Тина Тарнер

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Денес на 26.11.2009 година Тина Тарнер полни 70 години. И покрај тоа што веке има 70 години изгледа перфектно и се уште има желба да направи нова турнеа во Америка и во франција каде што моментално живее. Ме интересира и вашето мислење дали нејзината енергија е дар од бога или пред секој настап зема некој стимуланс. Се надевам дека еден ден ке дојде во нашево соседство па би можеле малку да се раздрмаме на песните :)

Нека и е срекен роденденот.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
One in a million. Пример за тоа дека ниедна жена, без разлика на годините, не треба да се предава.
Иако неа парите малку повеќе и дозволуваат секаков вид на затегнувања, операции, подигнувања и што ти таму не.
Браво за енергијата која ја носи во себе и нека и е среќна 70та. Уште толку да си дочека, па на 100 години една глобална турнеја да направи:)
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Да не садела пипер,или да чувала деца и да идела на работа.Ма ајде.:baeh:
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.725
Поени од реакции
969
Рок бабата е царица...алал да и е...неостварена желба ми е да ја гледам во живо...штета што тоа нема да се случи.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.955
Поени од реакции
15.973
porano nekade pisuvalo deka si imala kvaliteten licen doktor i na odreden period odela vo nekoja privatna klinika , navodno detalni ispituvanja na krvta i specijalni tretmani..
.. iinaku znam deka i plasticnata hirurgija koristi Adrenalinski anestezii.. no sepak, ne se raboti samo za izgledot, tuku Tina a i drugite metuzalemi na 70godini odrzuvaat naporni turnei.. a paralelno se pod pritisok na mediu,ite, novinarite i fanovite...
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
2008





Феноменална е, зајак у кинески :)
Бијонсе малку ја расипува но океј е.
 
Член од
30 април 2013
Мислења
674
Поени од реакции
1.293
Ана Меј Булок, попозната по нејзиното сценско име Тина Тарнер (родена 26.11.1939 во Натбуш, Тенеси) е американска пејачка, танчерка и изведувач. Нејзиниот успех, доминантност, популарност и придонеси во рок музиката и ја дале титулата кралицата на рок & ролот.Таа е позната во светски рамки по своите енергични претставувања на сцената, моќниот глас и гласните концерти,како и по нејзините долги и пропорционални нозе кои се сметаат за најпознати во шоу-бизнисот..
Тарнер се смета за една од најпопуларните светски изведувачи и за најуспешен женски рок-уметник на сите времиња,со продажба на близу 200 милиони копии од нејзините албуми на светско ниво.
Нејзината приказна е многу тажна,има снимено и филм за нејзе.
Вооедно,родителите ја напуштиле кога била мала.По смртта на бабата,Тина Тарнер заминала во Ст.Луис каде го запознала нејзиниот иден сопруг-Ике.Кратко по запознавањето тие се венчаат,но нивниот брак претрпува целосен колапс и преминува во тортура за многу кратко време.Ике почнува да конзумира премногу дрога и алкохол и не и дозволува да побегне.Во меѓувреме во јавноста Тина се претвара во музички феномен,секој ден се повеќе и повеќе одушевувајќи ја публиката со својот глас.Конечно нејзината пријателка успева да ја убеди да се приклучи кон будизмот и да побара начин да се спаси од Ике. Една вечер во хотелот каде што престојувале со Ике, Тина собира храброст конечно да му возврати на ударите и успева да побегне.
По разводот таа успева да го задржи презимето и продолжува да работи за ниски цени колку да може да ги плати сметките и да преќивее. По некое време го запознава Роџер Дејвис кој и помага да си ги оствари соништата.

Едни од најпознатите нејзини песни се:

1.What's love got to do with it
2.Proud Mary
3.We don't need another hero
4.Private dancer
5.I don't wanna fight
6.I can't stand the rain
7.I don't wanna lose you
8.Better be good to me
9.What you get is what you see
10.Addicted to love
11.Missing you
12.It takes two
13.Simply the best
14.River Deep,Mountain high
15.Rockin' and rollin'
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.725
Поени од реакции
969
Една од работите за кои ми е ептен криво што никогаш нема да ги доживеам е да присуствувам на концерт на тигрицава . Истото важи и за концертите на Пинк флојд и Дејвид Боуви , но темава не е за нив .
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Тина Тарнер :love:
Со право прогласена за кралица на рокенролот :)
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Моментов кога темата е дупла и кога мр. @Ptolomej го пишува истиот коментар :ROFLMAO:

Инаку, ние од музика остај шо сме кул, секогаш сме на позор за излегување у сусрету за полесно гравитирање низ подфорумов. Пред да отворите тема за изведувач, скролнете низ темиве (странски изведувачи и македонски изведувачи) може некој пред вас ја поминал ерекцијата и иштавот кој ве зауздал за отварање на тема на одреден изведувач. Кис .
 
Член од
30 април 2013
Мислења
674
Поени од реакции
1.293
Ике бе. :pos: Ајк бе девоко, Ајк е бившиот маж на величественава. :)
Добро де грешка на печатот.. :) Го читав текстот на нет и на крај памет не ми текна дали е Ајк или Ике.. како год.. битна е поентата не имево негово..
(пс знаев дека нешто сум згрешила... )
--- надополнето: 31 октомври 2013 во 08:46 ---
Моментов кога темата е дупла и кога мр. @Ptolomej го пишува истиот коментар :ROFLMAO:

Инаку, ние од музика остај шо сме кул, секогаш сме на позор за излегување у сусрету за полесно гравитирање низ подфорумов. Пред да отворите тема за изведувач, скролнете низ темиве (странски изведувачи и македонски изведувачи) може некој пред вас ја поминал ерекцијата и иштавот кој ве зауздал за отварање на тема на одреден изведувач. Кис .
Јас се извинувам.. мислев дека ја нема темава...поточно досега не сум ја сретнала.. Благодарам што ја споивте..следен пат ќе внимавам повеќе :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom