Трговија со луѓе

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Филмот е несвест! Еднаш сум го гледала, ама мислам дека и сто пати да го гледам ќе се ежам и ќе се гадам од такви луѓе. Која разработена стратегија ја имаа, страшно нешто! И знаеме сите дека тоа го има и во реалниот живот, не е присутно само во филмови.
Што да кажеме за таа појава? Да е нешто убаво, па да не застанам со зборување, ама за вакви ситуации единствено што ми доаѓа е одвратност и не би знаела да одберам точни зборови со кои би искажала што мислам за појавава.

Најверојатно треба човек да се замисли кога ќе види нешто сомнително, на пример висината на платата која ја нудат и можеби е добро да се распрашаш за фирмата пред да аплицираш (иако не мора да значи дека информациите би биле вистинските).
И пожелно е да не преземаш на своја рака се`, добро е да се консултираш на пример со родителите, како што кажа ramada.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Филмот два пати сум го гледала и два пати се ужаснав од реалниот начин на кој е прикажан, што значи од стоките кои можат да го работаат тоа.
Не верувам дека некогаш може да се сопре овој бизнис, но верувам дека може да се намали трговијата со малку пообразовани луѓе.

Еве ќе тргнам со примери од филмот, кои сите се согласуваме дека се меѓу нас.
Значи пи*ка му матер, како може една жена која била изиграна еднаш во љубовта, има дете од таа врска, да наседне после две-три излегувања со дотичниот да прифати да замине на пат со него, а притоа и помислата дека има мало девојче дома да не ја спречи?
Таквите жени донекаде не ги ни жалам ... со кој памет бе ... башка нели, се случува тоа во земја каде најмногу лица исчезнуваат со таа трговија ... немогуче колку се прости жениве, немогуче!

Друг пример, тоа девојчето што замина без знаење на татко и, демек манекенка ќе се прави во Америка ... абре може ли попросто да изреагира некој? Два грама мозок се доволни да се сетиш дека има нешто сомнително кога те зема на патување една агенција, а притоа ти викаат дека можеш и без пасош ... деца невоспитани.

Ај ќе кажеме и дека има жени кои баш немаат излез и се лажат за некоја пара па одат по други земји да работаат ...
Тие па ... пропаднале во земја кафичите кај нив, па мора да патува преку свет за таа работа? Не може ли да размисли малку, особено во денешно време кога толку се форсира и на ТВ таа трговија со луѓе?
Неможе да ме убеди никој дека некоја жена немала излез и затоа прифатила слепо да замине во друга земја, со непознати луѓе ... ма ајде, глупости.

Така да, сум за вечен затвор за стоките кои стојат зад оваа работа, каде што ќе ги мачат секој ден по 24 часа, но неможам никако ни да ги оправдам жените (најчесто) кои можат да паднат во таква стапица. Не е тоа никогаш нешто во што неможеш да се посомневаш ако собереш 2 и 2. Секогаш е или платата нереално висока, или без потребните квалификации сепак те прифаќаат да работиш, или може да те префрлат без документи дека си нешто посебна може, или е шармантен дечко кој од прва се заљубува во тебе ... сето тоа е нешто во кое секој човек треба да се посомнева!

Многу се нервирам кога мислам на ова, па незнам веќе што да кажам ...
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
Тие што ги гледаме тука како проститутки и даваат изјави дека им била ветувана друга работа е ЧИСТА ЛАГА!

Сите тие знааеја во што се впуштаа кога доаѓаа тука, дека ќе бидат проституки! Немаштијата си го прави своето...и зошто така лажат...бидејки ќе бидат осудени за проституција,па измислуваат приказни дека им била ветувана поинаква работа. Не е еден случај ова...и врапчињата знаат!
 

RealGirL

My LiFе...My ST0Ry
Член од
13 февруари 2006
Мислења
2.348
Поени од реакции
19
Најчесто се разлигавувам на ваквите филмови,а не ретко како што кажа Дивајн вината е во жртвите,што непромислено постапуваат,иако мислам повеќе ми е од револт,гнев,гадење...
Некој погоре спомна дека
ветуваат ОГРОМНА заработувачка.Заштитување од такво негативно искуство постои:АКО Е ПРЕМНОГУ ДОБРО ЗА ДА Е ВИСТИНА,ТОГАШ НАЈЧЕСТО И НЕ Е ВИСТИНА
што е многу точно!Секогаш големата сума на лесно зароботени пари е нелогична!Можам да ги разберам девојчињата од 15-16 години што им светкаат очите кога ќе се спомнат евра за кои и нивните може да сањаат,па да се излажат,па да скријат од нивните и додека се освестат што ги снашло веќе се во таа трговија,од која и не е баш лесно да се извлечеш!Ама жени со искуство...:tapp: Што ти прават парите значи!
Кога сме веќе кај филмовите ќе го спомнам и рускиот Лиља форевр!
Девојката немаше татко,на крај и мајка и ја напушти си отиде со друг маж и девојчево остана само на себе!Се фати со дечко,кој мислеше неизмерно ја сака и заштитата ја најде во него,се согласи да замине од нејзиниот град..нели таму веќе ништо не ја врзува,типот ја остави на граница демек да преспие кај некој негов другар,на него као му искрснало нешто..и фактички ја продаде!
Трагично,али сепак дел од нашата реалност!
Затоа памет во глава,денес ни левото око не му верува на десното!
 
Член од
5 април 2007
Мислења
252
Поени од реакции
4
Takva tema veke postoi otvorena od Divajn,(Trgovija so luge),samo ovaa e so drug naslov,interesno e sto i tamu istite furmadjii gi dale istite mislenja kako i ovde,e pa aj i jas ke go kazam istoto no vo poskratena verzija.
Nikoj nasila nemoze da te nosi nikade i od tebe da napravi prostitutka.
Toa sto go gledate po filmovite i po televiziite e cist fol.
Mnogu e mal procentot na takvi slucaevi kade sto nekoj sosila te tera da rabotis nekoi raboti,a kako odi taa procedura veke objasniv vo temata (trgovija so luge), po duri i Volkswagen mnogu ubavo objasnuva i stoposto se slozuvam so negovoto mislenje.
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Volkswagen напиша:
Тие што ги гледаме тука како проститутки и даваат изјави дека им била ветувана друга работа е ЧИСТА ЛАГА!

Сите тие знааеја во што се впуштаа кога доаѓаа тука, дека ќе бидат проституки! Немаштијата си го прави своето...и зошто така лажат...бидејки ќе бидат осудени за проституција,па измислуваат приказни дека им била ветувана поинаква работа. Не е еден случај ова...и врапчињата знаат!

На едно мое патување кон Софија со автобус, седнав до една бугарка, некаде 30 и нешто години имаше. Нормално ќе падне муабет колку да тепаш време и да не ти биде досаден патот. Испадна дека типката иде дома на викенд, да си го посети 5 годишното дете, кое било со мајка и. Ја прашав а зашто кога веќе работи во Скопје, не го зима и детето со себе. Ми одговори ноќната работа не е за деца, немам време да му одвојам на детето, работам во ноќен бар како "келнерка". Топ си реков, во кој бар, можеби некогаш ќе поминам па ќе се напиеме по една пијачка....одговорот го знаете и самите...
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Дивајн напиша:
Се мислев дали темава да ја спојам со мојата, но кога веќе истото се зборува (а секако неможе да е многу различно) ете сега ги ...
Продолжете ...
Како си ме зезнала...пишував пост, стискам испрати и кврц. Во меѓувреме си ја споила и не ми се прати:)

Ме мрзи пак да пишувам, aма накратко сакав да го кажам ова:

Мислам дека скоро сите од нив знаеле што ги чека, не се до толку наивни. Разликата е што пред да почнат да го работат тоа, желни за лесна пара спечалена со пичка и луксузен живот, си праеле математика дека ќе штанцаат по 1000-2000 евра дневно, а кога почнале и босот им давал колку за шминка, гардероба и за џепарац, задржувајќи го главниот дел за себе, почнуваат да се чувствуваат измамени и самите се прогласуваат за жртви.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Ај ем соу сори ... баш ми е криво ...
Туку ете, тоа е тоа со други зборови, кога се работи за жртвите ... да не знаеш дали да ги жалиш или да не ги мислиш воопшто.
Не верувам дека сите така заглавуваат, но ете, поради повеќето, глобално лошо мислење се има и за тие кои можеби полукаво биле наместени ...
Лошо ...
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Па и да знаат во што се впуштаат сепак се работи за човечки суштества и како такви треба да се третираат. Не се тие ништо поразлични од нормалните луѓе... А третманот што го добиваат како ”стока” на пазар мислам дека не е во ред.
 

СпаЈдеР

DissentiveMoron202
Член од
1 март 2006
Мислења
3.201
Поени од реакции
52
Го имам гледано филмот Хјуман Трафисинг и ме растажи и згади од помислата како може да постојат такви луѓе,ненормални,болни луѓе кои имаат деца,и со сета свет посетуваа интернет порно страници со детска порнографија,па и да немат деца,ако случајно некад се опаметат,се оженат имат дете,каков татко е тоа кој некогаш еб*л деца ко неговото? :tapp: Ова го зборам за децата(оние малите),тие повеќе би ги нарекол жртви,ама сепак за малите деца и тинејџер(к)ите како можат да помислат од несигурни извори да идат некаде,или да направат нешто без да им кажат на родителите,а за големите,возрасни луѓе,тие што знаеле што ги очекува и прифатиле ги сожалувам,ама оние кои не знаеле,па зар малку не им изгледа сумнително тоа што го пишува во огласот,или пак пријателот,ако он те прати ваљда не ти е толку близок. Не знам,големи казни треба да следуваат за трговци и за муштериите,а за жртвите треба да се подобри свеста на луѓето кои се впуштаат во вакви работи,или кои се очајни доволно да звонат во таква високо-платена агенција. У секој случај,страшна работа е ова,светот станува се поопасно место за живеење,и се поголемо внимавање треба да има од страна на секој човек бидејќи никогаш не знаеш што може да те снајде поради едно извини на момче кое си му го истурила кафето :smir:
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Случајно стигнавме до оваа тема на темата Сексуални работнички..
Бев на семинар на оваа тема и моментално правиме форум театар на истата.. Ме интересира колку луѓето имаат претстава што е трговија со луѓе? Колку знаат што е тоа и колку се заинтересирани воопшто?
Што вие подразбирате под тоа Трговија со луѓе?
 

Yugo

Law rules
Член од
12 декември 2005
Мислења
8.251
Поени од реакции
28
Случајно стигнавме до оваа тема на темата Сексуални работнички..
Бев на семинар на оваа тема и моментално правиме форум театар на истата.. Ме интересира колку луѓето имаат претстава што е трговија со луѓе? Колку знаат што е тоа и колку се заинтересирани воопшто?
Што вие подразбирате под тоа Трговија со луѓе?

Трговијата со луѓе е најнезаконската... затоа тоа што нигде не е одобрена целосно.. делумно е во Амстердам... Под трговија со луѓе подразбираме продавање на луѓето како предмети и нивна злоупотреба.. како на пример за да работи по дома како слугинка, чистачка итн, после може да се продае човек да служи како роб за други физички работи.. но исто така и како проституките со се.. народно кажано КУ**ИТЕ... после тоа стриптизерките во стриптиз баровите, гејшите и многу други видови... така да трговијата со луѓе е многу опширна за објаснување.
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Проституција е доброволно продавање на телото.. Без разлика дали под нечив надзор или не.. Проститутките си работат и си зимаат пари.
Трговија со луѓе нема ништо доброволно..
Тоа е експлатација и целосно кршење на човекови права... Во никој случај неможе тоа да го прифати некој.. Ни во Амстердам ни нигде не е прифатена трговијата со луѓе.. До некаде е легализирана ПРОСТИТУЦИЈАТА.. А има огромна разлика.. Сосема друго е..
Со измама, лажење, па и киднапирање ги внесуваат жртвите во ланецот на трговија со луѓе..
И не станува збор секогаш за сексуална експлатација.. Неретко е за да се искористи нечив труд за тешка физичка работа или пак криминал или вадење и продавање на органи.
А проституцијата е секс за пари како што кажав доброволно.

А да.. И за повеќе информации за овој проблем што е доста раширен и кај нас..
www.lastrada.org.mk - Страната на Отворена Порта невладина што превзема превентивни мерки преку семинари, превентивни материјали, СОС телефонски центар, собиралиште тоест дом за жртвите на трговија со луѓе.. Заедно е со невладини против трговијата со луѓе од повеќе земји во светот.. Воглавном тоа се најкритичните.. Земји на потекло.. А за жал ете во тие сме и ние..
Затоа луѓе информирајте се повеќе на оваа тема.. И пред да ја донесете секоја побитна одлука во животот..
*Информирај се за да се заштитиш себе и твојте најблиски!*
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Според оценките на Обединетите нации, во светот секоја година се тргува со 2 до 4 милиони луѓе.
Секоја година незаконито се доведени во Европа околу 200.000 луѓе, пред сè заради сексуално искористување – Националното одделение за борба против криминал на ВБ
80 % жртви на трговија со луѓе преку меѓународни граници се жени, а 70 % од овие жени и девојки се предмет на продажба заради сексуално искористување – Стејт Департмент
Се проценува дека годишниот приход од трговијата со луѓе изнесува од 7 до 13 милијарди долари.
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Еве за подетално опишано и постручно..
Текстот од новиот превентивен материјал на Отворена Порта како подетално објаснување на темата ќе го пишам овде..

Што претставува трговијата со луѓе?

Трговијата со луѓе е:
1.Кривично дело
2.Најсурово кршење на човековите права

Трговијата со луѓе претставува експлоатација со цел:
-Сексуално искористување
-Присилна работа
-Лажно посвојување
-Присилни и лажни бракови
-Присила за правење криминални дела (како питачење, крадење)
-Вадење на органи

Трговијата со луѓе опфаќа:
-Врбување
-Измама
-Превоз
-Пренес
-Прифаќање
-Засолнување
-Криење

При што се користи:
-Сила
-Закана
-Заплашување
-Принуда
-Киднапирање

И сето ова со една, единствена цел -
експлоатација на човечкиот труд и човечкото тело



Дали трговијата со луѓе постои и кај нас?

Трговијата со луѓе претставува сериозен меѓународен проблем и за жал постои и кај нас. Република Македонија не е само транзит-земја низ која поминуваат жртвите на трговија со луѓе, и земја на дестинација во која што пристигнуваат и престојуваат жртвите, туку и земја на потекло.
Ако трговијата со луѓе се случува надвор од границите на една дрѓава тогаш таа претставува транс-национална трговија со луѓе, но доколку се случува во рамките на границите на една држава, тогаш таа претставува внатрешна трговија со луѓе.
Не е задолжително да заминете во странство поради работа, студирање, туризам за да станете жртва на трговија со луѓе. Жртва на трговија со луѓе може да станете и во својата држава!



Кој се може да биде жртва на трговија со луѓе?


Трговијата со луѓе постои насекаде околу нас и секој може да стане жртва, па и ТИ!

Може да и се случи на мојата најдобра другарка или другар, на момчето што го запознав минатата недела во диско, на другарката од основно училиште која седеше во прва клупа и сите и беа петки, на соседот кој минатата година заврши факултет, на роднината што замина на работа во странство..
Жртва може да биде секој, маж, жена, дете, независно од нивната возраст, образовани, верска припадност. Жртвите се луѓе кои индивидуално или колективно претрпеле физички или психички повреди. емотивно патење, економско оштетување или константно трпат прекршување на основните човекови права.



Кои се трговците?

Трговците може да се кријат позади некои бизниси како:
-Сомнителни агенции и лажни огласи кои нудат работа за чување деца, домашни помошнички, келнерки, манекенки, секретарки, болничарки, деловни придружнички
-Агенции за модели
-Агенции за склопување брак и познанства
-Агенции за работа во хотели, ресторани, барови
-Агенции за работа на брод, градежни работи
-Туристички агенции
-Интернет агенции

..Но трговците можат да бидат и индивидуалци и тоа твои познаници, пријатели, роднини..



Што прават трговците?

-Користат измама или лажни ветувања
-Те продаваат и купуваат како "стока"
-Со насилство те принудуваат на работа
-Не ти плаќаат за изработеното
-Ти се закануваат дека ќе му наштетат на твоето семејство
Со еден збор, ти ги ПРЕКРШУВААТ твоите права!

Кои човечки права се прекршуваат?
-Право на живот
-Слобода
-Работа
-Образование
-Достоинство
-Сигурност
-Еднаквост
-Здравје

Жртвите на трговија со луѓе претрпеле психичко и физичко насилство, биле искористени и измамени. Затоа ТИ не треба да ги осудуваш, туку да ги прифатиш, подржиш, да им помогнеш и да ги охрабриш да го пријават својот случај во полиција.
Жртвите на трговија со луѓе поминале низ пекол не по сопствена вина, туку по вина на трговците!



Што треба да направам?

-Да ја проверам легитимноста на агенцијата преку која сакам да се вработам
-Да ги избегнувам огласите за работа кои се потпишани само со име или мобилен телефон
-Да не прифаќам работа ако се сомневам во веродостојноста на договорот
-Пред да потпишам договор за работа да се посоветувам со правно лице или НВО
-Деталите за работата да бидат наведени на писмен договор
-Да внимавам на времетраењето на договорот и последиците од неговото прекинување
-Да ги известам родителите, старателите или пријателите за моите планови
-Да се јавам на СОС линијата на Отворена Порта за повеќе информации!
0800 11111


И што уште?

-Да дознаам повеќе за проблемот и да ги надминам своите предрасуди "тоа им се случува на другите", "мене тоа никогаш неможе да ми се случи", "тоа постои само на Запад", "на тој што му се случило е глупав и необразован", "сами си го барале"..
-Да зборувам гласно за овој проблем со своите пријатели
-Да ги упатам другарите и пријателите од моето опкружување за повеѓе информации за проблемот на трговија со луѓе


Има и вистинска приказна на оваа тема.. Ако сакате ќе ви ја напишам и таа..










 

Kajgana Shop

На врв Bottom