Тодор Александров

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Мојот став е јасен за Александров: досега аргументите на Бугарите дека Александров бил со бугарско самоосознание се дипломата од средно училиште од Скопје, што е апсолутна глупост.

И мојот дедо има диплома, од штипската гимназија, ама никогаш во својот живот се нема декларирано за ништо друго, освен за Македонец, покрај тоа, соработник на Брашнаров и Шатев во ВМРО-Обединета - организација која легитимно ја наследува онаа на Тодор Александров во која па прадедоми членувал...туку тоа е вон топик. :)

Не ми е познато изданието кое си го цитирал, кој е автор на книгата (или чија обработка е)?
 
N

n/a

Гостин
За да си пееш дур величаш едно такво смрдливо и продадено животно како Тодор Александров:


„Рацете на Александров се извалкани со многу крв НА МАКЕДОНЦИ, другари на Гоце Делчев! Ќе ги дадам сите пари што ги имам, за да се купи динамит и да се урни споменикот на Тодор Александров“.
 
A

anaveno

Гостин
Т. Александров,секако дека е македонец. Но, изгледа дека ако судиме според тоа дека ВМРО-врховистичка "е финансирана од бугарската влада, која само од декември 1923 до февруари 1924 гoдина издвоила 150 милиони лева за ВМРО... ВМРО добивала голема помош од Германија преку А. Протогеров, од Италија и СССР преку П. Чаулев, од Турција, Хрватска и други земји".

Cпоред француски извори, Лазар ЛАЗАРОВ.

Podobro da ne bil (?)

Druga rabota, od toa vreme, tolku ubistva, atentati... No edno nesto lebdi: kade se dokumentite za takvite dejstva? Ocigledno, ni blgarite koi se "eksperti" za dokumentacija, ne poseduvaat takvo nesto.

Zaklucokot e jasen: naredbite se davani USNO. Bi rekol, od blgarskata vlada, bidejki trebalo da se opravdaat VLOZENITE PARI. Na strana site onie levo-desni, carski obvinuvanja.

Za sporedba so ova, kolku pari dala blgarskata vlada za obrazovanie i zdravstvo vo istiot period?!
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
За да си пееш дур величаш едно такво смрдливо и продадено куче без заби како Тодор Александров:
[/quote]

Срубска газетка, интервју на Сандански “второ писмо“ при крајот...

 
A

anaveno

Гостин
Дали еден човек е голем или мал, се гледа и од следново:







Една год. по погребот:



Разрушен гробот...


Очигледно, некои го сакале, некои не го сакале.

Ако се вистините неговите зборови во врска со Мајскиот Манифест:

“Кога ги читав, се накострешив. Големи пакости ќе се направат со нивното публикување, не само на борбена Македонија, но и на целото бугарско племе (опа,ова е во 192Х год)... Ќе помислиме како да ја поправиме таа наша грешка.’’


Р.Ѕ. И други Македонци (најзначајно, Мисирков) зборуваат за бугарско племе, а не за блгари (како нација). Очигледно, колку и пари да ти дале, сепак, за она што е очигледно ќе се излаеш. Кога-тогаш, дури и 50 г. подоцна, откако блгарите имале држава.

И уште еден Голем Македонец, кој им основа и партија, јавно зборуваше во Блгарскиот Парламент за блгарско племе кое ги мајоризира останатите, посебно Македонците.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Тешки пропаганди се правени и извртувани вистините.

Затоа и го постирав српскиот весник погоре, каде комитите ги нарекува Бугари и дека Сандански се борел за својата “Бугарска“. Тоа сега татарите го вртат иако знаат дека Сандански на друго алудира.

Но колку е веродостојно оставам на експертите по србизам.

Треба многу архиви да се отворат, за еве како денеска што за прв пат стана јавно збор за ПИЈАНЕЧКАТА РЕПУБЛИКА - денешно Делчево поранешно Царево село, 25 години порано од Крушевската република.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Брату, тоа нели е на Беровски востанието...Разлошко востание?

Мисирков, и Илинденското востание е потпомагано од Бугарија, Германија и останати на кои им сметало зајакнувањето на Македонските прогресивни сили, ама не треба да се преќути тоа, така?

Но, неоспорен факт е дека превирања секогаш имало, дали биле убиствата усно нарачувани или не, може само да шпекулираме. А нели ви паѓа сомнително тоа што има цела документација за пресуди на смрт од страна на ВМРО за кодоши и инфилтрирани ѓубриња, а за Сандански не?

Мене ми е малку смешна моменталнава ситуација...наместо да дискутираме за тоа кој со која причина убил некој и зошто се борел за превласт, ние се трчаме да докажуваме кој бил бугар а кој Македонец. :)

Единствен што не е Македонец во целата таа перипетија е Ванчо Михајлов..

А зошто бил убиен Александров? Зошто чети? Затоа што им бил драг на бугарите? :)

Многу настани од нашата историја за време на Југославија беа, и се, или прилагодени кон идеолошката матрица или е издадена наредба да се заборават (поради мир со Србите).
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Тодор Александров е Македонец. Еден бугарофил (ама апла, апла бугарофил) ми рече дека Тодор е Бугарин, ама се борел за независна Македонија.

Тоа е тотално нелогично. Како може еден Бугарин да се бори за независноста на дел од неговата држава како што ја сметаат Бугарите Македонија? :facepalm:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Да ТРН, на Димитар Беровски е, Разлошко востание.

Значи се до денеска само за одреден круг луѓе било познато дека всушност целта на Разловечкото востание да започне во селото Пијанец,да се ослободи подоцна Царево село и таму да се прогласи републиката била ОСТВАРЕНА!

Го имаш ли знамето на Разловечкото востание? Ако ти се наоѓа постирај го овде или да отвориме нова тема.

За неки ден ќе ја побарам и книгата која беше денес промовирана.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Остај тоа, ВМРО никогаш не се декларирале како политички субјект, туку како патриотска организација со идеи за силна и независна Македонија, Македонија на Македонците...А тоа се зборови на Александров!
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Ајде вака да прашам, дали се сложувате со овој сублимат на дискусијава која треба да претставува најдобра историска верзија за улогата на Александров (иако лично мислам дека историски е напоткрепена):

1. Александров се борел за обединување на револуционерните сили во Македонија преку ВМРО, и за обединување на Македонија како независна држава надвор од интересите на Бугарија, Грција, и Србија. Или во најмала рака за добивање на Автономија во рамките на некоја балканска федерација, под заштита на Лигата на Народите (денешна ООН) и под покровителство од Русија/СССР.

2. Александров се борел за Македонските интереси под паролата Македонија на Македонците. Мајскиот Манифест ни сведочи за тоа. Мајскиот Манифест, кој бил создаден од ВМРО Автономистичка, на чие чело бил токму тој.

3. Тодор Александров официјално никогаш не го бутнал Мајскиот Манифест. Затоа ние денес пишyваме за него, Манифестот се пробил во јавноста. А доколку сакал Тодор да го нема, како главен шеф тогаш, можел много лесно тоа да го стори.

4. Крајната цел што ја застапувал Александров, веќе била пишана во Мајскиот Манифест. Бугарите стравувале од Македонска pеволуционерна обединетост, знаеле за што се бори Александров. Затоа и го убиле.


ДА или НЕ (и зошто)???
 
A

anaveno

Гостин
Треба да се види тогашната севкупна состојба-ситуација.

Во Бугарија,(мислам на периодот по нејзиното создавање), во Пиринскиот дел на Македонија, имало голем број на население кое било наоружано. И кое секако, копнеело за слобода. И за кое е заедничко, дека не сакало царска-кралска власт,туку нешто поинакво-демократија,републиканизам и слично.

Меѓутоа, пропагандата ги надвладеала скоро сите. Затоа,се расприкажува: Еден Македонец - комита. Со двајца, друштвото прераснува во одбор, дружина! Демек, на секоја гранка - берданка! Меѓутоа, тројца Македонци веќе составуваат чудно Odd fellow друштво - дружина со шпион!

И тоа шпиони. Од Јуда до Диме Пафтаро. Некои,кои примиле сребреници се обесиле. Некои,кои примиле лири-левови се убиени.

3а Тодор Александров може да се каже дека бил се и сешто, се борел за ова-она. Но едно е неоспорно, ако убил барем и еден Македонец, па колку и тоа да ни изгледа праведно-неправедно, а при тоа имал голема парична помош од блгарите, јасно е дека не може да биде светец.

Блгарите морале да ги контролираат Македонците кои биле на број многу,и притоа наоружани,и не бирале средства да прават ујдурми,им ветувале се и сешто на македонските првенци - автономии,федерации,конфедерации. Се што сакате, ние сме со вас.
3атоа што директна конфронтација и "жетва на оружјето" би предизвикало крв до колена.

3ошто никој не се запрашал, каква држава била Буарија, кога и 50 год. (времето за кое зборуваме) по ослободувањето од турците, во пиринскиот дел ја крстосувале вооружени чети ??? Како тоа, Бугарија дозволувала ПАРАВОЕНИ ФОРМАЦИИ кои директно ги финансирала?!

Сите знаеме дека блгарите имаат територијални претензии и кон Романија (Бесарабија), но таму немало паравоени формации..
или пак во други подрачја,кои тие ги сметаат за "блгарски"?

Потврда на ова е и 2-та светска војна, кога Блгарите ја окупираа Македонија, а во Пиринскиот дел на Македонија имаа партизани.
По војната, дозволија да се изјаснат за Македонци, им признаа јазик и посебност на нацијата (бидејќи партизаните беа скоро сите Македонци, се разбира вооружени), а кога помина опасноста и луѓето беа без оружје, пристапија кон пу-пу не важи.

Истото важи и за греците, во 2-та светска војна и потоа во граѓанската војна.

Заклучок: скоро сите Македонски првенци се контрадикторни во своите ставови. Тоа важи и за Александров.
Не треба да ги земаме здраво за готово нивните мислења (кои веројатно, многу од нив се фалсификати), бидејќи над сите нив лебди едно: се продале за пари.

Поука нека ни бидат мемоарите на костурскиот митрополит Германос Каравангелис за Милтон Манаки:

"Тогаш се сетив и ги извадив сликите на сите бугарски војводи од Касторија, Флорина и Пелагонија кои ги имав добиено од нашиот фотограф во Битола Милтон Манаки. Кога ќе сликаше некоја бугарска банда Манаки една фотографија им даваше ним,
една му даваше на валијата во Монастири, а една преку кендронот испраќаше до мене..."

А ние денес,го славиме и имаме и фестивал во негова чест.

Ашколсун..
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Немам што да додам, го делам мислењето погоре.

Не треба да се има двојни стандарди кога се говори за Македонската историја и нејзините (не)дејци.

Меѓутоа доколку поаѓаме од Бугарска страна и самите ние им наметнуваме бугарски карактер на нашите ВМРОвци всушност само потпаѓаме под нивната пропаганда и се согласуваме со нив дека ВМРО се борело за Бугарските интереси.

Затоа и постојано повторувам, Делчев заедно со Сандански кои денеска важат за доследни на делото “Автономна Македонија“ и во чија македонштина не се сомневаме токму тие ги примиле во своите редови “бугарашите“.

Како еден крвник како Гарванов бил избран за претседател на третиот конгрес во Солун 1903 ,како гробарот на Македонското движење Христо Матов бил избран за претседател на петиот конгрес 1908... да не ги редам понатака...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom