Да погледнеме у дефиницијата на трап музика и што уствари претставува трапот.
In trap music, lyrical themes must revolve around the general life and culture in the "trap" or in the actual southern "trap house" where narcotics are being sold. The term "trap" refers to places where drug deals take place. Other topics also include street life, acquiring wealth, violence, American vehicles, and life experiences that artists have faced in their southern American surroundings. By definition, if the "trap" is not discussed in the song, it is not "trap" music.
По дефиницијава на Wikipedia, може да сфатиме дека трап во државава да нема. Точно е, има музика чии што инструменталки се дефинитивно трап, но тоа не ја прави самата музика трап.
Интересен феномен у државава е тоа што постојано се појавуваат некои кремци кои што пеат срања од типот ,,растен на бетон", а нит растеле на, нит имале врска со бетон, да не навлагуваме у моабетот за шиткање роба и такви ствари.
Друго, слушателите на мак рап у државава го сакаат рапот поради тоа што можат да се повржат со истиот, т.е делумно тоа што се пее у мак рап песните добар дел од слушателите го имаат пројдено, го проаѓаат или допрва ќе го проаѓаат, нешто што не е случајот со трап музиката. Од таму и тие срања дека мак рап музиката била депресивна, на што јас би рекол дека мак рап музиката е уствари реалноста на младиот човек у државава.
Нашите што ги пиша дека прават трап музика си немаат допирна врска со трапот, целата нивна музика ти е класична поп мејнстрим музика. Овие американциве кои што ги наброја за трапери не се ни некој пример за трап музика.
Како бе трап култура во Македонија кога од младиве освен 2бона и ЗиБомб никој не прави квалитетна музика. Тркни до Британската дрил сцена да видиш што се вика култура и движење, кај нас јутубери со платени текстови биваат уметници.
Немам проблем спрема нив, си гледаат шанса да фатат некој денар го уновчуваат тоа ама тоа многу збори за нашата "сцена и култура" и тоа не у позитивна смисла.
Не можеш да споредиш македонска рап/трап/дрил сцена, со сцена на држава која што има х50 повеќе жители, а со тоа и повеќе артисти.
Друго, они го живеат тој трап живот и пеат за истото, нешто што овде е сулудо да го правиш поради тоа што нтш би ти се нацртале на врата да пееш и кажуваш за тоа каков криминал правиш и си направил.
Со последново нема да се сложам, баш тоа не монетизирање на сопствениот талент е причината поради која што тука нема никаква сцена, не само рап, трап или хипхоп сцена, туку никаква, со искључок на 2бона и слаткар кои што успеаја да си го монетизираат талентот и знаењето за музика.
Никој не би работал нешто СЕРИОЗНО без за истото да биде платен, макар тоа било и за неколку години од почетокот, нели? Не ја гледам причината за кењање на македонската рап публика кога некој ќе се шитне за некој динар, кога истата таа публика не знае да подржи било каков андерграунд артист, ниту е народов научен да купува CD-иња, ниту да прави рап журки (со исклучок на неколку рап журки што скоро 99% од времето се прават у СК), a од позитивни коментари на јутуб не можеш да се прехраниш самиот.
Ист моабет беше и со Џус кој што е РАП ПИОНЕР на балканов, меѓу прв (ако не и прв) балкански рап албум издадено, прв вистински трап албум на балкан (апетити ми расту), и што треба сега тој, да не си го уновчи талентот, да не го уновчи тоа што цел живот за снимање плаќал од сопствен џеб, тоа што учествувал у креирање на балканска рап сцена, итн? Колку кењање имаше по типот за тоа што ќе се заебаваше и ќе пуштеше некој народњак кој што увек експлодираше у популарност, народњак што му го пунење џебот и му го популаризираше брендот дупло повеќе него сите рап и трап албуми заедно. Не разбирам што требаше тој да направи, да остане на клупа, да дува, да шитка и да снима андерграунд, за да го тапка по раме некое детиште со моабетот дека го направил правиот избор?
Истиот моабет е и со Џака кој што на врв на сопствена популарност не сакаше да се шитне, а сега пробува да се шитне користејќи други правци на музика кои што нему реално не му одговараат и не звучат добро.
Истиот моабет ти е со Пука Козметика кои сереа по раперите кои што се шитнаа, за на крај самите да пробаат да се брендираат и да се шиткаат, ама неуспешно.
Реално, целиот моабет ти е со цела сцена, додека српски артисти, без разлика рап, трап или пак народњаци наплаќаат по десетици илјади за настап, нашите ни за 500 евра не ги земаат (со исклучок на 2бона и слаткар, кои што таргетираат српска и бугарска публика, бидејќи знаат каква е нашата).
За крај, дали љубиш трап музика или не е субјективно и прашање на вкус.