БАЛКАН
Канаѓанец: Купив бубрег на Косово
24. 01.2012 - 10:22:04
Канаѓанецот Раул Фајн, кој тврди дека во приштинската клиника “Медикус“ во 2008 година за 87.000 евра му е пресаден бубрег од една руска државјанка, ќе сведочи на шести наредниот месец против “Доктор Франкенштајн“ во случајот за трговија со органи и нелегална трансплантација, пишува српски “Курир“, пренесува Нетпрес.
Фајн, кој е консултант за инвестиции, од свој роднина од Израел добил информација дека својот проблем со бубрезите може да го реши на Косово.
“Ме запознаа со Моше Харел (во обвинението посредник на турскиот доктор Јусуф Ерџин Сонмез “Франкенштајн“) на кого му ја испратив медицинската документација поради анализа во Турција. Набрзо ме известија дека е пронајден компатибилен бубрег, а на 15-ти јули уплатив 87.000 евра на банкарска сметка во Израел“, раскажува Фајн, додавајќи дека девет дена подоцна со сопругата отпатувал во Истанбул.
“Десет дена подоцна, со уште еден клиент од Германија со авион на ’Туркиш ервејс’ од Истанбул тргнав на пат кон Приштина. Во истиот лет беше и Русинката Ана Русаленко (45) и уште една жена од поранешниот СССР, потенцијални донатори на бубрегот“, вели Фајн и додал дека после операцијата, која Сонмез ја извршил во Приштина, повеќе никогаш не слушнал за Русаленко, од моментот кога го добил бубгрегот.
Обвинителот на Еулекс за организиран криминал Џонатан Рател рекол дека жртвите на трговијата со органи ги враќале со авион назад во Истанбул, без да им биде дадена постоперативна терапија.
“Русаленкова се вклопува во шаблонот на таканаречениот донатор кој живее во длабока сиромаштија. Истрагата покажа дека жртвите полека биле врбувани за она што ги чека, со ветување дека за бубрегот ќе добијат 20.000 долари, што најчесто не се случувало“, рекол Рател.
http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=97818&kategorija=5
Нека се нарекува со вистинското име, Косово и Албанија се трговците со органи. Масакар врз жртвите од конфликтот во Србија, жолтата куќа итн, можат да бидат само во извитоперените мозоци на Косоварите. До ден денес со амин од Косовската власт оперираат.