Трговијата со човечки органи во пораст во Јужна Европа

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Баш пред една недела излезе еден ваков оглас, но ете испадна дека бил лажен. Ме заинтересира колку се движи цената и што се како иде. Еве една статија од Нова Македонија, доста интересна, анализирајте и да почнеме со дискусија:
недела, 05 август 2012, 12:17

Европа
Трговијата со човечки органи во пораст во Јужна Европа
Здрав сум, немам никакви наследни болести, крвна група 0+. Нудам мој бубрег за паричен надомест, вака гласи еден од огласите со кои очајни Јужноевропејци преку наддавање ги продаваат своите органи. Според Светската здравствена организација (СЗО) илегалната трговија со човечки органи е повторно во пораст, откако беше зафатаена со стагнација пред неколку години
Порастот не се случува само на традиционалните пазари за трговија со човечки органи како Пакистан, Бразил, Филипини и Кина. И во Јужна Европа во услови на продлабочена економска криза очајни луѓе нудат на продажба бубрези, рожници, бели дробови, коскена срцевина, пишува шведскиот дневен веснник „Гетеборг-постен“.
Весникот ја пренесува приказната на Павле Мирцов (50) и на неговата девојка Даниела од Ковин, Србија, кои преку Интернет ги нудат на продажба своите бубрези за 30.000 евра, јави дописникот на МИА од Гетеборг.
- За да обезбедиме храна за своето семејство ниту продажбата на бубрег не е голема жртва, вели Мирцов за „Њујорк тајмс“, додавајќи оти му требаат пари за да ги школува своите деца. Досега тие добиле понуда од 20.000 евра од една жена од Македонија и уште една понуда од Германија.
Според СЗО во текот на 2010 се извршени околу 107.000 трансплантации, при што се проценува дека секој десетти пресаден орган бил набавен на црниот пазар. Овие податоци произлегуваат од проценките на мрежа хирурзи, кои известуваат околу сопствените операции и од специјалисти кои контролираат дали, на пример, пациенти на дијализа од нивните болници заминуваат на операции во странство.
Многумина трговијата со човечки органи ја означуваат како експлоатација.
- Тие што заработуваат на овој вид трговија се богати пациенти кои имаат средства да купат бубрег, лекарите, болничките администратори, посредниците и шверцерите. Тоа е сосема погрешно, морално погрешно - вели Џон Фејли, британски професор по медицина и специјалист за бубрежни болести.
Дали би направиле нешто вакво, ваше мислење кон однос на ова прашање?
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Да ми дава и 100,000 евра не го давам :cautious: а не пак за 20,000 евра проста маса на луѓе. Инаку според мене мислам дека на Балканов во последниве 20 год. најмногу царува мафија која се занимава со продажба на органи. И доктори кои се во болнициве. Според мене ништо ново и ништо чудно. и никој не е крив кога повеќето луѓе од балкнов и своите деца си ги продаваат за пари (n) Едноставно со еден збор проста маса на луѓе ништо повеќе.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Не. Не би продал за пари дел од моето тело.
Но би веднаш потпишал ако е можно да при ненадејна смрт,
или саобраќајка,или друг начин,да после тоа се што може да се земе од моето тело и се користи за пресадување на други болни лица,или за други медицински потреби.Се разбира сето тоа „бесплатно“.
Бесплатно до крај,без никаква трговија.Бесплатно и за примателите.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031

Отвараш и една голема тема. Што ако намерно ти направат "изненадна смрт" за да извадат тоа што им треба, одејќи на доктор за некоја банална работа п.р. имаш чир на грбот.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.581
Не. Не би продал за пари дел од моето тело.
Но би веднаш потпишал ако е можно да при ненадејна смрт,
или саобраќајка,или друг начин,да после тоа се што може да се земе од моето тело и се користи за пресадување на други болни лица,или за други медицински потреби.Се разбира сето тоа „бесплатно“.
Бесплатно до крај,без никаква трговија.Бесплатно и за примателите.
Е тука лежи зајчето. Бесплатно тешко, со платно може и тоа со многу платно. Ти ке потпишеш документ дека прифаќаш ама после тоа докторите може да си направат добар бизнис пошто, еден бубрег на црно се продава околу 80 000-100 000 еврони. Најдобро е да не потпишеш ништо пошто може и пред време да те убијат за да ти земат органче :)
 
S

Sagan

Гостин
Косово ја снабдува Германија со органи?

