TL;DR - Оправдувам користење на рејтио фејкери затоа што скоро е невозможно да правиш аплоуд како нов корисник на приватен тракер.
Ќе се задржиме само на првава реченица, затоа што аналогијата не ти е точна и сега ќе образложам зошто.
Јас, искрено, би користел рејтио фејкер или сличен програм. Всушност, пред неколку години имам користено, на revolution tt, и ме банираа. Грешката беше моја, не бев внимателен, а долго време го користев без да ме приметат. Мислам дека ме фатија на тој начин што, торентот скроз умрел 0/0 сидери личери а од мене виделе активност на тој торент.
Што е проблемот со денешните приватни тракери? Ова мислам дека го имам напишано тука некаде но еве уште еднаш.
Невозможно е нов корисник да држи добро рејтио, а ако не држи, ќе го банираат.
Прво, ќе го земам Torrent Leech кој најверојатно нема најстроги правила но на него се сеќавам најдобро.
Имаа нешто ептен катастрофално за нови корисници, а тоа беше нешто како „нов корисник не смее да симнува торент ако не се поминати 16 ебани часа откако е поставен торентот“.
Во денешно време, на приватните тракери, соодносот на сидер/личер после првиот саат често е 10/0 или слично.
Некогаш ова е дури и помалку од саат. Како побогу човек може да направи upload со вакви торенти?
Колку што знам има неколку непрактични решенија. Outside seeding мислам се викаше, кога го симињаш торентот од јавен тракер, па гледаш да е целосно ист како тој од приватниот (најчесто има проблем со .nfo-то па треба фајлот да го менуваш) па го ставаш тракерот во торентот... Со вакви работи во денешно време не би требало да се замараш. И пак тешко се прави аплоуд.
Друго решение е seedbox и ова можеби е најдобро решение но сепак се плаќа, што на некој начин ја побива целa филозофија околу торентите.
Последно, ме банираа од thegeeks.bz. На овој тракер бев 4 години, ама ниту еднаш го немав искористено (0 симнати торенти) и само повремено си се логирав. Искрено, не знам зошто

Ме банираа. Отидов на ирцот, прашав зошто и ми рекоа затоа што треба да бидам активен, 4 години ништо не сум правел, и они се целосно во право, не се бунам.
Побарав втора шанса, и ми дадоа. НО, продолжив дискусија со админот и почнав да ги зборам истиве работи што ги зборам овде. На секој негов аргумент, имав контра аргумент и виде невиде дечкото ми рече „епа добро тогаш, еве пак ќе ти го оневозможам акаунтот“ XDD.
За време на дискутирање, го отворив сајтот. На најновите 20 торенти, ВКУПНИОТ број на сидери беше околу 300 а погоди колку личери? 4
300 сидери, 4 личери
КАКО?
КАКО ПОБОГУ ЌЕ АПЛОУДИРАШ?
Знаеш дечкото што ми рече? Па тоа се само дел од торентите.
А оди отвори ги постарите торенти, кој од кој помртов.
Што е целата работа. Мора да изнајдат друг начин. Јас разбирам дека тие што ги водат приватниве торент сајтови, можеби се плашат дека ако се укине рејтиото, луѓето ќе престанат да сидаат.
Јас во ова целосно се сомневам, затоа што луѓето што се на приватни тракери често се океј луѓе и сидаат не затоа што така наговестуваат правилата, туку од чиста добрина, sharing is caring.
Се додека не се реши овој проблем, оправдувам користење на рејтио фејкери и слични програми.
Сто пати сум пробувал, и само на ептен нови и популарни торенти сум успевал да извадам барем 1:1 ratio на новиот торент. И тоа имам 50/50 dl/up
РЕТКО.
Sorry for the wall of text.