8.Дневник на една 8мо одделенка: (MOДЕРНО ВРЕМЕ)
Драг дневнику, денеска се случи нешто ужасно, ставав статуси цел ден али никој значи ниеден не ми лајкуваше. Не знам што се случува. Што да правам сега?, очајна сум, дали да се сликам повторно полугола?.
ДА!, ќе го направам тоа, едвај чекам, пак ќе бидам популарна.Али не е само во тоа проблемот, утре со Марко правам 5 ДЕНА. Го сакам неопишливо, не знам како да му кажам, али знам само едно нешто, дека ќе умрам ако во случај ме остави или ако ме изневери со друга. Сакам да му родам деца, ќе умрам без него стварно.
Отидов сега во школо, ќе ти се јавам кога ќе дојдам
Уф, еве ме пак, не можам да верувам што се случи денеска на школо, значи ужас!
МАРКО МЕ ОСТАВИ! и тоа заради онаа овцана, не сакам ни името да и го спомнам, замисли, денеска облекла чорапи од Теранова, и маица од Њујоркер, и носеше некоја ташна што изгледа дека ја купила од некоја кинеска продавница. ПА КАЈ ГО ИМА ТОА АЛОООООООООООО ГЛУПАЧО ЕДНА!!!!!! Пффффф!
Али нема врска, јас после часови се смував со Теодор, Го сакам неопишливо, не знам како да му кажам, али знам само едно нешто, дека ќе умрам ако во случај ме остави или ако ме изневери со друга. Сакам да му родам деца, ќе умрам без него стварно. Имам уште еден проблем драг дневнику, ми снема пудра, КАТАСТРОФА!!!!!!!!! ми идеше да пропаднам во земја, цел ден бев на школо без пудра, а немав пари да си купам.Значи катастрофа!!!! Дури се сликавме денеска за во алманах. КАТАСТРОФА ЌЕ СЕ УБИЈАМ! Ма нема врска, не се секирам воопште, 2 килограми фотошоп ќе средат све, еве сега само што ја завршив, ја ставив сликата на Фејсбук и ПРЕДОБРА Е.. Во описот ја ставив онаа песнана од Елитни Одреди, хихиххи.
Драг дневнику, 21.30 е, отидов да си легнам, али ќе го навијам алармот на телефонот да ме разбуди за 2-3 саата, да проверам лајкови, коментар и прашања на Ask.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.