Тито и Македониjа

Дали е Тито предавник или херој?

  • Предавник

    Гласови: 12 66,7%
  • Херој

    Гласови: 6 33,3%

  • Вкупно гласачи
    18

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Тито, со писмо од 16 јануари 1943 година до ПК КПЈ за Македонија, преку С.В. Темпо, им се обраќа на македонските комунисти: "Потребна е мобилизација на сите сили на нашата партиска организација, неизживеаноста и либералниот однос кон "автономистичките“ тенденции со национален карактер целосно да ги ликвидираме. Ние недоволно енергично удривме по тие "автономистички“ тенденции, кои во голема мера ја зафатиле нашата партиска организација во Македонија!

Да не го заборавиме саботирањето на тие Македонски автомистички стремења, токму од страна на тие лево-ориентирани партиски послушници. Каде "народната“ власт на НРМ има затворано и осудено 20 члена на историскиот АСНОМ, од кои двајца се ликвидирани и најмалку уште толку членови политички дискредитирани.

Крвавото загушување на бунтот на македонската артилериска бригада која на плоштадот во Скопје извикувала “На Солун, На Солун“ , “Не на Берлин“, “Не на Срем“....
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Решението за автономна Македониjа е взето в Jаице 1943г без присуството на македонски делегати/зошто/ и изп'лнено на 2 август 1944 в Прохор Пчински.
Хехе ко да нема да се согласеле со нешто...Исто ти е им каснел возот затоа не дошле во ЈаЈце.
 

Wolver1nE

Ај лав пуси
Член од
31 јануари 2008
Мислења
528
Поени од реакции
46
Тито не упропасти, имаше шанса да не обедини со пиринска ја упропасти се искара со сите, 10то дете кум одеше кај албанциве затоа се котеа ко глувци, во Косово никогаш не превзеде некој посебни мерки само ќе отидел и ќе ја смирел ситуацијата за одредено време, фронтот им го згреши на Македонските војници... Не призна како нација и народ од страв да не заврши како А.Караѓорѓевиќ.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Имали сме малку касмет, че Тито не е србин и е признал отделна Р.Македониjа. Инако не ми се мисли как србите кеа да напуснат јужна Србиjа след 1990г.
Хипотези на Квазиисториската Митологија. Србофобија ради још. Наш прЈетседник ЈБТ био ја србокомуњар...

Како и да е Чика Тито е Тито... Има срања направено има и фини работи не би сакал да ги мерам на кантар.
 
Член од
14 септември 2009
Мислења
118
Поени од реакции
9
Извлекувањето на ЈНА од Македонија? Мислам дека не е веке таjна-колку воиници на ЈНА и од какав вид ,каде са били дислоцирани на териториjата на Македониjа. Со какво оружие се извлекува ЈНА?
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Извлекувањето на ЈНА од Македонија? Мислам дека не е веке таjна-колку воиници на ЈНА и од какав вид ,каде са били дислоцирани на териториjата на Македониjа. Со какво оружие се извлекува ЈНА?
ЈНА се повлече од Македонија со се што имаше, вклучувајќи и штекери, паркет и се комплет од касарните.
Колку биле, незнам...
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
44
Поени од реакции
2
се согласувам дека денес е многу убаво да се живее во своја татковина и просто кажано да си бидеш сам на своето. Но сепак ке се согласите дека во времето на Тито,односно на СФРЈ не се така црно како што се прикажува дури ие малку посветло.
 
Член од
9 мај 2006
Мислења
150
Поени од реакции
7
се согласувам дека денес е многу убаво да се живее во своја татковина и просто кажано да си бидеш сам на своето. Но сепак ке се согласите дека во времето на Тито,односно на СФРЈ не се така црно како што се прикажува дури ие малку посветло.
Нема да се согласиме, затоа што сме живееле во тоа време и многу убаво ги разликуваме бајките од реалноста.

Имаш мој пост погоре со линк во колумна од Дневник, па прочитај.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=AFE3C46992C1254F9803BCEE51FF7E78&arc=1
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Анкета


Подобро се живее(ше) во:
1989 година (7577)
2009 година (2775)

Вкупно 10352 гласа
Утински Весник

Знам дека е проСДСМовски весник и на е баш најрепрезантетаивен примерок А бога ми и јас не се согласувам со тоа т.е. Гласав за 2009 ама сепак значителен број на Македонски граѓани не го делат моето мислење.

Иако гледам дека повеќето кајгани :jaj: го оценуваат како негативно владењето на ЈБТ е и тука јас пак не би се согласил и ќе бидам во малцинство. За тој период сум неутрален иако сега е боље дефинитивно. Како што било во 1944/45 подобро од предходно т.е. работите секогаш ни одат на подобро...
Лелел ама оптимиста сум бил :kesa:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Тито и Македонија?

За да се добие поцелосна слика на проблемот ова прашање мора да се разгледува во корелација со прашањата:

Тито и Словенија?
Тито и Хрватска?
Тито и БиХ?
Тито и Србија?
Тито и Црна гора?

Во сите преовладува мислењето дека тој го закочил нивниот национален развој и осамостојување т.е. дека тој е дежурниот кривец.
Не, тој само го продолжил она што во друга идеолошка матрица, и без Македонија и Црна Гора во планот што многу порано, крајот на 19 и почетокот на 20 век, е започнато по Австо-Унгарските и Италијанските кафани. Тито и КПЈ само се надоврзале на таа идеја но по комунистички и интернационалистички сфаќања.
Балканот во тоа време......Србија и Црна гора независни се останото под турско или австро-унгарско владение......тука татарите, романците и грците не ги земам во предвид.
Хрватите и словенците увидуваат дека немаат големи шанси да сами си изборат независност па ги вовлекуваат и србите во игра со идејата за јужно словенско обединување во една држава но притоа изоставајки го фактот дека мислат само на привремено обединување т.е. до првата поволна прилика да му ја киднат, Србија како награда за помошта би ја добила црна гора, тоа што ќе го земе од турците (Македонија) и право на монарх.

Периодот од Сараевските атентати па натаму го знаеме.

За време на втората светска војна, во таа мешаница, кај сите народи на југословенските простори се јавуваат движења за национално осамостојување па и кај нас.
Но разликата е во тоа што додека кај другите народи тие движења се на страната на Германија (и затоа во воениот и повоениот период е полесна и побезболна пресметката со нив) во Македонија отпорот е на другата страна од силите т.е. донекаде но само донекаде се поклопува со интересите на КПЈ односно само во делот за помош во борбата за исфрлање на татарскиот и италијанскиот окупатор од македонија и ништо повеќе.
Но како и за се во овој свет желбите се едно а стварноста и можностите друго, стана тоа што стана, беше што беше и крај, добро е да се познава минатото но сега е најважно да се свртиме кон иднината каква ќе си ја направиме таква ќе биде.
А борбата на македонскиот народ не е завршена таа се уште трае а за таа да трае несебично „помагаат’’ и се грижат со широко отворени очи нашите ни сакани комшии на разни начини па и со отварањето на вакви и слични теми по македонските форуми.
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Што да напишам за човек кој ги испратил сите вистински Македонци на ГОЛИ ОТОК и по македонските затвори како неподобни.Тито и неговите македонски помошници се најголемите гробари.ги отепаја
Ченто,Брашнаров,Шатев,Марковски,Рацин ...........................:salut:
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.267
Некому му е криво што Македонија беше во Југославија? Или му е криво што во рамките на таа Југославија ја оствари каква - таква својата државност?

Уште отпочеток забележав накаде води дискусијата. Некој се обидува да ја оцрни таа Југославија и Тито, да прикаже дека во Југославија на Македонците им било се црно и дека не биле слободни, дека биле поробени и дека единствено ќе просперирале со својот народ одн. со Бугарите.

Не велам дека Југославија беше нешто прекрасно. Во Југославија имаше многу грди работи, убаво се живееше се на се 10-тина години (1970-1980). Тогаш се градеа куќи и станови и се купуваа странски возила и странска роба, се шеташе низ Европа и т.н. Пред тоа и после тоа беше сиромашко или со ограничена купувачка.

Тито не го интересираше да ја поробува Македонија (културно и национално да ја обезличи). Тој повеќе сакаше да има “ограничена слобода“ и да има мир во куќата, да си ја помини власта додека е жив, а не да создава револт кај народот, востанија и борба за слобода. Поентата ми е дека Тито не дека беше добар или лош, туку дека тој владееше во склад со приликите, онолку колку што можеше и како што можеше, давајќи му на народот онолку слобода колку за да биде мирен и да си ја гледа работичката и да не поставува многу прашања...

Тито и даде на Македонија национална слобода не дека ја сакаше многу (којзнае колку и ја познаваше или се интересираше за неа) туку за да ги задоволи националните стремежи на Македонците и да ги смири за да не се бунат многу.

Сите останати слабости на таа Југославија (недостатокот на политичка слобода и право на свое мислење, економскиот идиотизам) се последица на комунистичкиот режим и тие се исти секаде каде што имаше комунистички режим, дури во другите комунистички земји слободата беше минимална во споредба со онаа на Југославија.
Факт е дека стопански цела Југославија се разви најмногу во тој период, единствено, наместо да се уништува тоа стопанство, требаше да се промени сопственичката структура. За разлика од соседите (Албанци, Бугари) каде нивните мафијашки организации крадеа од Европа и им продаваа дрога, а тие пари ги вложуваа во своите држави (и сеуште ги вложуваат), нашите мафијаши (обични селски арамии, кокошкари, мафијаши е прејак израз) користејќи ја нашата наивност, крадеа од Македонија а парите ги изнесуваа надвор. Затоа сме на ова “дереџе“.

Југославија се распадна (ја растурија) токму поради тоа нејзино развиено стопанство кое што беше на ниво на поразвиените во Европа и беше закана за нивните стопанства доколку се променеше сопственичката структура. Вака од Советскиот Сојуз, Југославија, и целиот Источен Блок си направија еден огромен пазар на кого му се шитка роба вредна со милијарди, а им се извлекуваат само суровини кои преработени како готов производ повторно им се продаваат на Источните земји... А за “лекциите“ по демократија од разно-разни медијатори, преваранти и хохштаплери избркани од дома (кои, впрочем, пак ние ги плаќаме) да не зборувам. Пред да дојдат тие медијатори ние си живеевме убаво со Албанците, Ромите и сите други, а откако тие дојдоа само кавги и расправии си имаме.

Да не рече некој пак дека жалам по Југославија. Ич не ми е жал. Мило ми е што таа се распадна и конечно Македонија да ја видам независна држава. Поради тоа бев зачленет во ВМРО-ДПМНЕ уште од самиот почеток, за да после, кога видов некои работи кои не ми се допаѓаа, се пасивизирам и на крај кога го запознав убаво Лјубчо да им речам збогум. Дури, имав (со останатите регрутирани резервисти) малку улога врз повлекувањето на ЈНА од Македонија преку штрајкот на мобилизираните единици во Кумановската касарна околу 4-ти Јули 1991 г. После тоа Кљусев и Блаже Ристевски (кои се криеја по станови низ Скопје) склучија договор со ген. Аџиќ од ЈА за нејзино повлекување на Македонија и конечно прогласување на независност на 8-септември.

Како што гледате, џабе ме обвинувате за Југоносталгија. Само да ве предупредам дека сатанизирајќи ја таа Југославија и Тито им одите на рака на негаторите на Македонија (штом ја мразите толку многу Југославија значи вие сте Бугари кои што во таа Југославија не биле слободни да се декларираат како што сакаат, а Тито секој што ќе се декларирал како Бугарин го праќал на Голи Оток - ете таа мисла и намера се крие зад привидно “наивната“ тема што е отворена на форумов) Што мислите зошто на темава има толку многу Бугарски јазик?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Кариес
Само да ве предупредам дека сатанизирајќи ја таа Југославија и Тито им одите на рака на негаторите на Македонија (штом ја мразите толку многу Југославија значи вие сте Бугари кои што во таа Југославија не биле слободни да се декларираат како што сакаат, а Тито секој што ќе се декларирал како Бугарин го праќал на Голи Оток - ете таа мисла и намера се крие зад привидно “наивната“ тема што е отворена на форумов)
спротивната теза пак дека Тито ни праел добрини оди под рака со великосрпската и грчката пропаганда дека Тито е заслужен за создавањето Македонската држава или дека тој го го фабрикувал македонскиот народ. Што индиректно иде под рака со Бугарските тези дека сме биле “одбугарчени“.

Затоа да не се плеткаме многу туку да ги прикажеме аргументите.

Доколку било идеално во СФРЈ, немаше да имаме 3 најголем бран на емигранти во историјата на земјава пред се поради таа “пријателска“ политика.

Наместо да гинеа Македонците на Срем, ќе им се придружеа на своите браќа од Беломорието во заедничката борба.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Па во последно време има масовно исфрлање на милионтомните дела за Тито, неговиот живот, кариера, политика, неговите портрети и фигурички. Дали југоносталгичните почнаа да умираат (пензионерите) или пак се откажаа од напорите за враќање на стариот систем. Тито не го почитувал од една причина што со својата политика го уништи Ченто и го испрати до гроб. Од друга страна пак, му се восхитувам на можноста да раководи со 6 републики, со 6 различни народности и неколку различни религии цели 50 години. Тоа е за пофалба!
 
Член од
14 септември 2009
Мислења
118
Поени од реакции
9
Безспорно Тито е талант. Но тоj е хрват и то ва многу му помогна. Милошевич коjто не е по глупав от Тито не можеше да води таjа политика. На Милошевич като прави србин никоj немаше да позволи да води таjа политика. Освен тоа Европа беше разпределена мегу Ч'рчил, Рузвелт и Сталин в јалта и Техеран. Беше точно определино коj кого ке "освободи". САД и В.Британиjа предадоа балканските народи на Сталин. Ако беа изб'рзали с офанзивата на Балканот во Бугариjа и част или цела Jугославиjа никогаш немаше да има социализам. И пак за Тито. Тито немаше никакви илjузии за Македониjа. Затоа изпрати наказателната косовска бригада начело с Темпо во Македониjа за да уништи всени опит за независимо с'штествуване.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom