Па колку што знам Стаљин и Тито сакале сите делови на Македонија да бидат споени во една република додуше во составот на Југославија или БалкоСлавија т.е. Југославија + Источнине но во никој случај не самостојна. Е сега зошто тоа не се случило има многу причини.
1. Не било во интерес на Британија и САД зајакнување и ширење на комунизмот.
2. Не било пре виско на нивната агенда имала други приоритети
3. ЕГО-трипови на главните актери
4. Други поситни околности....
Ти што ќе истресеш од ракав? Или носиш маица на прерамки ама ладно е додуше за таква

Ај поздрав Дугар :salut:
болдираното не е вистина, на конференцијата во јалта се правени сферите на влијание во поствоена европа , таму е одлучено на територија на Грција 90% да биде англиски интерес, 10 % СССР, во граѓанска војна 46-49 ДАГ е оставен без руска помош дури и со преќутување на англо-америчка помош и дирекна интервенција (бомбардирање) на амерчки и англиски авиони врз ДАГ.
на истата конференција е договорено Југославија да биде во интерес 50-50 и затоа му е дозволено на Шубашиќ да се врати и да има демек избори каде народниот фронт на ТиТо победува демек на регуларни избори со преку90%.
понатаму позицијата на тито после имфомбирот 48 кон егејското прашање е следна , окривувана од грчките комунисти дека и зарива нож со тоа Македонците во ДАГ индирекно дури и дирекно ги нбедуваат за кривци, а од друга страна неговото кокетирање цо двата блока доведува да Македонското порашање во односите со грција остане табу теме или поточно да не се споменува
ИНТЕРВЈУ: ЕВАНГЕЛОС КОФОС, ГРЧКИ ИСТОРИЧАР
``
Македонското прашање во Грција не беше споменувано долго време. Зошто?
- Точно, тоа не беше многу споменувано во јавноста, бидејќи по острата дебата во раните 60-ти имаше еден вид непишан договор со тогашниот југословенски министер за надворешни работи и тој договор во грчката историја е познат како "договор за молк", односно договор од типот "да се обидеме да не зборуваме за тоа" поради меѓународната ситуација. Но, и по воведувањето демократија во Грција, тоа беше ново прашање, кое до раните 70-ти години за Грците беше прашање на сигурност, на безбедност. Од територијален аспект, а не од социјален. Кога почна да се топи мразот помеѓу Западот и Истокот се намали чувството на небезбедност, но почнаа да излегуваат други елементи, кои во почетокот не беа видливи за јавноста. Тоа беше проблемот на идентитетот. Грците не зборуваа ништо, но во вашата земја Југославија, особено во нејзиниот јужен дел, во Социјалистичка Република Македонија се појави македонски идентитет, кој се ширеше, а нејзините жители почнаа да се идентификуваат како Македонци. Во исто време Грците почнаа да сфаќаат што се случува, и тоа главно преку дијаспората во Австралија, Канада, Германија, САД. Грците што живееја таму, особено заедниците на грчките Македонци имаа секојдневни судири со заедниците на Славомакедонците, односно заедниците на југословенските Македонци.``-
http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2940&stID=69465