karan
бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
- Член од
- 31 мај 2006
- Мислења
- 3.595
- Поени од реакции
- 2.719
Функционирањето после 1905 е насочено воглавно во меѓусебна борба (човек ќе помисли дека сите биле сигурни во скорешното и неминовно ослободување на Македонија па се испотепале "Кој ќе ни биде цар. Кој бог. И шпион кој ќе ни биде"..) и се одразува негативно на македонската кауза.А ВМРО престанува да работи после востанието и е возобновена подоцна. Ти дали ќе го признаваш тоа возобнување не релевантно оти тоа е неоспорен факт.
Се возобновиле многу организации со предзнакот ВМРО, но вистинската цел на илинденците никој не успеал да ја достигне, џабе го величате налудничавиот како "втор Гоце Делчев".
Tодорчо работел само за сопствен личен интерес.Тодор Александров се учи у школо бре како поим за герилска војна ти ќе кажуваш гола вода
Нема Македонец кој би ги простил зборовите на Тошо насочени против македонската национална идеја:
Еве за што се борел Тошо:Македонеро, види дел од писмо на Т.Александров во кое ги обвинува „теснецот-болшевик Х.Димов,анархистот-мрзливец Герџиков,шмеќерот-велзевул Ѓорче и предавниците во минатото и сега на бугарскиот народ санданисти говорат и агитираат дека треба да се бара автономија на Македонија, зашто таа е одделна економска и географска единица со самостоен „македонски народ“ со сопствена историја од векови...“
Важно научивте нешто од тие што континуирано рассмрдуваат по форумот:Според француски официјални извори, основна карактеристика на ВМРО-врховистичка на Тодор Александров, (основана кон крајот на Првата светска војна) е што "оваа организација е во рацете на националистите што владеат во Бугарија, таа редовно е финансирана од бугарската влада, која само од декември 1923 до февруари 1924 гoдина издвоила 150 милиони лева за ВМРО... ВМРО добивала голема помош од Германија преку А. Протогеров,од Италија и СССР преку П. Чаурев, од Турција, Хрватска и други земји".
Врските на ВМРО-врховистичка и нивното инкорпорирање со бугарската влада, според француски оцени, биле толку блиски и тесни, бидејќи тие имаат заедничка цел: "Бугаризација на Македонија и нејзиното приклучување кон Бугарија, и затоа е разбирливо тоа што ВМРО и бугарската влада работат рака под рака".
Прокламираната парола на ВМРО на Т. Александров "Македонија на Македонците", според француски сознанија и оцени, во суштина ја докажуваат вистината "Македонија на Бугарите" и "сегашните раководители на ВМРО целосно им се предадени на Бугарите и се во служба на Софија", а за Тодор Александров и неговите истомисленици се изнесуваат злосторничките убиства на недолжното македонско население: "омразата и подлоста што ја посеа Т. Александров околу себе на крајот се сврте против самиот него и тој падна како жртва на комунистичката завера во 1924 година".
Така, според француски извори, се нагласува дека "дури е апсурдно да се потврди, како што се прави во Софија и Белград, дека Македонија е бугарска, или дека Македонија е српска", а во врска со македонскиот јазик се нагласува дека "јазикот на Македонците не е бугарски, исто толку колку што не е ни српски".
А што е најсуштествено, за националната припадност, "ако прашате еден Македонец за таа работа, тој секогаш одговара дека е Македонец и иднината ја гледа во ослободувањето од полициската тиранија на турските, српските, бугарските власти".
Лазар ЛАЗАРОВ
Isto kako denes. Bugarija go ima Klovnot Karakacanov so klovnovskata partija, gi finansira,a Makedoncite ni najmalku ne gi vrtat...
100 000 МАКЕДОНСКИ КОМИТИ ОТ ЕГЕJ lee:
RESPECT :music3:
Само за сравнение грците имат мобилизирано 92 000 армиja за време на Балканската воjна :wink:
А зашто не му направите на Тодор биста кога толко го тачите.Имаше веке една и вие а урнахте.Сградите сега една нали ова нали е македонски jунак.