Тоталитарниот режим на Ердоган, политичката иднина на Турција

Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
На Турците ќе им остане Македонија Косово и Босна како интересна сфера и нејзино протегање во Европа
Доколку МКД и понатаму ако не успее да влезе во ЕУ и НАТО постои шанси да биде или под Турција или под Русија. Едноставно македончето ќе биде робче доколку не влезе во ЕУ и НАТО.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Доколку МКД и понатаму ако не успее да влезе во ЕУ и НАТО постои шанси да биде или под Турција или под Русија. Едноставно македончето ќе биде роб доколку не влезе во ЕУ и НАТО.
сегде ќе бидеме робови пошто ги прокоцкавме последните 3 децении и се дозакопавме во беда и сиромаштија, али ако бидам роб, ќе робувам за евро и волксваген а не за рубља и москвич
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
сегде ќе бидеме робови пошто ги прокоцкавме последните 3 децении и се дозакопавме во беда и сиромаштија, али ако бидам роб, ќе робувам за евро и волксваген а не за рубља и москвич
МКД се уште има шанси да го реши спорот со Грција и да влезе во ЕУ и НАТО. Ама ако владее Дпмне и понатаму нема ниту тероетски шанси за тоа. Туку ќе ризикува да биде под лудаците на Москва или Анкара.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
МКД се уште има шанси да го реши спорот со Грција и да влезе во ЕУ и НАТО. Ама ако владее Дпмне и понатаму нема ниту тероетски шанси за тоа. Туку ќе ризикува да биде под лудаците на Москва или Анкара.
Чек малце и Албанија и Бугарија се во НАТО, сега за сега сме блокирани од Грција кој гарантира дека кога ќе решиме спор со грци дека Амбанци и Бугари нема да потегнат нивни услови за влез во НАТО?
Оти и тие да не ја искористат ситуацијата кога можат грците, па бугаро да речи ние не даваме согласност за НАТО и те притиска да смениш историја, и да се откажеш од кирил и методи од гоце од груев па да званично прифатиме дека сме биле ослободени од нив и никогаш не биле окупатори... па после ко ќе ја средиме со нив ќе речат Албанците, Е оти и ние да не искористиме шанса па влез во НАТО да условиме со наши интереси....
Зато велам прокоцкавме ние шансите во предходни 30 години, сега и Косово пред нас ќе влезе и во НАТО и во ЕУ и некој косовски емисар ќе ни иди да ни даи оценка дали ги исполнуваме условите за прием
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Работата смрди од Кемал Ататурк да не ги средел он сеуште ке биле империја.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.547
Поени од реакции
26.051
Работата смрди од Кемал Ататурк да не ги средел он сеуште ке биле империја.
Не би било лошо да прочиташ историја малце. Воено поразена, Турција веќе почнале да ја делат кога се појавил Ататурк... Торбешот ја спасил Отоманската Империја од целосен пропаст и ја создал денешна Турција на темелите на Османлиското Царство.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
сегде ќе бидеме робови пошто ги прокоцкавме последните 3 децении и се дозакопавме во беда и сиромаштија, али ако бидам роб, ќе робувам за евро и волксваген а не за рубља и москвич
Некои робови не сакаат слобода.
Сакаат само господар што помалку ќе ги тепа.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
Не сваќам зошто некои го жалат Ѓулен... Ѓулен и демократија се два спротивни света! Ѓулен и Ердоган ги спојува омразата кон секуларизмот и ќемализмот (про-ататурк движењето). Откако дојде на власт Ердоган, со помош на медиумите на Ѓулен, тие двајца договорија поделба на власта. Ѓулен ги превзеде министерството за правда и полицијата, под негова контрола, а останатите министерства и ресори му ги остави на Ердоган. Исто така и доскорешниот претседател на Турција, Абдула Ѓул е дел од движењето на Хизмет т.е. ѓуленист. Но неговата политичка кариера заврши откако пукна тиквата помеѓу Ѓулен и Ердоган. Како почна судирот...

Во 2010 г. Ердоган го враќа долгот кон ММФ по цели 60 години зависност на Турција од оваа монетарна организација, па тоа значеше црвен аларм за САД која ја контролира ММФ. Обидот на НАТО да изврши „Гладио операција“, не можеше да успее, а не можеше да успее ни воен пуч бидејќи Ердоган со случајот „Ергенекон“ ја стави под своја контрола и армијата. Па така, западот одлучи да го втурни во игра Фејтулах Ѓулен, кој иначе од последниот воени пуч во 1998 г. е избеган во Охајо, Пенсилванија и е под заштита и контрола на ЦИА.

Кон средината на 2013 г. со почетокот на Гези Парк протестите т.е. обоената револуција, протестантите кога даваа изјави за странските медиуми, тие велеа дека не протестираат само против диктатурата на Ердоган, него и против неговата продолжена рака т.е. имамот Ѓулен. Кон крајот на 2013 г. започна судирот Ердоган-Ѓулен, кога Ѓулен сакаше целосно да ја превземи контролата над полициските сили и кога се обиде да го симне Хакан Фидан од функцијата директор на MIT (турската тајна служба). По ова следуваше објавувањето на прислушкуваниот разговор на Ердоган и корупцискиот скандал со Халкбанк. Едноставно Ѓулен мораше да си ја одработи задачата која му ја зададоа Американците, бидејќи кај нив му беше даден гзот под кирија. Но Ердоган не дочека да помини ни еден ден кога започна со апсења и смени на полициски началници и останати службеници, со што целосно крахира и обидот да се тргни од власт Ердоган преку полициски пуч. Исто така започна и смената на судиите кои беа под контрола на Ѓулен, а по ова започна со превземање на банките, факултетите, приватните средни школи и медиумите кои беа под палка на Ѓулен. На крај следуваше прогласувањето на Хизмет движењето за терористичка организација... а Ѓулен е осуден доживотно, но сепак Америте одбиваат да го екстрадираат во Турција.

Меѓу последните жртви од овој судир е славниот фудбалер Хакан Шуќур, кој беше пратеник во собранието од редовите на АК Партијата, но подоцна реши да премини од страна на Ѓулен бидејќи беше член на неговото движење.

http://ekipa.mk/hakan-shukur-chetiri-godini-vo-zatvor-poradi-navredi-kon-erdogan/

Случајот со превземањето на весникот „Заман“ е финалниот удар кон Ѓулен, а по ова тој ќе изгуби секакво влијание во турската внатрешна политика. За тоа колкава е омразата на Ердоган кон Ѓуленистите говори видеото, каде што Ердоган во јавните настапи ги именува како секта (т.е. еретици) и како „Паралелната држава“:


А претходно...
Еве и слики од Гези Парк протестите во Америка против Ѓулен

 
Последно уредено:
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Јас многу не верувам на „меѓународната заедница“ кога некого квалификуваат како недемократ и слично. Се е тоа во нивни интерес. После 100 години.. им текна дека во Северна Африка немало демократија и срушија владетели (кои секако не беа демократи) и од тие држави направија пеколни места за живеење, Либија, Египет, па и накај запад, Тунис, Мароко... за Блискиот Исток ич да не зборуваме... нон-стоп војни, убиства... се заради интересите на САД и нафтата. Колку мизерно, заради национални интереси на САД (пред се) со децении се гине.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Јас многу не верувам на „меѓународната заедница“ кога некого квалификуваат како недемократ и слично. Се е тоа во нивни интерес. После 100 години.. им текна дека во Северна Африка немало демократија и срушија владетели (кои секако не беа демократи) и од тие држави направија пеколни места за живеење, Либија, Египет, па и накај запад, Тунис, Мароко... за Блискиот Исток ич да не зборуваме... нон-стоп војни, убиства... се заради интересите на САД и нафтата. Колку мизерно, заради национални интереси на САД (пред се) со децении се гине.
Во моментов се чини дека и Русија (силно) и Западот (повоздржано) се заинтересирани за смена на Ердоган.
Овој пак не е некој интелект и уште повеќе се дозакопува воспоставувајќи диктаторска власт со што си ги зголемува радикалните и непомирливи непријатели одвнатре.
Интересно е како ќе заврши овој режим, бидејќи се ми се чини дека ако продолжи вака еден ден ќе заврши многу крваво и неславно. Доколку во меѓувреме се договори некако со Американците може и без поголеми немири и конфликти да се повлече од власта.
Во однос на демократијата, јасно е дека многу многу не ја дружи.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Јас само укажав дека за некого се води кампања за недемократ кога на „меѓународната“ ќе им се сака негова смена. Не велам воопшто дека е демократ... но сé гледам низ призмата на ИНТЕРЕСОТ на „големите“. Пред се на САД.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Не би било лошо да прочиташ историја малце. Воено поразена, Турција веќе почнале да ја делат кога се појавил Ататурк... Торбешот ја спасил Отоманската Империја од целосен пропаст и ја создал денешна Турција на темелите на Османлиското Царство.
А со тоа ја донел и власта на "европа" врз Турција која трае се досега пардон, оф топик се разбира штом се спомне Илуминати и Масони тоа е теорија на заговор колку и да е очигледно.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Не сваќам зошто некои го жалат Ѓулен... Ѓулен и демократија се два спротивни света! Ѓулен и Ердоган ги спојува омразата кон секуларизмот и ќемализмот (про-ататурк движењето). Откако дојде на власт Ердоган, со помош на медиумите на Ѓулен, тие двајца договорија поделба на власта. Ѓулен ги превзеде министерството за правда и полицијата, под негова контрола, а останатите министерства и ресори му ги остави на Ердоган. Исто така и доскорешниот претседател на Турција, Абдула Ѓул е дел од движењето на Хизмет т.е. ѓуленист. Но неговата политичка кариера заврши откако пукна тиквата помеѓу Ѓулен и Ердоган. Како почна судирот...

