Јас вака како што те гледам по постовите и искуството што го имам ќе ти кажам без да ми се налутиш, па не дај боже да извадиш некој прљав веш и за мене ако се враќаш наназад низ форумов, зошто и јас имам минато на корупција и бев во матните води на форумов пред да се вратам на правиот пат
Шала на страна а и да не е, не си опасен противник (ова е со добра намера) зошто НИКОГАШ нема да ми ги вратиш мене постовите наназад и да го оформиш профилот за мене како личност спрема моите ставови и да ми дојдеш онака одназад и да ме нападнеш ама ти пиле сега едно збориш пред 5 месеци друго еве ти тап тап на лице место што си пишала каде јас станувам невалиден фактор да се расправам понатаму со тебе за тоа, а и воопшто и невалиден соговорник секому тука зошто сум преварант, лажам, не сум озбилна и тн, него ќе ми пишеш "ЗНАМ ЗА ТЕБЕ СЕ ЗНАМ КОЈА СИ ЌЕ ГО ЈАДЕШ ДА ЗНАЕШ НЕ ЗНАЕШ СО КОГО СИ ИМАШ РАБОТА... или така нешто.
Да читаш меѓу редови и да споредиш, немој да ги потценуваш луѓето кои сакаш да ги "закопаш" а да се преценуваш себеси, зошто во толпата нестручни има и многу опасни ѕверки, опасни манипулатори и психопати.
Ние како народ вечсности знаеме за тие институции, како работат, што се работи таму, зошто се работи и што се случува. Дел биле таму виделе, дел се бореле со тоа зло, дел сеуште се борат, а секој еден од нас има најмалку две блиски особи што биле осакатени од овие институции. Кога ќе го земеш тој процент, статистички испаѓа дека една третина од државава имала проблеми со нив. И мислиш дека во тие луѓе никој не се обидел да обелодени нешто, да сподели, дознал нешто или за своја неправда се борел на секој начин и од тие вечности до сега што се случило?
Колку пати центрите одговарале за нешто?
0 пати.
Колку пати центрите исплатиле оштета на некоја странка?
0 пати.
Колку пати центрите барем јавно се извиниле на некој?
0 пати.
А што знаеме ние од три реда пишано до сега за тебе? Мада навистина не требаше толку да навлегувам не ми беше тоа намерата.
Ти ни влезе тука онака со дерење "ЈАС ДАДОВ ОТКАЗ ТИЕ ТРГУВААТ СО ДЕЦА ИМАМ ДОКАЗИ СЕ ЌЕ КАЖАМ ЌЕ ГИ УНИШТАМ" и секој нормален човек, секој изгорен човек знае дека никогаш никој нема да ја уништи таа институција, па најмалку ти со вакви изјави каде во најмала рака ќе поминеш само како несериозно сфатена, па со тек досадна па и до некаде и разбирам и зошто и банирана.
Категорично ти тврдам дека апсолутно ништо нема да постигнеш, никој нема сериозно да те сфати, никаде нема да најдеш поддршка, батали овие тука борци што те бодрат бори се па да изгинеш, ни треба некој со муда.. Не ни треба никој со муда, моментално мудата ќе ти ги скинат.
И јас не го пишувам ова зошто сум на страна на тие институции, напротив, прва би застанала до некој за кој би мислела дека може да направи нешто барем едно зло да се обелодени, го пишувам многу добронамерно, зошто конкретно ти нема ништо да смениш и те молам да се откажеш од оваа идеја. Поради тебе.