Приштинската клиника „Медикус“ ги проследува човечките органи од црниот пазар до клиниките во Гетинген, Регензбург и Берлин, пишува српскиот весник „Политика“.
Германските истражни органи влегле во трагата на ужасната вистина. Благодарение на репортажата од лице место, водечкиот германски политички неделник „Шпигл“, почнало да се одмотува клопчето на илегалната трговија и пресадување на органи, чиј главен центар е косовската клиника „Медикус“, наведува „Политика“.
Името на оваа клиника, потсетува „Политика“, редовно се споменува во врска со трговијата со органи на киднапираните Срби на Косово, но и со многу други жртви на таканаречената медицинска мафија.
Според податоците до кои дојде поранешниот швајцарски сенатор Дик Марти, во функција на истражителите на Парламентарното собрание на Советот на Европа, но и според наводите на специјалниот иследник на Еулекс, Канаѓанецот Џонатан Рател, приштинската клиника „Медикус“ била еден од најголемите снабдувачи на престижните клиники во Европа. „Пратките“, заминувале пред се, во германските специјализирани болници во Гетинген, Регензбург и Берлин.
Приштинската клиника, според наводите на Еулекс, се сомничи за трансплантација во дури дваесет од триесет случаи. „Медикус“, како клиниките во Молдавија и Казахстан, се насочила кон „вадење“ на органите на жртвите и нивно проследување на адресите на реномираните светски клиники, каде имотните пациенти чекале да им се пресади бубрег или црн дроб.
Германскиот неделник „Шпигл“ во својата репортажа на 29 јули оваа година, ја запозна германската јавност и јавното обвинителство за случајот на германскиот државјанин кому му е пресаден бубрег од една руска емигрантка од Израел. За износ од 81.892 евра и 72 центи, пациентот „Валтер“ (вистинското име и презиме не се соопштуваат во јавноста), добил здрав орган, а на донаторката „Вера“ и била исплатена „откупнина“ од 8.000 евра.
Како што наведува „Политика“, според податоците кои ги добиле кон крајот на јануари годинава, главен финансиер на приштинската болница бил професор Бер, а добар дел од неговите донации потекнувале од фондот на германското Министерство за економска соработка и развој со странство. Портпаролката на Министерството во Германија изјавила дека прашањето за финансирање на приштинската клиника од фондот на германското министерство ќе биде разјаснето во најкраток рок. Меѓутоа, утврдено е дека парите за „опрема на една болница во Косово“ се префрлени на хуманитарна организација, чие име не се споменува, наведува „Политика“.
Трагата на професорот Бер во Германија своевремено се губи, за повторно да се појави пред десетина денови.
Во разговорите со германските медиуми, на „Политика“ и било предочено дека минатата среда во Германија стапил на сила нов закон со кој се олеснува трговијата со органи. Но, бројот на доброволните донатори одеднаш опаднал, бидејќи јавноста е запознаена со аферата за незаконските трансплантации на водечките клиники, навеле од германските медиуми за „Политика“.
„Податоците дека органите за илегална трансплантација доаѓаат далеку од странство, индиректно поттикнува на заклучок дека илегалните донации во Германија се насочуваат во согласност со законот, кон оние пациенти на кои им се најпотребни“, изјавил извор од Министерството за здравство во Германија, пишува „Политика“.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
За тоа постои Косово, да не има рудници со злато.
 
Ништо ново..
 
Christian Lovato

stonecold
Член од
2 април 2012
Мислења
601
Поени од реакции
272
Ами па во Јапонија стотици илјади си ги продаваат органите за ајпод, ајфон, за некој динар плус...господе!!!:facepalm:
 
М

Мартин`

Гостин
Органи не, ама ако некој сака да купи и му треба коса 2-3цм или 1цм највеќе нокти секој месец нека ме контактира :D Инаку имам слушнато ама не сум сигурен.. вистина е дека крвта што се донира од народот потоа им ја наплаќаат на пациентите ?
 
F

FuckYouAll

Гостин
Јас знам еден шо е взатвор поради трговија со човечки органи.

Иначе не би продал ништо.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
Читав негде дека на богаташите по светот им требале органи исклучиво од балканот....
демек од другите краеви на светот биле подложни на инфекции итн...
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Јас мојот бубрег го давам за 5 милиони евра, ако е заинтересиран Бил Гејтс нека ме контактира.
 
Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.549
Поени од реакции
3.847
Не. Не би продал за пари дел од моето тело.
Но би веднаш потпишал ако е можно да при ненадејна смрт,
или саобраќајка,или друг начин,да после тоа се што може да се земе од моето тело и се користи за пресадување на други болни лица,или за други медицински потреби.Се разбира сето тоа „бесплатно“.
Бесплатно до крај,без никаква трговија.Бесплатно и за примателите.
Го гледав Seven Pounds баш пред два дена и размислував за нешто такво, иначе ако не си го гледал филмот топло ти го препорачувам, баш за ова се работи,
остани поздравен
 
Kajgana Shop

На врв Bottom