Тодор Александров

Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Ништо не им недостасува ни на Делчево ни на Штип. "Црно" има секаде па и таму.

Јоан Михаилу, а.к.а. "Ванчо Михајлов" e цинцар од Москополе. За оние што не знаат, жена му на Михалиу, Мелпомена Крнчу, исто така е етничка цинцарка, подоцна бугаризирана во "Менча Карничева".

Ете така од етнички цинцар се станува "Бугар", декларативно, за пари и власт.

Но сето тоа нема врска со темата. Иако очигледнa е намерата на "некои" да го вметнат Михаjлов, за не даj боже.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Shtip e nekako najgolemiot zarodish na Bugarofili!
Јас имам корени од Штип, мојот прадедо му бил школски ндругар на Александров, а старата куќа моја во Штип е на метар до онаа на Александров, Никола Влахов мојот прадедо, војвода со чета од 200 комити, чувари на овчеполскиот регион. Мојот дедо лежеше 15 години на Голи Оток за Македонија. Немој брате бугарофили...

Чуден народ сме ние Македонците. Барем така отстрана не гледаат. Предолго на работ на нашиот идентитет. Сите наши херои по правило се мртви. А имаме и херои чудни „херои“-мислам на Маршалот и неговата клапа. Имаме и многу чудна историја. Барем за оние однадвор кои ја читаат. Нема херој кој нема две лица. А Македонците пак, зависно, го гледаат само неговото едно лице. И тука е проблемот. Не догледуваат. Од кусогледост не дотуркавме далеку. Барем досега. Нашиот ментален склоп е заробен во предрасуди. Го знам и проблемот. Нашата преголема затвореност, тежок живот, премногу голготи и 50 годишно затупување на интелектуалната мисла. Но ниедна од овие причини не е оправдание за да го продолжиме ќорсокакот во кој одиме.

Ме болат историските неправди. Како и секој Македонец. А помнам како слон. Некако музата на историјата ми е наклонета па често копам. Десницата на ВМРО, она што во нашата историја е бележано како врховисти и бугараши отсекогаш ми беше предизвик да го расчистам. Особено поведен од фактот што денешната современа историја ја имаат пишувано комунисти што по автоматизам кај мене буди тотален сомнеж во поглед на веродостојност и пристрасност и насочување на секоја општествена гранка кон нивната „светла“ цел. Особено што сите приказни на комунистите/комуњарите се чиста сапунарија во која однапред се знае кој е добриот кој е лошиот, па вам ви останува само мирно да грицкате семки дур го изгледате филмот, во кој на крајот нормално добриот победува.

А историјата е само белешка за делата кои ги чинеле луѓе. Исти како нас. Луѓе кои се способни и на подвиг и на грешка.

Тодор Александров Попорушов (1881, Ново Село, Штип-1924, Сугарево, Пирински дел на Македонија), македонски револуционер и идеолог на обновената ВМРО во 1919 година, втемелувач на челична дисциплина, политичар на кој сите европски порти во секое време му биле отворени. Од многу аспекти го сметам за единствен. Неговата дисциплина, идеологија, политика, непокор. Просто човек на кого Македонија му е гориво. Прва постапка која почна да ги буди моите симпатии кон личноста на Александров е препознавањето на вистинската цел на младотурската револуција-чиста фарса. Во момент во кој ретко кој верува. Натаму историјата е вистинска приказна за себе. Од неговото учество во Првата светска војна, преку обновувањето на ВМРО но овој пат како многу поинаква и посилна организација од онаа за време на Османлиите, дејствувајќи, би рекол во многу покомплицирани услови, пред се поради поделбата на Македонија, дипломатските врски, активната мрежа на ќелии низ цела геогравска Македонија, функционирањето на редот и законот на ВМРО за сите Македонци како отпор кон окупаторите. Загинува несреќно и мистериозно. Се верува дека зад неговото убиство стои Иван Михајлов-Ванчо, личност која лично не можам да ја сварам.

После 1945 година и доаѓањето на србокомунистите на власт во Македонија, по пресметката на македонското крило на КПМ и ликвидацијата на личностите кои се бореле за Македонија со идеалите на Илинденците, се пишува сосем нова историја. Би рекол историја на раздор, историја во која класично е перењето на мозоци и калемењето на невистини на идеолошките противници кога е во прашања десното крило на ВМРО. Револуционерите кои гравитираат таму се претставени во неправедно светло, и секој обичен човек кој само малку ќе навлезе во овој домен, ќе ги види сите нелогичности и лаги кои србокомунистичките историчари ги направиле, вршејќи упад во историјата. Но како што Македонија не заборави кој е Ченто, Македонија не заборави ни кој е Александров. Впрочем Македонија допрва ќе открива и за Александров и за сите личности на ВМРО. И за сите убави и за сите мрачни делови на овие личности кои ги положиле животите, до еден, за својот идеал и „религија“-МАКЕДОНИЈА. Ете тоа е вистинскиот пристап кон нашата (и секоја историја). Учиме за луѓе и нивни дела. Шминкањето на историјата, во овој дел на Македоија е извршено од личности кои биле само поданици на големосрпската политика затскриена врз плаштот на „Братството и единството“. Многу настани беа или прилагодени кон идеолошката матрица или е издадена наредба да се заборават (поради мир со Србите). Состојбата со Грција е слична, повторно ради мир во српско-грчките односи. Наспроти сето ова за сите неправди на Македонците се обвинуваат Бугарите, небаре се единствените и жолчни непријатели на Македонија. Не бранам никого, само барам еднаков и реален пристап кон сите. Удирање по најслабиот нити е праведно нити ќе реши нешто. Откривањето на историјата сосе сите болни страни за нас Македонците е процес кој допрва следи. Притоа верува дека овој период е исполнет со многу повеќе блескави настани, исто така прикривани за потиснување на македонскиот национализам.

Личностите како Тодор Александров заслужно треба да се рехабилитираат (после сета маштовитост на србокомунистичките квазиисторичари). Овој пост кој е само почеток од серија постови, преку кои ќе се обидам да го доловам вистинскиот лик на Александров и неговите заслуги како еден од најголемите македонски синови во поновата историја, до неговата конечна рехабилитација и приказ на вистинското лице кое овој револуционер уште како жив го заслужил. Голема помош при ова е книгата посветена токму за него во која се собрани голем број на документи зачувани по архивите (најмногу од Софија), прикажани на 1000 страни. Нејзин автор е Д-р Зоран Тодоровски, издадена е во 2005 и промовирана на 15 годишнината од постоењето на ВМРО-ДПМНЕ која сестрано го помогна нејзиното издавање. Ја купув пред неколку дена, чини 1000 денари и ја има во само 1000 примероци. Непроценливо документирано богатство во кое, покрај личноста на Александров, најсликовито се разгатнува дејстувањето на обновената ВМРО. Немам зборови и неверојатно сум пријатно изненаден од она што досега го прочитав. Само ќе кажам оти она што во современата историја го пишува за овој период е крајно површно и бедно или сосем неточно.

Ќе почнам со интервјуто на Александров за весникот „The Times“ (Англија), 4 Јануари 1924, 8 месеци пред да биде убиен. Ова интервју беше веќе еднаш објавено на блогот за историјата на ВМРО (тука), но сметам оти треба да добие многу поголем публицитет.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Уште едно сведоштво кое го имам најдено на интернет. Сведоштвото е на Атанас Џолев, „обичен четник“ како што самиот вели, во ВМРО. Зборува за низа премрежја.






















 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Јас имам корени од Штип, мојот прадедо му бил школски ндругар на Александров, а старата куќа моја во Штип е на метар до онаа на Александров, Никола Влахов мојот прадедо, војвода со чета од 200 комити, чувари на овчеполскиот регион. Мојот дедо лежеше 15 години на Голи Оток за Македонија. Немој брате бугарофили...
Izvini Trn, mozemi nesoodvetno se izraziv i ne mi bese namerata da generaliziram i da nametnam deka site Shtipjani bile bugarofili.
Iako mozam da nabrojam lugje od denesnicava..zakoraveni bugarofili pretezno od Shtipsko,shto nema vrska so tvojot dedo ili mojot!
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Окружно писмо на Тодор Александров со задачи и препораки од 28 јуни 1920 година:
„До членовите на В. М. Р. Организација
во Македонија
и до нејзините истомисленици зад границата.

По тешката голема војна (1914-1918 год.), којашто им причини многу пакости и несреќи на речиси сите народи во државите-победителки, победени и дури и неутрални — особено на народите во цела Европа — нашата многунапатена херојска татковина Македонија остана пак поробена и распарчена. И покрај програмата за траен мир во Светот, прогласена од претседателот на Сев. Американските соединети држави и прифатена од големите сили на Спогодбата, програма, изразена главно во познатите 14 точки — новото политичко евангелие на народите — при определувањето на судбината на Македонија гласот на нејзиното храбро и измачено население не беше слушнат, ниту пак беше почитувана неговата волја, изразена со толку херојски борби. Но... « не се гаси тоа што не гасне » !

Борбата за ослободувањето на Македонија ќе се продолжи, додека се извојува бар автономно управување за трите делови на таа област, сега распарчена меѓу Србија, Грција и Бугарија. Таа цела, обединета, независна или автономна Македонија може да биде поставена под покровителството на Советот на Општеството на народите или на една од големите сили, членови во него, или дури може да влезе во Југословенската држава, како рамноправен член во една федерација, ако Србите го прифатат федеративното управување во новата држава.

Внатрешната Организација во својата желба да олесни извојување на подобно автономно управување за Македонија, ако е возможно по легален начин — без жртви, без револуции и војни — реши за сега да ги поткрепи сите здруженија и партии од Македонија, како и сите политички партии во др. области на Српско-хрватско-словенската држава, коишто се борат за извојување на федеративно управување во Југославија, кога секоја област се управува самостојно и влегува како рамноправен член во федерацијата.

За постигање на горната цел, се повикуваат сите членови и симпатизери на Орг. да работат во следниот дух:

1). При општинските избори, кои ќе бидат на 22 август о. г., сите коишто имаат право на глас, да го дадат својот глас за претходно определени добри свои сограѓани или соселани, коишто ќе може да ги заштитуваат најдобро интересите и правата на населението и да го олеснат добивањето на изборите за пратеници.

2). Кога ќе се прават изборите за основачкото народно собрание (основачката скупштина), сите избирачи да гласаат за најдостојните месни народни водачи, што останале да живеат тука, коишто ќе можат најдобро да се борат во основачката скупштина, заедно со сите хрватски, словенски, босански и др. пратеници, коишто ја преследуваат истата цел, за извојување на федеративно управување во Југославија.

3). Ако српската шовинистичка власт попречи, и не дозволи да се изберат за пратеници месни водачи, сите избирачи да го дадат својот глас за комунистите, под услов тие да прифатат во прво време да се борат за федеративно управување и за применување на договорот за малцинствата.

4). Првенците во градовите и селата кадешто порано имало бугарски училишта, грабнати од Србите и претворени во српски или затворени, да поднесат барања до владата во Белград, со преписи до советот на Општеството на народите и до полномошните министри на Сев. Американските соединети држави, на Англија, Франција, Италија, Јапонија и др., со коишто барања да се бара враќањето на тие училишта на населението, за децата да учат на родениот мајчин јазик, како и за применувањето на „Договорот за заштита на малцинствата во Српско-хрватско-словенската држава“, којшто договор е изработен од државите на Спогодбата, и прифатен од Југославија (тука Ви се приложуваат неколку отпечатоци од тој договор за раководење, како при составување на барањата, така исто и при понатамошната работа за неговото применување).

Пожелно е барањата да се поднесат поскоро и истовремено од повеќе градови и села, откако се согласат, ако е возможно, тоа истото да го направат и турските, влашките др. малцинства, кадешто има такви.

Ако таа легална борба не успее, настаните ќе не научат што да правиме понатаму.

Големата војна не е се уште завршена. Руската советска република води војна на сите страни, покрај другите свои цели, уште и против насилничките договори, изработени во Париз. Турците во Тракија и Анадолија исто така се фатиле за оружје и се во војна со Грција и дури со Англија и Франција против несправедливиот мир, кој сакаат да им го наложат. Освен Русија и Турција, незадоволни од пропишаните жестоки, несправедливи и насилнички договори за мир на победените држави, како и на целите народи на победените држави се Германија, германска Австрија, Унгарија и Бугарија, исто така и голем дел од населението во државите победнички и неутрални.

Создадената положба е толку нетрајна, што се возможни секакви и брзи изненадувања.

Од нас се бара само сплотеност, упорност, тврдост и вредна работа, за да се изведе борбата до близок и успешен крај - да изгрее пак сонцето на слободата над нашата поробена татковина Македонија.

Со мн. Срдечни поздрави,
Чл. Од Ц.К. на Орг.
Богдан

Македонија,
28/VI 920 год.“

Наредба на Тодор Александров, 22 Август 1922

„Слобода или смрт“
В.М.Р.О.
№ 303
Македонија
22 август 1922 г.

Окружно. Тајно
До водачите на окрузите
и до нелегалните групи
ВО МАКЕДОНИЈА.


Централниот Комитет на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација, откако ги зеде во предвид:

1. Декларациите на бугарската влада од 1919 год., дека за создавањето на автономна Македонија таа е готова да го отстапи делот од неа кој остана во пределите на царството Бугарија;

2. Дека истата година бугарската влада предложи плебисцит над сите свои покраини, врз коишто изјавуваат претензии соседите на Бугарија, молејќи тој да се простре и над Македонија, Тракија и Добруџа;

3. Дека населението од останатиот дел од Македонија под бугарска власт се изјасни на јасен начин, дека тоа претпочита да влезе во составот на автономна Македонија, штом таа ќе биде создадена и

4. Дека тоа население по право и долг, како и во исполнување на дадената клетва пред Организацијата во минатото, не може да не ги потпомага морално и материјално борбите за слобода на своите браќа од поробена Македонија,

РЕШИ: Да се возобнови и преустрои Организацијата во тој крај, како филијала на ВМРО, со следните цели:

1. Да ја потпомага морално и материјално ВМРО во поробените делови од Македонија под Србија и Грција;

2. Да ги отстранува сите пречки за успехот на организацијата, и тоа уништување на разбојништвото, шверцот и шпионажата, казнување на кратците, изнудувачите, рушветчиите и зулумџиите чиновници и сл.

3. Да им дава прием и помош за најдување на работа на качаците и бегалците од Македонија под српско и грчко ропство, кои се вратиле на одмор или за работа, како и да содејствува за враќање во родните места на тие што тоа го посакуваат;

4. Да се ублажат партиските борби таму до степен да не бидат штетни за каузата на бесправниот човек;

5. Да ги потпомага законски установените власти за зајакнување на редот и законитоста, во тој, до скоро, најнемирен крај во царството Бугарија;

6. Да уреди и таму милиции за засилување на заштитата на селата и границата против напади од крадци, шверцери, разбојнички банди, наши и туѓи и др. под.

Помошната организација во тие краеви, како и македонската рев. Организација е самостојна и непартиска; таа не се меша во внатрешните борби на царството Бугарија, ниту зема страна во партиските борби таму. Ако, меѓутоа, биде засегната или предизвикана од личности и групи, без разлика какви убедувања имаат тие, Организацијата лично ќе се расправи со нив, согласно правилникот и нејзините традиции.

Со многу срдечни поздрави,
Чл. во Ц.К. на В.М.Р.О.
(п) Т. Александров
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Меморандум на ВМРО до Големите сили, испратен во 1922 година


Г-н министер-претседателе,

Има веќе триесет години, од кога македонското население, организирано во една тајна револуционерна организација, издигна пред светот свое знаме, на кое што беше напишано - автономија на Македонија. И од тогаш наваму споменатото население, исклучувајќи ги малите интервали, кои свесно ги давало, не престанало да се бори, за да се добере до своето ослободување. Големото масово востание во 1903 г., поради кое беше изработена Мирцштегската реформска програма; потоа борбите за проширувањето на таа реформска програма до полно самоуправување; револуционерните акции по пропаѓањето на младотурскиот режим, коишто беа следени од Балканските војни - војната на сојузниците со Турција и таа меѓу самите сојузници; востанието во Охридско и Дебарско во есента 1913 г., т.е. само 6 недели по несправедливиот Букурешки договор - тоа се најкрупните моменти од стремежите на едно поробено население за правда, национална слобода, законитост и мир. Впрочем сето тоа и многу повеќе, ви е добро познато Вам, затоа што е опишано подробно во соодветните жолти, сини и зелени книги, издадени по 1902 г. од владите на Англија, Франција и Италија.

За голема несреќа на македонското население, тоа и сега, по светската голема војна, којашто големите сојузни и здружени сили ја водеа меѓу другото за ослободувањето на малите народи, страда под туѓо владеење. А сигурно Македонците не ја оросија својата света татковинска земја со крвта на најдоблесните од нив, за да заменат еден господар со други такви, коишто, макар и христијански, се покажаа полоши. Затоа што реално, денешниот режим во Македонија е понеподнослив. Грција и Србија, во својот стремеж да ги асимилираат со насилство народностите во неа, им ги одзедоа и културнате слободи, нивното право да се молат на Бога и да ги учат своите деца на својот јазик, нешто, кое што беше дозволено во Турција. Резултатот на таа денационализаторска политика се секојдневните насилства на големи и мали властодршци во нашата земја. Затворите се преполнети, малтретираните, ограбените, измачуваните, обесчестените и убиените се бројат со илјадници. По промовирањето на договорите за заштита на малцинствата Македонците ја имаа надежта, дека општеството на народите ќе ги принуди Грција и Србија да ги применат предвидените права и слободи во овие договори, затоа што споменатите две држави доброволно тоа никогаш нема да го сторат: тие не признаваат да има Македонци, Власи и Албанци во Македонија. Но и таа надеж е на исчезнување. За доказ на тоа може да послужи околноста, што многумина мажи се видоа принудени да избегаат со оружје в рака по планините. Регистрирани се веќе неколку крвави судири меѓу избеглиците и жандармеријата. Процесите во Скопје, Куманово, Штип, Прилеп, Тетово исто така сведочат, дека населението во својот очај, по своја иницијатива ги прифаќа познатите револуционерни методи за борба.

Г-н претседателе,

Македонија во своите природни географски граници - на исток р. Места и Родопите; на север Рилскиот масив, Осоговските планини, Скопска Црна Гора и Шар планина; на запад Албанските планини и р. Црн Дрим; на југ р. Бистрица и Бело Море - има население 2 301 767 души. Таа е населена со разни народности, како што следи: Македонци - 1 095 355 или 48 % од целото население, Турци - 541 615 или 23 %, Грци - 253 366 или 11 %, Албанци - 184 315 или 8 %, Власи - 77 365 или 3.4 %, Цигани - 43 370 или 1.6 % и Евреи /со разни други/ - 106 360 или 5 %. Таа е поделена меѓу Грција, Србија и Бугарија. Тоа делење е сосем произволно и неприродно. Долните текови на реките Места, Струма и Вардар, крај кои врват главните патишта од континентот кон морето, се во пределите на Грција; средните и горните текови на овие реки се во бугарско и српско владеење. Поради тоа е и економското назадување на градовите крај морето и на тие во задгрбнината. Кога ќе се додаде и несигурноста како резултат на непријателствата меѓу владетелите и победените, мизеријата меѓу населението се зголемува постојано, 90 % од жителите на Македонија, имено Македонците, Турците, Албанците, Власите, Евреите се против тоа распарчување и поради изложените погоре причини, тие се држат на својот стар идеал - од Македонија да се формира независна држава, под протекцијата на општеството на народите или на ополномоштена сила од него.

Г-н претседателе,

Кога сега пак е поставено за решавање Источното прашање, од кое суштински дел составува и Македонското прашање, од името на населението во Македонија ние Ве молиме да ги земете во обѕир нивните справедливи барања, за да се воведе правда и мир во нашата несреќна татковина и да се спречат идни неминовни крвопролевања како во Македонија, така и воопшто на Балканскиот полуостров.

Примете, г-н претседателе, уверенија во нашата длабока почит.

Македонија, октомври 1922 г.

Централен комитет на тајната револуционерна организација:
Т. Александар
А. Протогеров
П. Чаулев

*Овој документ на Ц К на ВМРО беше првиот од меѓународен карактер по договорот од Неј.


Окружно број 416 од 4 април 1923 година
„Слобода или смрт“
В.М.Р.О.
№ 416
Македонија
4 април 1923 г.

Окружно. Тајно
До водачот на округот, околиските војводи и нелегалните групи на организацијата за поддршка на ВМРО
ВО МАКЕДОНИЈА под бугарска власт.

По повод настанатиот немир во населението таму по Нишките српско-бугарски преговори; поради заканите српски воени единици да влезат на бугарска територија, со цел да прогонуваат чети; или разбојници „федералисти“, заедно со „портокаловите гардисти“, предводени од изроди како Паница, П. Ангелов и др. слични да навлезат во границите на Македонија, со цел да уништуваат, заедно со Србите, поддржувачката ВМРО, и при заплашувањето на земјоделската влада да објави воена состојба во Пиринска Македонија и да ги одложи изборите за пратеници таму, - за да се успокои населението и запази престижот и угледот на ВМРО, се потсетувате да ги преземете веднаш следните најсериозни мерки:

1. Ако во Македонија под бугарска власт се појават омразените српски капи – синоним на ропство и крџалиски зулуми – да се уништуваат од нелегалните групи на организацијата, штом преминат повнатре од бугарската граница.

2. Ако тргнат за таму познатите разбојници „федералисти“, безмилосно да се уништуваат, без да им се дозволи да ја сквернават боречка Македонија со своето присуство.

3. Ако бидат пратени од безумната бугарска влада „портокалови гардисти“, коишто се „одликуваа“ досега со своите грабежи, сквернавења и „храброст“ кон незаштитеното население, за прв пат да се предупредат да се вратат назад, или да се обезоружат и пратат во нивните родни места, а после првото – едно за сите – предупредување, да се удрат и уништат до нога од нелегалните групи, поткрепени од четници на отсуство и др. нелегални таму, внимавајќи да не се спасат на некој начин ни еден од неверните водачи.

4. Ако навистина „демократската“ земјоделска власт се реши да објави воена состојба во Петричкиот округ и ги одложи изборите таму, да се прифати мислењето на населението: дали треба да се плаќаат даноци и да се исполнуваат наредбите на сегашната „бугарска“ влада, која ги лишува од изборното право – тоа, што не осмелија да го сторат дури ни тираните Срби и Грци во деловите на Македонија под српско и грчко ропство.

Бугарската влада е навремено предупредена да не допушта српски единици да минуваат таму, ниту да праќа „портокалови гардисти“. Ако при сето ова се дрзне да не предизвика, бидете беспоштедни во мерките, затоа што останува врз неа целата одговорност за сите лоши последици од тоа.

Тие, кои поради малодушност, небрежност или од други причини не ги исполнат горните наредби, ќе бидат казнети со смрт.

Со многу срдечни поздрави,
Чл. во Ц. К. на ВМРО
(п) Т. Александров
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Писмо на Тодор Александров до Ал. Стамболиски

„Слобода или Смрт“
В.М.Р.О.
10 април 1923 год.
423
Македонија

ПОСЛЕДНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
До г. Ал. Стамболиски, копие – неговите другари министри и познати видни општественици, пратеници, претседатели на друштва во Софија и др.

Ако и покрај нашите неколкукратни потсетувања за тоа, пак се насрчите да ги испратите во Македонија под бугарска власт познатите разбојници на бугарското општество – „федератисти“ и дискредитираните пред сите бугарски граѓани и пред светот крадци-„портокалови гардисти“, ВМРО, пред да го стави во исполнување т. 2 од решенијата во окружното под број 303/922 год. и окружното под број 416/923 год., од кој по еден примерок Ви се приложува тука, го смета за свој заповеден долг да Ве предупреди за последен пат, дека за сите лоши последици од ова безумие во Царството Бугарија и за целото бугарско племе ги држи за одговорни: Вас лично, Вашите другари министри и сите вредни учесници во ова дрско и предавничко злосторство, претседатели на друштва и др. земјоделски големци.

Прилог: 2 окружни, под број 303/922 и 416/923.

Чл. во Ц. К. на ВМРО
(п) Т. Александров
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
МАЈСКИОТ МАНИФЕСТ

До македонскиот народ, до организираното револуционерно население во Македонија н до македонскпте револуционери

Браќа Македонци!

Македонија, во своите природни географски граници меѓу реката Места, планините Родопи, Рила и Шар, реката Дрим, Охридското Езеро, планината Грамос, реката Бистрица и Егејското Море, со едно пространство од 65.000 кв. километра, пресечена од реките Места, Струма, Вардар, Дрим, Бистрица и надарена со најразнообразни природни богатства и благопријатни климатски услови; со своето 2.302.000 население, рознооброзно по својот етнографски состав, со својата централна економска и стратегиска положба на Балканите, меѓу басените на реката Дунав, Егејското и Јадранското Море - ги има сите услови и права за самостојно палитичко постоење, како независна држава што се управува самостојно, која ќе послужи како обединувачка, политкчка и економска алка меѓу народите и државите на Балканското Полуострово.

Вековните борби на македонското население против господството над неговата територија од страна на едно племе и тиранијата спроведувана спрема другите племиња што ја населуваат Македанија; отпорот што го покажа тоа спрема денационализаторската политика на државите што ја владееле Македонија или граничиле со неа; учеството на македонското население во сите востанија и револуционерни движења; содејството што беспрекидно, во сите војни на Балканите, им го даваше на земјите што се јавуваа да се борат во имета на ослобадувањето и самоопределувањето на балканските народи, - е најочигледниот доказ за правата и свеста на македонскиот народ да биде една самостојна политичка единица на Балканите.

Тргнувајќи и опирајќи се на таа свест, Внатрешната македонска револуционерна организација, ВМРО, во текот на цели десет летија, води најрешителна револуционерна борба за ослободувањето на Македонија. Таа борба, во зовисност од соодносот на факторите во меѓународната и балканската политика и етнографскиот состав во организацијата што преовладува, поставуваше различни тактички задачи и се ползуваше со различни средства.

Долго време македонскиот народ, верувајќи во ослободителните стремежи на великите европски сили и малнте балкански држави спрема Македонија, ги беше насочил своите погледи кон нив и го очекуваше своето ослободување преку нивна интервенција. Сообразно со тоа, ВМРО ја беше насочила целата своја дејност да го издигне гласот на страдалниот македонски роб до ушите на идните свои ослободители, да го привлече нивното внимание, да го предизвика нивното мешање, да го исползува натпреварувањето на нивната палитика и по тој начин да ја истргне слободата на Македонија. Примерот со создавањето на слободна Србија, Грција, Црна Гора и Бугарија беше привлечен и охрабрувачки. Сообразно со таа тактичка задача на македонската револуционерна борба беа и нејзините средства, во прв ред единичните и делумните удари, било против владетелската власт, било против туѓите интереси врзани со Македонија. Дури ни Илинденското востание, најголемото и најмасовното движење, не можеше да смета дека само ќе извојува слобода на Македонија, туку илаше цел да му го наложи на општоевропското јавно миелење и на меѓународната дипломација резрешувањето на македонското прашање.

За една вистинска револуционерна акција во голем масовен македонски или балкански размер, којашто би сметала само на себе за извојувањето на македонската слобода ни збор не можеше да стане.

Резултатите од европската интервенција по Илинденското востание, изразени во лицемерните реформи, насочени повеќе да го заздрават и закрепнат турското владеење над Македонија, отколку да ја родат нејзината слобода го разочараа македонскиот народ. Тоа разочарување ја засили струјата во редовите на ВМРО којашто, сметајќи на ослободителната мисија на младите балкански држави, ги насочуваше своите усилби да предизвика нивна воена интервенција. Балканската војна, која заврши со поделба на Македонија во Букурешт 1913 г., а по неа и општоевропската војна, со нејзините Париски договори кои го раскинаа живото тело на Македонија и го поделија меѓу балканските држави што ја окружуваа, дефинитивно ја убија верата на македонскиот народ во ослободителната мисија на интервенционистичката политика на големите европски и малите балкански држави. Берлинскиот (1878 г.), Букурешкиот (1913 г.) и Париските мировни договори од 1919 г. го убедија и најпоследниот неверен Тома, дека како големите, така и малите европски држави спроведуваат своја егоистичка политика, поради што слободата и постоењето на Македонија може да биде само монета за поткусуравање.

Од тоа произлегува дека од тие држави, додека се раководени од влади кои ја подржуваат завојувачката и империјалистичката политика на тие догавори, или, со други зборови, додека кај нив не се установат влади што ќе ја базираат својата надворешна и внатрешна политика врз вистинското самоопределување на народите, македонскиот народ не може да очекува никаква поткрепа за својата слобода.

Проценувајќи го основно тој историски опит, ВМРО доаѓа до цврстиот и конечен заклучок дека во својата револуционерна борба за слободата на Македонија, таа може да смета само на крајно прогресивно-револуцнонерните движења во Европа, кои се борат против империјалистичката политика на своите влади, против постојните мировни договори и за вистинско самоопределување на своите и туѓи народи.

Ете зошти ВМРО изјавува дека во интерес на македонската слобода ќе ја даде сета своја поткрепа само на оние што на балканска почва се борат против завојувачката политика на европскиот империјализам, спроведувана било директно било преку владите на балканските држави.

Но, владите на балканските држави не се јавуваат само како орудија на европскиот империјализам; тие спроведуваат и своја сопствена националистичка, завојуаачка политика. Благодарејќи на таа општоевропска империјалистичка и општобалканска националистичка завојувачка политика, Македанија, истоштена од петвековното ропство, разурната од три војни, денес одново е поробена и разделена помеѓу трите балкакски држави: Србнја, Грција и Бугарија.

Ниедна од владите на балканските држави не мисли за ослободувањето и обединувањето па раскинатите делови на Македонија; ниедна од нив не мисли и не дејствува за самоопределувањето на македонскиот народ во самостојна политичка единица; ниедна од нив не сака на поробените Македонци да им ги даде правата предвидени во договорите кои им го осигуруваат културниот развиток како национални малцинства. Поради тоа, ВМРО е принудена да изјави дека политиката на сите сегашни балкански влади е непријателска за слободното и самостојно палитичко постоење на Македонија и дека таа најрешително и со сите средстаа на револуционерната борба ќе се бори против нивната завојувачка политика спрема Македонија и македонскиот народ.

За да се избегне секакво недоразбирање и нејасност, ВМРО изјавува исто така дека таа не може да се дезинтересира за внатрешната и надворешната политика на балканските држави и особено на Србија, Грција и Бугарија кои владеат цели делови од територијата и населението на Македонија.

По однос на Грција ВМРО ќе се бори против секој обид за враќање на монархијата - најјаркиот израз на ултраимперијалистичката грчка политика - и против секоја грчка влада која ја подржува денешната делба на Македонија, го денационализира населението во грчка Македонија и насилно го изменува неговиот етнографски состав, протерувајќи го домородечкото население и заменувајќи го со грчки преселеници од Мала Азија и Тракија.

По однос на Југославија ВМРО најрешително ќе се бори против сите, без разлика на партија, белградски влади, кои ја крепат денешната српска политика на насилнички централизам, денационализација и угнетување не само на македонскиот народ, туку и на народите на Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Војводина, Словенија и Далмација; уште повеќе затоа што таа политика, поткрепена од некои европски држави, е насочена кон нови заграбувања на туѓи територии за сметка на Албанија, бугарска и грчка Македонија. ВМРО изјавува дека во внатрешните национални борби во Југославија таа решително застанува на страната на сите угнетени народности, што ќе се борат против белградските влади - за демократска децентрализација и федеративна реорганизација на Југославија.

По однос на Бугарија ВМРО изјавува дека и покрај сите жртви, што бугарскиот народ ги давал и е готов да ги даде за слободата и независноста на Македонија, денешната бугарска влада на Цанков, во расчекор со чувствата и интересите на својот народ, води една политика јавно антимакедонска и антибугарска, една политика јавно србофилска, која не само шта ја овековечува делбата на Македонија туку подготвува нови територијални прекројувања на Балканите за сметка на Македонија. ВМРО ги предупредува народите на Македонија, Југославија, Грција и Тракија, дека белградската влада, опрена на своите договори со некои европски држави за делбата на Хрватска, Албанија и Грција, се гатви да ја рашири својота завојувачка политика накај Солун, терајќи ја софиската влада кон Кавала, заплашувајќи ја, дека во противен случај ќе ги окупира бугарските градови Перник и Ќустендил.

И владата на Цанков, е изгледа, соблазнета од тие империјалистички перспективи, потшепнувани од белградските сирени. Таа се зафатила да ја уништи Внатрешната Македонска Револуционерна Организација и македонското револуционерно движење, кои се јавуваат како најсериозна пречка за остварувањето на тие престапни намери. Додека белградската влада ја подготвува и раздувува граѓанската војна во Албанија, софиската влада на Цанков се зафатила со уништувањето на ВМРО.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
..
Мајски манифест напиша:
Затворањето на неколку статини Македонци во Бугарија, осомничени за учество или соучество во македонското ослободително движење; забранувањето на сите легални печатни органи на македонската емиграција во Бугарија, кои го заштитуваат ослабодителното дело на Македонија; готовноста на софиската влада да посегне и по највидните дејци на македонското ослободително движење за да ги затвори и предаде на Србија, очевидно како искупителна жртва на новиот курс на српската и бугарската завојувачка политика, се најпоследните и јарки дакази за престапната политика на софиската влада.

ВМРО го знае изворот на таа српска и бугарска политика. Слабоста на белградската влада внатре во земјата ја тера да ги жртвува интересите на хрватскиот народ во полза на Италија - Ријека и Јадранското приморје - и да бара компензација за сметка на Албанија, бугарска и грчка Македонија. А внатрешната слабост на софиската влада ја прави неспособна да им се противстави на белградските заплашувања и пред опасноста од окупирањето на Перник и Ќустендил од Србите таа е готова да оди на доброволно саработување со српската експанзионистичка политика накај Солун, надевајќи се дека самата ќе биде компензирана накај Кавала. На таков начин се жртвуваат не само интересите на Македонија и Тракија, туку во исто време се засегаат и интересите на Бугарија, Југославија и сите балкански народи.

Основната причина за слабоста на софиската влада е нејзината изолираност, откинатост од народните маси и непријателството од овие последниве кон неа. Борејќи се по секоја цена за запазување на власта во свои раце и не наоѓајќи никаква подршка во народот за да се противстави на српската завојувачка политика, таа се мачи, во соработка са неа, да ги отклони опасностите што висат над Бугарија, подбуцнувајќи ја последната кон нова авантура, само и само да спечали некој привремен успех со кој би ја зајакнала својата разнишана положба внатре во земјата. За таа цел таа ги жртвува како интересите на македонскиот така и интересите на бугарскиот народ. Таа е принудена да управува во внатрешната политика со терор, суспендирање на сите уставни гаранции; таа е принудена да ја суспендира слободата на говорот, печатот, соборите и здруженијата, да растура цели задружни организации и политички партии; таа е принудена дури да откажува прибежиште за палитичките бегалци на Македонија.

При таквата положба ВМРО изјавува дека политиката на владата на Цанков е непријателска спрема македонскиот и бугарскиот народ и апелира кон сите Македонци и Бугари да поведат најрешителна борба против неа.

Тие треба да и дадат своја поткрепа само на една таква влада во Бугарија која, опирајќи се врз широките трудбенички маси од градот и селото, не ќе има нужда од терор и исклучителни закони за своето управување, не ќе прибегнува кон суспендирање на суштествените гаранции за една вистински народна и демократска власт и која, опирајќи се врз довербата на масите на слободољубивиот, демократски и нешовинистички бугарски народ, ќе може да му ги даде неопходните средства за борба против завојувачката политика на соседните држави, без да се плаши дека тие средства ќе бидат свртени против неа.

Само во установувањето на една таква влада во Бугарија, ВМРО гледа гаранцнја и за понатамошниот успешен развој на својата револуционерна борба за слободата и независноста на Македонија и за политичката независност на сите балкански народи.

Зацртувајќи го во општи линии својот однос кон државните фактори на општоевропската и балканската политика, ВМРО изјавува дека таа се бори и ќе се бори со сите средства на револуционерната борба:

1. За ослободувањето и обединувањето на раскинатите делови на Македонија во една наполно независна и самостојна политичка единица, во нејзините природни, географски и етнографски граници;

2. За демократизирањето на соседните на Македонија балкански држави и нивното сојузување во една балканска федерација, која единствено може да го гарантира политичкото постоење на независна Македонија и независноста на другите балкански народи; да ги задоволи економските и културните интереси на сите балкански народи, сврзани со излегувањето на трите балкански мориња; да ги парализира анексионистичките стремежи на балканските и империјалистичките стремежи на големите европски држави; а исто така да го гарантира правилното разрешување на сите национални спорови, осигурувајќи го културниот развиток на сите етнички малцинства.

ВМРО изјавува дека во својата борба за независна Македонија и Балканската федерација смета, пред сe, на обединетите револуционерни сили на целото македонско население, без разлика на вера и народност, кои ќе ја поведат својата борба во тесна соработка со револуционерните сили на трудбеничките маси во другите балкански држави. Доколку пак успехот на нејзината ослободителна револуционерна борба зависи од меѓународната положба, ВМРО смета пред сe, на моралната и материјалната поткрепа од прогресивно-револуционерните движења во европските држави, кои се борат против империјалистичката политика на нивните влади, против создадените империјалистички мировни договори и за полното и вистинско самоопределување на народите.

На таков начин ВМРО прекинува конечно со илузиите да ја очекува слободата на Македонија и создавањето на Балканската федерација преку интервенцијата на балканските шовинистички и европски империјалистички влади.

Таа изјавува дека само оние држави и влади можат да претендираат да бидат искрени пријатели на македонската слобода и на балканските народи, кои со својата сопствена политика даваат даволно докази дека го следат и на дело го реализираат принципот за слободно самоопределување на народите. Сите други се непријатели на македонската слобода и против нивната политика на Балканот, ВМРО ќе води најрешителна борба.

ВМРО е свесна за релативната слабост на своите сили, но таа исто така добро знае дека цела Европа е минирана од противречја многу подлабоки и понепомирливи отколку оние што ја предизвикаа општоевропската војна во 1914 година. Една нова балканска и општоевропска војна или меѓународна граѓанска револуционерна борба за ослободување и самоопределување на народите е неминовна. Нешто повеќе, таа тропа веќе на портите на сите држави.

ВМРО ја сфаќа многу добро големата и решителна улога која Балканот ја одигра во избувнувањето на општоевропската војна од 1914-1918 г. Таа им обрнува внимание на сите Македонци и балкански револуционери дека и во идните борби кои бргу се приближуваат, Балканот може да изигра уште поголема и порешителна улога, доволно е само револуционерните усилби на сите угнетени балкански народи да бидат сплотени и обединети под знамето на македонската слобода и независност, под знамето на својата сопствена слобода и независност и најпосле под знамето на Балканската федерација.

И затоа ВМРО апелира кон сите свесни борци за слободата и независноста на балканските народи да ги сплотат своите сили за брзото формирање на еден единствен македонски револуционерен фронт, кој ќе послужи за образувањето на единетвен балкански револуционерен фронт против сите шовинисти, против сите анексионисти и империјалисти, против сите угнетувачи на своите и туѓи народи.

За да ги даде сите докази дека ја управува својата дејност по тој пат, ВМРО изјавува најсвечано дека ги прекратува сите потери и ги укинува снте екзекутивни мерки и наредби протнв одделните македонски дејци, групи, организации и струи, штом тие искрено ќе застанат врз базата на вистинската револуционерна борба, во духот на овој манифест и ќе подадат рака за општа борба под знамето на слободна и независна Македонија, под знамето на Балканската федерација.

Со тоа ВМРО го прави првиот и најрешителен чекор за создавањето на неопходната поволна атмосфера за свикување во скоро време на еден обединителен конгрес на целото македонско револуционерно движење, на кој преку усилбите на сите искрени македонски револуционери, ќе се создаде единствениот македонски револуционерен фронт кој, опирајќи се врз единствениот балкански револуционерен фронт, во тесна соработка со сите прогресивнореволуционерни движења на Балканите и во Европа, ќе ја извојува слободата и независноста на Македонија, ќе го наложи создавањето на Балканската федерација, ќе го осигури мирот на Балканот - за да го потпомогне востановувањето на мирот во цела Европа.

Сите напред во редовите на револуционерната македонска борба!

Да живее единствениот македонски револуционерен фронт!

Да живее единствениот балкански револуционерен фронт!.

Да живее обединета и независна Македонија!

Да живее Балканска федерација!


Виена, 15 мај 1924 г.

За ВМРО Централен комитет
А. Протогеров
П. Чаулев
За Т. Александров и по негово
полномоштие потпишале:
П. Чаулев
А. Протогеров
..
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Декларација од Централниот комитет на ВМРО против Манифестот од 1924 година



В М Р О
Слобода или смрт
N 772
1 август 1924 г.
Македонија

Д е к л а р а ц и ј а

Во првиот број на весникот “La Federation Balcanique”, кој излегува во Виена е напечатен еден манифест, кој ј се препишува на Централниот комитет на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација.

Овој документ не е на Централниот комитет.

Од содржината и формата на овој манифест секој може да види, дека тој е дело на егзалтирани комунисти. Остриот јазик против владата на Бугарија и апелот кон сите Македонци и Бугари да поведат најрешителна борба против неа, како да е таа главната пречка за ослободувањето на Македонија, исто така ги издава партизанските чувства на неговите автори.

Во септември минатата година, Централниот комитет на ВМРО во своја декларација го изложи карактерот на македонското ослободително движење. Во неа се кажува:

“Револуционерната организација ги обединува сите класи на македонскиот народ без разлика на народност, религија, пол и политички убедувања”.

Четите и легалните конспиративни групи, чијашто мрежа се простира врз цела Македонија, се регрутирани меѓу населението без разлика на раса. Во нив учествуваат и мажите и жените и момите и децата.

Во истите чети и конспиративни групи дејствуваат рамо до рамо граѓани и селани, Македонци, Бугари, Турци, Куцовласи, Грци, гркомани и србомани. И најпосле мрежата на Револуционерната организација ја образуваат и луѓето со конзервативни идеи, и оние, со демократски, социјалистички, радикални и дури со комунистички убедувања. Од горе кажаното излегува, впрочем, дека Македонската револуционерна организација не е шовинистичка, туку чисто национална. Нејзините приврзаници не се задоени со омраза против кој и да било народ. Народите не се нејзини непријатели. Таа се бори против угнетувачките влади и нивните поддржувачи.

Револуционерната организација декларира, дека таа е апсолутно туѓа на политиката на бугарската влада.

Внатрешната Македонска Револуционерна Организација ќе продолжува да следи една линија на независно поведение. Таа смета за успехот на својата кауза на слободољубивото мислење на целиот свет и на сите организации и групи, коишто ја напишале на своите знамиња заштитата на правото за слободното самоопределување на народите. Поточно - таа смета на моралната и материјална помош на сите емигранти во Бугарија, Америка, Турција, Русија, Романија и во другите земји, без да се меша во нивното делување. Таа смета, најпосле, на подршката на сите народности, што живеат во државите кои си ја поделили Македонија и кои се борат за својата национална и политичка слобода. При сето тоа, Внатрешната Македонска револуционерна организација смета пред сe на своите сопствени сили. Таа изјавува категорично, дека нема да го стави оружјето, пред да ја постигни својата цел - полното ослободување и единството на македонското население, основањето на слободна и независна Македонија.”

Внатрешната Македонска Револуционерна Организација не може да му служи на никоја држава и на никоја партија, во која и да е држава. Таа смета на помошта и подршката на сите држави во нејзината борба против угнетувачите на Македонија и против непријателите на македонската слобода. За таа цел таа влегува во врски со сите големи и мали политички фактори во светот. Без сомнение, Централниот комитет не си прави илузии, дека ќе може некогаш да ги придобие сите сили за справедливата македонска кауза, но тој се стреми по можност да направи повеќе да ги придобие добронамерниците на изнемоштеното македонско население. Секоја помош, од каде и да потекнува таа, се прифаќа, но со обавезен услов да ја зачува својата полна самостојност и слобода во своите дејствија. Треба многу слабо да се познати составот на ВМРО, нејзините традиции, нејзините цели и нејзините методи, за да може некој да си помисли, дека таа може да му служи на една партија или на една класа. ВМРО е по суштина национална организација. Таа се бори за лични човечки и граѓански права, слободно културно самоопределување на народите и политичко самоуправување на Македонија.

Борејќи се за националните права на народностите во Македонија, во целата нивна полнота, ВМРО се бори, само по себе произлегува, и за поголема социјална правда, затоа што националното ропство во завладеаните земји се покривот од политичкото и социјално ропство. Кога сите класи и сталежи од една народност се чувствуваат потиснати, макар и во различна мерка, тие би си напакостиле на себеси, ако му дадат предност на своите приватни интереси пред да се доберат со заеднички усилби до овие елементарни права и слободи, без коишто е невозможен каков и да е политички, економски и културен напредок. Што се однесува до Бугарија, Централниот комитет, кога изјавува дека не е работа на ВМРО да се меша во внатрешниот и политичкиот живот, но дека ќе се бори со сите сили и средства против непријателите и злоупотребителите со нејзиното име и престиж, кои и да се и каде и да се наоѓаат тие, смета, дека е време, сите политички партии и фактори да разберат дека ВМРО е единствена компетентна да ја насочува својата дејност во преследувањето на својот идеал - слободна и независна Македонија. Тоа се налага особено од условите, што најголемо учество во ослободителното дело земаат Македонците, поради простата причина, што тие се најпритеснетите и најмногубројните во поделената и поробена земја. Не е само долг на хуманост, туку е и национален долг, сите Бугари, без разлика на партија, да сочуствуваат со македонското дело, или најпосле, во никој случај да не му пакостат заради свои партиски интереси.

Тоа било, тоа е и денес становиштето на Централниот комитет. Сите други манифести, декларации и др., коишто се појавуваат или би се појавиле од негово име, ги ангажираат само нивните автори и никого друг.

Од Централниот комитет на ВМРО
/п/ Тод. Александров /п/ А. Протогеров
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878


Тодор Александров е роден на 4 март 1881 година, во Ново Село, Штип, во семејството на свештеникот Александар Поп-Орушев. Таткото на Тодор Александров, Александар Поп-Орушев, бил учител во Радовиш, просветител и богато надарен човек, црковен пејач, поет, собирач на народни умотворби и соработник на Гоце Делчев. Како ученик во Педагошката гимназија во Скопје во 1897 година, Тодор Александров се вклучува во Македонската револуционерна организација каде што останува сў до својата смрт на 30 август 1924 година.

Револуционерната дејност на Тодор Александров опфаќа три периода: првиот период од 1897 до 1911, вториот од 1911 до 1918 и третиот - од 1918 до 1924 година.

Во 1910 година, младотурците сакаат да го затворат Александров и нудат 4.000 турски лири за неговата глава, како што своевремено Турците давале златни лири за главата на македонските револуционери Гоце Делчев и Даме Груев.

Во Балканските војни Александров учествувал во одбраната на Кукуш, го брани градот на апостолот Гоце Делчев, но, за жал, не може да го спречи силниот и суров напад на грчката војска.

Тодор Александров соработува со Павел Шатев кој во своите спомени ќе забележи: "Тој ми остави впечаток на многу разумен, трезвен ум и подготвен за сите жртви пред олтарот на ослободителното дело“.

Поетот Пејо Јаворов, љубител на македонското револуционерно движење воодушевен од храброста на македонските комити, пред својата смрт му се обрати на Тодор Александров со проштално писмо, со желба да биде погребан во македонска комитска облека, а не во бугарска. Желбата му е исполнета и тој е погребан на 14 октомври 1914 година.

Марија Коева, ќерка на Тодор Александров, тврди: "Навистина, мојот татко се откажа од потписот на Мајскиот манифест, бидејќи не сакаше ВМРО да се болшевизира и да биде партија, туку да си остане татковинска патриотска организација се додека Македонија не стане држава“.

Содржината на Мајскиот манифест, навистина, е составена токму по налог на Тодор Александров, меѓутоа, објавениот Мајски манифест не е соодветен со оригиналот, што е причина Тодор Александров да се откаже од потписот. При објавувањето на Мајскиот манифест се присутни нечесни игри, кои се уште не се обработени во нашата историја.

Ванчо Панзов од Свети Николе, синот на телохранителот, тврди дека прво е убиен татко му Панзо, а потоа Тодор Александров. „Роден сум посмртче во Свети Николе, а српските власти шест месеци не им дозволиле на мојата мајка да ме крсти, само затоа што татко ми бил телохранител на Тодор Александров. Мојот татко не е бугарски агент, ниту бугарски полицаец, а ако бил тоа, тогаш целото семејство ќе го префрлеше во Софија, како што обично го прават тоа шпионите.

Панче Коцев Иванов од с. Врсаково, Штипско, вели дека Тодор Александров имал привидение. Кога на грб го пренесував преку реката Брегалница ми го кажа следното: "Ќе дојде ден Македонија ќе биде држава, но јас нема да дочекам“.

Во 1918 година, Тодор Александров ќе ја обнови Македонската револуционерна организација, кога сите сметаа дека Македонското прашање е погребано. Тодор Александров се појавува на хоризонтот и со игла започна да копа извор, нагласувајќи дека македонското прашање не е бугарско, туку македонско државно прашање. Во времето кога Александров влегувал и дејствувал во Вардарска Македонија, кралска Југославија ангажирала 35.000 војници, жандари, граничари, четници, жандарски станици и гранични пунктови. Од вкупно 17.000 жандари што ги имало во Југославија, 12.000 биле распоредени во Македонија. Во таква околности Александров влегува во Вардарска Македонија како човек од теренот, во кого се крие скромен лик на човек кого го јадат вошките по македонските села, хранејќи се со црниот леб на сиромашниот селанец. По македонските планини, каде што се неговите "канцеларии“, прима странски дипломати и новинари и дава интервјуа. Води преговори за Македонија во Лондон, Рим во Виена. Дипломатите во Лодон се изненадени од неговите солидни познавања на состојбите на Балканот, кога "наведува дека насилството на Балканот ќе создаде насилство и во Европа“. За Александров се испеани повеќе народни песни, па затоа не е логично еден револуционер, кој е опеан од народниот гениј, да се прикаже како предавник.


Кога е убиен Тодор Александров, најмногу се радувале Бугарите и Србите.
Бугарите велеле: "Мртов, но употреблив“, Македонците, пак, велеле Македонија умре, а од странските дописници ќе биде забележан како македонски Робин Худ.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Dali mozhe nekoj, posebno Demkeh da go komentira interniranjeto na Aleksandrov od Sofija?


заседание, понеделник, 21 декември 1909 г.

Питане от П. Пешев относително причините за интернирването на Тодор Александров от гр. Софија

П. Пешев: И аз имам едно питане за интернирането на Тодора Александров. Молја г. министра да благоволи да ми отговори.

Председателствујушт Н. Гимиджијски: Има думата г. минист'р'т на в'трешните работи.

Минист'р М.Такев: На това питане оште завчера штјах да отговорја, но пропуснах и после, мислја, отс'ствуваше и г. Пешев.

Тук е прибјагнал от Македонија пак един македонски војвода Тодор Александров Парушев; тој живее в Горна-банја. Дојде до моите уши сведение, че Тодор Александров не е стојал мирно, занимавал се с работи, които б'лгарската политика не позволјава, и затуј предложих на Тодора Александров Парушев да напусне столицата и нејната околност и да замине за в'трешността на царството.


Както с'м пост'пвал с всички македонски дејатели, както пост'пих и с водителите на останалите от миналите времена разделенија на македонски партијки и фракцијки - санданисти, сарафисти, в'рховисти, цончовисти и пр. - така пост'пих и с Тодора Александров.

Те в столицата не могат да имат мјасто; могат да живејат в'в в'трешността на царството, но не и тук, заштото помежду си се преследват, заштото се трепјат и заштото всеки един ден, ако се оставјат свободни, кафене "Македонија" може да б'де арена на убијства.

Независимо от това с'ображение, има и с'ображенија, които не един п'т с'м имал случај да изкажа пред вас, с'ображенија, които се мотивират от в'ншната политика на правителството, којато то не един п'т има случај да изложи пред вас, а именно, че то не ште позволи в'в в'трешността на Б'лгарија никакви пертурбации с цел от тук да се пренесат в с'седната империја, заштото ние сме искали да дадем п'лно доказателство, че б'лгарската д'ржава ште стои с'в'ршено неутрална к'м в'трешните борби на империјата.

Всичкото ни желание е да се в'веде там ред и спокојствие, а ако го в'ведат, толкоз по-добре за империјата и за нас, заштото не един п'т сме зајавјавали, че тамошното спокојствие на нашите с'народници е спокојствие и б'лгарско, тамошното безпокојствие е безпокојствие на б'лгарското обштество, което не може да гледа индефирентно к'м с'дбата на нашите с'народници отв'д, без това да б'де вмешателство в'в в'трешното управление на империјата.

Това с'м казвал не един п'т и сега го повтарјам. Не един п'т сме подчертавали, че ние искаме да дадем п'лно доказателство, какво не сме ние причина за пертурбациите в Оотоманската империја; напротив, всекиго, когото нај-много бихме подозрели, че има замис'л да наруши в'трешната тишина и спокојствие на империјата, ние сме го жестоко преследвали, махвали сме го от к'м границата, вдигали сме го от столицата на Б'лгарија и сме го праштали к'м в'трешността, и с туј сме дали п'лно доказателство на империјата и на целија европејски свјат, че б'лгарската д'ржава се д'ржи абсолјутно коректно и лојално спрјамо борбите, които се намират отв'д Родопите и Рила.

Се по тези с'ображенија, когато дојде до моите уши, че Тодор Александров се подвизавал нјакога в Македонија, па и сега като че не иска јако мирно да стои, само в замислите му даже да има нешто, аз му предложих да се отстрани от столицата, да отиде в'в в'трешността на царството, - там, дето е Апостол војвода, там, дето е Тани Николов, там, дето е Лјапов, там, дето е Стојно Стојнов, там, дето са онези обштествени македонски дејатели, които аз изпратих от столицата нав'н.

Но след туј дојдоха лекари при мене и зајавиха, че тој е нештастен човек, страдал от гр'дна болест и ако бих го вдигнал от тук, дето се цери, може би ште пострада; затуј аз заповјадах да си остане пак там да се цери, но като му се внуши да се абстрахира от каквито и да е дејствија и замисли, заштото инак, макар и да е болен на легло, аз ште го вдигна от там. Засега отмених разпореждането си и го оставих пак да стои, но мирно и спокојно да се цери от болестта, којато го разјажда.

Председателствујушт Н. Гимиджијски: Доволен ли сте, г. Пешев?

П. Пешев: Аз с'м доволен, заштото и моите сведенија дејствително са такива, че тој е човек много болен и има нужда да се лекува, а не се занимава с никакви дела за бунтове в Македонија и пр.


 
Член од
27 октомври 2007
Мислења
3
Поени од реакции
0
Pa samiot Takev go komentira. Vidi istorskata sostoiba 1907-8-9-1910 neli sme istori4ari :wink: .

1." Както с'м пост'пвал с всички македонски дејатели, както пост'пих и с водителите на останалите от миналите времена разделенија на македонски партијки и фракцијки - санданисти, сарафисти, в'рховисти, цончовисти и пр. - така пост'пих и с Тодора Александров.

....... заштото помежду си се преследват, заштото се трепјат и заштото всеки един ден, ако се оставјат свободни, кафене "Македонија" може да б'де арена на убијства. "
tepaneq tepane ........megjsebno tepane:toe:

2."....., има и с'ображенија, ......, които се мотивират от в'ншната политика на правителството, ...а именно, че то не ште позволи в'в в'трешността на Б'лгарија никакви пертурбации с цел от тук да се пренесат в с'седната империја, заштото ние сме искали да дадем п'лно доказателство, че б'лгарската д'ржава ште стои с'в'ршено неутрална к'м в'трешните борби на империјата.

Всичкото ни желание е да се в'веде там ред и спокојствие, а ако го в'ведат, толкоз по-добре за империјата и за нас, заштото не един п'т сме зајавјавали, че тамошното спокојствие на нашите с'народници е спокојствие и б'лгарско, тамошното безпокојствие е безпокојствие на б'лгарското обштество, което не може да гледа индефирентно к'м с'дбата на нашите с'народници отв'д, без това да б'де вмешателство в'в в'трешното управление на империјата.

......, всекиго, когото бихме подозрели, че има замис'л да наруши в'трешната тишина и спокојствие на империјата, ние сме го жестоко преследвали, махвали сме го от к'м границата, вдигали сме го от столицата на Б'лгарија и сме го праштали к'м в'трешността, и с туј сме дали п'лно доказателство на империјата и на целија европејски свјат, че б'лгарската д'ржава се д'ржи абсолјутно коректно и лојално спрјамо борбите, които се намират отв'д Родопите и Рила.

Evropo, Evropo........... .......ska:wink: .

3. "Но след туј дојдоха лекари при мене и зајавиха, че тој е нештастен човек, страдал от гр'дна болест и ако бих го вдигнал от тук, дето се цери, може би ште пострада; затуј аз заповјадах да си остане пак там да се цери, но като му се внуши да се абстрахира от каквито и да е дејствија и замисли, заштото инак, макар и да е болен на легло, аз ште го вдигна от там. Засега отмених разпореждането си и го оставих пак да стои, но мирно и спокојно да се цери от болестта, којато го разјажда. "

Pa Takev namesto kjotek ......"humanist"
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Керката на Тодор Александров - Мариjа Александрова-Коева до преди неколко години/ мир на праха и/ бе почетен председател на бугарското ВМРО, неjната унука исто така е член на ВМРО во Бугариjа. ...
Bugar: samo za tvoe osvestuvanje, ne postoi "bugarskoto VMRO" kako sto ne postoi grcko ili srpsko VMRO! Taa grupacija sto ja spomnuvas ima dodavka BND i e del od bugarskata agentura koja go uzurpirala imeto VMRO. Vprochem i samiot vodach na grupacijata i site okolu nego se plateni shpioni, da ne gi nabrojuvam sega. VMRO e samo i edinstveno makedonska organizacija!

Po temata:




 

Kajgana Shop

На врв Bottom