Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
мене ме интересира како тоа си успеала да ги исечеш цевките........... на своја рака тоа и си ги оставила комшиите без парно (мислам дека тоа не смееш да го направиш) или нешто друго има?
Комшиите над и под мене си ги исекоа цевките и ги фрлија радијаторите. Затоа реков, ако ми дојдат на врата, само ќе им го дадам мојот стар радијатор, нека си го носат, слободно.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На Сител е објавена вест во која е пренесена Изјава од Регулаторна дека Топлификација не може да тужи:
http://sitel.com.mk/toplifikacija-ne-mozhe-da-tuzhi-ako-ne-i-platite-za-iskluchenoto-parno#comment-38712
Ова изјава од Регулаторна е обична лага и дезинформација и регулаторите ја пласираат за да се намали гневот и стравот на граѓаните. Топлификација воопшто нема да тужи, ниту е неопходно да постои договор, а ќе си ги земе парите.
Според Законот за извршување, фактурата која веќе ја добивте е „ веродостојна исправа “ и само врз основ на таа фактура Топлификација до некој нотар ќе поднесе Предлог за донесување на Решение за извршување. Нотарот, без било какви проверки донесува Решение за извршување ( нотар проверува дали се името и адресата точни и дали е платена нотарска такса ). Ова Решение за извршување се доставува до граѓанинот, кој во рок од 8 дена може да достави приговор до нотарот и тоа единствена можност да се приговори. Како доставување се смета и ако ова решение се огласи на огласната табла на судот. Ако во рок од 8 дена не се достави приговор, Решението се дава на извршување и потоа практично нема можност да се запре постапката.
Затоа не бидете наивни, туку барајте си излез
Еве во весникот на Нотарската комора е сето ова објаснето
.http://www.nkrm.org.mk/dokumentacija/78_119199223.pdf
 

Attachments

Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Како што и претпоставував, викендов ме "израдуваа" со сметка (а јас исклучена веќе неколку години).

Дали има овде некој што е исклучен, и поднел било каков приговор или жалба??

Планирам да се жалам до Топлана запад и кај Правобранителот. Ќе барам да дојде Комисија на увид, да видат дека ни над мене, ни под мене нема цевки. Ако има уште некоја друга инстанца каде можам да се обратам, ве молам пишете ми на ПП.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Како што и претпоставував, викендов ме "израдуваа" со сметка (а јас исклучена веќе неколку години).

Дали има овде некој што е исклучен, и поднел било каков приговор или жалба??

Планирам да се жалам до Топлана запад и кај Правобранителот. Ќе барам да дојде Комисија на увид, да видат дека ни над мене, ни под мене нема цевки. Ако има уште некоја друга инстанца каде можам да се обратам, ве молам пишете ми на ПП.
Обавезно да се жалиш и да поднесеш приговор. Ситуацијата е алармантна ... Фактурата која ја доби се смета за „ веродостојна исправа “, ако не приговориш присино ќе ти ја наплатат. Истовремено поднеси приговор и до Снабдување запад и до Регулаторна и до Народниот правобранител. Напиши им дека не е точно пресметано...
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.240
Сега може да се види колку „Топлификација“ н` дерела со години и на кои с` начини ~ е дозволено да манипулира и да ги дере граѓаните. Сакам да платам за услуга која сум ја добил и толку колку што сум потрошил. Ако во јануари потрошам 10.000, толку и ќе платам. На што личи ова 12 месеци да плаќам над 4.000 денари и на компанијата да ~ кеширам најмалку 48.000 денари годишно, а не трошам ни третина од енергијата што ми ја наплатиле. Топлинска енергија трошам само во декември, јануари, февруари, а останатите месеци од грејната сезона претставуваат само „молење“ дали компанијата ќе ги затопли радијаторите. Сакам да плаќам онолку колку што трошам, а не компанијата да ги билда сметките дури и авансно да ми наплаќа и ДДВ – вели Марјан Бошковски од Скопје.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=7069BC27D7A62E479AD995538197B0F6

Неверојатно :facepalm:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Утрински е објавен и коментар на Читател кој многу ми се допадна и ги одразува моите чувства:
perko, 22.11.2012 12:52:41
apel do onie jadnici sto se uste se korisnici na uslugitena ovaa firma:pod itno da se isklucite od prokletiot lopovski sistem so sto ne samo sto vie ke se spasite,nego ke ne spasite i nas ostanatite sto blagovremeno istoto go napravivme od citanje na vakvi textovi okolu sostojbata vo taa firma,kao da na nekoj korisnik mu e mnogu bitno koj e tamu i koj go kradel,ili pak koj ke prodolzi so grabezot.EDNO E SIGURNO,AKO SE ISKLUCITE KE IMATE POVEKE PARI VO GEBOT A I KE IM GI POREMETITE SMETKITE NA NEKOI MNOGU POSTENI LUGE pozzz
 
Ф

Фидо Дидо

Гостин
Со сметкиве што да правиме ние кои се исклучивме веке?
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Со сметкиве што да правиме ние кои се исклучивме веке?
Веднаш да пишете Приговор и да им ги вратите фактурите (сметки) на наплатните места, масовно!
Во спротивно, ќе ви ги блокираат трансакциските и присилно ќе наплатат. Плус камата ќе ви репнат.

П.С. Се консултирав и со јавниот Правобранител, правдата е на наша страна, не плаќајте ништо. Ова ќе падне на Уставен суд.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Фактор е објавено писмо на Читателка со прашање:
Може ли домаќински да се решаваат проблемите со Топлификација?
Јас мислам - не
Какво е Вашето мислење?
http://faktor.mk/archives/11991
 

ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
Во Фактор е објавено писмо на Читателка со прашање:
Може ли домаќински да се решаваат проблемите со Топлификација?
Јас мислам - не
Какво е Вашето мислење?
http://faktor.mk/archives/11991
Проблемот со Топлификација е голема и стара “болка“ која тешко може да се реши и сите засегнати да бидат задоволни од решението, затоа што не сите имаат ист проблем.Кај едни,иако се опкружени со вклучени корисници, радијаторите им се “ладни“, кај други бадијала им се топли радијаторите кога комшијата им се исклучил па топлината им “бегала“, кај трети проблем им е висината на сметката, кај четврти, пети.....итн.
Конкретно за госпоѓава што пишала писмо.Го разбирам нејзиниот револт бидејќи си има мака.Но не разбирам кон кого е револтот насочен.Кон тие под неа што не користеле парно?Кон тие од Топлификација што не ја топлеле доволно?Или кон комшиите што или гледале сеир или според народната ситиот на гланиот не му верува?Еве, ако плаќале тие под нејзе 50%, дали таа ќе била загреана?НЕ!Тие 50% загубата за топлинска енергија немало да и ја надокнадат дефинитивно бидејќи од Топлификација нема да дојдат и да стават плус една лопата ќумур у печката (фигуративно кажано!). Да, можеби сметката за парно би и била пониска ама дали тоа ќе ја згрее?НЕ!Пак рестото пари ќе го даде за да се догрева на струја!Или комшиите се засекирале таа ќе се исклучела и ќе им бегала топплината!?Па кој од исклучените што продолжуваат да живеат во становите живеат во фрижидери!?Тие пак се грејат (освен ако не се пингвини!).

Јас се исклучив случајно.Кај мене со парно беше доволно топло, никогаш не догревав.Се исклучив зашто бев отсутна од станот т.е државава повеќе од година ипол и бидејќи никој не живееше во станот исклучив се што можеше да се исклучи. Поточно, сметки за струја и вода продолжија да доаѓаат но со износ 0 (толку си покажуваа саатите при отчитување) а за парно не доаѓаа никакви сметки бидејќи си дојдоа од Топлификација и ставија штопни на радијаторите.И никој од комшиите не се пожали дека ради мене они трпат. (Во мојата зграда еден или двајца знам дека знаеле порано да искоментираат дека малце им е поладничко за разлика од тие станови што се на јужна страна и акцентот го ставале на тоа дека они се на север свртени, башка сенка од другата зграда и слично нешто но НИКОГАШ не коментирале дека тоа е поради комшијата!)Кога се вратив да живеам во станот си продолжив да користам струја и вода и се покажаа промени во саатите и нормално почнаа сметки да пристигнуваат.Парното не го уклучив одма бидејќи се некои обврски денес-утре и дојде грејна сезона, јас се греев со клима (мал стан имам едвај 40 квадрати!) и не видов потреба од парно греење а видов дека и поисплатливо ми е вака башка растеретена сум вон грејна сезона да двојам пари за греење.Купив едно панелно од 2,5 Kwh ама искрено воопшто не го користам (лани месец-два најладно кога беше).
Е сега ми пристигна сметка како исклучен корисник со нецели 200 денари за 15 дена за плаќање.Јас несакам да плаќам не дека ми е сметката голема туку од принцип дека не ги користам нивните услуги.Се чувствувам ограничено, без слобода на избор!

Го заборавив крајот па мора да едитирам :LOL:
Сметам дека сите и исклучени и корисници треба вниманието и револтот да го насочат кон Топлификација а не еден кон друг меѓу комшиите и пријателите.Виновникот за целото незадоволство е Топлификација.Ако незнаат или неможат да работат и да се грижат да ги задржат корисниците па и нови да привлечат нека се откажат.Можеби некој друг знае поинаку.Како можат мобилниве и кабелските оператори да се натпреваруваат кој подобри и попривлечни услови да даде за да си ги задржат и привлечат корисниците.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom