Тито и Македониjа

Дали е Тито предавник или херој?

  • Предавник

    Гласови: 10 62,5%
  • Херој

    Гласови: 6 37,5%

  • Вкупно гласачи
    16
Член од
3 март 2008
Мислења
831
Поени од реакции
31
Samo za potsetuvanje, kartata na moderna Evropa, se kroese na Jalta, a ne na zasedanieto na ASNOM.

Makedonija vo sklop na SFRJ , vekje bese svrsen cin za USA a i za Zapadna Evropa, te antifasistickata koalicija....i toa direktno poddrzuvan od niv samite.

Aj da ne se zanesuvame...da imase baba mi madinja, ke bese dedo...:toe:
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Abe Tito bese internacionalista i komunista i on bese za brasto i edinsto i on bese za radnicka klasa i praata na svitina ejj on sea pie skocko viski u rajo!
 

sto

Член од
22 октомври 2009
Мислења
101
Поени од реакции
5
Од сите соц руководители Тито стои наj близо до Сталин по убииства. Во СФРJ, след СССР има наjголем брои убити во логорите и затворите. Што за лабав социализам беше това?
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Од сите соц руководители Тито стои наj близо до Сталин по убииства. Во СФРJ, след СССР има наjголем брои убити во логорите и затворите. Што за лабав социализам беше това?
А ти си слушнал за Мао Це Тунг,Пол Пот,Никулае Чаушеску,Леонид Брежњев...
Не мора по книги да копаш,Гугл и Вики ти стојат на располагање...
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
"The benevolent dictator"



The benevolent dictator is a more modern version of the classical “enlightened despot”, being an absolute ruler who exercises his or her political power for the benefit of the people rather than exclusively for his or her own benefit. Like many political classifications, this term suffers from its inherent subjectivity. Such leaders as Napoleon Bonaparte, Anwar Sadat, Alfredo Stroessner, Kenneth Kaunda, Józef Piłsudski, Ion Antonescu, Miklós Horthy, Mustafa Kemal Atatürk, Deng Xiaoping, Omar Torrijos, and Park Chung-hee have been characterized by their supporters as benevolent dictators. For example some of these people have been democratically elected (e.g., Mustafa Kemal Atatürk).[4] In Spanish, the word dictablanda is sometimes used for a dictatorship conserving some of the liberties and mechanisms of democracy. (The pun is that, in Spanish, dictadura is “dictatorship”, dura is “hard” and blanda is “soft”). Some examples includes Yugoslavia under Josip Broz Tito or Spain under Francisco Franco. This contrasts with democradura (literally “hard democracy”), characterized by full formal democracy alongside limitations on constitutional freedoms and human rights abuses, frequently within the context of a civil conflict or the existence of an insurgency. Governments in Bolivia, Chile, Colombia, Ecuador, Eritrea, El Salvador, Guatemala, Haiti, Mexico, Peru and Venezuela have at various times been considered régimes by different critics and opposition groups, not necessarily with an academic or political consensus about the application of the term emerging.
Aj да не бара на вики еве му....
Тито бил шајзе ама тогаш за прв пат Македонците имале одредено релативно виско ниво на самоуправа за прв пат до тогаш и во основа тоа му е едниствена добра страна. И цркнете Татари од љубомора кога Македонците се Слободни тогаш се Македонци...
СМРТ за Негаторски Бугари (Тито 45) Слобода за Македонија!!!
 

skywallker77

realen pragmaticar
Член од
1 октомври 2009
Мислења
223
Поени од реакции
28
Prijatelce, ako Zapadot imase plan da ja sozdade Makedonija , obedineta, ke go napravese toa uste vo 1912.

Ti seuste veruvas deka Anglija i Francija, pobednici vo 2ra svetska vojna, i patroni i kumovi na Neo-Helenskata Republika, ke se ispismanea i ke ja dezintegriraa Grcija za smetka na nekoja si nova obedineta Makedonija,kako drzava?
A za Kralevska Yugoslavia i kral Aleksandar i da ne zboruvame, toj bese isto Blizok so Anglija...

Naivno razmisluvas ako, seuste veruvas deka Zapadot ke dozvolese, seckanje na nivni kreacii-drzavi i ljubimcinja, na smetka na nezavisna demokratska Makedonija.

Grcija ja sozdade samiot Zapad so cel da si sozdade nekakov istoriski kontinuitet ...zosto bi ja rusel po samo 4-5 decenii??:toe::toe:
Ajde so tebe pak odnovo ce se objasnuvame ama ne problem..
-Zapadot spored tebe e kriv za podelbata na Makedonija a sosedite ne ti se krivi so golema podrska na Rusija i tvojot istok.Sakam da ti kazam deka inicijativata za podelba na Makedonija e od strana na Srbija,Bugarija i Grcija a golema podrska imaat od Rusija i Francija i seto poradi kotinuiranite propagandi od komsiite i nesposobnosta na narodot na ovoj prostor za drzavotvornost(taka e navedeno pri podelbata).
-Kaj vide ti dezintegracija na Grcija vo samostojnosta na Makedonija koga za vreme na vojna normalno e da ima prekrojuvanje na granicite i dokolku makedonskiot narod i negovite lideri cvrsto zastanele na stavot da se obedini vo takvi uslovi(voeni,poslevoeni) bilo mozno,a deka imalo idea imalo,ima luge koi i vo 2ra svetska vojna i posle nea zaginaa i bea zatvorani za taa idea,a kolku i dali ce uspeese sevo ova sega ne mozeme da znaeme.
-Makedonskiot narod nemal drzava predhodno i dali zapadot ce dozvolel seckanje na milenicijnata ne mozeme da znaeme no pak ce ti kazam ne e zapadot celosno kriv za podelbata na Makedonija,i istokot t.e Rusija dala blagoslov za podelbata i realno da si kazime Rusija otsekogas bila na strana na Srbija(pomal brat),Bugarija,a i odnosite so Grcija kako pravoslavna drzava od sekogas se odlicni za sto Grcija bese kritikuvana od zapadot i den denes.Edinstveno SAD nedvosmisleno bil za sozdavanje nova drzava(Makedonija cela)uste vo Bukurest no tamu predstavnicite na SAD bile samo kako zemja nabljuduvac.
-Grcija nemase potreba da se rusi stanuvase zbor za delot koj e vo granicte na Makedonija i etnicki i geografski i poradi toa problemot so Grcija se provlekuva i den denes,poradi toa se i problemite za imeto,poradi toa narodot e zastrasuvan i mu bilo zabraneto da se izjasnuva kako Makedonski i da zboruva na majcin jazik,poradi toa se proteruvani iljadnici Makedonci i pred "48 i posle toa,toa bese genocid za da se prikrie postoenjeto na toj narod na taa teritorija.Dokolku zapadot tolku cvrsto stoi zad Grcija nema potreba od strav no izgleda ne e taka vo celost,a na Grcija toa i e jasno celo vreme.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Никој од носталгичарите не реплицираше на оваа колумна која претходно ја постираше еден член.
Тоа што тито го правеше од економски аспект беше тотално безврска, а паролата "Ниеден работник без работа" служеше како опиум на масите.

Па фала богу дека со таков економски систем на сите им било убаво. Никој ништо не работел а сите земале плата, К15, па додатоци, па одмори по 3 месеци.

Затоа таквиот недомаќински начин на работење го платија подоцна сире држави од Југославија, а најтрагично од сето тоа е што нас ни остана оваа проклета носталгија. Сите сакаат да земаат плата и да не работаат ништо, сите сакаат да земат кредит за куќа а после некоја инфлација кредитот да вреди колку една кутија цигари. Најлошо од сето тоа е што ни остана југословенскиот менталитет: желба за опортунистичка заработка, легачење и секогаш другиот да е крив за нашата несреќа.

Па да беше толку убава таа Југославија немаше никогаш да се распадне, немаше да можат ни Американците ни Европа ни Русите да ја чепнат "силната и благосостојбена" држава, а недајбоже и да се обидат да ја распаднат.

Нашите родители живееле можеби и подобро од нас, но затоа ние сега го плаќаме цехот на Титова Југославија. Ние денес сме инфицирани од тие кукања за некои подобри времиња и сеуште чекаме да се појави некој си нов спасител за да не избави од мизеријата која самите си ја создадовме.

Прочитајте малце и размислете:

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=AFE3C46992C1254F9803BCEE51FF7E78&arc=1

Она што ме изненади на самиот празник на независноста, беше хиперболизирањето на македонските економски проблеми, надополнето со сплет од шокантни заклучоци. Сето тоа во режија и интерпретација на поголемиот број електронски медиуми. Па така, деновиве од сите страни се слушаат некомплетни анализи, според кои, осумнаесетте години транзиција биле голема несреќа во споредба со „старите добри времиња“. Дека потребата од приватизација била дискутабилна. Дека транзицијата била голема неправда за обичниот човек-работникот итн. Заклучокот кој следи е многу јасен. Малку фалеше, па осми септември да испадне панихида на СФРЈ, а не роденден на самостојна Македонија.

Затоа, еднаш да го расчистиме митот за „старите добри времиња“. Оние што удираат по маса додека го бранат социјализмот, нека ми одговорат на следново прашање: Зошто во 80-тите имаше онолкава инфлација?

Кога се говори за куповната моќ на претходниот систем, како свесно да се одбегнува фактот дека таквата куповна моќ егзистирала само во 70-тите години. Никогаш пред, и никогаш потоа.

Државната интервенција, која се одвиваше паралелно со глорификацијата на личноста на Јосип Броз, не значеше само отворање стопански комплекси. Броз печатеше пари и за потребите на војската, спортот, но и за стопанските субјекти кои работеа нерентабилно. Речиси никој денес не ги спомнува политичките директиви на ЦК СКЈ од 70-тите и од 80-тите до сите стопански субјекти, за тоа колку работни места треба да отворат. Таквите директиви, кои денес се достапни на интернет, морало да бидат испочитувани без разлика на постигнатите резултати. Од тоа време останала и народната поговорка „клати врата, земај плата“. Фактички, тогаш е направен технолошки вишок од работни места кои исчезнаа во почетокот на приватизацијата.

Еден од најактивните производствени погони во тоа време, печатницата за пари во Топчидер, работеше активно со цел да ја задоволи „побарувачката“ која ја создаваа Броз и неговите економски планери. Но, инфлацијата во времето на Броз беше одбегнувана со кредити, па и со донации од „трулиот запад“. Беше тоа награда за политиката кон СССР, но и добар начин да се амортизира монетарната деструкција. Паралелно со печатењето пари во финансискиот систем беа пуштани и девизи, па курсот на динарот не беше драстично нарушен. Се сложувам дека таквото време било прекрасно за живеење. Од една страна продуктивноста по работник паѓа, бидејќи повеќе работници се ангажираат за истото производство, но од друга страна работниците добиваат редовен личен доход, разлики „К-15“, полутки и кашкавал од синдикатот, работнички одморалишта и што ли уште не. Бајките на Маркс и на Енгелс како да станувале реалност, без никој да се запраша од каде му се на Броз сите тие пари.

Во 80-тите години престана кредитирањето. Крајот на Студената војна значеше дека Брозовата држава не е повеќе интересна, особено не за кредитирање. Но, монетарната експанзија продолжи, а со неа и растот на инфлацијата. Оние кои добро паметат, може да потврдат дека просечниот личен доход во Македонија во 1980 година беше еден милион стари динари, а во 1988 година достигна близу една милијарда стари динари. Номинално, во бројки, личниот доход се зголемил речиси милион пати, а фактички куповната моќ е опадната.

Што потоа? Потоа дојде ММФ, кој навистина ја сопре инфлацијата, но беше побарано да се сопре и монетарната експанзија, како и да се спроведат демократски парламентарни избори. И тоа не само кај нас, туку во цела источна Европа. Тоа, пак, значеше не само политичко погребување на системот туку и крај за паричното помагање на државните фирми кои работат со загуба. Стопирањето на инфлацијата, која нашиот стандард можеше да го изедначи со оној на денешен Зимбабве, буквално значеше стопирање на печатењето пари. Работните места што зависеа од таквите пари одеднаш престанаа да постојат. Јадните луѓе, кои останаа без работа, се најдоа во немилост чувствувајќи се измамени, комплетно несвесни дека нивните работни места постоеле само виртуелно. И ако на сево ова, го додадеме и фактот дека приватизацијата ја изведоа некадарни луѓе, односно довчерашните комунисти, луѓе со крива перцепција спрема капитализмот како систем, станува јасно дека целокупната сиромаштија денес е производ на погрешните економски потези во 70-тите, 80-тите и 90-тите години од минатиот век. Од друга страна, економиите од источна Европа, кои успеаја економски да не' надминат, најнапред спроведоа успешни општествени реформи. Тоа им донесе странски инвеститори во голем број, така што цената на работната сила порасна неколкукратно.

Токму тоа е и нашиот вистински проблем. Реалните недостатоци на независна Македонија се бавноста на реформите, социјализацијата на економијата и другите бариери за странскиот капитал. Таквите реформи од источна Европа направија пристојно место за живеење, а не носталгијата по системот „клати врата, земај плата“.

До наредната годишнина на независноста јас би посакал поквалитетни и побрзи општествени реформи, повеќе инвеститори и крај на светската криза. Додека пак за личниот успех, ќе мора да се потрудиме, пред се', самите ние како поединци.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Виктор Трифуновски е екстемиста и економски Анархиста и би воведол робовладетлески систем се додека робовите се продаваат по пазарна цена :-D...Ама дека во СФРЈ дека економијата бил за курац е во право. Ако погледнам што се имам направено во овие 18 години капитализам е многу повеќе од тоа што го направиле комуниситет а имале мнооооооооогу подобри услов за економски развој.
Имале поголема држава и пазар
Стабилни политички соодноси
Мир
Немале економски блокади и ембрага
Речиси иделани услови за развој ама сепак имаше одредена стагнација во -70 и -80тите.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Многу добар текст Страшен, сурово ама тоа беше ко што е пишано.
Се сеќавам железарци како се смешкаа ко зелени...од месец дена, пола месец на боловање...па ме чуди кога некој ќе тврди дека тој период биле градени индустријата и капацитетите. Градени, но колку рентабилни е прашање. Да не вртам наоколу, доста реално кажано за тогашните состојби.
Да, да беше толку силна Југославија, богата и стабилна немаше така лесно да се распадне...многу лесно и многу крваво.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Тито знаеше дека малите народи како сите ние кои бевме у екс ЈУ, можат да функционираат обединети бидејќи тие економски се упатени едни на други, да се прифатеше конфедерација Југославија немаше да се распадне, но сега што е тука е...
 
Член од
3 март 2008
Мислења
831
Поени од реакции
31
Ajde so tebe pak odnovo ce se objasnuvame ama ne problem..
-Zapadot spored tebe e kriv za podelbata na Makedonija a sosedite ne ti se krivi so golema podrska na Rusija i tvojot istok.Sakam da ti kazam deka inicijativata za podelba na Makedonija e od strana na Srbija,Bugarija i Grcija a golema podrska imaat od Rusija i Francija i seto poradi kotinuiranite propagandi od komsiite i nesposobnosta na narodot na ovoj prostor za drzavotvornost(taka e navedeno pri podelbata).
-Kaj vide ti dezintegracija na Grcija vo samostojnosta na Makedonija koga za vreme na vojna normalno e da ima prekrojuvanje na granicite i dokolku makedonskiot narod i negovite lideri cvrsto zastanele na stavot da se obedini vo takvi uslovi(voeni,poslevoeni) bilo mozno,a deka imalo idea imalo,ima luge koi i vo 2ra svetska vojna i posle nea zaginaa i bea zatvorani za taa idea,a kolku i dali ce uspeese sevo ova sega ne mozeme da znaeme.
-Makedonskiot narod nemal drzava predhodno i dali zapadot ce dozvolel seckanje na milenicijnata ne mozeme da znaeme no pak ce ti kazam ne e zapadot celosno kriv za podelbata na Makedonija,i istokot t.e Rusija dala blagoslov za podelbata i realno da si kazime Rusija otsekogas bila na strana na Srbija(pomal brat),Bugarija,a i odnosite so Grcija kako pravoslavna drzava od sekogas se odlicni za sto Grcija bese kritikuvana od zapadot i den denes.Edinstveno SAD nedvosmisleno bil za sozdavanje nova drzava(Makedonija cela)uste vo Bukurest no tamu predstavnicite na SAD bile samo kako zemja nabljuduvac.
-Grcija nemase potreba da se rusi stanuvase zbor za delot koj e vo granicte na Makedonija i etnicki i geografski i poradi toa problemot so Grcija se provlekuva i den denes,poradi toa se i problemite za imeto,poradi toa narodot e zastrasuvan i mu bilo zabraneto da se izjasnuva kako Makedonski i da zboruva na majcin jazik,poradi toa se proteruvani iljadnici Makedonci i pred "48 i posle toa,toa bese genocid za da se prikrie postoenjeto na toj narod na taa teritorija.Dokolku zapadot tolku cvrsto stoi zad Grcija nema potreba od strav no izgleda ne e taka vo celost,a na Grcija toa i e jasno celo vreme.

Nikade ne e sporno deka i Rusija vo istorijata bila protiv Makedonskite nacionalni interesi. Jas nikade ne spomnav deka Rusija bila za Nezavisna Makedonija i nejzinata kauza. Megjutoa Istokot ne e samo Rusija, tuku i Ceska, Polska(tradicionalno prijatelska so Makedonija) Slovacka,Romanija, Ukraina itn itn..Generalizacija na Istokot so Rusija e vo najmala raka neprecizno, bidejki i vo toj Istok imalo mozaik od nacii, narodi, stavovi, i politiki, koi za pravda bile nekako zaseneti od dominantnata Ruska politika, no toa ne znaci deka ne postoele.

Grcija so involviranjeto vo 2rata svetska vojna, zastanala na stranata na antifasistite, stanala DRZAVa, sojuznik na Anglija Francija, USA.
Kade ti gledas logika deka bas tie sojuznici, Anglija Francija ili USA, direktno ke se svrtat protiv Grcija odzemajki i teritorija(dotogas internacionalno priznata so jasno definirani granici 1912-1913 a i nekolku konferencii potoa za vreme 1va svetska vojna), za smetka na nekoja nova drzava Makedonija, koja za jadro bi ja imala turskata avtonomna oblast Makedonija od pred Balkanskite Vojni.

Ako Grcija zastanela na stranata na Fasistite, i bila zemja gubitnicka, i da mozam nekako da razberam nekoj da i odzema teritorija i pokraj priznatite so megjunarodni dogovori granici...ama kako sojuznik nekoj da ja kaznuva??:toe::toe:
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
Тие горните земји се средна европа и претежно не се идентификуваат со рускиот исток поблиску историски биле со франција и англија,.

пример за ``награда е полска`` областа калининград, всушност и целата е жртвувана после војната...дури и генерал сикорски 42 мислам дека му направија атентат.

всушност земјата поради која на 3 септември франција и англија и објавија војна на германија беше подарена на СССР 1945
 
Член од
3 март 2008
Мислења
831
Поени од реакции
31
tocno , ne ne zemas vo predvid deka toa se slucilo kako obicna raspledelba na plen pomegju GIGANTI koi si ja crtale mapata za svoi potrebi.

Makedonija, so nejzinite ziteli, vlijanie internacionalno,inteligencija, ne moze ni da se sporedi so edna Rusija.

Kazi mi zosto edna Anglija ili Francija, pa i USA bi ja dezintegrirale Grcija za smetka na Makedonija, koga vekje Grcija bila nivna sigurna strateska baza, nivna "neo" lulka na evropskata istorija i pismenost???


Podelbata na Istok i Zapad se sluci bas po 2ra svetska vojna i kako rezultat na vojnata. za Istok se smetase i seuste se smeta vo EU(citaj nova evropa) Polska Ceska Ungarija, Slovacka, Letonija Estonija itn itn...iako se centralno i severno evropski zemji...
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
уште за време 1 светска војна англичаните испраќаат тамо експедационен корпус и го примораат константин 1 кралот на грција инаку прогермански настроен да застане на страна на атантата.

грција највеќе егзистирала ради англија штитејќи ги нејзините интереси.
е сега договорот од јалта пред се , како и договорот од варикиза...тука е одлучено за многу работи кои ден денес се такви на терен.

дезинтеграција на грција можеби би била можна ако народното ослободително движење на Македонија било централно и на трите дела, нешто налик на Шарловите заложби и секако да ја одберело 48 страната на сталин..само така тие години би можело.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom