Настанот кој што се случува во нашиот мозок е само хардверска операција. Калкулациите што ги прави мозокот предизвикуваат одредени доживувања, но не се самите доживувања. Значи процесите во мозокот -> доживување. A не процеси во мозокот = доживување.
Како филозофска дебата да, слична на оние во минатото, кога луѓето шпекулирале каков е светот околу нив.
Исто е ко да си кажеш како произлегува живот од збир на неживи атоми од кои е составен човекот, сигурно и животот е нешто нематеријално, одвоено од механичката природа на телото.
Текстов што го напиша може да се поистовети со бранењето на бог од страна на црквата. Материјално и нематеријално?
Кои се тие научници кои се светлосни години напред? Кои се нивните истражувања и резултати?
Неопипливоста на нематеријалниот свет е она што ја тера науката свеста да пробува да ја објасни во физички граници но не успева, зашто самата идеја е апсурдна. Е има луѓе, научници кои полека се свеснуваат и сваќаат дека неможе да се објасни во физички рамки, но како за се во науката ќе треба да помине доста време, да удрат во еден, друг, трет ќорсокак па за да го видат тоа што им е пред очи, буквално пред очи.
Од твојот линк до некој хипи сајт со кој ми објаснуваше на што мислиш..
As astronomer Carl Sagan expressed his position, “My fundamental premise about the brain is that its workings – what we sometimes call mind – are a consequence of anatomy and physiology, and nothing more.” Nobelist Francis Crick agreed, saying “[A] person’s mental activities are entirely due to the behavior of nerve cells, glial cells, and the atoms, ions, and molecules that make up and influence them.”.
Овие се ставовите кои се блиски до моите, а ти ги сметаш за ограничени и доматски.
Текстот во линкот не кажува ништо суштинско, само некои нафрлања од психолози и филозофи за она кое тие го смеатаат за свест. Нема никаков доказ ниту причина зошто би се замислиле дека нивното тврдење може да има нешто вредно за размислување.
И атомот е нешто кое не може да се види и почуствува, па модели на атомот имаме цел 20-ти век, теории кои и експериментално се покажаа како точни. Дали стандардниот модел на атомот е конечен? Се разбира дека не, ама не треба да се вели дека тој е нешто нематеријално и нема никогаш да ги откриеме вистинските механизми.
Дали точно знаеме што е и како е? Не, исто како и за емоциите и како може да се опише нешто кое се доживува. Но имаме приближна слика.
Како напредува науката се затвараат едни врати, но се отвараат и други подлабоки и мистериозни.
После некое време, се покажува дека се она кое некогаш сме го сметале за мистично и необјасниво, полека му се наоѓа место во нашето разбирање на се она кое е околу и во нас.
Знаеш ли колку апсурдно звучи твоето спомнување на нематеријалното, слично на несреќната реченица на Ајнштајн, дека господ не фрла коцки, за која длабоко се покаја, во обид да најде поелегантно решение, отфрлајќи ја вистинитоста на квантната механика. Истите моменти на сомнеж и незнаење ги имале и Хајзенберг и Шродингер и многу други, но не треба да ја поврземе нивата слабост во некој момент со тврдење дека ете и тие се согласуваат со некои езотерични филозофии.
Види, јас те разбирам што сакаш да кажеш. Разбирам дека луѓето понекогаш од очај и удирање во ѕид со некоја теорија се способни и да бараат сламка за спас, едноставно откривање на основите на универзумот е премногу привлечна област и сакаат да допринесат со донесување на свет на нешто ново. Но на крај знај дека што и да се замисли и каква и теорија да се постави, нема да има големо фајде од истата се додека експериментално не се докаже.
И колку и да удираат во корсокаци, ќе продолжат да работат и да откриваат.
На крај да дојдеме до темава. Повторно е премногу смело да се тврди дека вештачки создаден организам, никогаш нема да може да сака, чувствува. Проблемот кој ти го имаш е детерминизмот во постапките на машината, во систем кој функционира врз 1 и 0 основа. Но, тоа е нивото на сегашната технологија. Ништо не покажува кон тоа дека идните комјутерски или од човекот создадени билошки организми, нема во своите основи да имаат покомплексни стохастички единици или групи кои ќе бидат многу поуспешни во симулирање и со тек на време и реално манифестирање на способности кои се денес специфични само за човекот.
Од една страна велиш дека физичарите треба да си ги отворат мислите кон можностите дека постои некој нематеријален ентитет кој е независен од физичкото тело, од друга наполно ја отфрлаш можноста за иден нов организам кој ќе развие човеколики карактеристики. Зарем мислиш дека човекот е уникатно посебен и за него не важат физичките закони кога станува збор за функционирање на она кое го велиш свест? И ако не, зошто тогаш би било сосема отфрлена можноста дека спознавањето на точните закони нема да донесе и резултат. На крај следната етапа од човечката еволуција можеби ќе биде плод на компјутерски ентитет, можеби набргу компјутерите ќе бидат оние кои ќе ги заменат луѓето во идните креативни достигнувања.