Познавам доволно луѓе кои работат на поле на вештачката интелигенција и роботика кои не би се согласиле со тебе. Вештачка, се мисли создадена неприродно, или од друг субјект. Ако другиот субјект станал свесен по природно еволутивен пат, колку вештачка е вештачката интелигенција, која настанува од природен субјект? Тука имаме проблем на семантика и на интерпретеација.
И да е машина .... Ако има моженост да прави размена на енергија, да се движи, да ги обновува залихите со енергија, да се размножува (можно и кај машините), тогаш тоа е аналог биолошки процес. Станува збор за биолошко битие, под дефиницја за тоа што сметаме дека е дефинирано според биологија, или според тоа што значи живот. Сега на тебе ти се чини абстрактно, бидејќи сегашната дефиниција опфаќа само органски форми на биолошки живот, не и синтетички. Во блиска иднина таа дефиниција неизбежно ќе се прошири, и ќе ги опфати и вештачките, синтетички форми на живот.
Ние имаме нешто наречено еволуција, кое како механизам, тежнее кон создавање на покомплексни форми на живот, дадено доволен временски распон за тоа. А за воопшто нешто да почне да еволуира, да постои на најбазичен органски начин, да има некоја базична форма, мора да се задоволени разни услови, и специфично, разни хемиски и физички услови. Моментот кога доволно комплексни органски соединенија и ланци на молекули наидуваат едни на други, и создаваат нешто налик на органела, тогаш почнува трката на еволуцијата. Ова е системот на еволуција кој важи за нас, органските форми живот. Процесот на осознавање се движи non-sentience > sentience > sapience. Етапи кои додаваат нова димензија на свесност. Кај машините, малку поинаку би била распределбата на етапите. Прво би доживеале сапиентност (создавање на индивидуа, разум, 'I, Robot' сценарио), па дури подоцна, сентиентност, каде се создаваат сензации, емоции и емпатија итн. Кажано во еволутивни рамки, како би се движела аналогна еволуција на машински форми живот. Сега , денес, како тоа што го објаснив кајсоздавањето на органските форми живот, немаме доволно комплексност, немаме доволно соодветни услови за вептачката интелигенција да има старт, како базична форма живот, да може да прогресира на некакво квази-еволутивно ниво. Но се движим ево таа насока.
Мислам дека работите во врска со вештачката интелигенција ги гледаш од погрешна призма. Ептен софтверски, ептен кец, нула.