Дечки јас не се разбирам многу по историја и по оваа тема како некои членови овде и исто така не сум живеел во тој систем но тоа што можам да го закључам од моите родители е тоа што тие ми кажуваат дека во тоа време секој имал работа, секој имал пари да си ја издржува фамилијата имале безбедност во поглед на пукање на улица, бодење со ножеви, значи такво нешто немало и родителите не ги мислеле дали ке им се случи нешто лошо на улица и тие се чувствувале безбедни тогаш имале работа како и сите други и едноставно биле задоволни од животот. А тоа дека не се имало слобода на говор и тоа е точно, многу македонци завршиле на голи оток, тоа не го оправдувам а исто така тоа што Македонците ги носеле на срем наместо како тие што сакале во солун и тоа не го оправдувам. Малку знам затоа што имам 21 година што значи не сум зивеел во тоа време, но еве сега се едуцирам :smir:.