Во 2010 г. Ердоган го враќа долгот кон ММФ по цели 60 години зависност на Турција од оваа монетарна организација, па тоа значеше црвен аларм за САД која ја контролира ММФ. Обидот на НАТО да изврши „Гладио операција“, не можеше да успее, а не можеше да успее ни воен пуч бидејќи Ердоган со случајот „Ергенекон“ ја стави под своја контрола и армијата. Па така, западот одлучи да го втурни во игра Фејтулах Ѓулен, кој иначе од последниот воени пуч во 1998 г. е избеган во Охајо, Пенсилванија и е под заштита и контрола на ЦИА.

Кон средината на 2013 г. со почетокот на Гези Парк протестите т.е. обоената револуција, протестантите кога даваа изјави за странските медиуми, тие велеа дека не протестираат само против диктатурата на Ердоган, него и против неговата продолжена рака т.е. имамот Ѓулен. Кон крајот на 2013 г. започна судирот Ердоган-Ѓулен, кога Ѓулен сакаше целосно да ја превземи контролата над полициските сили и кога се обиде да го симне Хакан Фидан од функцијата директор на MIT (турската тајна служба). По ова следуваше објавувањето на прислушкуваниот разговор на Ердоган и корупцискиот скандал со Халкбанк. Едноставно Ѓулен мораше да си ја одработи задачата која му ја зададоа Американците, бидејќи кај нив му беше даден гзот под кирија. Но Ердоган не дочека да помини ни еден ден кога започна со апсења и смени на полициски началници и останати службеници, со што целосно крахира и обидот да се тргни од власт Ердоган преку полициски пуч. Исто така започна и смената на судиите кои беа под контрола на Ѓулен, а по ова започна со превземање на банките, факултетите, приватните средни школи и медиумите кои беа под палка на Ѓулен. На крај следуваше прогласувањето на Хизмет движењето за терористичка организација... а Ѓулен е осуден доживотно, но сепак Америте одбиваат да го екстрадираат во Турција.

Меѓу последните жртви од овој судир е славниот фудбалер Хакан Шуќур, кој беше пратеник во собранието од редовите на АК Партијата, но подоцна реши да премини од страна на Ѓулен бидејќи беше член на неговото движење.

http://ekipa.mk/hakan-shukur-chetiri-godini-vo-zatvor-poradi-navredi-kon-erdogan/

Случајот со превземањето на весникот „Заман“ е финалниот удар кон Ѓулен, а по ова тој ќе изгуби секакво влијание во турската внатрешна политика. За тоа колкава е омразата на Ердоган кон Ѓуленистите говори видеото, каде што Ердоган во јавните настапи ги именува како секта (т.е. еретици) и како „Паралелната држава“:


А претходно...


Еве и слики од Гези Парк протестите во Америка против Ѓулен



И Ердоган е исто гомно како и Путин. Двајцата се хипократи. Во ЕУ и САД најмногу што се критикуваат во последно време се Путин и Ердоган. Исто е и во Русија кој е против Путин одма се ликвидира или влегува во затвор. Така да сепак сугестиите на Западот за Ердоган и Путин биле во право.
 
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
Во моментов се чини дека и Русија (силно) и Западот (повоздржано) се заинтересирани за смена на Ердоган.
Овој пак не е некој интелект и уште повеќе се дозакопува воспоставувајќи диктаторска власт со што си ги зголемува радикалните и непомирливи непријатели одвнатре.
Интересно е како ќе заврши овој режим, бидејќи се ми се чини дека ако продолжи вака еден ден ќе заврши многу крваво и неславно. Доколку во меѓувреме се договори некако со Американците може и без поголеми немири и конфликти да се повлече од власта.
Во однос на демократијата, јасно е дека многу многу не ја дружи.
Ердоган ќе заврши како и сите султани во турската историја , со врзување на свилен гајтан. Но пред тоа ќе следи постепено маргинализирање на Ердоган од турската политика и негово финасиско-медиумско срозување . Се согласувам со тебе дека интелектот на Ердоган не е ни 5% од оној на Ататурк.. Очекувајте после падот на Ердоган да почне процес на ресекуларизација на Турција и враќање на нејзините кемалистички темели, со големо повлекување на турскиот капитал од Балканот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom