Карлслуе - Брауншвајг Bundesliga 2
18:00 CET
Карлсуе е екипа која оваа сезона има играчи и менаџмент кои можат да ги вратат во Бундеслигата.Во новата сезона веќе имаат 3/4 победи и еден пораз на гостински терен. Главниот играч и капетан на оваа екипа е Iashvilli кој веќе има 3 гола на 3 настапи. Во нападот друштво ќе му прави , најверојатно Lavric додека замени им се Buckley и Lamidi. Карлслуе за денешниот меч ќе биде без еден стандарден дефанзивец ( Lechner , 3 наст ) и неговата замена ( Schiek , 0 наст ) , така да на нивно место ќе дојде Konrad ( 20 год ) кој е со само 8 натпревари во поселдните 3 години , а 5 од нив се во Регионалната ( 3тата ) лига. Така оваа позиција ќе им биде многу ослабнета. Други проблеми немаат во тимот.
За разлика од нив , Брауншвајг има проблеми со тимот. Првиот голман Petkovic е повреден така да неговата замена е Davani кој има само 11 настапи во последните 2 години и тоа за Брауншвајг II во Регионалната лига , така да прашање е колку добро ќе се покаже, лично мислам дека нема да направи ништо посебно за екипата. Освен првиот голман , кај Брауншвајг се во аут и двојцата стандардни централни дефанзивци Dogan и Henn. освен оваа тројка , 90 % нема да настапи и стандарниот играч од средниот ред Bohl кој има повреда и тренира одделно од тимот. Е сеа голем плус за оваа екипа е тоа што имат широка , али не знам колку квалитетна , клупа , така да единствени проблеми би требало да бидат отсуствата на Petkovic и Henn. Напаѓачкото дуо Kruppke и Kumbela лани имаше заедно постигнато 35 гола , али тоа беше во Регионалната лига, а сега во Бундес 2 , на 3 настапи постигнаа по еден гол.
Во последните 5 години имаат играно 2 пати на теренот на Карлслуе , 2 победи на домаќините без примен гол 2:0 и 7:0. Традиционално Брауншвајг имаа послаба игра на гостински терен , додека Карлслуе се "домашна" eкипа.
Коеф за победа на Карслуе падна од 2.5 на 2.15 оnline , кај нас мислам дека сеуште може да се најде со 2.45 ( Спортлифе даваат 2.35 ).
Е сега според ова инфо, на ум ми паѓаат неколку типови :
- Карлслуе 1 @ 2.35 4/10
- T1 2+ @ 2.30 3/10
- ГГ @ 1.65 , али не верувам дека ќе го ставам , премал е коеф.
Мислам дека одлучувачки за овој меч ќе биде отсуството на првиот голман и двојцата централни дефанзивци кај гостите , бидејќи Карлслуе има доста добар и брз напад и верувам дека ќе дадат повеќе голови отколку што ќе примат , ако примат.
GL !!
--- надополнето: Aug 12, 2011 9:18 AM ---
Динамо Дрезден - Унион Берлин Bundesliga 2
18:00 CET
Дрезден лани влегоа од Регионалната лига преку playoff кае покажаа ептен добра игра и напад, оваа сезона веќе направија едно огромно достигнување во DFB-Купот. Дома играа против Baer Leverkuzen и после 49' губеа до 0:3 , меѓутоа некако во рок од 18 минути се вратија во игра , направија 3:3 и го елиминираа вице-шампионот во продолжетоци со 4:3. После победата славеа ко да се освоиле Лига на Шампиони
. Така тимскиот морал е на високо ниво. Е сега минатата недела играа против Гројтер Фурт и загубија минимално со 1:0 меѓутоа добија и 2 црвени картони , така да на денешниот дуел ќе им фалат 2 првотимци , еден напаѓач ( Fort , 3 натп , 1 гол ) и Fiel ( 3 наст , 0 гол ) играч од средниот ред. Нивните замени ќе бидат Papadopoulos и Cidimar , кој потпишаа на почеток на оваа недела за Дрезден. Значи на местото на двојца стандардни играчи , доаѓаат играчи кои се во екипита само 3-4 дена и прашање е колку се адаптирани на играта и на околината. Проблем за Дрезден е тоа што и остатокот од напаѓачите кои се во ростерот слабо даваат голови , веќе неколку сезони. А оваа екипа игра офанзивен футбал со 3 играчи во дефанзива , густ среден ред и како што гледам со 3 напаѓачи. Клучен играч им е Trojan ( 3 наст,1гол ) кој ова лето дојде од Mainz , но и тој е повреден и нема да игра.
Унион Берлин засега делуваа како покомпактна екипа од Дрезден , имаат поголемо искуство во Бундес 2 ,имаат само еден повреден играч , напаќач Silvio ( 3 наст , 1 гол ) дојде од Лозана , прилично добар напаѓач.
Во последните 5 години , 3 пати имаат играно на теренот на Дрезден , 3/3 се 0-2 гола ( 2 победи на Берлин со 0:1 и една на Динамо со 2:0) .
Според инфото што го имам , само еден тип ми паѓа на ум , 0-2 гола. Дрезден ќе мора да смени формација , бидејќи има само 1 бод од 3 натпревари , а секој бод му е важен за опстанок , Берлин ќе игра на контри и ќе чека на грешка кај Дрезден поради неколкуте промени во тимот и повредените играчи. И двете екипи имаат клучни офанзивни играчи во аут, така да шансите за 0-2 се поголеми.Исто мислам дека ќе заврши и нерешено , мислам дека Дрезден ќе го задржат моментумот од успехот против Леверкузен и ќе задржат барем 1 бод.
0-2 @ 1.85 4/10
X @ 3.20 3/10
GL !!
--- надополнето: Aug 12, 2011 9:55 AM ---
Бохум - Ст.Паули Bundesliga 2
CET 20:30
На кратко , кај Паули фалат : Ebbers ( 2 наст , 0 гол , напаѓач) , Naki ( 2 наст , 0 гол , напаѓач ) , Volz ( 0 nast , дефанзивец ) , Kalla ( 3 наст , дефанзивец ) , Zambrano ( 0 настапи , дефанзивец ) , Morena ( 1 наст , дефанзивец ) .
Бохум без повредени или суспендирани.
Ст.Паули 7 меча нема победа на теренот на Бохум.
Очекувам победа на Бохум , среден влог.
Bochum @ 2.20 4/10
GL !!