнителни пари, од време на време докупувај уште удели, и акумулирај си ја инвестицијата.

Во врска со прашањето како ќе правиш пари од овие удели, има 2 начини:
- Дивиденди, S&P 500 исплаќа околу 1.57% од вредноста на уделот секоја година како дивиденда.
- Продажба, како што кажав, вредноста на S&P 500 расте во просек 9% годишно, така да ако ги имаш уделите веќе некое време, голема е веројатноста дека вредноста ќе им биде повисока, и можеш да ги продадеш на ист начин како што ги купи преку брокерот.

Според мене, ова ти е далеку подобра опција од орочување на парите во банка за некоја мизерна 1% камата, ако ти дадат и толку...
Ова беше доста добро опишано и ми се разјаснаја доста работи. Фала ти премногу !

1. Дали пример после долг временски период пример сакам да ги продадам акциите од S&P 500, како би ги префрлил средствана на банка кај нас и колку имам провизија од брокерот/банката?

2. Дали можам дивидендите да ги инвестирам назад во акциите за да реализирам compound interest ?

3. Interactive brokers апликацијава има црвента точка како лого? Бидеќи ми излегоја неколку други
 
1. Ако користиш НЛБ брокер, после секоја трансакција парите ги испраќаат назад на твојата трансакциска сметка, и веднаш ти се достапни. Ако користиш Интерактив Брокерс, после продажба парите ти легнуваат на акаунтот на Интерактив, и тогаш си имаш избор дали сакаш да ги ре-инвестираш во други акции, или ако сакаш да ги повлечеш им пушташ наредба на Интерактив дека сакаш да ги повлечеш парите кај тебе на трансакциска, им праќаш SWIFT/IBAN детали за твојата сметка од банката (ако не ги знаеш отиди во банка и побарај ги, ќе ти ги дадат), и ќе ти стигнат парите.

Во врска со провизии, НЛБ брокерот си има излезна провизија која објаснив како ја пресметуваат во претходниот пост (430ден + 1000ден + 705ден + 0.9% од трансакцијата), додека Интерактив ќе ти наплати само $1 како провизија, но кога ќе ги повлечеш парите кај тебе на трансакциска, можно е и банката да ти наплати за SWIFT трансферот некој процент, или да ти кажат да ги орочиш тие пари за 1 месец ако нејќеш да платиш 1% (стопанска вака прават).

2. Не сум запознаен со ваква опција што автоматски ќе ти ги реинвестира дивидендите, досега и со НЛБ и со Интерактив дивидендите директ ми легнувале на брокерската сметка. Како и да е, ништо не те спречува рачно да си ги реинвестираш дивидендите откако ќе ти легнат на сметка.

3. Оваа е за андроид: https://play.google.com/store/apps/details?id=atws.app&hl=sr&gl=US Но џабе ја симнуваш ако немаш акаунт направено веќе. Моја препорака е да си отвориш акаунт преку веб прво од компјутер, па дури откако ќе ти го одобрат акаунтот (што може да трае со денови), тогаш да си симнеш на моб апликација. Во врска со креирањето акаунт мислам дека баш пред некоја недела отворија друга тема на форумов за помош и совети со Интерактиве Брокерс, види си таму, или пак во оваа тема отвори ги првите неколку страници може да има корисно инфо.
 
CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
Здраво на сите
Пробав да најдам нешто повеќе во врска со данокот на дивиденда, капитална од странство итн... преку ИБКР па и преку наши банки кои пружаат брокерски услуги во странство.
Конкретно пример за на XETRA, како да им кажам на ИБКР дека МКД има договор со Германија за избгенување на двојното оданочување, па ИБКР да не ми сопира за данок во Гер? Па кога парите ќе ми легнат на банкарска сметка кај нас јас уредно би си пријавил/платил данок соодветно.
Дали доколку наместо ИБКР за брокер сум избрал наша банка, во тој случај нашава банка ќе го реши случајот со избегнување на двојното оданочување во странство? (повторно Германија како пример)

Со Германија ако добро се сеќавам данокот е околу 27% + уште некој % charity.

Однапред благодарам
 
Член од
20 мај 2022
Мислења
6
Поени од реакции
5
Zdravo, povlekov preko interactive brokers 95 evra za proba da vidam kako ke bide plakanjeto na danok, se javiv vo UJP se konsultirav so danocniot sluzbenik i mi rece da gi prijavam parite kako prihod od prodazba na hartii od vrednost ( da mu pratam izvestaj od prodazbata na akcijata i mi rece deka ke ja platam samo razlikata na megu kupenata cena i prodadenata cena )
sega otvaram E-pdd i gledam deka treba da platam danok 10% na celata suma na tie 95 evra.
SOVET ?
 
Nemas obvrska da plakas danok ako si gi kupil akciite pred nova godina a si gi prodal posle 1.1.2023
Автоматски споено мислење:

Short squeeze.jpg

ААПЛ со промашен и ревењу и ЕПС и најлош резултат од 2015-16 година, наместо да биде казнет растеше минатата недела влечејќи ги сите индекси нагоре. Коа ја гледам НВДА за момент мислам дека сме повторно во 2021 у прајм на булл маркетот . Always, The devil is in the details. Чартот погоре покажува дека од нова година имаме Short squeeze во габарит поголем дури и од оној ноторниот на Game Stop и останатите meme траш од 2021 година. Хеџ фондовите шо со причини го шортаат пазарот од средина на минатата година па навака за да не си ја нарушат репутацијата и кредибилитетот полека капитулираат пред никогаш променливиот човечки емотивен нарав коа се работи за берза и инвестиции. Си ги купуваат назад шортовите по секоја цена.
Многу интересен период не очекува. Сите се сконцентрирани на ФЕД шљам пивот но никој на последиците шо веќе се присутни од политиките на ФЕД. Штом ќе стивнат шорт покривањата и earnings влошувањата ќе станат предоминантни, следува бабачко нога подолу на сите пазари. Фед и да интервенира ад хоок ќе треба веројатно една година да се консолидираат штетите шо ги потенцирав погорe, пред воопшто акциите да почнат да растат.
 
Последно уредено:

CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
Уфф...
Инфо барем за оние поновите.
Незнаев дека на Vanguard треба да се депонира мин $3K за да отвори акаунт па да се купи нешто од VFIAX (S&P 500).

Дали негде грешам? Незнам дали може/иде преку ИБКР?
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373

Тоа ти е хеџ фонд, со спеицјална политика и специјални критериуми. Купи си го VOO, VTI ако сакаш без некои специјални критериуми.
 
Член од
13 март 2013
Мислења
448
Поени од реакции
715
Чекај, чекај, чекај!

Во врска со Одговор 3, во новиот закон за данок на личен доход (http://www.ujp.gov.mk/mk/regulativa/opis/425), во член 12, ставка 39-а) јасно си пишува:
„Данок на доход не се плаќа на капитални добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд доколку имателот ги поседувал за период подолг од две години.“

Во врска со Одговор 2, Членовите 116 и 117 гласат:
Прегледај го приврзокот 365529
Не знам што точно се подразбира под „Започнати постапки“ во член 117, но јас го интерпретирав дека сите хартии од вредност купени пред 1.1.2023, ќе се даночат со законот пред 1.1.2023, т.е. ќе бидат ослободени од данок. Грешам ли?

За интерпретацијата во Одговор 1 се согласувам, но тоа веќе беше дебатирано во оваа тема.

Малку е загрижувачки што самите вработени во УЈП не ни знаат како треба да се даночат овие ствари...
Еве што ми одговори
Кај Одговор 3 – за ослободувањето, клучен е делот издадени од инвестициски фондови? Доколку имате доказ за ова, да може да бидите ослободени.......

Одговрот 2, цитираните членови 116 и 117
Тоа се преодни одредби кои укажуваат како се постапува кога се менува закон, во случајот до 2018 важаеше Закон за персонален данок на доход, од 1.1.2019 на сила е Закон за данок на личен доход. Според овие преодни одредби - Капитална добивка остварена од продажба на хартии од вредност се оданочува почнуваќи од 01.01.2023 година, што значи доколку продажбата се случува после од 31.12.2022 година и наваму и ако има капитална добивка, лицето кое ја остварило мора да плати данок на личен доход од капитални добивки.
 
Сакаат да не сјебат со некои ситни детали и разлики меѓу персонален и личен доход... Ова мора и ние салам да го испитаме.

Дечки тоа е после ова рели и направени 25-30% на портфолиото, од вечерва сум и јас Мечка. 40% - 50% од странското портфолио ми е во кеш. Можеби се спуштам прерано и нема да фатам некое рели до крајот на неделата, но тешко е да се фати последната станица, па се симнувам малку порано.

Очекувам волатилност, силен пазар на труд во САД, и некое потфрлање кај добивките кај некои од компаниите. Ова ценовно ниво кај Европските индекси е лудо високо, па очекувам и таму некое нагло спуштање.

Watclist-та е спремна. И сега трпеливо чекаме да се појави мечките и да пукаме по нив.

Очекувам до крај на мај, евентуално јуни да бидам пак 100% пак во акции. Се читаме.
 
Welcome to the permabear club 2022-2023 :)
 
Член од
24 декември 2020
Мислења
26
Поени од реакции
32
Еве што ми одговори
Кај Одговор 3 – за ослободувањето, клучен е делот издадени од инвестициски фондови? Доколку имате доказ за ова, да може да бидите ослободени.......
Што знам, лично скептичен сум дека е така. Тоа „издадени од инвестициски фондови“ се однесува на зборот „удели“, а не и на „хартии од вредност“. Насекаде низ законот е така, хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фондови ги споменуваат заедно.

Нејќам да се правам експерт во толкување на закони, бидејќи сум далеку од тоа, но во овој случај сум прилично сигурен во мојата интерпретација.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom